Ако сте активни во полето на новите (социјалните) медиуми и блогирањето, вакви настани не смеете да пропуштите. Енергијата која ја има, дружбата, контактите и секако програмата се вистинска комбинација за супер искуство.
Continue readingDate Archives 2012
Onion: Социјалните мрежи подобри од вистинските пријатели
Пост посветен на Onions Extremely Accurate History of the Internet. Издвојувам едно. Првиот дел од видеово е оној кој ме натера да го напишам постов.
Continue readingТрибина и истражување на ИСППИ
Ги издвојуваме оние податоците за употребата на социјалните мрежи во кои 41.7% се изјасниле дека ги користат за дружење, 15.2% за забава и игри, а само 0.7% за политичко организирање.
Continue reading#комкаст 52 – Кој твита во Македонија, со Никола Спасов
Епизода во која со @kuzevski и @NikolasTweet се обидовме малку подетално да ги прочешламе и продискутираме резултатите од неодманешното истражување спроведено од Агенцијата Рејтинг и NewMediaMK
Continue readingFacebook кампања на правиот начин
Едноставна идеја, реализирана на вистинскиот начин. Одлична Facebook кампања со неколку клучни пораки на кои сите креативци и девелопери на апликации треба да посветат особено внимание.
Continue readingGoogle против Facebook, повторно
Да, вечната борба помеѓу Google и Facebook продолжува. Овој пат Bradley Horowitz, Google VP, јавно се потсмева на невкусниот приод кон можностите за огласување на оваа социјална мрежа на Business Insider’s Ignition Conference.
Continue readingLinkedIn не е загрижен за Facebook
По воведувањето на виралното “endorse” кое се чини дека навистина зема замав и им е интересно на корисниците (во просек има 50 милиони неделно), амбициите и апетитот на LinkedIn за развој стануваат многу големи.
Continue reading36 “фаци” на Фејсбук
Одамна ја имаме презентацијава на ум, и никако да седне некој од нас да ја пише и сподели. Важно е дека ние се изнасмеавме и одма си ги пронајдовме нашите „фаци“ :).
Има еден куп типови на Фејсбук фанови. Сме се обиделе неколку пати да си направиме категории од фановите со кои сме во секојдневна комуникација, ама си се губиме со под-категории. Секој е различен на свој начин, со различни потреби, но сепак може да се окарактеризираат со по некоја од типовите наведени во презентацијава. Обидете се вие да ги категоризирате вашите фанови, или пак пронајдете го типот кој најмногу одговора на вашите каракетирстики како фан.
И нормално, ве предизвикуваме да ни кажете во коментар во која категорија спаѓате вие :).
#комкаст 51 – AllWeb – конференција
Малку се изнафаливме, си раскажавме што се ни се случуваше до сега и што очекуваме да се случува во петок на 23 ноември во City Hall, денот кога ќе се случи првата интернет маркетинг и онлајн ПР конференција во Македонија.
Continue reading#комкаст 50 – Блогираме и твитер награди
Зборувавме за развојот на нивниот сервис, за iOS апликацијата која е во најава, за PubSubHub и секако за номинациите и гласањето за Твитер и блог награди. Малку ги спомнавме влијателни, малку јаките блогери и малку Blogomanija.
Continue reading#комкаст 49 – Јубилеен подкаст на Комуникации.нет
Педесети подкаст. Јубилеен подкаст. Посебен подкаст затоа што за прв пат јас и Сеад без Дарко бевме во студио и го искористивме тоа малку повеќе да проговориме за NBA, но се разбира не за кошарката туку за тоа како оваа организиација ги користи различните медиумските платформи за да ги пласира информации до своите корисници. Вториот дел од разговорот беше на тема отворени образовни ресурси.
Continue reading#комкаст 48 – iPad mini и други кратки теми
Сезона три епизода пет од Комуникации.нет подкастот. Во оваа епизода јас и Дарко бевме домаќини и немавме некоја главна тема туку прозборевме на неколку помали иако најголем дел од времето го издвоивме за излегувањето на iPad mini и неговите веќе постоечки конкуренти на пазарот.
Continue readingФејсбук на кило – Навали народе
Никогаш, ама апсолутно никогаш не се дрзнувам да коментирам јавно за колеги кои ја работат истата професија (без разлика кое е моето лично мислење за нивниот квалитет). Но ако преќутам на ова мислам дека го навредувам моето досегашно искуство. А ОВА е следното:
Знаете дека има луѓе кои заработуваат од својата работа на социјалните медиуми, јас сум една од нив, а ова денес што го прочитав богами опасно ме нанервира. Што е толку лошо во понудата? Ајде едно по едно:
– Првата точка од она што вклучува понудата е „Отворање на Фејсбук профил за Вашата компанија“. Прво, сите кои бар малце имаме искуство со работење Фејсбук за компании знаеме дека Фејсбук забранува профили на компании. Значи, ако сакате да биде вашата компанија на Фејсбук, треба да отворите ФБ страница. Дури и да е нивна ненамерна грешка, професионалци не смеат да си дозволат забуна.
