Date Archives 2012

Блог постови за предлог законот за навреда и клевета

#член16

  1. Опасност од цензура преку новиот закон за навреда и клевета | Развигор 😉
  2. Опасност од цензура во Македонија преку новиот Закон за навреда и клевета, предупредува Метаморфозис | IT.com.mk
  3. Вака ќе изгледа македонскиот интернет ако се воведе новиот закон за одговорност за навреда и клевета | Skopje Hacklab
  4. Емисија за дигитална слобода – Закон за Интернет цензура во Македонија | 2cmk
  5. Цензура за репутација | Illusional Reality
  6. Законот за навреда и клевета – неприфатлив за македонската интернет заедница | think.mk
  7. Собранието го гласа Законот за навреда кој ја става одговорноста врз „провајдерите на интернет-услуги“ | IT.com.mk
  8. Власта ќе ги санкционира блогерите | batadjango (избришан)
  9. Интернет цензура во Македонија | Outtake
  10. Политиката на изразувањето | Airborne
  11. Цензурата на интернетот | Кокошарник
  12. Пред затемнувањето | #член16 | Airborne

Ако сум испуштил некој линк или се појави некој нов во меѓувреме, оставете во коментар. И не заборавајте:

Приклучете ја Вашата страна во акцијата за затемнување на македонскиот Интернет со додавање на едноставната скрипта. Второто читање на законот е во вторник на 09.10.2012 година, поставете го кодот на Вашата страна во 00.00 часот истиот ден.

Додадете го следниот HTML код на вашата страна (било каде во <head> или <body>)

Social Media PR луѓе тешко се наоѓаат

Постов доаѓа како продолжување на еден не така одамна објавен пост каде цитирајќи еден британски професионалец се обидов да пренесам дел од одговорот на прашањето: Кој треба да работи маркетинг на социјални медиуми?

Continue reading

[Подкаст #46] Социјалните медиуми како извор на информации

Гостин во оваа епизода на комуникации.нет подкастот ни беше новинарот од Радио Слободна Европа – Срѓан Стојанчов. Инспирирани од Полемиката на „Утрински“ за фејсбук-новинарството. Се обидовме малку да ги чепнеме темите кои ги поврзуваат традиционалните (па иако се на интернет) новински куќи и социјалните медиуми.

Continue reading

[Подкаст #45] интро за сезона #3 и преглед на испуштеното

Се враќаме со нова сезона на комуникации.нет подкастот. Нова енергија и план за многу гости и теми. Како за почеток со Сеад направиме кус преглед (колаж) низ темите кои беа (се) актуелни изминативе недели.

Continue reading

За медиумската фасцинација

Бедови, бедови

Медиумите се чудна работа, благо кажано. Но, тоа е така затоа што луѓето својата слободна волја ја насочуваат кон чудни и ирационални постапки. Медиумите не се проблемот, луѓето се проблемот, медиумите се само огледалото, а ликот во огледалото, тоа сме ние. Медиумите се само материјалната компонента, нас нè плаши сопствениот лик отсликан во медиумите, ние сме ликот на Анти Нарцис…Но, да не должам, да прејдам на проблемот.

Прашањето, поттикнато од клучните проблеми кои нè притискаат, е следното: зошто во медиумите доминираат примитивистички теми од типот: насилство, вербална и физичка агресивност, вербална и визуелна вулгарност, злонамерна и деструктивна пропаганда? 
Во најчитаните и „најинтересните“ вести додека ги пишувам овие редови беа изживувањето врз телото на убиениот американски амбасадор во Бенгази (Либија), вулгарни навреди на локален водител во врска со несреќен случај во семејството на уредник во друг медиум и тангите на една пратеничка. Ах, да, тука беа и неколку редовни колажни теми од типот каде Станија и Сораја ги прикажале своите предници и задници (ако не знаеш кои се овие ликови, сметај се за тежок асоцијален случај и побарај стручна помош), како се практикува сексот во затворските установи и зошто Вардар е најдобриот одговор за секој посериозен проблем во твојот живот?

Continue reading

Има ли решенија за кризата на медиумите?

