Date Archives 2020

#комкаст Special! – Среќна Нова година од тимот на NewMediaMK

Зад комуникации.нет и #комкаст и зад @AllWebMK, @AllWebAl и @DecalMK стои тим на луѓе кои неуморно работат сите овие работи да се оствaрат и многу повеќе од тоа. Тoј тим на луѓе е всушност тимот на маркетинг агенцијата NewMediaMK. Токму тој тим застана пред камерата за ова специјално издание и искрено честиташе Нова година.

Среќна нека е!

Слушајте нè на:
iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Претплатете се на нашиот YouTube канал: https://bit.ly/3oGjbQ7

115 #ПрегледВоПеток

Мене ми се падна последниот #ПрегледВоПеток годинава и не сум нешто фасцинарана за тоа, зошто ми изгледа како преодговорна обврска. Ама ајде да не се возбудуваме толку и да не го правиме многу голема работа, а? 🙂

Имаме супер линкови за неделава, не многу креативни ама сериозни и поучни! Да ја завршиме годинава конечно, и да не се повтори нели!

Oдговорот на Google на тужбата за Google Search

Во #ПрегледВоПеток 114 пишавме дека се здружија 35 држави да го тужат Google. Google уште истиот ден по тужбата за дизајнот на Google Search објави одговор и објаснување за истиот. Од компанијата велат дека тужбата сугерира да не се работи на подобрување на пребарувањето и тоа да биде помалку кориснo за оние што пребаруваат. Оваа тужба се обидува да го редизајнира „Google Search“ на начин на кој ќе ги лиши Американците од корисни информации и ќе им наштети на бизнисите да се поврзат директно со клиенти. И ако јас избирам од пред и потоа, ќе го изберам токму ова што Google го вели:

Нашето ригорозно тестирање ни кажува дека далеку ги претпочитате резултатите со богати информации кои вклучуваат мапи, линкови до производи и услуги што можете да ги купите директно, опции за летови и хотели и информации за локалните бизниси, како што се работно време, испорака и сл.

Трендови кои мора да исчезнат во 2021

Кога ќе прочитам ваков наслов знам дека на некој му дошло преку глава и мора да си ја испразни нервозата негде. Па исто како јас да сум го пишувала. На списокот што Уна Костадиновиќ го има срочено би додала обавезно и “Цена/Инбокс”, т.е. wanna-be Facebook продавници што сакаат да продаваат, а да не објавуваат цени, и уште еден цел список од 100тина работи, ама ајде доволно беше негативна годинава па да не ја продлабочувам.

Посебно ми се допадна овa што им го порачува на клиентите:

Niste tabloid. Napravite nešto što je jako dobro, platite plasiranje tog sadržaja i sačekajte da algoritam uradi svoju magiju.

2021 ќе биде златно доба за аудио реклами

New York Times е прилично амбициозен кога станува збор за аудио рекламирање. Нивниот информативен поткаст The Daily двојно ги зголеми преслушувањата оваа година, за сметка на 2019та. Рекламирањето во нивниот поткаст е доста популарно кај брендовите со директна продажба на своите клиенти, а благодарение на склучувањето договор за рекламирање и со луксузните брендови кои претходно се двоумеа дали да пробаат овој формат, 2021 ќе биде златно доба за New York Times и аудио рекламирањето. Оваа година, Times склучи договор за аудио кампањи со 226 брендови. Четири од нив – Beautycounter, Chanel, De Beers Jewellers, The RealReal – се во категоријата на луксузни брендови, а во тек се разговори уште со најмалку три бренда.

„За луксузните клиенти, аудио рекламирањето се однесува на публиката, ексклузивноста и новитетите“, Lisa Howard, SVP of media. „Луксузните брендови го сакаат контекстуалниот аспект“.

29.5 милиони долари за 9 годишниот јутубер Ryan Kaji

Колку од вас си подголтнаа само на насловот? 🙂

Ryan’s World трета година по ред е на врвот на листата јутубери кои што заработиле најмногу.

И ако си помисливте дека штом ова 9 годишно дете може, значи секој може, мнооогу се излажавте. Иако изгледа сѐ толку слатко и едноставно, позади видеата на Ryan се крие профи продукција и посветена маркетинг стратегија, што, ќе претпоставите, не е изведена од дете.

Сите кои сакаат да бидат успешни на YouTube можат да научат многу од каналите кои се на листата, во однос на презентација, употребата на тамбнејл, наслов и должина на видео и многу повеќе. Но, веројатно најголемата лекција што може да се земе од овие sвезди на YouTube е доследноста и конзистентноста.

Светот на Биби на гости во #комкаст

Ако имате деца (а и ако немате) нема шанси да не сте изгледале бар една епизода од Светот на Биби. И не само епизоди, толку многу македонска содржина и посветено креирање на една целосна приказна и маркетинг стратегија.

Цртани, претстави, играчки, сликовници, гостувања, интервјуа и што уште не. Кај мене дома се секојдневие. А еве сега Светот на Биби ни дојде на гости во #комкаст. Преслушајте го разговорот со Јована Аврамовиќ колку многу се работи и што сѐ ново се подготвува во Светот на Биби.

Бонус линкови

Нема да се поздравам во овој пост со годинава, и да ви поскувам желби и честитки. Ќе смислиме нешто поубаво за тој повод. До тогаш уживајте во читањето.

#комкаст 91 – Во „Светот на Биби” со Јована Аврамовска

Кога почнав да го планирам враќањето на #комкаст на „малите екрани” почнав да составувам список за кој би сакал да ми гостува. И една од првите теми кои се најдоа на таа листа беше токму светот на Биби. Ги контактирав и беа супер расположени ама ми рекоа дека не им е тогаш баш моментот… спремаа нови работи и штом се спремни, ќе се договориме. Она што не го знаев е дека спремаат и нов човек кој ќе зборува јавно во името на светот на Биби.

Во новата 91 по ред епизода зборуваме за светот на Биби, за развојот на овој проект, за начинот на кој се работи внатре, за YouTube за деца и возрасни за Бививерзумот и за ред други работи. Се разбира и од самиот наслов нели, разговарам со Јована Аврамовска.

Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

114 #ПрегледВоПеток

Не сакам петок кога се празничните гужви затоа што се чини дека викендот е месец дена далеку.. некој истомисленик? 🙂

Амааа.. сакам #ПрегледВоПеток затоа што си ги имам сите новости од дигиталниот свет на едно место!

Купувај на Instagram Reels

Го копираа TikTok од глава до пети. Отсега брендовите и креаторите ќе можат да тагираат производи во своите видеа на Reels. Тагот т.н. “Branded Content” ќе им овозможи на креаторите на Instagram да бидат транспарентни кога промовираат спонзорирани брендови.

Хрониките на Facebook Policies

Секој што работи маркетинг на социјалните мрежи треба да си ги прочита сите политики на Facebook. Иако се чини дека им нема крај, важно е да читаш меѓу редови. Затоа што кога ќе пуштиш реклама и Facebook ќе ти ја одбие, треба да знаеш зошто.

Еве еден супер пост за најчестите причини поради кои Facebook одбива реклами.

Не секогаш е добро да си монопол на пазарот

Google ја испраќа 2020та со тужба од 35 американски држави кои тврдат дека компанијата практикува нелегално, антиконкурентско однесување со цел да создаде монопол во search огласувањето. Кхм..

Google’s anticompetitive actions have protected its general search monopolies and excluded rivals, depriving consumers of the benefits of competitive choices, forestalling innovation, and undermining new entry or expansion. This lawsuit seeks to restore competition.

Colorado Attorney General Phil Weiser

Среќни празници, Google! 🙂

Зголемен одзивот на 6-секундни видео реклами

MAGNA Global заедно со IPG Media Lab и Snap Inc. направија истражување на повеќе од 7,700 испитаници и голем број видео кампањи со цел да видат како потрошувачите реагираат на 6-секундни видео реклами.

Како што начинот на кој гледаме видеа се менува, така се менуваат и мислењата, навиките за шопинг и фаворизирањето на брендовите кај потрошувачите. Откако TikTok и Reels влегоа во игра, голем дел од интернет корисниците (особено младите кои впрочем креираат содржина за овие канали) ги сменија своите “видео навики” и сега повеќе уживаат гледајќи 30-секундни видеа отколку YouTube видеа што траат 20 минути.