– „Регистрација на уникатно Фејсбук име и адреса“ – малку се збунив кога ја прочитав точкава. Не знам што е толку комплицирано да се избере ФБ име и адреса на компанијата, зошто логично е дека ќе го избереш името на компанијата, а ако случајно адресата веќе постои, логично ќе додадеш некоја наставка, претставка или сл. За избор на овие елементи, не треба образование или искуство, мислам колку што јас ја разбирам работава.
– „Отворање на Добредојдовте, Контакт, Фото Галерија таб (во согласност со потребите и желбите на клиентот и во зависност од добиените материјали – текст, слики, видео материјали)“ – мислев дека веќе е опфатено во точката каде нудат креирање на табови. Или и за ова имаат посебна цена?
– „1 имејл испратен до вашата датабаза на клиенти за промоција на фан страницата“ – не знам што да коментирам за ова. Не ја разбирам услугата. Што нудат во оваа точка, креирање содржина, дизајн или?
– „Развој на контент план за месец дена: 20-25 постови месечно“ – за оваа тема ќе морам да напишам посебен пост. Имам многу да зборувам. Најголем број од агенциите работат на истиот начин. Можеби клиентите го бараат или пак ние агенциите сме ги научиле клиентите на вакви барања, ама секоја чест на оние што ќе седнат и ќе смислат 25 постови месечно уште во планот. После не ми е јасно што работат целиот месец?
– „2 часа обука на одговорно лице за понатамошно менаџирање со Фејсбук фан страницата“ – ова мислам дека е единствената светла точка од целата понуда, иако не знам што ќе научи одговорното лице за два часа. Но според цената која агенцијата ја нуди во понудава, 2 минути се многу, а не 2 часа. ОК, еве и за два часа да може одговорно лице да се обучи, која е поентата на оваа точка. Им плаќаш 1 месец, креираат план, поставуваат основа, обучуваат и тоа е тоа? Потоа компанијата сама си ја тера работата? Не ми е јасно.
Се извинувам на мојов „хејтерски“ испад, но го пишав на прва додека се уште бев запрепастена кога Ива го твитна. Затоа ја замолив Ива малку посталожено и со посмирен став да го образложи она што јас го исплукав погоре. Еве го и објаснувањето на ова:
Мислам дека мојата реакција на Твитер од утрово во голема мера се уште го одразува мојот став кон денешново „откритие“. Не сум од оние кои веруваат дека маркетинг агенциите не треба да се рекламираат, но цврсто стојам зад тоа дека ако веќе се рекламираат, тогаш навистина треба да покажат дека се добри во тоа што го прават преку таа реклама.
Зошто една компанија која треба „живее“ од маркетинг на социјални медиуми би направила ваков чекор, искрено не ми е баш јасно. Ваквата постапка не само што ги руши цените на конкурентите, па и на дејноста во целост, туку и ја позиционира компанијата како фирма која работи по фиксен терк, без многу посветување на внимание потребите/барањата на клиентите. Немам ништо против пакети на понуди и сметам дека за одредени клиенти се сосема доволно, но дури и тие треба да бидат прилагодени на клиентот а не да се продаваат на ваков начин. @Biljana утрово даде малку црно предвидување за иднината на нашава дејност, искрено се надевам дека овој оглас не е почетокот на спам сезоната со „Фејсбук страна за 99 денари“ мејлови.
Не знам дали понудава е некоја шега, но и да е шега тогаш е неприфатлива. Од истакнатите референци има некои кои имаат квалитетен настап на Фејсбук. Но понудава и одржувањето на Фејсбук страниците на дел од истакнатите брендови, како да ги креирале 2 различни агенции. А според она како сакаат да се претставуваат (сликата подолу), понудава вели дека ниту еден збор од описот на сликата не е точен. Искрено, крајно сум изненадена од овој потег и понудава беше тотално неочекувана.
AllWeb – Прва интернет маркетинг и oнлaјн ПР конференција
Искуства, примери, практики, дискусии и нешто малку теории за улогата и состојбата на интернет маркетингот и онлајн ПР, на 23 ноември, 9 часот, Skopje City Hall!
