Албумот со сликици во ерата на социјалните медиуми добива нови дизмензии. Традиционалната форма не умира а туку си добива моменти.
Continue readingDate Archives 2014
Еден поинаков трол
Денес е хит да си трол, зaтоа што така нели си кул, привлекуваш внимание и стануваш битен… бар во твојата глава.
Continue reading[Инфографик] Реклами на пребарувачи и социјални мрежи
Налетав на еден супер инфографик кој ме потсети на времето кога работев многу повеќе Google Adwords а скоро ич Facebook ads.
Continue readingДормео #win на Твитер
Како Дормео се адаптира со супер брзина и дејствува на вистинскиот начин во една Твитер дискусија.
Continue readingЗошто никогаш нема да активирам Reply на Фејсбук
Повеќе од година имаме шанса да (не) уживаме во вгнездените дискусии на Фејсбук. На почетокот се потрудив и јас да уживам во оваа нова опција но набрзо сфатив дека само си ја усложнувам работата.
Главната причина заради која користењето на овааа опција ми ја правеше работата посложена беше тоа што не е овозможена во мобилната апликација и во Facebook Pages. Истата причина подоцна ми послужи и како совршен изговор пред клиенти и пред било кој што ќе ме прашаше зошто на нашите страници не е активирана оваа опција. И се уште овој изговор ми врши работа бидејќи околу 50-60% од работата ја завршувам преку мобилен телефон или таблет, а за викенди овој процент е и до 100% :-). Па кога од мобилен уред се вклучуваш во дискусија, хронологијата на веб е тотално измешана и нелогична. Затоа Reply опцијата е исклучена на сите наши страници.
Но како што изгледаат работите наскоро ќе мора да го вадам од ракав и вториот изговор заради кој одбивам да ја активирам опцијата, бидејќи Фејсбук веќе ја активираше во мобилната апликација за iOS, па очекувам многу наскоро да ја има и на Андроид.
Она што навистина не ми се допаѓа е што вгнездените дискусии бараат клик повеќе за да ги видиш комплетно. За среќа или несреќа, најчесто се соочувам со потребата да водам дискусии за кои е многу важно за брендот корисниците да имаат увид во целата дискусија уште на прва рака.
Пример кога одреден корисник ќе го нападне брендот, брендот е во ситуација да одговори на нападот и да ја изведе ситуацијата во позитива. Со активирана Reply опција, од целата оваа дискусија на прва рака се гледа само првиот коментар, т.е. нападот, а за останатото треба клик повеќе. Знаеме дека корисниците стануваат многу помрзливи со напливот на информации ретко ќе го направат тој клик повеќе за да ја видат целата дискусија.
И ова не се однесува само за дискусија предизвикана од негативен коментар. Истото го мислам и за било кое прашање, или позитивен коментар.
Е па можеби и не ви држат вода моиве причини, ама за мене тие се доволни за никогаш да не активирам Reply копче на Фејсбук страница.
На вашите страници активирано е? Како се справувате со работење од мобилен уред? Или пак не работите со мобилните апликации?
#ОнаКога ќе потфрлиш на Твитер
Деновиве читав за масивниот ненамерен fail на @USAirways и одлична приказна испадна на крај со скроз неочекуван завршеток. Па затоа решив и јас да ја пишам во пост, покрај многуте напишани на истата тема.
За оние кои не се запознаени, накратко случајот е следен: во обид да се одговори на негативна критика на Твитер, US Airways направија нешто скандалозно, шокантно и како сакате наречете го, ги заслужува сите вакви епитети. Клиентка им се пожалила на услугата, а тие во супер љубезниот и културен одговор (NSFW) вклучија и вулгарна фотка на темата која навистина ги шокираше сите.
Подоцна нели следуваше извинување, па правдање, барање изговори и слично.
We apologize for an inappropriate image recently shared as a link in one of our responses. We’ve removed the tweet and are investigating.
— US Airways (@USAirways) April 14, 2014
Твитот беше избришан после цел еден час, но како што и многу пати сме повториле, интернет памти сѐ, па штетата е веќе направена.
Она што мене ме изненади тука е што реално овој твит не предизвика некои екстра осудувачки критики. Да многу медиуми пренесоа за истиот, но без осуда, критика или цврст негативен став за истиот. Нормално, ставот и критиката сами си ја градиме и содржината и тежината на твитот не изоставуваат осуда од страна на читателот, но она што подоцна се случи уште повеќе придонесе целиот случај да биде неверојатно изненадувачки.