Од тука може да се заклучи дека 6-секундните видео реклами ќе имаат зголемен (ова не значи поголем) ефект кај таргет публиката наспроти оние што траат 30 секунди или минута. Кога за првпат се појавија кратките видео реклами, тие првично беа ефективни за подигање на свеста кај потрошувачите но не и за будење на потреба за купување на одреден производ. Сега може да се каже дека е обратно.

Да не должам многу, доста интересен извештај.

Marketoonist on Instagram

Бонус линкови

До следниот преглед во петок 😉

#комкаст 90 – за креативноста во време на дигитал со @muarko

Во 90-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Марко Стојановиќ, или попознат на твитер како @muarko. Марко е еден од оние т.н. агенциски луѓе кои целата своја кариера ја минале и ја минуваат во т.н. креативна индустрија.

По вокација дизајнер, или подобро речено визуелен креативец. Со Марко разговравме, и си кукавме, да не речам плачевме за различни теми, секако под знакот на креативност. Дискутираме за промените кои ги донесе дигиталната комуникација и социјалните медиуми, но и за улогата на креативноста денес.

Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

113 #ПрегледВоПеток

Гужва, завршува и оваа каква-таква година, традиционално празнично секој брза, гледа да заврши повеќе и да дотроши тоа што било планирано или останало за трошење. Што е тука е, се надеваме дека 2021 ќе донесе некоја промена на подобро.. во меѓувреме…

Oxford – зборови на годината

И покрај тоа што Oxford периодов нè асоцира на нешто друго, сепак овој преглед го отвораме со јазичарите од Oxford, тоа се оние кои го креираат познатиот речник. Секоја година тие бираат по еден збор кој го прогласуваат како збор на годината. Оваа не можеле да се одлучат за еден па прогласија неколку:

The pandemic, racial unrest and natural disasters shaped the English language in countless ways in 2020. So Oxford opted to highlight dozens of terms, including “Black Lives Matter,” “Blursday,” “coronavirus,” “lockdown,” “social distancing” and “systemic racism.”

Мене омилен ми е Blursday, другите ми се, онака, лесен избор. Наша среќа е што имаме преглед во петок па некако може да ги пофатиме деновите 🙂

Pantone боја на годината

Кога сме веќе кај изборите на годината, Pantone исто така не можеле да се одлучат за една боја која ќе биде боја за 2021, па избрале две. Изгледа оваа 2020 само ја разбуди нодлучноста кај сите нас. PANTONE 17-5104 Ultimate Gray + PANTONE 13-0647 Illuminating. Или со наши зборови жолта и сива. Убаво изгледаат во комбинација нема тука двојба. Pantone велат дека комбинацијата претставува порака за сила и надеж која воедно влијае на истрајноста и расположението. Секако подтекст и тука е Ковид-19.

ЕУ најави нов закон за регулација на големите tеch гиганти

Европа секогаш е чекор пред Америка кога станува збор за регулирање на пазарот, особено во делот кога станува збор за употребата на лични податоци и монополизација. Иако и американците се пред сè поизвесен чин дека регулација ќе има и кај нив, ЕУ веќе јасно покажува дека нема да потпадне под влијане на лобирањето и дека ќе се погржи големите технолошки гиганти да не можат така лесно да ја злоупотребуваат и доградуваат својата доминантна позиција.

The Digital Services Act, due to be presented in early December, is expected to overhaul the management of content on platforms like Google and Facebook and is the first of its kind since 2000. Broadly, the EU wants to make tech giants more responsible for the content on their platforms, and to ensure that competitors have a fair chance to succeed against the big firms.

Револуционерноста во новите правила е всушност пренесувањето на одговорноста кај сервисите за сета содржина која таму може да се најде.

Airbnb.ORG

Како следен чекор во развојот на програмите и активностите кои Airbnb ги презема од почетокот на кризата оваа година, изминатава недела објави посебен дел од својот сервис наменет токму да помогне на оние кои се најважни. На овој дел од сервисот ќе може да се понуди бесплатно сместување или помош. Од компанијата соопштуваат дека Airbnb.org е спој на нивната долгогодишна платформа OpenHomes и последните активности поврзани со Ковид-19.

Ова се случува непосредно пред официјалното излегување на Airbnb на берзата.

Apple AirPods Max

Големи се, убави се. Apple викаат дека се мноооогу добри… иновативни и сл. Во боја се. Се врзуват во вашиот Apple систем ептен лесно… и… и чинат $549. Толку.

Збогум Adobe Flash

Ееее и ти не беше свесен дека уште постои? И јас :). Ама ете 2021 конечно нема да го има… Adobe го објави последниот апдејт и конечно рече: Adobe will stop supporting Flash on December 31st, 2020, and it will block Flash content from running on January 12th, 2021.

Не верувам, ама ете, проверете да не случајно некаде имате Flash па со време да го тргнете. Никогаш не сум бил фан на Flash, и немам некои посебни емоции врзани за него, ама ете… си оди во историјата, ред е да му оддадеме малку почит.

Marketoonist on Instagram

Бонус линкови

Убав викенд друштво, се читаме во следниот преглед во петок.

#комкаст 89 – За chat commerce, black friday и многу повеќе со Ана Георгиеска

Во новата, 89-та епизода по ред на #комкаст разговарам со Ана Г. од Студио модерна, компанијата која стои за брендовите како што се Топ Шоп, Дормео, Делимано, Homeology и други.

Со Ана разговараме за почетоците на нивната компанија во полето на дигитален маркетинг, за фокусот на содржина и секако за мерење на продажбата. Зборувавме за улогата и ефективноста на различните дигитални канали, за продажбата во директна комуникација, преку пораки во чет, за стримањето во живо но, на кратко продискутиравме и за сличностите и разликите на нашиот пазар со останатите во регионот.

Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

Содржина:
00:00 – За почетоците
04:10 – Улогата на содржината во маркетингот
10:20 – Канали за комуникација
14:35 – Chat Commerce
22:00 – Black Friday и display рекламирање
28:35 – За растот и развојот на пазарот
35:32 – Live streaming
44:00 – Сличности со другите пазари

112 #ПрегледВоПеток

Добро утро,

Петок, кафе, #ПрегледВоПеток …you know the drill!

Го пишувам овој прв преглед во декември и сфаќам дека до крајот на годината преостанува уште неполн месец. Па почнуваат да ми недостасуваат оние Best Top 10 на радио од најдобрите хитови во изминатата година што се вртат на секој час од 1ви до 31ви. (сигурно ги има и сега ама не слушам радио). Затоа ја кревам еуфоријата за одбројување на најдобрите реклами од годинава, новогодишните маркетинг планови на компаниите и предвидување на трендовите за следната година.

Buckle up 🙂

Најдоброто за крај на најлошата 2020

Веќе ти е украсена елката признај 🙂 И можеби стави и празничен венец на врата и го преплави домот со мали декорации и секако направи место за божиќното цвеќе….Не си единствен/а верувај!

Годинава повеќе од кога било е потребна празнична магија. Целиот свет се соочи со година која како да беше режирана од некој второкласен режисер во кој се случија мал милион кризи за да те убедат дека ептен ама ептен е крај на човештвото какво што го знаеме. Ова е моментот кога брендовите настапуваат на сцена со своите емотивни и срцепарателни реклами што веднаш те претвораат во добро, љубезно, среќно и спокојно човечко суштество…Ummm ok…

Она што ги прави различни овогодишните празнични кампањи од останатите години е фактот дека сите се фокусираат на лошите искуства во годината, на сите промени што нѐ снајдоа и на сите компромиси што требаше да се направат. За на крај да се појави баш она чоколадо, пијалок или модел на Playstation и светот да се спаси. Сега всушност и ми е малку криво за fail-от на Кајли Џенер и Пепси.

Се чини дека крајот го краси делото а за ова зборуваат и бројките:

  • Twitter бележи 59% повеќе импресии за твитови поврзани со празниците отколку во 2019
  • Се предвидува дека онлајн корисниците во САД ќе потрошат повеќе од $190B на празничен шопинг што е за 35.8% повеќе отколку во 2019
  • Годинешните Black Friday и Cyber Monday бележат 39.6% поголем шопинг на празнични подароци отколку минатата година

Останува прашањето “Од каде ви пари бе?„

А сега дозволете ми да престанам со хејтот и да ве почастам со убава среќна празнична реклама за 2020.

