15 говорници, 250 посетители, 1000 твита, и само 10 часа AllWeb во годината ни приближно не се доволни за цела година туркање напред.
Continue readingDate Archives 2015
#комкаст 63 – [видео]
Во втората епизода по враќањето на #комкаст останав сам, и тоа во Ровињ. Поради технички проблеми Митко не успеа да се вклучи во живо со видео но ме слушаше мене и по претходните координации успеа да учествува во муабетот. Погледни ја втората епизода на #комкаст [видео]
#комкаст 62 – [видео]
После голема пауза и многу одлагања конечно се вартивме со нашиот #комкаст. Овој пат со доста промени, наместо аудио сега одиме видео a домаќини сме Дарко Булдиоски и Митко Цабевски.
Continue readingКога следам вести…
…не можам да престанам да мислам како ќе изгледа новиот модел на iPhone
…ме нервира тоа што вестите се премногу необјективни
…ми се повраќа од коментарите на вестите
Текстот е изработен во соработка со „The School of Life“ и преставува адаптација на дел од едукативните материјали од серијалот Newstherapy.com.
…не можам да престанам да мислам како ќе изгледа новиот модел на iPhone
Во вестите често наоѓаме шпекулации за тоа како ќе изгледа новиот модел на вашиот омилен смартфон, лап топ, таблет или некој друг уред.
Ако подразмислиме, ќе сфатиме дека сме наведени премногу да се возбудуваме за промените на некои производи кои во суштина се ситни или површни. Најчесто, овие најавени производи се многу слични на своите претходници.
Под постојаниот притисок на овие информациски подбуцнувања стануваме нетрпеливи колку бавно се развива технологијата: каде се веќе тие мобилни телефони што се полнат еднаш неделно и кои ќе можат да принтаат материјали?
Ваквите содржини често се придружени со привлечни и шареникави фотографии, кои најчесто се креирани, неавтентични и поттикнуваат на мечтаење.
Знаеме дека иднината доаѓа, но тоа се случува некако пребавно за нас. Веројатно во таа иднина ќе има и поефикасни побезбедни средства за транспорт, но сета веројатност е дека тоа ќе се случи за 200-300 години. Ќе има ли лек за ќелавост или болестите од кои стравуваме?
Распнати сме помеѓу милениумските очекувања на новото време и секојдневната резигнација.
Бидејќи нашите надежи се така големи, и потхранувани секојдневно, развиваме мечтаење и копнеење кое нè прави нетрпеливи и незадоволни со тоа што го имаме денес.
Овие копнеења често се фиксирани за предмети околу кои се создава фама, популарност и кои ни се наметнуваат како статусни симболи. Ако ги имаме тогаш нашето место во општествената средина автоматски се менува: стануваме дел од одредена класа или група што ни гарантира престиж, надмоќ, супериорност и привилегии.
Ваквите информации ја експлоатираат, и се еден вид протези, на нашата надеж за промени, токму во смисла на динамичноста на нашето место во општествената хиерархија. Денес си питач, утре можеш да бидеш ѕвезда!
Негативната страна од преокупирањето со вакви информации и мисли за нив е игнорирањето на пореалните начини како да го подобриме сопствениот карактер и односите кон другите луѓе, а со тоа и сопствениот статус во општеството. Наместо да работиме на тоа, овие скокотливи информации уверуваат дека само што не дошол денот кога сето тоа ќе може едноставно да си го купиме: благосостојбата, здравјето, пријателите, партнерите…а новиот модел на iPhone ќе ни биде неопходен токму за тоа.
…ме нервира тоа што вестите се премногу необјективни
Повеќето од нас мислат дека одреден медиум може да биде сериозен и професионален само ако ни нуди „неутрални и објективни информации“.
Но, ова стојалиште е погрешно. Фактите можат да добијат смисла само ако се вклопени во одредена слика за реалноста. Медиумите кои претендираат да се прикажат како неутрални, забораваат дека е невозможно да се биде неутрален кон клучните прашања на нашето време: како да се биде неутрален кон еколошките предизвици? Која е неутралната и објективната позиција кон прашањата на тероризмот, екстремизмот, педофилијата и други горешти прашања? Не постојат такви неутрални позиции кои гарантираат објективност.
Во реалноста, она што се подразбира под „неутралност и објективност“ го отежнува заземањето став кон нештата. Ставот е неопходен за да одредиме што е навистина важно? Што е навистина праведно? Кон што стремиме и кон што одиме?