Continue reading#комкаст 47 – Интегрирани медиумски платформи со Зоран Бојаровски
Четврта по ред епизода за сезонава и можеби една од најдобрите до сега, зборувавме со Зоран Бојаровски (уредник на интегрирани медиумски платформи во Алфа ТВ) на темата во која е професионално ангажиран во моментот – “Integrated Newsroom”.
Continue reading„Мрачно споделување“ – Невидливи извори на посети
Колку параметри пропуштаме при мерење, аналитика, извлекување статистики за изворите на посети? Лесно е да се прегледа како се споделува информација на јавните форми на интернет медиумите, но што е со овие поприватните, како четовите, маиловите, пораките?
Continue readingЗа твитерашките виолетовата е новата розева
Темелно истражување ги анализира глобалните твитер корисници. Просечниот твитер корисник е малку повеќе женско и најверојатно живее во Америка. Таа најверојатно има помалку од 50 следачи (followers) а исто така и следи помалку од 50 корисници.
Continue reading#комкаст 46 – Закана за цензура на интернет во Македонија
Во оваа епизода коментиравме околу предлог законот за клевета и навреда каде во еден член се превидување на мала врата воведување на цензура на интернет, а потоа се надоврзавме со краток осврт на последниот извештај за репресијата на интернет од Freedom house.
Continue readingWebFest.me сме сите ние, тоа е заедницата
Со мало задоцнување (од само две недели) конечно и осврт на WebFest.Me. Можеби овој пост ќе биде малку подолг од вообичаено, но ќе биде интересен. Keep on reading!
Пред две недели во Будва, Црна Гора (20-21 Септември) се одржа втората по ред Интернет конференција WebFest.Me чија цел е промоција на идеи и споделување на знаење поврзано со најпопуларниот медиум на денешницата, Интернет. За прв пат годинава се одржа и натпревар на стартап компании од регионот кои ги изложија своите идеи пред публиката, а победникот прогласен од стучно жири ја доби шансата да продолжи да се натпреварува на TechDisrupt 2013 во Њу Јорк во организација на TechCrunch.
Сума сумарум, презентациите беа со основни информации, но имаше дискусии кои предизвикуваа “откровение” кај публиката составена од блогери, интернет-маркетинг луѓе, дизајнери, програмери, студенти… Секоја презентација беше интересна и различна, а сепак секоја носеше една иста порака: Ако не плаќате за производот, тогаш вие сте самиот производ… Ние сме производот на Google и Facebook, без разлика дали тоа нам нѝ се допаѓа или не.
Ги издвојувам во продлжение најдобрите моменти од презентациите, без тенденција да напишам пост со должина на “Војна и мир” 🙂
Микс за успех…
Конференцијата со панел дискусија ја отворија Иван Брезак Бркан – основач на Netokracija.com, Дејан Николиќ – основач на Njuz.net, и Јошко Мрнџе – регионален директор на Google Adriatic. Низ разговорот секој ја раскажа својата мака за почетоците и предизвиците при основањето на нивните бизниси. На крајот беа сложни дека, за успешен start up потребно е пред сè: добар технички и креативен тим, верба во тоа што се работи, упорност да се издржи, продавање на сервиси/производи и ширење на мрежата на контакти колку што е можно повеќе, храброст да се работи она што го сакаме и за што сонуваме, тоа што го работиме да нѝ претставува забава.
Токму оваа комбинација на Netokracija.com и помогнала да почне со работа и Netokracija.me со тим во Црна Гора, а Njuz.net од обичен сатиричен блог да прерасне во портал кој сега ќе се натпреварува на глобално ниво. The Onion веќе има сериозна конкуренција.
Да се биде надвор од Силиконската Долина е предност
Фактот дека сè што се создава треба да биде креирано низ призма на емоции и искуство на корисникот, започна да го нагласува Брајан Вонг веднаш по отварањето. Типот дефинитивно остави најголем впечаток првиот ден. Со неколку успешни стартапи позади себе и апликација која му носи заработувачка од 14 милиони долари – kiip.me, дефинитвно знае како производот да го доближи до корисникот. Според него, секој бизнис има милиони можности кои не чекаат на него, туку луѓето треба сами да ги создадат. Даде одлична мотивација за сите кои започнале со одреден бизнис без многу инвестиции, велејќи: “Да се биде надвор од Силиконската Долина е предност – не го чуствуваш притисокот, треба да вложиш екстра напори за да се докажеш, и со самото тоа имаш многу поголеми шансии да успееш. Имаш пристап до луѓето, искористи го тоа, доближи им се, запознај ги, направи вредност од тоа што го сакаат и што е дел од нивното искуство, раскажи им ја твојата приказна и ќе чувствуваат дека те познаваат”
40000 долари за вашиот стартап. За возврат го бараме само вашето познанство…
Добро, можеби не само тоа, но Каролина Роси претставник од проектот StartUp Chile предизвика бројни коментари и интереси за време и по нејзиното излагање за проектот на владата на Чиле. Мотото на овој проект е: да го смениме светот преку иновација. Нивна цел е да создадат екосистем во кој луѓето ќе ги реализираат своите иновативни идеи и бизниси, а Чиле да стане следната Силиконска Долина. Сè што треба да се направи е да се аплицира, а за оние чии идеи/бизниси ќе бидат прифатени е обезбедено: 40 000 USD неповратна инвестиција, виза за три членови од тимот и простор за работа.