Впрочем оваа постапка беше без апсолутно никакви последици врз работно место на одговорната за овој твит. Нивното објаснување беше уште позачудувачко. Одлуката предизвика многу измешани емоции кај мене. Од една страна потајно можеби се соживеав со улогата дека на секого може да му се случи истотото, а да бидеме реални во нашава професија и многу лесно се греши а грешките нема шанси барем еден да не нѝ ги начека и да ги прошири. Ми олесна дека ете US Airways пресметале дека овој настан не е кобен за нивната репутација и личноста која е одговорна за истиот многу повеќе придонела отколку што грешела. Од друга страна сметам дека ова е непростлива грешка и целиот резултат од случајот ги изместува границите на тоа што е дозволено и што не е дозволено, и што треба да очекуваат корисниците од комуникацијата на брендовите онлајн. Да, знам дека претерувам малку, но самиот случај е екстремен па и јас одам во екстреми.
Како и за секој екстремен настан на социјалните медиуми, без разлика дали е позитивен или негативен, брилијантните интернет тролови си ја завршија работата со свои реакции по повод твитот на US Airways. Mashable издвои 38 бесценети реакции кои мора да ги прочитате 🙂
И тука се прашувам дали овој твит ќе биде “секое чудо за три дена” и ќе се најде нешто ново на кое ќе се посвети целото интернет внимание, или пак токму тие три дена си ја изиграа улогата и оваа грешка ќе им се одрази негативно, можеби не директно, но индиректно. Дали корисниците сега би очекувале многу попретпазлива и попосветена комуникација од страна на US Airways, или пак ќе си ја искористат шансата во иднина да ја исмеваат целата комуникацијата за сметка на оваа грешка? Колку пати треба да се згреши за да сфатат брендовите кои се границите и принципите на квалитетна и професионална комуникација на интернет?
Раскажи приказна – Gary Vaynerchuk
Gary е еден од оние кои можам да ги слушам по 100 пати секој ден, како ми го раскажуваат истото и пак да го премотам назад уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш. И видеово подолу во постов го преслушав 4 и пол пати од вчера до денес и негде на пола од петтиот пат решив дека мора да го ставам во пост.
Има толку силни поенти, онакви кои ќе ги слушнеш ќе си помислиш „е добро де го знаев ова, ништо ново не кажа“ а после ти се врти во глава непрестајно секоја реченица која ја потенцира во неговото излагање. Gary е еден од оние кои има моќ да ти каже колку е глупаво и безвредно тоа што го работиш и тоа да те испирира да направиш нешто многу помоќно, наместо да те навреди! Толку трезвено анализира што точно се случува на пазарот и колку во пракса не се спроведува теоријата и обратно!
Во видеото потенцира колку е важна приказната на брендот, на кампањата и на секоја микро активност. И ќе извлечам само пар поенти кои треба да ги имате во глава и кои јас треба да ги имам во глава, а останатото ќе ве оставам да го преслушате.
- Што и да работите во животот, секогаш вашата главна работа е да ја раскажете вашата приказна! Ние сме луѓе и треба да се однесуваме на човечки начин, а приказната е онаа кое го буди човечкото во нас.
- Времето ни е најважниот фактор и сакаме другите луѓе да го почитуваат како што и ние треба да го почитуваме нивното, затоа добрата приказна која не го окупира и троши залудно туѓото време е најважна!
- Денес, скоро сите луѓе, бизниси, организации ја раскажуваат својата приказна како што требало да ја раскажуваат во 2007 а не во 2014 година. Последните 70 години живеевме во време на филмови и документарци чии приказните не тераа да размислуваме длабоко, а денес живееме во време на ударни и вонредни вести, па треба и нашата приказна да ја адаптираме на новото време.
- Квалитетното раскажување на приказна секогаш победува.
Кога се ова ќе го ставите во рамките на нашава професија, посветете особено внимание на она што се зборува по 8мата минута во видеото! И да, сите компании и агенции го знаат тоа, но колку се применува?
А мене ова ми е најомилениот дел од целото видео:
„Marketers ruined everything!!! As something new comes out, we are trying to figure it out and we ruin the old one!“
Дали вашиот стартап е спремен да заблеска?
