Date Archives 2011

LeWeb’11 прва најава и стартап натпревар

И оваа година од права рака ќе пишувам за најголемиот интернет настан во Европа LeWeb’11. Како лани и сега ќе бидам единствен официјален блогер од Македонија.

Continue reading

BBC и AP водичи за социјални медиуми за новинарите

Како што постапно се развива интеграцијата на новите медиуми во активностите на т.н. класични медиуми (примарно телевизија и печат), и како што расте бројот на информативни интернет страници (агенции?), така и на авторите на овој блог им се наметнува потребата да дадат подршка на овие процеси со по некој пост со „лесна“ едукативна содржина. Се надеваме дека тие позитивно ќе влијаат врз развојот на медиумската култура и псименост како на новинарите, така и на нивните корисници.

Двата најразработени и највлијателни водичи се на BBC и на АР.

Пренесуваме неколку хајлајти од истите, кои мислам дека се интересни и од особено значење:

  • Редакциите ги охрабруваат своите вработени да ги користат социјалните мрежи (СМ) како неодминливо средство за комуникација во денешни услови.
  • Покрај правилата за професионална употреба и споделување содржини, редакциите им даваат насоки и затоа како да ги користат и своите лични профили и сметки на социјалните медиуми (BBC: Don’t do anything stupid… Remember that even though you are acting in your own personal capacity, you are on show to your friends and anyone else who sees what you write, as a representative of the BBC. If you are editorial staff, it doesn’t make much difference whether or not you identify yourself as someone who works for the BBC).
  • Не искажувајте политичка наколнетост во која било опција и ситуација. Нарушувањето на имиџот на компанијата како „непристрасен извор на информации“ е недозволиво.
  • Не споделувај доверливи информации преку СМ.
  • Ако имаш свој блог разговарај со својот претпоставен заради расчистување на одредени можни конфликти на интереси.
  • Споделувањето содржини од вашата редакција и евентуално автоматизирање на нивно објавување координирај го со колегите и уредниците.
  • Личните преференци (like, RT и сл.) треба да бидат внимателни кон претходно спомнатите интереси на компанијата (непристрасноста и етичноста) и треба да одбегнуваат изразување на одреден политички став, подршка или осуда (на пример не е дозволена содржина од типот: RT@jonescampaign smith’s policies would destroy our school ).
  • Интеракцијата на СМ со изворите на информации (функционери, портпароли, и сл.) треба да е крајно внимателна и да не наведува на наклонетост или пристрасност.
  • Новинарите треба да водат сметка дека границата помеѓу приватното и службеното е прилично кревка.

Ако ова доволно ве мотивираше, погледнете ги целосните водичи на овие две медиумски куќи:

BBC Social Media Guidlance      Social media guidelines for AP employees

#комкаст 27 – Mobile Moday, Google+ Pages, Е-отпад

Во сенката на првиот локален tweetup (#ТвитерАјвар) поддржан/организиран од компанија, вчера вечер премиерно на РадиоМОФ одеше, во снимана варијанта нашата десетта епизода од втората сезона на комуникации.нет подкастот. Со Мите, повторно се обидовме да бидеме кратки, но пак закачивме 30-тина минути. Тоа е. 🙂

#5 Mobile Monday Macedonia

Зборувавме за последниот Mobile Monday Macedonia, оној кој се случи овој понеделник на кој се зборуваше за мобилните веб решенија од два аспекти, технички (помалку или повеќе) и маркетинг. Потоа зборувавме и за новитетот од Google+, страниците за компании, малку коментирвме статистика за ефект од различни типови на објави на Facebook и секако најавивме неколку претстојни настани вклучувајќи ја и седмата меѓународна конференција е-Општество на тема „ИКТ и животната средина: Приказна за отпадот“.

За следната недела најавивме и дека ќезборуваме за електронскиот отпад. Работиме на случајот да ибезбедиме релевантни гости. Ако некој (покрај спомнатите Метаморфозис) мисли дека може да земе активно учество… коментарите се отворени.

#комкаст 26 – #ТвитерАјвар #ТвитерФудбал #mktweetup

На гости ни беа Дарјан Раденковиќ и Димитар Атанасов. Зборувавме за развојот на твитер сферата во МК, за тоа како е да се работи сметка на твитер за семејна компанија и за позитивните примери за здружување на тема фудбал, кошарка и сл.

Continue reading

#комкаст 25 – Вест, Дневник и Утрински весник со е-изданија кои ги наплаќаат

Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.

Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.

#комкаст 24 – Социјални медиуми за бизнис

Поттикнати од обуката за интернет маркетинг која ја одржавме во рамки на Капитал Академијата најголемиот дел од овој подкаст го посветивме на тоа како социлајните медиуми се користат за бизнис. Споделивме искуства за тоа како компаниите во Македонија ги користат социјалните медиуми од она што можевме да го слушнеме од искуствата на фирмите кои беа присутни на самата обука.

Покрај тоа стана збор и за #ТвитерПиво кој се одржуваше додека оваа епизода одеше премиерно на Радио МОФ. Супер си поминавме на #ТвитерПиво и сега сме во исчекување на организација на #ТвитерАјвар.

Wave – Најголемото истражување посветено на социјалните медиуми ја вклучи и Македонија

Истражувањето е иницирано во 2006 со цел мерење на големината и влијанието на социјалните медиуми. Оваа година се спроведува 6-тото изданије на Wave.

Continue reading

#комкаст 20 – Комуникации.нет подкаст

Со огромно задоцнување, пред се затоа што и не бев свесен дека не сме ја објавиле еве ја третата епизода од втората сезоана на конуникации.нет подкастот.

А во неа јас и Мите зборуваме најмногу за новитетите кои ги воведе Facebook, за новиот тајмлајн, за можностите за споделување и ред други ситни детали кои нас ни се допаѓаат или не ни се допаѓаат, вака на прв поглед. Малку зборувавме за WebFest.me и ја спомнавме иницијативата за организрање нов настан за отклучување на нов 4sq беџ.

Webfest.me преглед на вториот ден

Помина повеќе време одколку што планирав за да го напишам и вториот пост за Webfest.me но сега ми се чини дека и нe испадна така лошо затоа што имав време да го средам впечатоците и да погледнам малку поубаво на тоа што таму се случуваше.

Вториот ден беше денот кога требаше да настапат најголемите звезди на настанот. Тони Конрад и Мет Муленвег. Но пред нив имаше и други кои не треба да се испуштат во овој извештај. Денот започна со интересна презентација на Владимир Николоќ од Лимундо. Тој, слично како и Бранко претходниот ден зборуваше за почетоците на нивната компанија. Денес се скоро 40 вработени и едена од најголемите клaсични старт-ап компании во регионов. Упорност и јасна цел уште еднаш се покажуваат како клуч. Владимир со својот брат започнале да работата со еден комјутер и еден телефон и тоа воопшто не го гледаме како пречка. Се менувале еден по еден, но денес тоа се само убави спомени кои ги раскажуваат на конференции.

По него зборуваше Џорџе Секович од Logate. Ептен интересно беше. Ѓорѓе им пркоси на големите компании кои произведуваат корпорациски софтвер нудејќи бесплатни решениа. Погледнето го видеото од неговиот настап на WebFest.me.

На ред беше словенечкиот старт-ап Vox.io кој предизвика големо интересирање кај многу инвеститори. Јакоб Маровт го објасни овој производ за кој многумина велат дека ја измислува наново веб телефонијата. Видео од презентацијата на Маровт.

После првите три за мене интересни и корисни презентации и дискусии следуваа две прилично досадни говорника. Рикардо Соуса имаше мотивациски говор на кој не му беше ни местото ни времето на оваа конференција. Мотовираше неколку тинејџери што е добра работа но сепак овој говор требаше да се случи на друго место. После него на сцена се појави Мајкал Нијлон од Blacknight.com чиј говор беше добар само за некој кој што прв пат слуша што е тоа интернет маркетинг, но не и за сала преполна со луѓе кои веќе долго време работат на тоа поле.

На крај од конференцијата се појавија и најголемите ѕвезди Тони Конрад и Мет Муленвег. Секој од нив имаше презентација а потоа заедно одговараа на прашања од публиката. Нема многу да зборувам за нивните настапи само ќе ве поканам да ги погледнете трите видеа.

Презентација на Тони Конрад oсновач на About.me

Презентација на Мет Мулевег основач на WordPress.

Прашање и одговори сесија со Тони Конрад и Мет Муленвег.

Требаше да има уште една презентација на крај од Томас Гејно од Google Labs, но поради технички проблеми истата не се одржа.