25 social media трендови што се предвидуваат за 2020

Крајот на годината значи и ревидирање на сопствените постапки. Што си направил добро а што погрешно и што е она што треба да го поправиш. Но една лекција што мислам дека нѐ научи сите вклучувајќи ги и брендовите е: АДАПТИРАЈ СЕ!

Некои од социјалните платформи го увидоа ова на време и пробаа да ги сретнат потребите на своите корисници со промени и развој на нови идеи што ќе ги држи вклучени и интерактивни. Ова беше особено важно за нив затоа што социјалните канали станаа единствен допир со остатокот од светот.

Затоа, поучувајќи од оваа 2020, еве дел од предвидувањата за тоа што ќе се случува во најголемите компании во светот на социјалните мрежи:

Facebook – Најголемиот дел од времето, Facebook ќе го посвети на развивање на делот со е-трговијата. Новиот начин на шопинг е мноогу полесен како за корисниците така и за брендовите. Па ова е нивен фокус во 2020. Покрај ова, ги спомнуваме и спојувањата на месенџер каналите со Instagram, промената на алгоритамот и лансирањето на AR наочарите.

Twitter – Ништо посебно не се случува кај стариот шмеќер Twitter но, ајде да му дадеме шанса. За следната година се предвидуваат неколку минимални промени и ништо екстравагантно. Од доцно лансирање на Fleets и специјални ефекти во овој формат, до нови “правила“ за ботовите. Една од промените што може да се очекува овде се и новите категории на верификација.

Instagram – Шопинг инскуството некако како да почнува да ја засенува првичната идеја позади Instagram – фотографијата. Facebook вложува многу во развивање на алатки што ќе го подобрат овој дел, ставајќи го во фокус за следниот период. Варијаблилниот feed е она што се очекува како голема промена во 2020. Она што ќе се случува е дека корисниците ќе се поделат во групи според нивните преференци (шопинг, feed, story, Reels). Првичниот интерфејс ќе биде во фокус на она што најмногу го интересира корисникот со можна опција за враќање на првичниот изглед. Предвидувањата за Reels баш и не се сјајни ама нека го има…само без надежи дека ќе го собори TikTok.

Snapchat И овде e-commerce плановите не изоставуваат. Но да не се повторуваме со нив, она што ќе го издвоиме се новините за AR каде е вклучен скенер на баркодови на производи со супер можности. Исто и не треба да го изоставиме делот за можно партнерство со Apple кое вклучува AR очила.

TikTok Она што можеме да го очекуваме од TikTok следната година е поголемо и подобро развивање на можностите околу е-трговијата и поврзаноста на оваа платформа со музичката индустрија.

Snapchat ќе подели 1M на корисниците со најдобра содржина

Додека Facebook се мисли како да го стигне TikTok со Reels на Instagram, Snapchat ја носи играта на сосема друго ниво. Имено, Snapchat со новата Spotlight опција, ги бодри и поддржува сите креатори на оригинална содржина да ги споделуваат своите видеа. Најдобрите од нив што во Spotlight ќе добијат околу 100,000 прегледи на ден, ќе го добијат својот дел од 1милион долари што компанијата ги одвојува за најдобрите секој ден.

Со ваквиот пристап Snapchat им дава шанса на сите а не само на познатите да бидат дел од милионското семејство. Содржината мора да биде оригинална, во согласност со прописите на компанијата а профилот на корисниците мора да биде отворен (ахаммм…).

Цареви се нема што…

Salesforce го купи Slack за $27.7B

Како стартап компанија основана во 2009 година и почнувајќи како алтернатива за e-mail што беше добредојдена во новите компании, Slack се “омажи“ богато. Денес брои повеќе од 12 милиони активни корисници дневно а пазарната вредност се пресметува на повеќе од $25B.

Salesfront со сигурност знае кога да купи и што да купи. Slack се предвидува да стане најразвиена платформа за remote working, нешто што дефинитивно ќе стане дел од нормалното деловно функционирање во светот. За ова шопинг задоволство тие издвоија вкупна сума од $27.7B што ја прави нивна најголема инвестиција до сега.

100 најдобри TikTok видеа за 2020

За крај ги прелистуваме 100-те најдобри видеа споделени на TikTok за изминатата година, најдобрите креатори на содржина, песни и хаштази. Изминатата година дефинитивно беше подобра поради сета оригинална содржина споделена овде од повеќе од 100 милиони дневни активни корисници.

А за оние што се верни пак на тимот Youtube, нивната листа на најдобри беше објавена изминатата недела.

Marketoonist on Instagram

Бонус линкови

Убав викенд друштво, се читаме во следниот преглед во петок.

Баи 🙂

#комкаст 88 – За UX и UI, со Јане Наумоски – Mufix

Веќе некое време тема во која со големо задоволство се задлабочувам е UX, поточно корисничко искуство, уште поточно… бихевиорални промени на однесување. Или ако до крај веќе одиме со кратенкиве тргнуваме од UX преку UI за да ја видиме големата слика или CX 😉

И покрај тоа што UX најчесто тесно се поврзува со (графички) дизајн, сметам дека темата е далеку повеќе од тоа, и заслужува да дискутираме повторно и повеќе. Ама, од некаде мора да се почне, па затоа во оваа епизода по површината на темата почнавме да гребеме со Јане Наумоски, инаку стар пријател на #комкаст.

Разговараме за основите на UX, што е UX а што IU, што е потребно да знаеш и да учиш за да можеш свесно да размислуваш на темава и како да напредуваш. Неколку интересни линкови на темата споделувам најдолу…

Слушајте ја новата епизода претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

UX – user experience – корисничко искуство
UI – user interface – кориснички интерфејс
CX – customer experience – (вкупно) искуство на купувач/клиент?!?

Корисни линкови:

111 #ПрегледВоПеток

111… Добар знак!

Денес е мој ред да ви раскажам што се случуваше изминатава недела, освен burnout… Тоа ќе го оставиме за друг пат! Да не должам многу!

Првиот дел од овој #ПрегледВоПеток е за оние што ги интересира UX… и не, немој да помислиш дека јас сум некој експерт за тоа, но обожавам да читам и дознавам нови работи… Особено кога се работи за психологија на корисници… well, marketing!

Психологија на корисници

Ние сакаме да ги етикетираме корисниците… ирационални, мрзеливи, непредвидливи, одлучни, и на некој начин ова можеби е вистина затоа што ние не сме машини. Но, постојат одредени навики според кои можеме да ги предвидиме одлуките на нашите корисници.

За да создадат задоволувачко дигитално искуство, UX дизајнерите треба да бидат свесни и да ги поддржуваат овие когнитивни навики.

Хеуристика – Човечките суштества користат психолошки тактики и пристрасност за брзо донесување одлуки. Овие ментални кратенки се нарекуваат хеуристи. Ние користиме хеуристика во секојдневниот живот, но особено сакаме да ги користиме со софтвер.

Ние не ги следиме овие модели поради мрзеливост или затоа што сме расеани. Сосема е рационално да се искористат хеуристите како корисник затоа што…

  1. Во дигиталниот свет нема пенали ако не сте во право. Цената на повеќето грешки е близу до нула.
  2. Безгрижното кликнување е позабавно бидејќи од секој клик добиваме мала доза на допамин.
  3. Веб страниците можат да бидат комплицирани, но ние повеќе сакаме да донесеме одлука сега во моментот и да си продолжиме со животот.
  4. Страницата ни овозможува брзо движење од една до друга одлука, со многу побрзо темпо отколку физичкиот свет.

Најчестите хеуристи што ги користат корисниците

  • Задоволство – Комбинација на зборовите „задоволи“ и „доволно“. Тоа значи да се задоволите со првата разумна опција што ја најдовте, без да го разгледате целиот пакет на можности. Ние не го бараме вистинскиот одговор – ние бараме што е доволно добро.
  • Аверзија на загуба – Загубите се појавуваат како поголеми од придобивките во нашиот ум. Се смета дека болката при губење е двојно поголема од задоволството кое ќе се добие. Вложуваме повеќе работа и преземаме повеќе ризици за да избегнеме загуби, отколку што правиме за да оствариме добивки. Дел од теоријата на Проспект.
  • Достапност – Луѓето извлекуваат заклучоци врз основа на она што веднаш им паѓа на ум. Ние, луѓето, им даваме големо значење на работите што ги прегледуваме набрзинка и работите што веќе ги гледаме пред нас.
  • Замор на одлука – Донесување на многу одлуки ја намалува способноста на една личност тие да бидат рационални. Исто така е исцрпувачки.
  • Референтна зависност – Човечките суштества немаат вроден начин да ја одредат апсолутната вредност. Значи, ние одредуваме вредност споредувајќи една работа со друга. Ние правиме пресуди во релативна, отколку апсолутна смисла.
  • Пристрасност кон status quo – Освен ако не постои попривлечна опција, луѓето најверојатно ќе се држат до стандардните работи. Со други зборови, имаме тенденција да не ја менуваме утврдената состојба.
  • Законот на Хик – Бројот на присутни стимули влијае на времето и напорот потребни за да се донесе одлука.