Пријавете го вашиот стартап на Spark.me натпреварот и освојте можност да го презентирате истиот на TechCrunch Disrupt SF Startup Alley
Continue readingАнализа: Претседателски слогани
Кратка анализа на пораките кои ни ги испраќаат кандидатите во своите кампањи пред претојните претседателски избори во Македонија
Continue readingБесплатното е илузија
Неброј бесплатни услуги на интернет се секако нешто што е извонредно привлечно за повеќето од нас. Проблемите со бесплатните онлајн услуги започнуваат најчесто кога сакате да им „раскинете“ на некои од нив.
Моето прво негативно искуство од таков тип беше со LinkedIn. Откако прецизно ги следев сите упатства за бришење на профилот, внесените податоци не можев да ги тргнам ниту од сервисот, ниту од пребарувачите. Слично искуство имав и со бесплатните сервиси SlideShare и Prezi. И таму сервисот задржуваше голем дел од податоците кои ги внесував и по макотрпно бришење на дел по дел, сепак на нив остана голем дел од внесените податоци.
Google+ е посебна авантура од овој тип. И по неколкукратно бришење на Google+ профилот, кој првично своеволно го отворив и користев, откажувањето на оваа услуга прерасна во болнo искуство од типот на раскинување на overly attached girlfriend.
И по минимизацијата на податоците кои му ги оставам во аманет на Гугл, сервисот наоѓаше различни пацерски и фушерајски начини да ми порача: А да не сакаш да се вратиш на Google+? Еден од нив е и користењето на Андроид паметен телефон и дифолт финти од типот auto upload на сите фотографии од твојот мобилен кои се складираат онлајн (само за твои очи, барем така ти ветува сервисот, но дали можеш да му веруваш за ова?).
Сторијата со лични податоци кои му ги предаваме на Фејзбук е приказна за која ни треба можеби цела книга за да се објасни што сè се случува со нашите лични податоци.
Како и да е, заклучокот од користењето на овие сервиси е еден и неизбежен. Бесплатноста е илузија. За секој free сервис предаваме или продаваме нешто од својата слобода или приватност. За секој бесплатен имејл сервис, се откажуваме од приватноста на нашите пораки, кои дозволуваме да бидат скенирани и искористени за профилирање и оформување на клучни зборови, потоа искористени за рекламирање. За секој профил на социјални мрежи даваме арач од својата приватност и профили на навики. Еден по еден, од корисници стануваме искористени ентитети. Сфаќаме дека сервисите всушност нè продаваат нас и нашите мета-податоци, содржини, профили, кориснички навики, и што сè уште не.
Нашите онлајн искуства полека стануваат слични на приказната на Аделберт фон Камизо за Питер Шлемил, човек кој ја продал својата сенка и горко се покајал за тоа. Дали сите наместо сенките ја продаваме својата приватност и интимност, и единствена причина заради која тоа не е е чудно и монструозно, како во случајот на Шлемил, е што сите го прават тоа?
Се разбира, ако умно и контролирано ги користиме овие сервиси, нашата лична онлајн приказна не мора да заврши ни тажно, ни трагично.
Во прилог на тоа која е личната цена за бесплатниот интернет и како да се заштитиме од темните страни на Мрежата погледнете го и документарецот на BBC, насловен како „The Virtual Revolution: The Cost of Free“ (Виртуелната револиција. Цената на бесплатното), чие клучно прашање е „Аre we all sleep walking into a Surveillance state?“ (ме замрзе да преведувам, а и документарецот е на англиски, ете така):
Ова е еден од најлутите рецепти за вирално видео
Денес кога поврзувањата се далеку повидливи многу е полесно и да се следи дистрибуцијата на една вирална содржина, но сепак гаранција за успех нема.
Continue readingОва е мојот обид да ве убедам дека вашиот бренд мора да се појави на Instagram
Постојат најмалку 3 причини зошто не смеете да го игнорирате Instagram, и треба да се погрижите вашиот бренд да биде соодветноприсуте таму.
Continue readingПоубавата страна на Твитер
Нема да пишувам каков бил Твитер порано, колку бил добар и поубав и поинформативен и колку подобро го користеле старите генерации. Иако се согласувам во голема мерка со тоа и ја чувтвувам истата носталгија понекогаш како онаа опишана во постот на @ribaro, но како што и сама кажав новите генерации се се побројни и си имаат свој начин на користење на Твитер.