Webfest.me – преглед на првиот ден

Webfest.me се одржа во Будва, поточно во Бечичи во ексклузивниот хотел Splendid. Атмосферата беше одлична, хотелот е на плажа со одлична #тераса и одлична храна. Можеби организаторите не се потрудиле премногу да извлечат од спонзорите па освен кафе пауза за се друго требаше да се плати, ама вреди. Имаше повеќе од 200 посетители од кои најбројни ми се гледаа студентите кои добија посебен попуст за учество. Ова е одлично зошто на тој начин се инвестира во развој на квалитетен пазар на труд.

Програмата на првиот ден ветуваше неколку интересни сесии. За почеток, очекувано, имаше досадно официјално отварање со локален политичар (министер) кое навистина беше досадно. Но затоа следните беа по мерка. Паметен чекор на организаторите беше одлуката да има помалку стандардни презентации а повеќе да биде во вид на интервју со водител/модератор на сесијата. И да бидеме искрени во текот на првиот ден одлично им одеше овој концепт.

Веднаш по отварањето зборуваше Бранко Милутиновиќ од Nordeus, креаторите на најпопуларната интернет спортска игра. Нивната Top Eleven е најиграната спортска игра на Facebook но и надовор од неа. Во интересен разговор Бранко зборуваше зошто го напуштил своето работно место во Microsoft и како започнале со играта. Бранко (кој личи на Марк Цукербегр 🙂 е пример за храброст и визионерство затоа што не се мислеше многу да каже дека нивната цел е да бидат водечка компанија на пазарот за социјални игри. Далеку се од таа позиција но секако добро е да се има таква цел, ретко се слуша на балканов таква решителност и убеденст дека една интернет компанија може да биде на еднакво рамниште како американските или кои било други.

Следен на сцената беше словенецеот Андраж од Zemanta. Зборуваше со многу енергија и посветеност. Мене лично приказната не ме воодушеви толку, но сепак имаше некои интересни детали од нивното искуство од пред неколку години кога започнале да комуницираат со странски, потенцијални, инвеститори и за моментот кога се преселиле во Лондон. Zemanta е една од првите старт-ап компании кои ја наговестија серијата успешни старт-ап приказни од Словенија.

Следуваше хрватот Вибор од UXpassion кој зборуваше за Wall of Tweets сервис/апликација која мене ми се виде како вистински феномен. Едноставно не можев да поверувам колкав успех има една таква едноставна апликација. Но за деталите околу оваа приказна наскоро ќе објавиме видео интервју со Вибор.

По него следеше презентацијата од која очекував најмалку затоа што беше со наслов SEO Basics, но босанецот Недим воодушеви. Едноставно имаше лесна, конкретна, кратка презентација во која искрено сподели некои веќе познати практики. Она што навистина вредеше беше искуството со кое тој зборуваше на темата. Наведуваше кратки и многу конкретни и пред се корисни примери. И со Недим снимивме кратко видео интевју, ќе го објавиме во теков на следниве неколку дена, а дотогаш може да ја погледнете неговата презентација.

Следните две сесии не ми беа нешто многу интересни, особено онаа во која Јонг Ли од GoDaddy и Микеле Неилон од Blacknight.com зборуваа за бизнисот со домени. Ова за среќа беше единствената апла досадна сесија, но главни спонзори на настанот беа .me па затоа може да се каже дека овие муабети веројатно некому во публиката му беа интересни.

Следеше Веселин Јевросимовиќ, сопственик на ComTrade, во последно време активен по социјалните медиуми. Нависитна е за поздравување кога некој на тоа ниво зборува за неопходноста на социјаните медиуми и потребата од комуникација, но малку ми сметаше пристапот. Веселин зборуваше како се да започнало од него и нив. Не глобално, секако мислеше за локалните пазари, но сепак, некако очекував поприземен однос. Може и не сум успеал да ги фатам сите детали :).

За крај на денот зборуваше британецот Дејвид Емет за неговото позитивно искуство со MotoMatters.com. Тој често спомнуваше како со тек на време станал еден од позначајните фактори во MotoGP светот. Имаше интресни совети, но ништо претерано ново или поразлично. Сепак чичкото беше навистина пријатен за слушање.

Во offline програмата на овој ден уште вреди и да се истакне плажата и морето :). Но за овој дел нема да коментирам тука. Погледни ги сликите и очекувај нов пост за вториот ден во следниве неколку часа.