Минатата недела имав пригодна можност да се сретнам и поразговарам со некои од членовите и новинари на АКТИВ. Се работи за мошне интересен проект и веб платформа која има цел да поттикне оформување на дигитална заедница на активисти, да охрабри и овозможи здрава дебата во општеството, размена на информации и мислења и да понуди решенија за актуелните проблеми преку квалитетен и стручен увид во нив. Секој, како што самите членови наведуваат: „ненасилен и инклузивен граѓански активизам, базиран на граѓанските потреби и права“, навистина треба да биде подржан и охрабрен.

Во разговорот со Тамара Чаусидис, еден од најреспектираните медиумски работници во својата фела, се навративме на состојбите во македонските медиуми, проблемите, предизвиците, можните решенија, неизбежната политика, медиумската култура и неколку блиски и поврзани теми.

Генерално земено, се обидов да ги нагласам нездравите услови во кои функционираат нашите медиуми, а тоа се полудивиот пазар на медиуми, селективната примена на законите, политичкиот интервенционизам, финансиската неодржливост на повеќето медиуми кои нужно резултираат во медиумски клиентелизам, непочитување на професионалните и етичките стандарди, низок квалитет на медиумскиот производ и, секако, сериозно губење на довербата во медиумите. Во комбинација со промените кои ги наметнува новата дигитална реалност која ги изместува старите работни навики и бизнис модели, може да се каже дека кризата на домашните медиуми е толку сериозна што може да се постави прашањето дали тие воопшто ја исполнуваат својата улога во едно општество кое сака да биде демократско?

 Имаме борба на спротивставени општествени чинители во којашто граѓанинот и неговите интереси се целосно изгубени. Тоа е примарниот негативен ефект. Второ, имаме незастапеност на различни групи од интерес. Ако партиите ја преземаат улогата да претставуваат цели етникуми (на ангро), тогаш сите други видови колективи, здружувања и граѓански групи остануваат целосно отфрлени и не можат да дојдат до израз и глас… Граѓаните остануваат маргинализирани во општеството, исфрлени од демократскиот процес, нивниот глас не може да се чуе, ако излезат на протести ќе бидат етикетирани дека се од некоја партија или етикетирана група. Ним практично им се негира правото да излезат и да искажат став по некое прашање кое ги засега.

Ако медиумите се крајно политички поларизирани, јавниот сервис не функционира врз принципите на јавниот интерес, пропагандата царува, новинарските стандарди никој не ги почитува (дури на основа на елементарна лектура на текстови, да не зборуваме за повисоките нивоа на проверка на факти, извори и слично), тогаш клучното прашање е како тогаш граѓаните можат да ја преземат и исполнат својата демократска  улога, т.е да ги одберат своите претставници во институциите, да ги повикаат на одговорност, и конечно, како тие компетентно да влијаат врз општествените процеси кои најмногу ги засегаат?

Сето тоа е доведено под голем знак прашалник кога во врзаниот синџир на процеси и фактори, медиумите се поттиснати на ниво на прости еднонасочни канали за проп-агитирање, наспроти тоа да бидат субјекти кои ќе внесуваат некоја општополезна разумност, и ќе го сопрат суровото пропагирање на интересите и тесните гледишта на мали групи луѓе заседнати во политичките и економските фотелји на моќта.

 Зборуваме за корелација на див пазарен систем со непостоење на здрав, јавен информативен сервис. Тие два столба не функционираат што води кон речиси целосно нарушување на јавниот комуникациски систем. Значи ние немаме систем на информирање кој би бил здрав во смисла на балансирано и неутрално информирање на граѓаните.

Дискутираните решенија се едноставни во теорија, многу сложени и болни во пракса: целосна примена на позитивните закони и уредби, целосно повлекување на политичкото менаџирање и притисоците, овозможување на слободна пазарна конкуренција која ќе поттикнува квалитет vis-а-vis интересите на граѓаните, а не клиентелизам кон партиите, и така натаму.

 …Повеќе пати се уверувме како медиумите со своето небалансирано, стихијно и непрофесионално известување создаваат атмосфера на нетрпеливост, попуштање на моралните и цивилизациски стеги кај поединците и ги охрабруваат вербалното насилство да го преточат во реално насилство. Медиумите се многу важни ако не и клучни во тензични ситуации во смисла да не се влошуваат состојбите, туку да поттикнат јавно мислење кое е толерантно и неагресивно…Во таа смисла е важно тоа професионално малцинство да расте затоа што тие се фактор на стабилизација и развој и важно е да ги охрабриме, а јавноста во нив да препознае модел кој треба да стане доминантен.