Што треба да направите? Прочитајте повеќе на линкот.

Graffiti – новиот кириличен фонт

Доколку сте љубител на графити културата, и општо на таа естетика, топло ви го препорачувам новиот кириличен фонт на Dreadpen.

Кратко и јасно.

Најпознати брендови во 2020

Инсајдер по четврти пат го спроведе истражувањето “Преферирани маркети и најпознати брендови според потрошувачите во С.Македонија” од кое се објавуваат и ТОП 3 Маркети. Оваа година за разлика од претходните, се изработи дел за најпознати брендови во категории. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,700 активни потрошувачи на територијата на целата држава. Потрошувачите одговараат на прашањето “Кој е за Вас напознат бренд во категоријата Х?” според кое се прави и самото рангирање на производите. Анализата вклучува повеќе од 200 брендови, домашни и странски кои се поделени во 17 категории на производи.

За да дознаете кои се најпознати брендови прочитајте на нивната страница.

Поткаст културата на Балканот

Дали забележавте дека се почесто гледаме локални поткасти? Дојдов до една статија за бугарската поткаст сцена која е во пораст и сакав да го искоментирам тоа во овој преглед во петок.

Мислам дека поткаст сцената на Балканот сериозно ги сфати бенефитите и трендот на поткастите. Јас, лично, одамна слушам поткасти, но секогаш на англиски бидејќи не сум имала опција да слушнам нешто локално. Најчесто слушам поткасти затоа што немам доволно време да седнам и да гледам, туку сакам да слушам додека готвам, јадам, додека се движам или пред спиење.

Мислам дека поткастот е сериозен медиум и дека треба да се има во предвид… особено кога се работи за вести, новости, мислење на одредени теми.

Постојат видео и аудио поткасти, но мислам дека ако снимаш поткаст секогаш треба да имаш аудио верзија, бидејќи тоа е суштината.

Македонски поткасти

  1. #комкаст – ова е поткастот кој го правиме ние, сигурно веќе знаете! Доколку сакате да научите како да започнете со ваш поткаст – слушнете ги нашите претпоследни епизоди.
  2. Pandamonium Radio Show – хибрид на радио емисија и поткаст, каде се пушта нова хип хоп музика и се зборува на разлчни теми поврзани со културата. Може да ги слушате во живо на нивниот mixlr канал секој понеделник од 21ч. или да ги слушнете епизодите на Spotify, Anchor и Mixcloud.
  3. #CelebrateLife – Индог е ликот кој стои позади ова, и доколку сакате да слушнете најразни муабет со кул луѓе кои ја споделуваат нивната приказна – овој поткаст е за вас!
  4. Јустинијан збори – поткаст во кој Џоле, Донев, Тромбе и Кате заедно со нивните гости зборат за право, политика и сите работи помеѓу.
  5. Скратен Корнер – овој видео поткаст е за фудбал. Не следам спорт, но знам дека постојат, па го препорачувам за оние кои сакаат спортски поткасти. Единствено нешто што би им препорачала како слушател на поткасти – да си направат и аудио верзија на истиот, бидејќи моментално се само на ФБ.

Кои се вашите омилени локални поткасти? Или каков поткаст би слушале на македонски?

Бонус линкови

Убав викенд, се читаме во следниот преглед во петок!

110 #ПрегледВоПеток

Убаво вака ми доаѓа ред да ги заокружувам прегледите, па еве ме после 105ката продолжувам со 110ка како мој втор #ПрегледВоПеток

Почнува период на гужви, период кога брендовите ги фаќа празнична “паника” за нови кампањи. Иако годинава ќе мора да го прифатиме новото нормално празнично расположение, сепак скоро и да сум убедена дека брендовите нема да изостават да направат многу кампањи, и кул и луди работи. Затоа почнувам со една што ме остави со подотворена уста.

Лади си го пивото и гејмај од истиот уред

Ама навистина не знам што да ви кажам за ова. Само ќе ви го пуштам видеово и ако некој некогаш стигне до уредов го чекам да ме викне на пиво.

Иако ваквиве уреди се прават за ограничена и привилигирана група на луѓе (во која секако не спаѓам) се надевам дека мноооогу брендови како Bud Light ќе прават вакви луди работи во иднина.

Плаќај пола провизија на Apple како девелопер

Една мнооогу важна веста: За девелоперите кои заработуваат помалку од 1 милион долари Apple ја намали својата провизија на 15%.

Околу 28 милиони девелопери, или 98% од сите регистрирани девелопери, од 1 јануари ќе си ги намалат своите трошоци кон Apple со преполовена провизија. Досега компанијата им наплаќаше 30%, а отсега секој што ќе заработи помалку од 1 милион долари ќе плаќа 15% провизија. Секој девелопер кој спаѓа во оваа група може да се пријави во новата App Store Small Business Program на Apple за намалена провизија, а доколку во текот на годината пак заработил повеќе од 1 милион долари автоматски ќе му биде наплатена провизија од 30%.

Small businesses are the backbone of our global economy and the beating heart of innovation and opportunity in communities around the world. We’re launching this program to help small business owners write the next chapter of creativity and prosperity on the App Store, and to build the kind of quality apps our customers love.

Tim Cook, Apple’s CEO

За компанијата ова е мала промена на која отпаѓа само 5% од заработката на App Store, но за девелоперите е значајна. Намалувањето се однесува на сите извори на приходи на App Store, од премиум апликации до плаќања во апликациите. 

На колку од вас им прелетаа пеперутки во стомак кога ја прочитаа веста? 🙂

Испраќај пораки што исчезнуваат на Messenger

Некако изгледа им недостасува Snapchat на луѓево, па Facebook решија да ја оживеат оваа функционалност и на Messenger. Новиот “Vanish Mode” ќе ви дозволи да испраќате пораки во редовниот чет прозорец без да мора да отворате скриена конверзација. Само со свајп ап може да ја активирате новата опција и да испраќате пораки кои ќе исчезнат а потоа повторно да се вратите во нормалниот чет.

Она што е важно да се напомене е дека само луѓето со кои сте поврзани можат да ја користат оваа опција со вас во чет. Дополнително, ако некој направи скриншот од четот додека сте во “Vanish Mode” ќе ви стигне нотификација. А ако некој едноставно ја премине границата и ви пишува пораки кои едноставно не сакате да ги добивате и прават да се чувтвувате небезбедно, може да го блокирате и да го пријавите.

Оваа опција е веќе достапна на WhatsApp, сега доаѓа и на Messenger, a Facebook најави дека ќе има и на Instagram, што е логично да се случи заради интеграцијата на сите платформи во една.

Не се сеќавам дали сум била во ситуација да морам да испраќам пораки што исчезнуваат, но верувам дека опцијата ќе си најде примена кај публиката, дали за испраќање на поинтимни пораки, или пак некакви доверливи информации. Ќе ве прашам, колку пораки што подоцна сте сакале да ги снема сте испратиле во животот?

Игнорирај го брифот од клиентот

Еден мудар човек, по име Paul Boag, еднаш рече дека можете и треба да додадете повеќе во некој проект отколку слепо да ги имплементирате идеите на другите луѓе.

Имено, еден од нашите омилени автори и консултанти во својот нов пост објаснува зошто мора да го земете брифот од клиентот со резерва.

Па безмалку секој пат кога ќе добиеме бриф од клиентот остануваме прво збунети, после со милион прашања “го напаѓаме” назад за да стигнеме до идејата која му е во глава и да пробаме да ја разбереме работата што нè чека.

За ваквиот тренд на “неразбирливи, глупави и сиромашни брифови” Paul наведува две причини:

  • Најчесто го пишува некој што нема искуство колку вашето, па брифот излегува само список на функционалности кои клиентот би сакал да ги има, или пак воошто не му ни требаат.
  • Клиентот често не успева да си го дијагностицира проблемот за да изготви бриф според кој ќе му се понуди најдоброто решение.