Беше. Нови клинци нова теорија сега, или се прилагодуваш или не го користиш. “@minomkd: Што беше тоа Твитер? – http://t.co/fewEm2L8FC”
— Natalija (@Natalija) February 17, 2014
И нема да зборувам за разликите помеѓу прва, втора, трета итн. Твитер генерација, зошто ми е тотално нонсенс и неблагодарно да плукаш по нечиј начин на функционарање правејќи го твојот подобар. Твитер многу се измени од времето кога ние, околу 50тина луѓе ја пронајдовме мрежата и бевме жедни за нешто ново. Ние го користевме на свој начин, по нас дојдоа уште 100тина други кои донесоа друга свежина и други насоки, по нив дојдоа уште десетици други кои си донесоа свој начин на употреба. И без разлика дали Твитер се користи на овој или на оној начин едно нешто остана константно: Твитерџиите се жедни и секогаш подготвени да помогнат некому. Кога го пишав насловот на постот, мислев токму на ова.
Низ времето видовме многу акции, кои сите одлично ги знаетe и секогаш ќе се споменуваат: #протестирам, #елкамк, #топлина, #солидарност итн, итн… Овие денови актуелна е #крводарители.
Втора крводарителска акција на Твитер заедницата
Утрово ги слушав на радио и ми се бендиса муабетот за минатогодишната акција за дарување крв каде се појавиле 102 крводарители, од кој 75 биле прифатени. Според лична проценка на @IceManAndov (еден од организаторите), минимум 50 од овие луѓе биле Твитерџии. И освен што ова навистина е за восхитување, јас ќе ја анализирам овогодинешната акција од друга страна: колку е клучен Твитер за организирање на една ваква акција. Секако не го запоставувам и Фејсбук бидејќи како што @ivogievski рече: На Твитер информацијата побрзо се шири, на Фејсбук подолго трае. И вистина се согласувам со муабетот. Деновиве сме сведоци дека ги има и по ТВ, радио, печатени медиуми, но акцијата тргна од Твитер, се шири на Твитер и од тука се пренесува и по други канали. Малку да го изразиме тоа во бројки. Организаторите на акцијата направија посебен Твитер профил @krvodariteli
До сега има само 293 следбеници, но според time.mk досегнал до 30959 корисници кои time.mk ги следи во својата база. Според бесплатната алатка за статистики tweetreach последните 50 твита од последните 17 часа поврзани со #крводарители даваат уште поимпресивни бројки.
Секако тука голема улога си има и „популарноста“ на Твитерџиите кои се организатори на настанот @ivogievski, @IceManAndov и @IrenaMila и придонесуваат за поголем досег на кампањата.
Исто не е за потценување и Фејсбук, со кој преку креирање на настан акцијата во моментов стигнала до повеќе од 7000 луѓе кои се директно поканети. Од нив 278 веќе кликнале Join што значи сите нивни пријатели ја добиле оваа информација на нивниот ѕид. Ако го земеме предвид фактот дека просечниот македонски корисник на Фејсбук има помеѓу 200 и 300 пријатели, значи настанот достигнал до најмалку 55600 корисници. Ако ги земеме предвид и другите објави во електронските медиуми овој број ќе стане уште поголем.
И ако само 1% од оние до кои досегнала акцијата се појават и даруваат крв, за мене е повеќе од успешна. Но за тоа, потоа ќе дискутираме. Сега може само да препорачаме да ја поддржите акцијата и секој кој се чувствува подготвен да дарува крв. Особено се поттикнати оние со негативен Rh-фактор.
А сите заедно може да помогнеме оваа акција да досегне до уште повеќе луѓе, едноставно со споделување преку нашите профили на Интернет.
Брендови, видео му е мајката…
ContentedLondon објави видео видео инфографика која ги прикажува податоците поврзани со видео содржината на брендовите и интеракција со истите.
Continue readingСелфи – креирање на својот лик и идентитет пред другите
Се вгради во нашата современа (дигитална) култура и веројатно нема намера да замине. Еве краток осврт и доволно линкови на темата.
Continue readingКога selfie-то ќе добие поинаква вредност
Ellen DeGeneres направи selfie кое ќе влезе во историјата. Го твитна, и направи историја за Твитер, за Оскари и секако за целата филозoфија на selfie-то како такво.