Со благодарност до АКТИВ за можноста да размениме гледишта на овие важни теми, се надевам дека умерениот оптимист ќе го надвладее реалистот за кој зборувавме во самиот текст.

Дедо му на iPad

Видео кое го опишува проектот за дигитален весник (таблет) на Knight Rider, многу сличен на денешните таблети. За жал не го направиле. фала за @Xorran тој го сподели линкот до видеото на Facebook

Continue reading

Welcome to Medium

Одамна не сме пишувале за некој нов (светски) сервис овде на блогов, во минатото тоа многу почесто го правевме, но сега мислам дека мора да го прекинеме тој пост (не блог-пост).

Пред два дена креаторите на легендарниот Blogger и сега незибежниот Twitter објавија дека започнуваат со нов сервис кој ќе им помогне на интернет корисниците да објавуваат содржина. Досега се покажа дека кога Ev Williams и Biz Stone ќе започнат некоја нова платформа треба да се внимава на истата. Немам намера да раскажувам за нивната нова платформа, ќе си читате.

Се вика Medium и има цел да овозможи поквалитено креирање на нова содржина зошто, како што велат креаторите последниве години се појавија многу алатки кои служат за споделување и реобјавуавње на содржини но ретко има некоја која се обидува да се фокусира на подобрување на квалитетот на содржината. Трк на воведниот текст за да дознаеш детали. А јас подолу ќе извадам само неколку делови од тој текст кој мислам дека се вредни за читање. Делови кои само покажуваат дека за да се направи успешен сервис треба многу повеќе од познавање на програмски јазици. Треба да се познаваат медиумите, да се познава публиката и да се биде визионер.

Lots of services have successfully lowered the bar for sharing information, but there’s been less progress toward raising the quality of what’s produced. While it’s great that you can be a one-person media company, it’d be even better if there were more ways you could work with others. And in many ways, the web is still mimicking print concepts, while not even catching up to it in terms of layout, design, and clarity of experience.

Media is still the “connective tissue of society,” as Clay Shirky eloquently put it. And we think it can be better. Better for creators. Better for consumers. Better for the world.

Truth be told, we’re just starting the journey of figuring out what all that means—and what we’re releasing today is just a sliver of what we’ve figured out.

We believe that good design supports the purpose (not just the appeal) of content, so Medium is diverse in look and feel—ranging from different types of articles to images to, eventually, much more.

…кога принципот на доверба ќе се наруши

Медиумите во Македонија не можат да се согласат околу фактите дури ни тогаш кога фактите се прости бројки. Дали, да речеме, 5 е многу или малку, зависи од: дали 5 ѝ одговара на власта или на опозицијата…

Continue reading

Искуствата на македонскиот стартап Амбио, финалист на SeedCamp NY 2012

Гостински пост на Митко за тоа како е да се биде финалист на SeedCamp, и што можеме да се научи и сподели како искуство од учество на Seedcamp NY 2012.

Continue reading

[студија на случај] Активна онлајн заедница која менува државни одлуки – motori.com.mk

Минатата недела сите медиуми на два пати објавуаат информации за една одлука која ги засегаше моторџиите од нашиот главен град. За таа цел Баже од motori.com.mk напишa гостински пост, зошто ми се чини дека нивната активност е за почит.

Continue reading

Кој треба да работи маркетинг на социјални медиуми?

За работа на социјалните медиуми потребни се луѓе кои знаат како се раководи со маркетинг кампања но она што се бара дополнително е искуството и способноста да се биде мултидимензионален.

Continue reading

[агенда] Social Media Day – Караван низ Македонија

Првичната реакција по објавувањето на планот за караванот беше одлична. Баш не израдува тоа и не мотивираше да му се посветиме на настанов максимално што можеме. Затоа еве ја со време агенда на движење.

Continue reading

Медиумската етика падна, бројот на жртвите засега непознат

Неколку белешки со цел малку да се рационализира бранот негативни реакции по „испадот“ на  програмата на Канал 5 во кој тизер-реклама за нова серија на оваа национална телевизија предизвика вознемиреност кај голем број граѓани:

Канал 5 телевизија, по емитувањето на централниот дневник, објави вонредна вест според која ‘веднаш по полетувањето се урнал авион, а дополнителни информации ќе следуваат наскоро’. Граѓаните во паника, веднаш почнале да се јавуваат на скопскиот аеродром и во МВР за да проверат за што се работи со оглед на тоа што имале блиски кои токму вечерва патуваат преку скопскиот аеродром „Александар Велики”.  Според коментарите на социјалните мрежи, најверојатно се работи за реклама на телевизијата за нова серија, во која има слична тематика, односно авионска несреќа.