Нашата мрзеливост е најголемиот непријател на нашата приватност
Вториот ден го отвори Жозе. Contributor на WordPress и основач на WordPress заеницата во Португалија. Според него, ништо од она што е ставено на интернет, дури ни податоците качени на сервер, не се наши се дури не направиме back up. Кога се збори за приватност на податоци, не може да не се спомене Facebook и нивната политика за приватност. Жозе отворено го сподели неговото мислење за иднината на Facebook: “Нема уште долго да живее. Некој друг наметнува како Facebook да биде користен, и сè додека корисникот не плаќа за него, нема право да се жали. А на корисниците кај и да е, ќе им дојде преку глава од тоа да немаат право да се жалат. Кога ќе го снема Facebook, ќе ги снема и податоците – fml”.
Треба поголем притисок врз Microsoft за да ги прифати веб стандардите
CTO на Opera Software, Хакон Виум Ли вели: “Иднината ја гледам во HTML5”, со кој всушност и му беше направена самата презентација (единствен кој не користеше PowerPoint или Keynote), за кој продолжува: “HTML5 е ѕвер, можеби поголем отколку што би требало да биде, но убавото е што луѓето сакаат да знаат и направат сè повеќе и повеќе. Веб страните ќе живеат многу подолго од сите апликации; иднината е токму во креирањето апликации користејќи веб технологии, затоа треба да правиме поголем притисок врз Microsoft да ги прифати веб стандардите.”
Одличен крај на презентацијата: practise what you preach момент кога преку цртана приказна прикажана како веб страна, ги прикажа функционалностите на HTML5, завршувајќи со видео кое во браузер ја пренесе сликата од веб камерата на неговиот лаптоп во живо. Дефинитвно најдобро излагање вториот ден!
Добрите идеи умираат затоа што креаторот го губи срцето при реализација
Рајан Фреитас започнал прво како готвач во ресторан, за подоцна да ги реализира своите идеи до крај и денес да биде CEO на Аbout.me. “Користете во животот различи можности. Јас многу порадо би креирал и глупости (читај: shit), отколу само да зборам за тоа.” Креирањето на корисничкото искуство (UX) е всушност креирањето на самиот производ. “Откријте што луѓето сакаат од одреден производ и дајте им ја најдобрата верзија од тоа.” Отворено проговори за егото на дизајнерите, кое е прилично големо “Во дизајн студио има најмногу его, a работата најдобро се завршува кога егото е некаде позади.” Дизајнот не завршува со предавање на производ на корисникот, напротив тука почнува. “Корисникот го има крајниот збор и тоа мора да се почитува, без разлика што на тоа вели нашето его!“
Кафе Бетмен Појадок… Say what?!
Рут Бур, директорката на SEO Moz започна со краток вовед во основите на SEO, заклучувајќи дека треба да се креира содржина за корисниците, а не за алатките за пребарување. Дека социјалните медиуми денес влијаат многу повеќе за повисок ранк во резултатите од пребарувањето, потврдува експериментот на SEO Moz: направиле веб сајт со домен coffebatmanbreakfast.com. Не биле вметнати никакви елементи на мета дата. Но, го споделиле линкот по нивни пријатели и ги замолите да го споделат понатаму по Twitter и Facebook и да го лајкнуваат и да коментираат. Кога на Google пребарале coffe – веб сајтот бил прв резултат. Персонализираните резултати добиени при пребарување се и повалидни. Сепак, контрола врз резултатите од пребарувањето за сопствениот производ мора да постои: “Со поголема контрола врз резултатите од пребарување на вашето име, помали се шансите некој да ја уништи вашата репутација”. True story!