Ако вестите се сведат на попис на штети од одредена еколошка катастрофа, дали со тоа е исполнета улогата на медиумите и нивните информации? Или тука е потребен став за одговорност и некакви промени кои би спречиле такви несакани настани во иднина?
Големите дејци и историски личности не станале тоа што биле со неутралност и објективност. Платон, Буда, Ганди, Мендела, сите тие биле „пристрасни“ борци за одредена кауза и имале силна свест за тоа што е важно во одреден историски миг.
Во таа смисла, функцијата на дневните информации не е само да отсликаат одредена медиумска реалност. Точноста на информациите е неопходен основен елемент за професионалното информирање. Информациите мора да бидат точни, од компетентни извори, целосни и заокружени (спротивно од овој модел се плански селектирани информации измешани со дезинформации, заокружени со наведувачки коментари), но точните информации често е потребно да се надградат со заземање став на одредена општествена тема. Ако тој став е на линија на јавен интерес, општо добро или вредност, тогаш ваквата „општокорисна пристрасност“, или „необјективност“, треба да се поттикнува. Ако заземениот став е во спротивност со јавниот и општ интерес, тогаш станува збор за „штетна пристрасност“, која најчесто зад својата реторика крие штитење на сопствени интереси или интереси на одредени групи моќници.
…политичарите се идиоти
За нашиот здрав разум и разбирањето на општествената реалност, клучно е сфаќањето дека политичарите се ужасни личности: егоистични, суетни, непринципиелни, затупени ликови, или пак дури и злобни и болни карактери.
Во медиумите секогаш ќе пронајдеме информации или содржини кои ќе ни помогнат да ги зацврстиме овие свои уверувања. Ова е особено точно за Македонија, каде критериумите за станување јавна личност или функционер се многу ниски. Најчесто е доволно да бидете роднина, школски или во брачно-партнерска релација со некој на кого му се паднал ред да одлучува за нешто.
Но, „финтата“ е во тоа што политичарите најчесто не се идиоти. Во голем процент се работи за активни, амбициозни, снаодливи, а понекогаш и интелигентни личности. Можно е тие и да се добронамерни, иако за ова е особено тешко да уверите некого во нашава земја. Со други зборови, иако сигурно не се супер-таленти, политичарите не се ни идиоти. Реалната шареноликост на политичката класа е доста сложена за варење и сфаќање за секојдневниот човек. Тој најчесто кај нив не бара специфики и индивидуалности, туку тоа како политичарот се вклопува во одредени модели или архео-типови (лидер, реформатор, манипулатор, „лопужа“ и сл.).
Втор важен фактор е нашата тенденција да им пронаоѓаме мани на политичарите.
Психолозите ова го толкуваат како манифестација на нашата љубомора кон политичарите. Им завидуваме на експонираните политичари на нивната моќ, нивниот успех на изборите, нивниот статус, привилегии, можност да влијаат на другите, скапите автомобили, одлучувањето за клучни прашања и слично. Во дел од нашата потсвест се прашуваме, зошто тој човек не можам да бидам јас? Во денешната реалност на популистичка демократија, каде политичарите плански се прикажуваат како „блиски до народот“ и како „обични но работливи луѓе“, и кога медиумите ве информираат за секаков детаљ од нивните животи, овој наш негативен однос на љубомора само се засилува. „Види го каков е, милион физички и карактерни мани има, како тој има власт врз нас? Зошто јас не можам да бидам и подобар во таа улога?“.
Парадоксот што во исто време свесно ги сметаме за идиоти, а потсвесно им завидуваме, често се разрешува со манифестирање на цинизам или иронија. Како да го поднесеме тоа дека со нас владеат луѓе за кои немаме никаква почит? Барем да беа тоа луѓе кои имаат дигнитет и класа?
Односот кој го воспоставуваме со политичарите често наликува на односот на адолесценти кон своите родители: не се секогаш родителите „катастрофа“, но проблемот е волјата и тоа што адолесцентот не сака да ја разбере одговорноста и тешкотијата да се биде родител. Не треба да му се лутиме на адолесцентот за неговата, главно, бунтовна улога во оваа дуална динамика, но сите знаеме дека кога адолесцентот подоцна станува родител, неговото сфаќање на родителството драстично се менува.