(Кирилица, 20.06.12).

Во жанровски формат на телевизиски вести емитувана е реклама за нова серија, што како техника не е непознато. Еден од најпознатите примери на преосмислување на жанрот на вестите за повпечатливо да се пренесе некоја порака секако е емитувањето на радио драмата „Војна на световите“ во САД во 1938 година. На „слична“ идејна линија е и овој случај со тоа што овде не сме сигурни дека тој ќе остане запишан како пример за паметење во позитивна смисла. Напротив.

Почитувани гледачи ја прекинуваме програмата за веста која штотуку ја добивме. Се случи авионска несреќа. Веднаш по полетувањето авионот падна. Повторувам, се случи авионска несреќа. Засега не е познат бројот на жртвите. Очекуваме вести од местото на настанот. Ќе се јавиме повторно“.

Идејата низ „реалистичниот код на вестите“ да се пренесе возбудлива порака за серијата која треба да се емитува прилично се самозакопа и предизвика реакции заради кои телевизијата мораше да се извинува, а предизвика и контра-монтажи.

Што всушност се случи?

-Суштински гледано се работи за манипулативен рекламен сензационализам во коj средството за манипулација беше форматот на телевизиските вести како „мамка“ не само за привлекување внимание, туку и предизвикување силни реакции. Ризикот од пречекорување на чувствителната граница помеѓу медиумската и вистинската реалност најчесто е пресметан, што веројатно било случај и овде. Сепак, кога ваков тип на „тизер“ се користи во други средини обично се работи за средина каде угледот на медиумите е (далеку) поголем а медиумската писменост исто така поразвиена, па менаџирањето на реакциите е далеку попредвидливо и поконтролирано. За несреќа „досетката“ на Канал 5 не можеше да смета ниту на едното, ниту на другото. Угледот и довербата во медиумите кај нас се крајно урнисани, па по дознавањето дека се работи за „рекламна досетка“ (која се користела и во Турција?) реакциите очекувано беа крајно негативни.

– Дополнителен фактор за колапсот на тизерот е општествениот контекст кој изобилува со тензични моменти и елементи, а јавноста е навикната од вестите да слуша само негативни стории и информации, кои ретко ги преиспитува доволно критички. Доволен е мал „тригер“ за да предизвика сериозна вознемиреност и лавина реакции, особено ако тие се вклопуваат во веќе утврдени негативни општествени стереотипи. Наклонетоста на локалниот менталитет кон катастрофични сценарија и скептичноста беа силен фактор во нижењето на настаните и реакциите. Така се случи тизерот да не биде прочитан како тоа можеби некој сакал.

– Сепак, вака или онака, јавноста дозна за серијата која се рекламира, иако беше со право згрозена од начинот на кој тоа беше изведено, а телевизијата го злоупотреби нивелирањето на добар и лош публицитетот во полу-хаотични ситуации за да си ја протне својата комерцијална порака. Во таа смисла етичката одговорнсот е неспорна и мора да резултира со соодветни санкции (само да не биде писмена опомена?). Неводењето сметка за можните последици и реакции во средината каде се емитува самата „рекламна“ содржина е сериозен сигнал дека одговорноста на медимите оддамна е помножена со нула, и засега, нема фактор во Македонија кој пројавува намера да го сопре овој процес (особено кај заштитените и осилени на пазарот провладини медиумски прирастоци).

Да не одиме подалеку во смисла на светски норми и стандарди во разгледување какви пенали направи Канал 5, ќе се задржиме само на неколку ставки од Законот за радиодифузна дејност и Кодексот на ЗНМ (меѓу многуте други) со кои си поиграа и буквално го избришаа патосот со оваа себична и манипулативна постапка:

-Повредено начелото за радиодифузна дејност  за вистинито информирање (член 8).

-Рекламирањето и телешопингот треба да бидат вистинити и чесни, да не ја заве­ду­ваат јавноста…(член 87).

