Date Archives 2016

#комкаст 23 – Instagram, Google Ai, VR, u:Plug

Фокус оваа епизода е Insgtram и неговиот значителен пад на интеракции што доведува до логичниот потег за промена на начинот на кој ќе се прикажуваат сликите во стримот.

Continue reading

#комкаст 22 – Franck Nouyrigat ко-основач на Startup Weekend

Оваа епизода e првa на англиски јазик. За тоа „виновен” беше Franck, еден од основачите на Startup Weekend. Зборувавме за почетоците на оваа франшиза, за развојот на стартапите и стратап заедницата и заедницата на претприемачи.

Continue reading

#комкaст 21 – Samsung Gear VR, Facebook Livestream & Like+, Abrakadabra

Полека но сигурно го фаќаме редот, од оваа епизода повторно ја враќаме во живот и аудио верзијата на #комкаст, што значи секоја нова епизода кога ќе ја објавуваме тука на комуникации.нет ќе го објавуваме и аудио фајлот од истата.

Претплатете се на нашиот YouTube канал, и ако сакате класичен подкаст за да не слушате на телефон додека трчате, патувате или возите ова е фидот.

Во последнава епизода на проба имавме Samsung Gear VR кој го тестиравме со Samsung S6 и дополнително зборувавме за стриминг опцијата на Facebook, Tesla Concept_One, новите емотикони на Facebook, најавата на Abrakadabra.hr.

Play

Во продолжение линкови кои ги ветивме во четвртокот.

– Понудата на VIP за резервација на Galaxy S7 или Galaxy S7 edge со подарок Gear VR виртуелен визир!

– Sorry, Tesla: The world’s fastest electric car is made in… Croatia?

– Facebook No Longer Just Has A ‘Like’ Button

– Abrakadabra je ime A007, Agrokorovog regionalnog ‘Amazona’

DRONEfest, poslovnu konferenciju o bespilotnim letjelicama

Се гледаме/слушаме

#комкаст 20 – Apple vs FBI, World of Selfie

Од оваа 20, најтажна, епизода на #комкаст ветуваме дека редовно ќе ги објавуваме епизодите и тука на својот матичен блог по кои всушност пред (за неколку дена) цели 5 години започна каок аудио подкаст овој подкаст.

Еве ги линковите спомнати во видеото. Сите коментари, прашања, забелешки и предлози се добредојдени.

#Комкаст видео подкаст за технологија, маркетинг и нови медиуми со Митко Цабевски и Дарко Булдиоски

Обраќањето на Tim Cook

Secure Messaging Scorecard

POS for Stripe – Апликацијата на Горјан

World of Selfie

Македонската биткоин сцена молчи … и прави пари

Бонус линк: SelfieCity

Отворен изборот за официјални блогери на Spark.me 2016

Оваа година Spark.me се одржува на 28 и 29 мај, секако во Бечичи, т.е Будва. Како и минатите неколку годни ние нема да го испуштиме најдобриот регионален настан во сферата на маркетингот, менаџментот и стартап културата.

Неодмана организацискиот тим објави и официјален конкурс преку кој ќе може доколку активно креирате (квалитетна) содржина на интернет да се вклучите на настанот како официјален блогер. Велат се што треба да направите е да објавите содржина (може да е текст, аудио или видео) на тема: зошто сакам да учествувам на Spark.me конференцијата. Обајавете ја каде обично го правите тоа (блог, подкаст, влог или сл.) вклучете го хаштагот #SparkMe и пријавете го линкот во формата на оваа страница: Become an Official Spark.me Blogger

sparkMe

Списокот на избрани блогери ќе биде објавен на 15 март. Секој од избраните официјални блогери ќе добие бесплатна влезница за конференцијата, сместување за период од 4 дена како и вклучување во легендарната Spark.me тура со брод по смата конференција. Обврските на секој избран блогер е да објави најмалку две објави (блог постови, подкасти или влог епизоди) на тема Spark.me до 15 мај, една објава за време на самата конференција и една по завршување на истата.

Доколку не знаеш што е Spark.me еве еден краток опис и за самата конференција:
Spakr.me е конференција која на едно место ги собира лидерите од бизнис светот, светот на технологјата, иновациите, маркетингот, тартаптите и луѓето желни за знаење. Организатор е doMEn компанијата која стои за .ME интернет доменот. Целта на самата конференција е да ја поттикне креатвноста на учесниците, да им овозможи унапредување на своето знаење и да им помогне да напредуваат во својата работа.

Патем, веќе се најавени дел од годнешните говорници, деталите се достапни на официјалниот сајт, се разбира: Spark.me