If only Bradley’s arm was longer. Best photo ever. #oscars pic.twitter.com/C9U5NOtGap
— Ellen DeGeneres (@TheEllenShow) March 3, 2014
Овој твит веќе секаде прочитавте дека е најретвитаниот. За само пар минути освои 100000 ретвити, го сруши рекордот на Обама и Твитер падна (нормално, како и при секоја ваква гооооолема активност).
Ако анализираме, немаше што да се изгуби тука:
1. Имаш трендинг настан
2. Имаш топ селебритис на сликата
3. Имаш супер паметен хумор во самиот твит
Твитот е предодреден да биде вирален. И стана највиралниот во историјата.
Е сега има и една друга страна која мора да се спомене тука. Не толку скриената порака зад оваа планирана активност е дека сликата е направена со Samsung Galaxy Note 3. Oва би требало да е историски момент и за Samsung ако не излезеше веста дека Ellen на сцена користи Samsung, а зад сцена iPhone.
Тука се прашувам до каде оди лојалноста кон одреден бренд. Присуството на Samsung на оскарите беше over the top, и повторно не успеа да ја земе сета слава за себе. Дури станува „предмет на исмевање“ од страна на Apple Insider кој се врати наназад да ги анализира и другите настани каде Samsung e спонзор и каде им се случила токму истата идентична работа со Franz Beckenbauer, или и кога John Legere го направи истото, или кога David Ferrer твитна колку многу го сака Samsung Galaxy S4, погодувате нели, од неговиот iPhone. Или најсвежо пред Оскари, кога Samsung побара од олимпијците да го покријат логото на своите iPhone телефони.
Колку се овие моменти планирани, намерни, наместени или едноставно спонтани? Колку ваквите моменти имаат врзани последици, позитивни или негативни, за брендот, за актерите во самиот настан, за учеството на еден бренд во вакви настани во иднина? Колку ваквите моменти ги менуваат стратегиите, одлуките, и пред се претпазливоста и свесноста на брендовите за ваквите моменти? Баш сакам да видам една добра издржана дискусија на темава.
На крајот да останам во духот со Оскарите нели, и она што мене професионално (а и лично) ме интересира повеќе од тоа кој бил номиниран и добил Оскар, Твитер извади статистика и најдобри моменти од тоа како поминаа #Oscars на Twitter и како помина Twitter со #Oscars, секако со фокус на Ellen. Сите детали на https://blog.twitter.com/2014/looking-back-at-the-2014-oscars-on-twitter
Заедницата е силна на патека – интервју со Иван од karas4training
Секогаш се радувам кога на локалнава нет сцена ќе се појави сајт/сервис кој има цел да биде повеќе од уште едно забавно порталче (без сериозна намера да ги навредам истите). Особено кога ваквите сајтови ќе го поминат критичниот период мислам дека е фер секогаш да им се оддаде заслужената почит. Толку вовед. Муабетот го правев со Иван Јовановски, на меил, и тоа индиректно… супер беше искуството.
1. Karas4Training е релативно нов, па затоа фер е да прашам за самиот концепт и колку сега тој е во фазата во која сакавте да биде кога го стартувавте?
– Сајтот постои една година и три месеци, а идејата се роди пред околу три години кога решивме да направиме нешто што би означило нов пункт во информирањето, комуникацијата и медиумите во Македонскиот интернет простор за темите спорт и здрав живот. Ние воопшто не бевме искусни во оваа работа и нештата ги учевме во чекор, притоа правејќи грешки и понекогаш избрзани потези.
– Oна што остана до ден денес е енергијата со која започнавме. Првично, концептот и структурата на сајтот беше еден вид мое портфолио а воодено и на моите пријатели кои се занимаваат со тренерска работа. Затоа името на сајтот е karas4training (мојот никнејм – Карас) ака К4Т. Таа првична идеја еволуираше во нешто посериозно откако стапивме во контакт со дечките од Трендоленд кои прифатија да ја изработат платформата за социјалната мрежа и блогот, а сето тоа да се обедини во еден динамичен портал чија содржина ќе биде креирана од страна на неговите корисници.
2. Колкава е вашата заедница? Колку е активна? Како се развиваше?