Во секој случај не секогаш сме во позиција комплетно да ги отфрлиме желбите на клиентот, па дури и кога тој упорно настојува да го следиме напишаниот бриф, можеби и треба да го направиме тоа. Она што се очекува од нас е да да бидеме подготвени да понудиме совет и да имаме мислење како брифот треба да се подобри, преработи или комплетно замени, со што всушност градиме репутација како експерти во полето. Најдобриот начин е да поставувате безброј прашања во врска со нивниот пристап и понудете алтернативи со кои всушност ќе ја достигнете целта на клиентот.

Колку често вие како есперти сте во позиција да се договарате, преговарате и да му негодувате на клиентот за испратениот бриф? Колку често ја добивате “војната” и излегува по ваше? 🙂

Слушни го Иван Ајнштајн во новиот #комкаст

Вчера Дарко го викна Иван Ајнштајн (еден од најпопуларните јутубери кај нас, ако не го знаеш, срам да ти е) да гостува во #комкаст. Уште не стигнав да ги ислушам, ама еве велат дека ептен сериозно муабетеле за YouTube.

Дискутираме за локалната YouTube сцена, за заработката на јутјуберите, за квалитетот на содржината, за глобалните трендови и за уметноста наречена YouTube „едитирање”.

Јас одам сега на слушање, вие може да ми се придружите или прво да си ги дочитате бонус линковите. Се читаме во следниот преглед во петок.

Бонус линкови:

Instagram safety tools

#комкаст 87 – За YouTube, ама сериозно, со Иван Ајнштајн

Во оваа епизода, и покрај сите технички проблеми кои ни се случија, успеавме да уживаме во муабетот, со Иван разговаравме за YouTube.

Дискутираме за локалната YouTube сцена, за заработката на јутјуберите, за квалитетот на содржината, за глобалните трендови и за уметноста наречена YouTube „едитирање”.

Слушајте ја новата епизода и претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука:

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбнете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

109 #ПрегледВоПеток

Некако многу новости неделава ама морам да кажам дека главна (кај нас) е дека Македонија се квалификуваше за ЕП вчера!

Бијонсе е пресреќна 🙂

А за денешниов #ПрегледВоПеток имам само да ти предложам да си направиш едно кафе пред да почнеш да читаш.

Како да ги видиш сите клучни зборови кои на твојот сајт ти носат посети од Google

Од 2011та Google престана да ги прикажува клучните зборови кои носат посети од резултатите од пребарувањата. Таа година, сите органски клучни зборови станаа (not provided) и (not set).

За среќа, податоците продолжија да се појавуваат во Search Console и Nenad Pantelić ќе ви покаже како да ги видите и преземете сите органски клучни зборови.

Се почесто изворот на лажна вест не е Facebook или Twitter

Во интервју за “Утрински брифинг” на “Слободна ТВ”, @darko156 има да ви каже збор-два за лажните вести и како тие всушност доаѓаат од највисоките политички институции.

Слободна ТВ / Slobodna TV

п.с. Блокирај го Twitter профилот на Трамп 😉

Facebook експериментира со опција за гласање на коментари

Помина некое време откако Facebook тестираше опција за гласање на коментари од корисници. Сведоци сме на повеќе наврати на опцијата, а сега Facebook се враќа повторно со фокус на групите и прашањето: “Is this comment valuable to members of the group?“.

Дали опцијата ќе биде користена онака како што Facebook очекува или корисниците ќе ја користат во стил на тоа дека се согласуваат или не со коментарот како што се навикнати на Reddit?

Instagram го редизајнираше својот почетен екран за првпат после години

Instagram денес изјави дека ќе ги додаде Reels и Shop табовите на својот почетен екран. Reels ќе ги води корисниците до платформата за кратки видеа слична на TikTok додека Shop ќе им нуди на корисниците персонализирани препораки, edtiors’ picks, видеа преку кои со клик можат да купуваат и нови колекции на производи.

Ајде да видиме како сето ова ќе изгледа. 🙂

TikTok склучи договор со Sony Music

Корисниците на TikTok сега ќе можат да го користат каталогот на песни на Sony Music – тековни хитови, нови песни, најслушани, класици, итн.

Без да навлезе во детали, TikTok исто така изјави дека ќе соработува со Sony со цел зголемување на персонализацијата и креативноста на корисниците и дека ќе разгледуваат нови можности за интеракции на фановите.

Ова може да значи дека компаниите можеби ќе работат на маркетиншки кампањи кои не вклучуваат само музика туку и нешто како хаштаг кампања или брендирана содржина за полесно наоѓање на музика и спојување на фановите.

Spotify размислува за претплата за користење на сервис за поткасти

Spotify се чини дека е заинтересиран за воведување на сервис за поткасти. Сервисот беше опишан во прашалник испратен преку Spotify апликацијата. Во прашалникот беа прикажани четири планови за претплата – од $3 до $8 месечно.

Најевтината претплата ќе вклучува пристап до ексклузивни интервјуа и епизоди но исто така и реклами. Најскапата претплата ќе вклучува пристап до оригинална содржина со висок квалитет, ран пристап до одредени епизоди и нема да има реклами. Но ниту еден од овие планови за претплата ќе го вклучува пристапот до премиум музика.

А ако случајно те интересира како да направиш поткаст, ќе го оставам линков за тебе – #комкаст 86 – Како да направите поткаст!

Apple ќе бара “нутритивни ознаки” за приватност

Apple најави дека ќе бара од девелоперите да вметнат нови детали за приватност за корисниците на App Store, почнувајќи од 8ми декември. Овие “nutrition labels” за приватност за првпат беа најавени на конференцијата за девелопери летово а причината е тоа дека Apple сака подобро да ги информира своите купувачи за практиките за приватност на индивидуални апликации.

A transparent overview of an app’s privacy practices is key to building trust with potential users. Developers now have the opportunity to detail their app’s privacy practices right in the App Store for users to review, including the types of data the apps might collect, whether that data is shared with third parties, and the option for users to opt out.

App privacy questions available in App Store Connect – Apple Developer

Бонус линкови

TechLinked

Толку за денес од мене, се читаме во следниот преглед во петок 🙂

#комкаст 86 – Како да направите поткаст!

Оваа недела решивме малку да експериментираме. Снимивме малку поразличен #комкаст. Ако ви се допадна и ако сакате да има ваков тип на епизоди почесто, пишете ни некаде… да знаеме и да си планираме 🙂

Затоа што и во првата епизода од овој камбек и особено во втората се фокусиравме на аудио формата и ја фавороизравме неа, оваа епизода продолжуваме онаму каде можеби застанавме со Мите. Ова епизода јас зборувам: Како да напрaвите поткаст.

Слушајте ја новата епизода и претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука

Или погледнете го видео записот:

Се разбира може да се „сабскрајбенете” на YouTube каналот: https://bit.ly/3oGjbQ7

Корисни линкови за секој од деловите во епизодата:

1. Планирање на поткаст

How to Start a Podcast – thepodcasthost.com
Starting Your Podcast: A Guide For Students – NPR
How To Start A Podcast – podcastinsights.com

2. Снимање и едитирање на поткаст

Audacity – Free, open source, cross-platform audio software
Rode smartLav+ – Lavalier microphone for smartphones
Dual Lavalier Microphone – performwireless.com
Razer Seiren X Streaming – Anhoch.com
Anchor App – iTunes, Google Play

3. Објава и дистрибуција на поткаст

Anchor.fm – The easiest way to make a podcast
PowerPress WordPress Plugin -blubrry.com
31 Best Podcast Hosting Sites – podcastinsights.com

108 #ПрегледВоПеток

Редот со #ПрегледВоПеток си го имаме одамна и горди сме на него, ама сега го фаќаме и редот со #комкаст, па по епизодата со Сеад во која зборуваме за The Social Dilemma, оваа недела се враќаме назад со Мите да го до заокружиме муабетот за подкасти кој го започнавме минатата година. Сега со истражување пред себе ги демистифицираме навиките на локалната публика кога станува збор за овој медиумски формат.

А сега, да се фрлиме на прегледот…

Apple прави пребарувач

Само насловот да се прочита и одма се развива бујна фантазија за свет во кој Google Search не доминира како што сега доминира… не звучи лошо… Борбите и напорите да се одржи доминантна позоција на пазарот секогаш се паралелно проследени со борби со законите за докажување на не-монополската позиција.