Заклучно, не се обидуваме да ги амнестираме политичарите од нивните одговорности и чести грешки и гревови, туку да подразмислиме колку со тоа што кај нив најмногу бараме недостатоци и грешки, и истите најдолго ги помниме, самите учествуваме во креирањето на сопствените нервози и фрустрации од политичарите.
…ми се повраќа од коментарите на вестите
Кога ќе се зачитате во коментарите на вестите, се соочувате со грдиот лик на луѓето, дури и на оние кои ги знаете како фини и љубезни: во коментарите тие се речиси исклучиво бесни, гневни, љубоморни, опсесивни, исфрустрирани, често и безобѕирни и бесчуствителни.
Ова е секако сериозен проблем. Каде грешиме, во проценката на луѓето или во интерпретирањето на коментарите? Потребно е подобро да разбереме каков тип на комуникација се коментарите и сродните форми како телефонски јавувања и писма до редакциите на медиумите.
Коментарите се директни форми на обраќање со кои сакаме, како во некој свој личен дневник, да ги изразиме директно своите најостри ставови и стравови: би го задавиле пријателот што нè разочарал, ги мразиме роднините и пријателите, се плашиме од разни закани и осаменост, бараме поддршка за сопствените проблеми, жртви кај оние кои не фрустрираат и така натаму.
Коментарите во денешните медиуми постепено наликуваат на однесување на стадион: место каде можеме да се извикаме за сè она што ни лежи на срце. Ние сме во центарот на темата и не се трудиме да бараме логичка издржаност, толерантност или поблаги форми на комуницирање и размена на противставени идеи. Најчесто заради ваквиот тип на „субјектизација“, односно поставување на говорителот, дијалогот колабира во делот на коментарите. Тука сме да кажеме што имаме, немилосрдно и без пардон, а потоа бараме поддршка или детектираме противници.
Ако се обидеме да бидеме посвесни што сакаме да постигнеме при коментирањето, полесно ќе ги разбереме алтернативите и останатите можности во комуникацијата со другите: доверба, толерирање на различен став, разбирање на нашите специфичности и специфичностите на другите.
Social Media Day – програма и логистика
Програмата и официјално е затворена. Погледни ги деталите, подготвите се и се гледаме во петок на Social Media Day
Continue readingSocial Media Day по 4ти пат во Македонија
Денот на социјалните медиуми во Македонија ќе се одбележи на 26 јуни, 2015 со почеток во 20 часот, во Комплекс базен Ирина, во Припор, Скопје. Глобалниот Social Media Day се одбележува секоја година, на крајот на јуни, во сите поголеми градови.
Continue readingКога “фала” не е доволно за #sparkme
Kога после 6 месеци решавам да пишам пост, претпоставувате дека сум ултра, мега, гига мотивирана. И за тоа има само 1 единставена причина, Spark.me.
Continue readingВреме e Spark.me да си ја ставите во календар!
Spark.me ја најавија уште во јануари и тоа ни помалку ни повеќе туку со единствениот Ramon De Leon. Но мене тоа не ми беше новина затоа што знаев дека ќе доаѓа уште од лани, па си реков ајде ќе почекам уште некое име за да пишам колку сум возбуден за овогодинешното издание на најдобрата конференција во регионот.
Потоа го објавија Marvin Liao и си реков, ќе чекам уште. Па го објавија менаџмент гуруто J. B. M. Kassarjian и знаев дека ќе има уште добри имиња особено од области поблиски до мојот интерес па си реков ќе си чекам јас уште. Па го објавија Timo Vuorensola, и тука малку се подзамислив но не се предадов. Ќе чекам. Tine Thygesen и Steli Efti се од светот на стартапите а јас си ветив дека ќе чекам некој од маркетинг светот. И не дочекав.
Peter Sunde доаѓа на Spark.me
Не е од маркетинг светот ама е толку многу важен и добар што решив да не чекам веќе. Денес сабајле Spark.me го најавија својот следен говорник. Станува збор за еден од основачите на Pirate Bay. Piter Sunde е скандинавски хакер/активист кој работи на проекти кои имаат потенцијал да го променат општеството. Посебен интерес му се прашањата околу авторските права во дигиталното доба, приватноста на Интернет и слободата на информациите. Тој вели: Само слободниот пристап до информации и знаење може да го унапреди нашето општество.