– По едногодишно постоење на сајтот, заедницата брои некаде околу 700 профили во сегментот ”Луѓе и Места”. Имаме профили од најразлични сегменти како инструктори, тренери, професионални спортисти, доктори, рекреативци, компании, организации, клубови и слично. Порталот постои како медијатор помеѓу овие луѓе и публиката, заедницата е активна и објавува најразлични содржини од видеа до патеписи, стручни статии, настани и други информации. Со оглед на тоа што ова е домашен сајт и опфаќа специфична тематика, а од друга страна има многу социјални мрежи и блог платформи на глобално ниво, нашата заедница расте полека но сигурно и ние сме задоволни. Од ден на ден има се повеќе луѓе кои сакаат да бидат дел од овој сајт како еден вид онлајн списание за спорт и здрав живот.
3. Каде е посилна заедницата на нет или на патека?
– Суштината на К4Т е да биде место каде луѓето можат да го покажат и промовираат својот динамичен лајфстајл, да ја покажат својата работа и да промовираат нивни проекти во спортот и здравиот начин на исхрана. Заедницата е секогаш посилна на патека, бидејќи таму започнува се.
4. Креирате многу содржина, колкав тим е задолжен за тоа и колку самите корисниците помагаат околу тој дел?
– Имаме сопствена содржина што се креира во сите сегменти од страна на луѓето во нашиот тим. Рецептите, К4Т видеа, интервјуа, стручни статии, настани, вести и сегментот пиколино кој е наменет за здрав развој на најмладата популација. Тимот е голем и придонесува сајтот да има своја специфика и да е препознатлив кај читателите. Корисниците се важен сегмент во креирањето на содржината, а од наша страна тие имаат помош во уредувањето на текстовите, видеата и сликите кои се приложуваат во нивните статии и нивниот број секојдневно расте.
5. Каков е соодносот меѓу локалната (авторска) и преземената (преостаната) содржина и кој е ефектот на истите?
– Се трудиме да го одржиме балансот на ниво 50:50, иако тоа е многу тешко и е потребна исцрпна работа. Но позитивните реакции на читателите за нашата авторска содржина не бустираат дополнително да придонесуваме во овој сегмент. Затоа сега се организираме и стартуваме со нов проект во сајтот кој првично ќе биде во бета верзија и се вика К4ТV.
6. Дали успеваат брендовите и агенциите да го согледаат начинот на кој може да ве вклопат во своите маркетинг активности? Колку ве гледаат различно или сепак за нив сте само сјт со XY број на посети?
– Од досегашното искуство, најчесто маркетинг агенциите се заинтересирани за бројот на посетеност на сајтот, а не за тоа со каква содржина сајтот ја задржува публиката, дали се работи за авторски, едукативен, информативен контент или нешто сосема друго. Денес е најлесно да имате сајт во кој само превземате содржина, ставате наслови шокантно и ексклузивно, објавувате навредлива и провокативна содржина само за да генерирате публика. Но мислам дека големите брендови веќе започнуваат да го препознаваат квалитетот во Македонскиот веб простор, така што она што ни преостанува е да продолжиме со квалитетната работа и создавањето на нови содржини. Сепак, првата награда за блог на годината треба некако да ја оправдаме.
7. Според вашето искуство која содржина „физички активните македонци” најмногу сакаат да ја споделуваат?
– Имаме неколку статии кои ги изработивме за да покажеме кои од нашите содржини се најкликани. Тоа беа видеата што ги изработуваме за одредени настани и поединци или статии каде што тагот е слабеење или губење килограми. Од време на време се наоѓа и некој рецепт што пушта лиги кога ќе ја погледнете насловната слика.
Spark.me настан кој не се пропуштa!
Мојата искрена препорака да се регистрирате на настанов за 50 евра и да си поминете одлично во Будва во јуни.
Continue readingПР-от е мртов. Да живее онлајн ПР-от!
Овој текст е преземен од HomePage.rs од Милоје Секулиќ. Текстот ги разгледува промените кои се случуват во светот на (онлајн) комуникациите.
Continue readingКако да креирате момент вреден за споделување?
Моменти за споделување се наменски креирани ситуации и содржини со цел предизвикување споделување од страна на оние кои учествуваат.
Continue readingNissan – The Briefcase
Одлична интегрирана кампања на Nissan. Механиката е веќе видена, ама егзекуцијата на Nissan многу ми се допадна.
Continue reading