И покрај тоа што Apple инкасира огромна сума од Google за неговиот пребарувач да биде „дифолтен” на iOS, сепак под закана за сузбивање на таквата доминација и трговија, има индикатори дека Apple се подготвува да реагира соодветно кога тој ден ќе дојде и ќе треба му ја смени позицијата на Google Seaarch на своите телефони. Apple има добри карти во рака за да го изигра овој потег, ќе видиме како ќе ги изигра.

Која е тајната на TikTok?

Среќа гласовите од изборите во Америка уште се пребројуваат па може малку на раат да читаме зошто TikTok го постигнува успехот кој го сведочиме со месеци и како неговиот пристап е различен од се што сме виделе до сега. Тајната е во инстантниот пристап до голема, масовна публика. Сега ќе мора со Мите и Сеад да снимиме продолжеток на оваа легендарна епизода на нашиот #комкаст: #комкаст 42 – Facebook е новата телевизија

TikTok represents a departure from older social media platforms that were designed to distribute content more narrowly, to a limited group based on community, geography, or shared interests. And, while entirely different in tone and structure, TikTok is not unlike traditional broadcast media outlets that are also made to widely distribute content to compete for the largest possible audience

How TikTok’s unique mix of social and broadcast media techniques sets it apart

Instagram сака да ни го подзачисти сандачето

Добро, знаеме дека Instagram е сега коњот за трки на Facebook па логично е да очекуваме и најмногу тестови и промени таму… еве уште една. Имено, се тестира опција со која реакциите кои сега ги добиваме на story нема да влегуваат во приватните пораки туку ќе се прикажуваат на самата објава… Малку го крати его трипот ама ОК, можам да ги замислам појаките акаунти колку се затрупани од вакви реакции, па нив веројатно супер ќе им дојде нешто вакви.

Третата конференција за е-трговија 

На почетокот на ова недела најавено беше и третото издание на годишната конференција посветена на е-трговија организирана од страна на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија -АЕТМ.

Според организаторите, таа има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија. Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и развој, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфати најактуелните теми како: адаптацијата кон е-трговијата за време на ковид-19, искуството на е-купувачите, нивната безбедност и можностите кои ги пружа меѓуграничната е-трговија. Овие теми ќе бидат разработени заедно со над 20 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите полиња.

Настанот, секако ќе се одвива онлајн, а јас лично, ќе видат модератор на првиот панелот на првиот ден. Настанот ќе се случува на 25 и 26 ноември.

Не заборавајте да ги кликнете бонус линковите, иако не ги издвојуваме нив со текст горе, вредат. Верувајте ми.

Бонус линкови

Се читаме следната недела… убав викенд!

#комкаст 85 – Истражување: Поткасти со Мите Кузевски

Скоро една година подоцна, повторно дискутираме со Мите за поткастите како медиумски формат. Овој пат Мите дојде со истражување спроведено на нашиот пазар.

Во епизодата ги дискутираме резултатите од истражувањето, анализираме можности и простор за напредок на поткаст културата во Македонија. 

Дел од (клучните) наоди на истражувањето кои ги дискутираме со Мите се на крајот на оваа објава.

Слушајте ја новата епизода и претплатете се или заследете не на некој од следниве аудио стриминг сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast

Слушнете го аудиото тука

Или погледнете го видео записот тука:

И се разбира може да се „сабскрајбенете” на нашиот
YouTube канал: https://bit.ly/3oGjbQ7

Ако имаш поткаст или знаеш некој за кој ние не сме свесни, па макар бил и само YouTube или FB видео, сподели го веднаш. 

Истражување на тема Поткаст на корисници на јавен градски превоз

  • 25% од испитаниците одговориле дека се запознаени со терминот Поткаст. Високи 75% одговориле негативно.
  • 66% од испитаниците што се запознаени со терминот одговориле дека слушаат поткаст.
  • Информирањето е главна причина за слушање поткаст, а само 18% од испитаниците слушаат македонски поткасти.
  • Повеќе од половина испитаници (65%) најчесто слушаат поткаст додека се дома.
  • Најголем процент од испитаниците (71%) одговориле дека епизодите најчесто ги слушаат до самиот крај.

– Спроведено во месец мај, 2020 година во Скопје од страна на Агенција Рејтинг

107 #ПрегледВоПеток

Повторно е мој ред за чешлање на настаните од неделата во #ПрегледВоПеток и за моја среќа има тооолку многу што да се каже.

Од каде да почнам…Hallowеen, достапна музика на Instagram Stories, ажурирањето на Messenger апликацијата, новото издание на #комкаст или изненадувањата што ни ги спреми Pinterest?

Петок е па јас би на shuffle 🙂

#комкаст is back

Ни помалку ни повеќе, ќе започнам со фалење за нешто наше и не за џабе го ставив прво на листата од неделниов преглед во петок.

Дарко и Сеад решија дека доста им беше пауза од поткастирање и одлучија да се вратат на сцена со свое видување на бумот наречен The Social Dilemma. Овој пат се со аудио верзија достапна онаму каде што тебе ти одговара (до толку се непосредни) па топло го препорачувам и на оние што преку документарецот што е тема на муабет, за првпат сфатија што всушност работат нивните блиски вработени во полето на дигиталниот маркетинг (како татко ми).

Како луѓето се поврзуваат за време на Covid

Извештај од Snapchat

По втор пат, Snapchat го издаде својот “Friendship Report” во кој објаснуваат како луѓето се поврзуваат за време на дигиталната ера.

Промени околу начинот на комуникација дефинитивно имаше и за ова сме пишувале во повеќе наврати изминативе неколку месеци.

Но, како една платформа како што е Snapchat чија главна цел е подобро поврзување на младите луѓе ширум светот, ширејќи позитива и забава се снајде со промената наречена Covid-19.

Според истражувањата, поголем процент од испитаниците не мислат дека нивната врска со пријателите била значително погодена од пандемијата. Но овде се и оние 33% кои рекле дека почувствувале разлика во комуникацијата а дури 47% од нив забележале дека односот со друштвото им се подобрил.

Во име на ова, Snapchat им пркоси на случувањата и не дозволува ситуацијата со вирусот да влијае на дружењето и забавата што традиционално е резервирана за Halloween. Со 3D AR филтри кои се “аплицираат“ на целото тело, корисниците на апликацијата можат да изберат целосен костим за најстрашната ноќ во годината. Филтерот го следи и движењето на телото правејќи го супер забавен начин да не се пропушти овогодинешното маскирање.

Очигледно си ја знаат работата, а тоа го посведочува и зголемениот приход во Q3

Капа долу Snapchat 🙂

Извештај од Facebook

Facebook на истава тема, извади извештај од 23 страници каде се зборува за промената на комуникацијата меѓу корисниците, нивниот однос со брендовите за време на пандемијата и што ова би значело во иднина.

За многу од луѓето, надворешниот свет е сѐ уште непредвидлив и страшен. Затоа целосно се потпираат на виртуелниот. Ова значи минување време во видео игри, онлајн состаноци, онлајн едукација и забава.

Најзначајни промени се приметени во брзата адаптација на корисниците и префрлување на реалните доживувања во онлајн искуства. Овде спаѓаат онлајн концертите, стримови на видео игри и бројни онлајн настани. Вклученоста на Facebook корисниците во содржина споделена на платформата е значително зголемена а не треба да се заборави и револуцијата во е-трговијата.

Имајќи го ова во предвид, треба да се подготвиме во иднина каде новото нормално значи нова онлајн култура.

Facebook на комшиска база

Ахх Facebook, Facebook…

И како да не беа малку сите контроверзии што го следат изминативе години, Facebook продолжува да “воодушевува“ со своите идеи што како да дошле на еден не толку расонет утрински координативен состанок.

Имено, дечкиве затоа што се заложуваат за многу поперсонализиран пристап каде најважни се луѓето и нивната потреба да се поврзат со пријателите, го тестираат Facebook Neighborhoods.

Со споделување на “минимални“ информации за тебе и дозвола за користење на твојата геолокација (ништо страшно само мали измени во Terms&Conditions што слепо ќе ги прифатиш – повторно!), ти можеш да влезеш во зона каде ќе бидеш изложен на содржина релевантна за твојата околина.

Мислааам…овде лежи добар потенцијал за рекламирање, но колку е ова безбедно и во согласност со сите етички и морални кодекси.