Sunde исто така е основач на Flattr, првиот сервис за микроплаќања и ко-основач на Heml.is Messenger, апликација за анонимна размена на шифрирани пораки преку интернет. Секако многу повеќе детали за ликот и делото на овој херој на дигиталното доба има кај тетка Вики: Peter Sunde
Јас до сега знам најмалку 10тина македонци кои ќе одат на Spark.me, ако уште се мислиш, знај дека конференцијата е на 31 мај и 1 јуни и крајно време е да се одлучиш. Картите се по намалена цена од 150€, односно 70€ за студенти. А верувајте настанот вреди за сите пари. И повеќе.
Прогресивна скала на пропаганда
Скалата на пропагандата покажува различни степени на когнитивна манипулација (односно манипулација со информации, идеи и заклучоци), од поедноставни кон посложени начини. Како и во примерот со скалата на говорот на омраза, и пропагандиот комуникациски чин тргнува од идеја, преку вербализација, со цел да предизвика одреден ефект или акција. Кај пропагандната скала, прогресивно се зголемува контролата врз оној кон кого се комуницираат пораките, сè до степен во кој е прифатливо во форма на наредба императивно да се наложи што треба слушателот на пораката да прави.
Првиот степен на когнитивната манипулација при пропагандата е (1) бирање на информации кои одговараат за пораката и посакуваните реакции. Оние информации кои не одговараат на посакуваните интерпретации и ефекти едноставно се отфрлааат или игнорираат. Вториот степен е (2) вметнување во точните информации лажни или измислени информации, и нивно (3) мешање со точните информации. Во ваква форма, слушателот или читателот многу потешко може да ги дешифрира правилно пораките, а потоа и да ги раздели точните од лажните информации, така што најчесто дезинформациите успеваат да се „прошверцуваат“ во нашата свест и ги прифаќаме како точни. Следниот степен на когнитивна манипулација е (4) врамувањето, односно планското стеснување на темата и вниманието на слушателот кон одредена тема, мислење или став, со цел постигнување посакуван ефект или интерпретација, и заборавање на други аспекти или теми кои го попречуваат тој ефект.
По врамувањето и кумулативниот ефект на измешаните информации и дезинформации, најчесто манипулацијата се надградува со груби (5) поедноставувања на реалните ситуации и креирање на вербални и когнитивни формули (преку одредени фрази, именувања, квалификации, и сл.) кои, навидум, го објаснуваат поширокиот контекст, а всушност ја деформираат реалноста во нејзини наменски симплифицирани и еднострани форми. Откако работите ќе се поедностават до најнизок можен степен, тогаш тие се (6) групираат во парови кои се противставуваат еден на друг. Зависно од контекстот тоа можат да бидат различни дуалистички парови, од идеолошки, етнички, верски, јазични, политички, спортски и каков било друг погоден пар.
Конечно, оној што го контролира пропагандното комуницирање, постапно добива поголема контрола врз слушателите на комуникацијата, сè до степен кога е прифатливо, низ процесот на претходното убедување преку пропаганда, да му се каже на слушателот што треба да прави и како да реагира. Со тоа кулминира процесот на пропагандата во контрола на комуникаторот врз комуницираниот, кој е трансформиран во пасивен инструмент за одредена акција.
Пример 1:
Пример 2:
Пример 3:
Прогресивна скала на говор на омраза
Скалата на говорот на омраза покажува различни степени на говорот на омразата, подредени по интензитетот на вербалното насилство, од понизок, кон повисок степен, при комуникација со афективна манипулација, односно при манипулација на чувствата.
Исмевањето (1) како „најблага“ форма на вербално насилство, може да се интензивира во навредување (2), а потоа и во понижување (3). Следните степени на пожестоки форми на говорот на омраза се дискриминацијата (4) и дехуманизацијата (5), односно обесправување по одреден основ или право, и негирање на човечноста и правата кои природно се подразбираат за другите. Шестиот степен е сатанизацијата (6) односно поистоветување на одреден поединец или група со самото зло.
Говорот на омраза, како комуникациски чин, се обидува од (а) ИДЕЈА преку (б) ВЕРБАЛИЗАЦИЈА, да предизвика одреден ефект или (в) АКЦИЈА. Низ тој процес, говорот на омраза овозможува психолошко наложување и оправдување на употребата на насилството.