Црна Гора + Foursquare = развиен туризам на северот
Моќта на социјалните медиуми ја потенцираше и Милица Бегович – Радојевич од UNDP, преку презентирација на проект кој има за цел со помош на Foursquare да го развие туризмот во северниот дел на Црна Гора. Проектот е сè уште на почеток и допрва треба да покаже резултати.Планот е да се поттикне веб заедницата со помош на новите технологии да креира и промовира туристички понуди, односно рути, за северот на Црна Гора. За рутите првично се собрани информации преку Facebook, каде кориснитите имале шанси да гласаат за одредени дестинации кои би ги посетиле. Ова вродило со плод затоа што им дало чиста слика за тоа што луѓето сакаат да видат од Црна Гора, но и како да ги искомбинираат рутите за посетителите да можат да ги видат и другите помалку популарни дестинации од гласањето. Импресиите од корисниците досега се позитивни, останува да го почекаме крајот. Среќно!
WebUp… next stop, TechDisrupt
На WebUp натпреварот навивавме за Митко и Никола кои ја претставија ambio.me. Настапот на Митко (не сум воопшто субјективна) беше професионален и успеа за трите минути кои му беа доделени да ја објасни апликацијата во целост – фалинка што се провлече низ сите останати презентации. Настапија први и добија прилично силни овации од публика. Од осум тима, 5 беа од Хрватска, 2 од Србија и еден од Македонија. Дефинитивно до година би сакала да видам повеќе македонски иновации и тимови, затоа што знам дека ги имаме.
Еве што Митко кажа за конференцијата во целост:“Забележав на Webfest.me дека регионот полека, но сигурно фаќа чекор со светските трендови и случувања на полето на Интернет и развојот на стартап културата. Она што можеби малку ме разочара е фактот дека кога се зборува за регионот првенствено се мисли на Хрватска, Словенија и Србија. Македонија практично и да не се споменува во ова друштво. Ситуација која навистина би сакал да се промени. Но, тоа нема да се случи само од себе, и мораме сите заеднички да вложиме напор ако сакаме Македонија да се постави како сериозен фактор на развој и иновација во регионот. Што се однесува до самиот стартап натпревар, нешто што се организираше за првпат на Webfest.me, мислам дека помина солидно. Секако жал ни е што не успеавме да победиме, но наидовме на добар прием кај публиката и коментарите во голема мера беа позитивни.”
Победник на наптреварот беше Mediatoolkit од Хрватска, алатка за следење на поплуранст на содржината споделувана по социјалните медиуми, во моментов конкретно на Facebook,која дава резултати real time. Со победата тимот на Mediatoolkit предводен од Филип Топол си обезбеди настап на TechDistrupt во Њу Јорк, вреден 50 000 американски долари.
Никола, втората половина од тимот ambio.me присутна на конференцијата, ми беше помошник околу собирањето инфо за финалето на WebUp, кое за жал поради каснење на презентациите дента го пропуштив бидејќи морав да фатам бус за Скопје. Еве негови импресии за финалето: “Последната презентација беше всушност претставување на финалистите на WebUp. Сите имаа по 1 минута да се презентираат, а потоа одговараа на прашања од жирито. Прашањата беа за сите исти: зошто сакате да одите во Њу Јорк, која е вашата цел и сл… Дифолт одговор беше кај сите: инвестиција, на што следеше одма дифолт жири прашање: зошто ти треба таа инвестиција? Сите умешно го одбегнуваа одговорот, не објаснувајќи за што точно им треба инвестицијата, но сите беа сложни дека до моментот на одржување на настанот во Њу Јорк, веќе ќе бидат во фаза кога поголема инвстиција ќе им биде повеќе од потребна.” На победникот Mediatoolkit од Хрватска, нека им е со среќа во Њу Јорк!
Епа, тоа би било тоа. Веднаш по конференцијата започна натпреварот WebFest.me Awards, за кој Наталија веќе ве информираше. Останува на 15ти ноември да видиме кој ќе биде изгласан за најдобар сајт.
За крај, јавно да им кажам фала на Дарко, Мите и Нате за тоа што ме избраа за претставник, и плус јавно да се извинам што (оправдано) покасно ја напишав домашната задача! 🙂
Наскоро… огласување на Твитер за сите
Дали тоа Twitter конечно се подготви за големиот чекор? Бизнис модел за заработка достапен за сите? Важно сите земји од регионов се застапени при избор на локација.
Continue readingWebFest.me – Пријавете вебсајт
WebFest.me Awards е еден од најзабележителните регионални интернет фестивали, кои имаат за цел да ги промовираат оние кои креираат квалитетна содржина на интернет, и секако нивните дела. Пријавете проект кој заслужува да биде препознаен и промовиран во регионот.
Continue reading