Веќе има остри критики и реакции од јавноста и експертите, па мислам дека The Social Dilemma за брзо време ќе добие продолжение.

Marketers, say hello to the gaming community

Гејмерите не се повеќе 30 и кусур годишни луѓе, што живеат со своите родители и немаат никаков сенс за социјализација. Само направете споредба на филмовите од 90тите со оние денес. Пред 30тина години, ликот што во филмот глумеше computer guy во 99% од случаевите беше geek, заклучен во некој подрум со блед тен и 0 пријатели. Истиот карактер во денешните филмови е поприлично секси, успешен и дел од огромна заедница на луѓе од целиот свет.

Ако нешто научивме од 2020, е дека правилата се менуваат и единствено што ни преостанува е да се адаптираме на промените.

Сега повеќе од кога било, сѐ повеќе луѓе се “закачени“ на некоја видео игра. Истите тие луѓе ова не го гледаат само како “убивање“ на неколку часа во денот, туку како начин на поврзување со своите истомисленици од целиот свет. Играта не е ни приоритет во целиот процес, туку комуникацијата.

3.5 билиони интернет корисници од целиот свет се дел од гејминг заедницата. Ова е пазар што вреди да биде во фокус на многу брендови и маркетерите треба да ја запознаат оваа култура многу подлабински.

Но не е сѐ така лесно. Ваквите заедници се многу потешки отколку останатите. Гејмерите често имаат свој кодекс и правила и не така едноставно ќе отстапат простор за пласирање на содржина. Овде не станува збор за пласирање на производи “на суво“, туку целосни долгорочни креативни кампањи.

Но, со добра комуникација и стратегија, позиционирањето на бренд во овој виртуелен свет може да биде нов предизвик.

Pinterest со новости за подигнување на продажбата пред крајот на годината

Празници се ближат, а тоа значи само едно – поминување време со семејството…аммм не – ШОПИИИИНГ!

И додека до сега шопинг искушенијата беа насекаде околу нас вклучувајќи ги и Facebook и Instagram, во игра влегува и Pinterest со своите планови за зголемување на продажбата на брендовите до крајот на годината.

Pinterest реши да си ги засука ракавите уште сега со нови опции што ќе им помогнат на брендовите со поголема видливост на нивните производи, подобра поврзаност со нивните онлајн шопови и секако подобри формати за рекламирање.

Отсега брендовите ќе можат да направат целосно функционален приказ на своите производи преку разни категории, препорачани продукти и листа на пазарење. Доста новости се подготвуваат и во делот за поддршка на бизнисите во однос на рекламирањето што вклучува тагирање на производи, видео колекции и слично.

Бонус линкови

А сега чилкај со кафенцето и се читаме во следниот #ПрегледВоПеток. Баи 🙂

#комкаст 84 – The Social Dilemma со Сеад Џигал

Крајно време беше да се вратиме во некој соодветен ритам со нашиот #комкаст. Стартуваме нова серија која веќе нема да ја именуваме како сезона 2, 3, 4 или сл. Едноставно ги преброивме сите до сега објави, почнувајќи од првата во далечната 2011 година и продолжуваме со засилено темпо.

Се враќаме повторно со видео но сега и покрај тоа што имаме видео, ќе се обидеме да ве натераме повеќе да нè слушате аудио, не затоа што не сме многу убави… а не сме многу… туку затоа што е попрактично, подобро и посоодветно за ваков тип содржина.

Па така сега може да нè слушате на некој од следниве сервиси:

iTunes: https://apple.co/31TUeXw
Spotify: https://spoti.fi/3oHztZ4
Google Podcasts: https://bit.ly/3kEqkxK
Anchor.fm: https://anchor.fm/komkast
RSS Audio Feed: https://bit.ly/3eanQVx

И се разбира може да се „сабскрајбенете” на нашиот
YouTube канал: https://bit.ly/3oGjbQ7

Толку вовед. Време е за супер муабет. А со кого да се отвори муабет на тешка тема ако не со Сеад. Во новава епизода дискутираме за дилемите и дискусиите кои ги отвори документарниот филм The Social Dilemma оригинално објавен на Netflix. Тема на дискусија е самиот документарен филм, критиките кои иницијално ги доби и секако критиките на критиките. Нормално не издржавме и се обидовме да извлечеме на крај и наши пораки и препораки и заклучоци.

Ако си за слушање, еве аудио…

Ако си за гледање, еве и видео…

106 #ПрегледВоПеток

Неработен петок, за кого како. Новиот преглед во петок со сите новости од дигиталниот свет изминатава недела.

Нов Google Analytics

Милиони бизниси, големи и мали, се потпираат на Google Analytics за да ги разберат преференциите на клиентите и да создадат подобрo искуствo за нив. Колку повеќе трговијата се префрла онлајн и бизнисите под притисок го бројат секој долар потрошен на маркетинг, извештаите од алатките за дигитална анализа стануваат уште покритични.

За да може Google да им овозможи на своите корисници подобар ROI за нивниот маркетинг на долг рок, создадоа нов, поинтелигентен Google Analytics. Работи на механизам со машинско учење за да може автоматски да искористи корисни сознанија и да ви овозможи целосно разбирање за вашите клиенти. Дизајнот е оддаден на приватност, така што ќе можете да се потпрете на Аnalytics дури и кога индустријата се менува, како ограничувања на колачињата и идентификаторите кои создаваат празнини во вашите податоци. Новиот Google Analytics ќе ви ги даде основните согледувања што ви требаат за да бидете подготвени за тоа што е следно.

Microsoft создаде нов image-captioning систем

Microsoft изгради нов систем кој ги опишува фотографиите попрецизно отколку луѓето во ограничени тестови.

Моделот е додаден во Seeing AI, бесплатна апликација за лица со оштетен вид, која ја користи камерата на телефон за да чита текст, да ги идентификува луѓето и да ги опишува предметите и околината.

Моделот може да генерира „alt text“ описи на слики за веб-страници и документи, важно за луѓето со ограничен вид.

Instagram ги таргетира инфлуенсерите кои ги прекршуваат законите

Оваа одлука следува по истрагата на британското надзорно тело која откри дека платформата не ги заштитува потрошувачите од заведување.

Instagram, исто така, ќе ги пријавува и известува корисниците кои несоодветно ги означуваат своите објави со бизниси чии производи ги одобруваат.

Во Велика Британија, sвездите на социјалните медиуми треба да појаснат дали ги плаќа компанијата за да го промовира својот бизнис или не.

Тие честопати го прават тоа со додавање на хаштагот #ad во ваква објава.

Snapchat конечно им дозволува на сите корисници на iOS да ставаат музика во своите слики

Snapchat добро се снаоѓа со изборот да донесе музика и уште повеќе се подготвува за натпреварување со TikTok и Instagram. Компанијата објави дека корисниците на iOS ширум светот ќе можат да вклучуваат популарна музика во своите слики. Веќе им ја донесе одликата во Нов Зеланд и Австралија, и исто така, нагласија дека ќе има музика во повеќе региони оваа есен. Snapchat не споменува кога музиката ќе биде достапна на уредите со Android систем.

Snapchat не кажува колку ќе биде голем музичкиот каталог, освен што го нарекува „робустен и куриран“. Исто така, се вели дека зделките за лиценцирање покриваат песни од Warner Music Group, Universal Music Publishing Group, Warner Chappell Music, BMG Music Publishing и други.

Генерално, Snapchat доцни со носење музика на својата платформа, за разлика од другите платформи. Но, за да биде во чекор со своите конкуренти и да остане релевантен, иако само корисниците на iOS добиваат пристап на почетокот, мислам дека е океј потег.

Видеа кои планирам да ги гледам викендов

Бонус линкови

До следно читање! Убав продолжен викенд!

105 #ПрегледВоПеток

Поминати цели 104 петоци и конечно #ПрегледВоПеток тимот да здивне малку и да добие зајакнување :). По добри 4-5 години редно е и јас да се вратам на мојата прва љубов – блогирањето, и да бидам редовно присутна и во вашите петоци.

Неделава не беше многу возбудлива, но сепак има неколку работи кои вреди да се споменат. А бидејќи сите сме опседнати со бројки заради друга причина, ќе го почнам и овој преглед со бројки.