Ефектите на говорот на омраза можат да бидат нелагодност, немир, страв, психоза, фобија и други форми на чувства на директна или индиректна загрозеност. Зависно од контекстот на употребите на говорот на омраза и целите за користење, говорниот субјект одбира одреден степен и се обидува да го предизвика посакуваниот ефект. Ако тоа не го постигнува посакуваниот ефект или акција, тогаш најчесто се преминува на понтензивните форми на говорот на омраза, со што се интензивира и самиот конфликт помеѓу учесниците на говорниот чин. Колку што е поинтензивен говорот на омраза, односно повисок на претставената скала, толку е поголема е веројатноста говорниот чин да премине во акција, односно физичко насилство или судир. Во зависност од конситуацијата и реакцијата на употребите на говорот на омраза (преку т.н. катализатори на акцијата), можно е и од пониски степени веднаш да се премине на физичко насилство.
Примери:
#ЗаЧитање #02
Од мноштовото текстови прочитани иминтиов период, овие не смееш да ги пропуштиш!
1. Key Digital Trends for 2015
Убаво спакувани и елаборирани трендови за 2015, by еMarketer
Линк: http://www.emarketer.com/public_media/docs/eMarketer_Key_Digital_Trends_for_2015-Whats_in_Store%E2%80%94and_Not_in_Store%E2%80%94for_the_Coming_Year.pdf
2. Video Killed the Video Star / We Are Social
Видео на интернет не е само ТВ реклама на интернет, за да се извади максимум потребно е многу повеќе од 30 секунди добар спот. – by Stefano Maggi
Линк: http://wearesocial.net/blog/2015/01/video-killed-video-star/
3. 5 charts that show how social media rules publishing
Петен интересни статистики кои откриваат дел од стратегиите на големите информативни сајтови кога е во прашање оптимиацијата за социјалните медиуми. – by Lucia Moses
Линк: http://digiday.com/publishers/5-charts-show-social-media-rules-publishers/
4. Avengers Trailer Is the Ultimate Test for Facebook Video Versus YouTube
Ова е само еден од обидите да се спореди моќта на Facebook видео содржината. ИНвестираат Facebook многу во овој сегмент, а последните бројки покажуваат дека во некои сегменти почна да го надминува YouTube. – by Garett Sloane
Линк: http://www.adweek.com/news/technology/avengers-trailer-ultimate-test-facebook-video-versus-youtube-162343
5. Creative Agencies Need To Be Tech Companies Too
Маркетингот е уметност но во исто време е и наука. Брендовите сакаат убави приказни но во исто време сакаати да ги врзат трошиците со бинис целите и секако со задоволството на потрошувачите. – by Paul Roetzer
Линк: http://www.mediapost.com/publications/article/241388/creative-agencies-need-to-be-tech-companies-too.html
6. Infographic: Who’s Really Using Facebook, Twitter, Pinterest, Tumblr and Instagram in 2015
Ако си по бројки и следење на глобалната слика на корисници на социјалниве… кликај!
Линк: http://www.adweek.com/news/advertising-branding/new-social-stratosphere-who-using-facebook-twitter-pinterest-tumblr-and-instagram-2015-and-beyond-1622
7. Video content strategy: why do it & will anyone watch it?
Лесно е да се каже дека е потрбна стратегија, ова особено важи кога зборуваме за креирање содржина, оди направи ја да те видам. Одлично пренесување на искуство од страна на eConsaltancy. – by David Moth
Линк: https://econsultancy.com/blog/65957-video-content-strategy-why-do-it-will-anyone-watch-it/
8. 9 media-tech trends to watch in 2015
Ова се последни предвидувања, ветувам. Ама добри се, зборуваат за нови компании кои ќе купуваат телевизии, за еволуцијата на радиото и сл. Вреди да се читне. – by Tom Cheredar
Линк: http://venturebeat.com/2015/01/11/9-media-tech-predictions-to-watch-for-in-2015/
Медиумски промени кои милуваме да ги игнорираме
Динамичните промени на комуницирањето и медиумите влијаат интензивно на нашето секојдневие, но промените во нашите сфаќања за тој процес одат далеку побавно. Во прилог на тоа неколку медиусмки труизми кои милуваме да ги игнорираме
Continue reading#ЗаЧитање #01
Од мноштовото текстови прочитани иминтиов период, издвоениве не смееш да ги пропуштиш.
Continue reading4 дигитални трендови за 2015
За Македонија и локалниот пазар да се прават предвидувања, ми се чини е за нијанса полесно затоа што како и за ред други работи не се очекува ни во полето за дигитален маркетинг да измислиме „топла вода”, туку да прифатиме и адаптираме нешто што светот веќе го прави.
Continue reading