-Рекламирање и телешоп не треба да прикажуваат, визуелно или тонски, лица кои редовно презентираат вести и актуелни информативни емисии (член 105).

Во делот на поигрување со следните етички ставки на медиумско-новинарската дејност заради тесни комерцијални побуди треба да се споменат:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана….новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Право и должност на новинарите е да го спречат искривувањето на вестите. – Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Веројатно целосно наведување на сите ставки и норми кои беа прекршени секако ќе одземеа премногу простор, но можете да ги додадете во коментарите.

За жал реалноста во Македоније е дека некои сериозни и многу важни вредности на демократијата и плурализмот мора да ги учиме по пат на „грешки и санкции“ (како што беше лекцијата за приватност на докторките од скопскиот Ургентен центар), така што во овој случај делот со последици и санкции мора да биде особено подвлечен. Одговорноста на медиумите во нашата средина е болна точка, и покрај поставувањето (по кој знае кој пат) на добро познатата дијагноза, крајно време е за ефективна терапија.

Обновено (17:30, 21.6.2012):

 СРД: Советот за радиодифузија на ТВ Канал 5 денеска ѝ изрече мерка „три дена забрана за рекламирање и телешопинг“, поради емитување на промотивен рекламен спот на 20 и 21 јуни, со кој беше прекршен Законот за радиодифузната дејност. Анализата на емитуваниот промотивен спот, којшто имал првична цел да најави нова серија, покажа дека ТВ Канал 5 ги има прекршено членот 87 од Законот за радиодифузната дејност, односно овој радиодифузер емитувал рекламен спот за самопромотивни цели, кој е невистинит (лажна авионска несреќа) и ја заведува јавноста (емитување промотивен спот во форма на вонредни вести). СРД констатираше и прекршување на законот со тоа што ТВ Канал 5 во реклама за самопромотивни цели користи лице кое редовно презентира вести со што е прекршен членот 105 од законот.
Итната седница на СРД беше одржана поради големиот број претставки од граѓаните, коишто се почувствуваа вознемирени од промотивните рекламни спотови.
ЗНМ: Канал 5 го стави економскиот интерес пред јавниот
Советот на честа денеска ја осуди постапката на Телевизија Канал 5, која во своите вести објави информација за наводна авионска несреќа, без да соопшти други детали. Подоцна се извини признавајќи дека направиле „несмасна“ реклама. Советот на честа смета дека станува збор за злоупотреба и груба дезинформација со која својот економски интерес Канал 5 го става над јавниот интерес. На овој начин Телевизијата предизвика страв и заблуда кај граѓаните и тоа свесно, за да изрекламира своја емисија (Утрински весник, 21.6.2012).

Видео обраќање по повод #ТвитерОблог за во #ТвитерКафана

Се започна со еден наивен твит кога го прашав @Lacialec како се викаше спектакуларниот пост турбо фолк бенд – Рафинерија. Неколку твитови подоцна јас реков ако убеди 500 нови твитер кориснци да ме заследат во рок од 30 дена јас ќе ја организирам кафана а тој ќе го донесе бендот. Следниот ден се пушти во акција и ме намести дека јас ќе ја платам кафаната. И така натаму…

Не успеа…

Ама #ТвитерКафана ќе има, пријавете се тука: Конечно #твитеркафана

20 причини да се префрлите на Google+

Таман ќе помисли човек дека дошла некоја убиствена опција на G+ без која нема да може да се живее, и оп.. разочарување, нема ништо ново. Но може и работата не е да има ново, туку постоечкото да е подобро. Хм… не сум уверен нити во тоа дека е подобро иако не сум му дал многу шанса на G+ да си бидам искрен.

Како и да е… еве еден фин инфографик кои ќе му дојде како опвторување на лекцијата. Којзнае може ќе не измотивира да му посветиме повеќе внимание на G+, баш во периодот кога некако од сите страни доаѓаат негативни вести, податоци и сл. поврзани со Facebook.

[Подкаст #44] со Виктор @zuberot Стојановски

Малку здрвен на почетокот, но после се опушти. Во оваа епизода со Виктор и Мите разговаравме за мобилните телефони, за локалните апликации и натпревари и за локалните услови за развој на пазарот на аплкации и сервиси за мобилни телефони.

подоцна дојде и Мите