Потрошивме 28 милијарди долари за купување во апликации

Се чини дека пандемијава глобално нè направи побогати кога светот успеа да потроши дури 20% повеќе долари за купување во апликациите во последното тромесечие од годинава :). Во време кога ни е ограничен физичкиот контакт, онлајн контактот и часовите потрошени на апликации се зголемија за 25% само во последните 3 месеци. Според истражувањето на App Annie дури 180 милијарди часови глобално луѓето поминаа користејќи апликации.

Под влијание на Covid19, на светско ниво го забрзавме користењето и трошењето во апликациите за едно 2-3 години според планираното темпо. Ова е златно време за сопствениците на игри затоа што се потрошени над 20 милијарди долари за гејминг апликациите, а до крајот на годината, App Annie предвидува дека мобилните игри ќе ги надминат десктоп игрите за 2,8 пати, а конзолата за 3,1 пати.

За 73% од маркетерите иднината на TikTok ќе ги смени плановите за рекламирање

TikTok успеа да го избегне банот во САД за кратко, ама пак е под закана доколку не постигне договор со Oracle и Wallmart до 12ти ноември. Додека се водат преговорите, маркетерите размислуваат за своите стратегии кои ќе бидат под влијание на овој договор. Според истражувањето кое го спровела онлајн платформата за соработка помеѓу професионалци Vancery, 94% од маркетерите сметаат дека ќе има промени во производите за рекламирање, 75% веруваат дека TikTok корисниците ќе имаат различно однесување при купувањето, а 38% дека ќе мора да има нови производи во рекламирањето.

И ваквите бројки не се зачудувачки ако се земе предвид фактот дека TikTok добива повеќе податоци во минута од која било друга апликација и може да помогне Oracle да стане извор број 1 на податоци за потрошувачите за маркетерите. Овој договор би му дал шанса на TikTok уште повеќе да ја прошири публиката во САД, а маркетерите ќе имаат уште поголема можност да ја пласираат својата понуда до помладата публика која е тешко достапна на останатите канали.

Ќе биде ли YouTube новата најголема шопинг дестинација?

Bloomberg потврди дека Google експериментира со нови карактеристики за YouTube, кои би требало да ја претворат платформата во значајна шопинг дестинација.

Некои од видео креаторите (ограничен број) веќе се дел од овој експеримент и според насоките на Google имаат можност да ги тагираат производите во своите видеа, и тие да се купуваат директно од YouTube. Податоците од овие видеа може да се следат откако прозводите ќе се поврзат со аналитиката на Google и алатките за купување.

Веќе некое време се зборува дека Google тестира начини за интегрирање и со Shopify, дозволувајќи им на некои видео креатори да излистаат дури 12 предмети за продажба под нивните видеа.

Иако Bloomberg тврди дека намалувањето на маркетинг буџетот за време на пандемијата во комбинација со зголемениот интерес за електронска трговија се всушност причините зад ваквите новини, сепак согласни сме дека целта на овој потег во најмала рака е да го трансформира YouTube од рекламен гигант во нов лидер за е-трговија, и да биде сериозна конкуренција на Amazon и Alibaba.

Facebook го обои Messenger

За оние што не забележаа, ако има такви, да ви потенцирам да обрнете внимание на следниот отворен Messenger чет. Уште на сам старт ќе забележите дека синото (еднобојно) лого го заменија со ново, пошарено. Дифолтните бои на четот се исто така сменети, а Facebook додаде и две нови теми, како и нови реакции.

Facebook за оваа промена вели: “Новиот изглед на Messеnger ја одразува иднината на четувањето – подинамичен, позабавен и интегриран начин за дружење со вашите омилени луѓе, на вашите омилени апликации и уреди“.

Medium со (уште едно) ново лого

Си се заиграа Medium со брендирањето па решија по трет пат во 5 години да го сменат дизајнот со нова палета на бои, стил на илустрација и уште едно ново лого.

И покрај тоа што новиот стил на илустрација изгледа елегантно и современо, што совршено ја комуницира целта на страницата како платформа за пишување идеи, новото лого сосема ги збуни корисниците. По играњето со буквата М во претходните 2 наврати, Medium креираше лого со три елипсовидни форми кои донесоа многу конфузија што всушност треба да преставуваат.

Многу од корисниците имаат тешкотија да ја сфатат целта на логото, за што од Medium го дадоа следново објаснување: “Дизајнот беше инспириран од јазикот и типографијата. Роден е од елипсите: интерпункција што претставува незавршена или претстојна мисла, идеја што треба да дојде, што е следно. Токму ова се случува на Medium – секогаш има нова идеја, секогаш повеќе во приказната.“

Ако ме прашувате мене, приказната зад ребрендирањето е супер, а за дизајнот мудро ќе си молчам. Времето ќе покаже дали, и покрај првичната конфузија, новиот дизајн на Medium ќе заврши како успешна целина – само се надевам дека компанијата ќе одлучи да го задржи доволно долго за да можеме да дознаеме.

Бонус линкови

Испадна малку подолго од планираното, ама ајде да повежбаме читање на подолги стази да се подготвиме ако случајно пак не карантиносаат. Е дури тогаш ќе пишувам доооооолги прегледи :).

104 #ПрегледВоПеток

Еве не стигнавме до уште еден петок, еден од последните кој ни доаѓа пред викенд во кој може да се направи ајвар. Ако не си ја завршил таа работа, прочитај го прегледов и веднаш на правење ајвар, да не биде доцна после. 🙂

Tesla го укина PR одделот

Првиот линк за денес е за Tesla, да, онаа на Elon Mask. Не сум сигурен дали до сега сме ги спомнале во изминатите прегледи, но сега навистина има интересна причина.

Имено, без многу големо кревање галама Tesla одлучиле дека, пред се во Америка, нема да имаат вработени одговорни за комуникација со медиуми. Со други зборови немаат PR тим. Еден по еден вработените од овој оддел или си заминувале или добивале нови позиции и пред кратко време оваа одлука ја објави и потврди Electrek.co.

Tesla традиционално не беше милениче на медиумите, и до некаде може да се разбере овој нивни потег, но каков резултат ќе даде, ќе треба да следиме и да видиме.

Instagram слави 10 години

Еееее како да беше вчера кога апликацијата ја имаа само избраните, корисниците на iPhone. Кога ќе размисли човек 10 години не се воопшто малку во овој дигитален свет, ама па и кога ќе размислиме дека и Instagram доживеа доста промени и надградувања… некако се си е на место.

Се сеќавам на првиот #instameet во Зоолошката градина во Скопје, и најавата на #letogram на ONE Telecom следниот ден. Тоа беше само една недела по лансирањето на Instagram за Android телефоните. Па #instawalk низ чаршија… па #ФотоНаНеделата и #Инстаграмџии. Убави времиња беа тоа, не дека сега не се убави… сега си имаме инфлуенсери кои доминираат и милион опции за нарачка во DM 😉

Мојата носталгија на страна, Social Media Today имаат убав инфографик каде хронолошки ги одбележуваат важните делови од историјата на оваа апликација. Вреди да се потсети човек.

Бот одговарал на прашања на Reddit без да биде откриен

О не, не мислам на оние човечките ботови, кои се лепат на зададени теми и може да ти го уништат денот. Не мислам ни на пасионираните вљубеници во Reddit. Тука станува збор за вистински бот, придвижен од GPT-3 јазичниот модел за кој пред неколку месеци MIT се изјасниле дека е изненадувачки добар. На страна техничкото мамбо-џамбо, деталите од оваа ситуација се навистина интересни: GPT-3 Bot Posed as a Human on AskReddit for a Week

Telepath – нова „добра” социјална мрежа

Уф колку грдо ми звучи она социјална мрежа горе, ама ете заради општа препознатливост на терминот ќе го искористам. Веста е дека имаме уште еден обид да се направи нов сервис за вмрежување, се вика Telepath, каде фокусот ќе биде на само добра содржина. Деталите се тука: A new social-media platform wants to enforce “kindness.” Can that ever work?

Она што мене ми се виде интересно е фактот дека модерацијата во западниот свет стана толку нормална работа што еве сега имаме и цел нов сервис кој се базира токму на модерација (да не речам цензура) како најсилна страна. Како да беше до вчера кога ги осудуваа општествата каде се вршеше строга контрола на содржините… Хмм. Секако, Telepath доаѓа од Америка, инаку немаше да привлече внимание.

Бонус линкови

Marketoonist on Instagram

Не заборавајте да ни пишете дали ви се погоди ајварот 😉