Дополнување: на оригиналниот пост подоцна му се додадени видеата. Преглед на сите видео има на live-e.tv

#комкаст 19 – Комуникации.нет подкаст

Втора епизода од втората сезона и за прв пат оваа сезона сите заедно, јас, Дарко и Сеад. Тоа беше ден за паметење но поради тоа што ние се собравме да за ја снимаме втората епизода од комуникации.нет подкастот туку затоа што Македонија играше против Литванија во четвртфиналето на Европбаскетот и не само што играше туку и победи. Во оваа епизода покрај неизбежната тема за кошарката зборуваме и за дали е дојден крајот на ерата на персоналните компјутери, за извештајот на Nielsen за социјални медиуми, истражувањето кое покажува дека споделувањето автоматски на Facebook или преку клиенти како Hootsuite, TweetDeck и други ја намалува интеракцијата дури за 70% како и за други теми.

Линкови:

#makbasket малку твитер статистика

Пред да биде предоцна не ќе е лошо јас да ги споделам бројките кои ги собравме и премиерно објавивме во нашиот минатонеделниот подкаст. За жал не стигнавме да ги визуелизираме убаво, но ако се најде некој желен секако дека може да го стори тоа. Значи вака суво за да останат запишани и објавени еве ја статистиката за твитовите кои го содржеа тагот #makbasket

Твитови:
Вкупно: 3273
RT: 991
К0рисници: 532

По ден:
31.08.2011 – 309
01.09.2011 – 281
02.09.2011 – 75
03.09.2011 – 1015
04.09.2011 – 741
05.09.2011 – 735
06.09.2011 – 93
07.09.2011 – 24

Линкови приложени на Твитер под таг #makbasket:
(период 01 – 05 септември 2011)

– Линкови до домашни веб страници 39 (22 од корисници, 17 од твитер сметки на самите медиуми)
– Линкови до странски веб-страници: 32 (29 од твитер корисници, 3 од самите сервиси/медиуми)

Најлинкувана статија:
http://www.24sata.hr/kosarka/gecevski-ludilo-je-u-skopju-sad-ce-dici-spomenik-za-nas-233413

На крај на настапот на нашите репрезентативци ќе ја собереме вкупната статистика и објавиме дополнително. Ако се најде некој со желба и време да ја визуелизира статистиаката ќе биде совршено.

Дополнително, секако ако дојде некој до друга статистика поврзана со темава нека праќа детали, со задоволсвто ќе надополнуваме

#комкаст 18 – прв од втората сезона

Во оваа епизода зборувавме за Eastern European Mobile Monday Developer Summit и бесплатните влезници кои може да ги обезбедите преку локалниот Mobile Monday Macedonia. А зборувавме и за статистиката која ја извадивме од твитовите кои го содржат тагот #makbasket.

Continue reading

Бесплатни семинари на програмата на Webit 2011

Oвогодинешниот Webit ќе понуди и бесплатна програма со семинари на тема е-трговија и социјални медиуми. Помеѓу презентерите се Artur Banach од Netsprint, Odysseas Ntotsikas од Thinkdigital, Andri Viiand од Altex Marketing, итн.

Значајно место оваа година ќе заземе Стартап селото каде што ќе присуствуваат многу инвеститорски компании и бизнис ангели за да ги видат најдобрите стартапи од Централна и Источна Европа. Конференцијата ќе биде фокусирана на инвестиции во дигиталната технологија и стартап компаниите од регионот. Инвеститорите ќе споделат кој проект би сакале да го поддржат и ќе направат анализа на сегашните и идни трендови во дигиталната индустрија. Претприемачите и иноваторите ќе бидат во можност да се приклучат кон панел дискусиите на теми како да најдете инвеститор, како да подготвите бизнис план, како да направите презентација итн. Учесниците на Стартап селото ќе имаат можност да се сретнат со Ilja Laurs, чија компанија GetJar беше прогласена за една од 10-те стартапи кои ќе ви го променат живото од страна на Time Magazine.

Програмата на Creative Lounge ќе понуди презентација на многу успешни практики и трендови и сето тоа споделено од експертите на лидерските индустрии. Теми на кои ќе се разговара: како да користите различни адвертајзинг формати, како да изградите идентитет, успешна употреба на апликации, видео содржина итн. Конференциската програма на Creative Lounge е корисна за адвертајзери и дизајнери од регинот. Помеѓу останатите презентери се и иконите на адвертајзинг и креативната индустрија како Jason Little, креативен директор на Landor Associates Paris, Edward Opara од Pentagram, Tom Adams од FutureBrand Worldwide итн.