Date Archives 2020

83 #ПрегледВоПеток

Некако полека се враќаме во нормала, понеделникот ни изгледаше како понеделник, фреквенција во канцеларија… и во едно такво повеќе накај нормално сценарио, нормално е јас да заборавам дека требаше да пишувам преглед. Среќа ми текна, скоро на време, па еве го денешниот летечки #ПрегледВоПеток

Онлајн достапноста никогаш поважна

Нека дигнат рака оние кои изминативе месеци не се обидувале на своите родители или баба и дедо да им објаснат како можат да си ги платат сметките на интернет. ЕВН, Водовод, БЕГ, Телеком, А1, Телекабел… градинка, влез… и така натаму… Секој од овие сервиси со свои предности а богами и со недостатоци, верувајте ми искусив во повеќе ситуации на своја кожа 🙂

Зошто овој муабет, затоа што сега, повеќе од кога било потребно ни е д се фокусираме на достапноста и употребливоста на нашите онлајн решенија. Знам дека поголем дел од компаниите импровизираат периодов и го бараат најбрзото и за нив наједноставно решение за да ги направат своите услуги достапни онлајн, и тоа е сосема во ред, но за момент ставете се во чевлите на вашите корисници и погледнете го нивното искуство. Од тоа искуство зависи дали после пандемијава тие со задоволство ќе се вратат на своите стари навики или ќе продолжат да си ги користат онлајн услугите затоа што ќе им бидат „трауми”.

Twitter расте, но дали е тоа доволно?

Периодов Twitter го забележа својот најголем YoY раст, се разбира под влијание на глобалната пандемија. Но и покрај овие добри вести, компанијата, како и серија други, бележи пад во огласувањето. Односно, заработката е значително помала во споредба со истиот период лани. И за Twitter е истиот муабет, останува да видиме дали ќе го задржат трендот на активни корисници по пандемијата, и дали парите од реклами ќе им се вратат брзо.

Светот под контрола

Веќе пишувавме во претходните прегледи за напорите на различните влади низ целиот свет да се намали ширењето на коронавирусот со помош на апликации на мобилните телефони кои ќе го следат нашето движење. И во вчерашната прес конференција нашиот министер за здравство повторно истакна дека ова може да биде важен сегмент за успешно справување. Google и Apple веќе ги пуштија своите први верзии на заедничката платформа на која може за се „закачат” другите апликации, па во таа насока еве уште еден преглед на состојбата низ светот, овој пат преку текст на Bloomberg – The World Embraces Contact-Tracing Technology to Fight Covid-19

Маика – зборува македонски

„Денес сакам да го објавам нашиот најнов производ „МАИКА“, кој ми е посебно при срце поради вредноста која ја носи за нашата земја. Софтверот „МАИКА“ е бесплатна алатка којашто претвора текст на македонски јазик во говор. „МАИКА“ е следниот логичен исчекор што ќе придонесе кон збогатување на алатките и инфраструктурата на македонскиот јазик. – истакна Марјан Николовски во својата објава на Facebook кога вчера како дел од активностите на неговиот Emit Knowledge го најави нивното ново „чедо”.

Не заборавај, за кликање се и бонус линковите. Ако немаат свој одвоен блок во постот, секогаш носат одлични работи за читање или гледање 😉

Бонус линкови

Marketoonist on Instagram

Се читаме следниот преглед во петок. 🙂

82 #ПрегледВоПеток

Среќа треба да пишувам, а не да зборам… Се надевам ме разбирате! Карантин, ден 52. Време е за #ПрегледВоПеток 🙂

Hangouts преправен во Meet преправен во Zoom?

Google најави дека Google Meet (претходно Hangouts) е сега бесплатна алатка за видео конференциски повици. Секој кој има Google account ќе може да користи Google Meet со максимум 100 луѓе. Состанокот моментално може да трае неограничено иако постои можност во блиска иднина да се ограничи на 60 минути.

Состаноците преку Google Meet нема да функционираат со клик на линк туку само со логирање. Со тоа безбедноста ќе биде на повисоко ниво, за разлика од Zoom. Дали навистина? Останува да видиме.

И Facebook со нови алатки за видео повици

Сите ги подобруваат алатките за време на пандемија, па и Facebook. Mark Zuckerberg преку live-stream објасни што Facebook прави за време на кризава и што е ново. За првото сме цело време во тек, ајде да видиме што е ново.

Една од работите кои ги спомнува е промените во алатките за Video Calling, Video Rooms и Live Video во рамките на нивните апликации (Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp). Zuckerberg сака да им помогне на сите да се чувствуваат поврзани едни со други, дури и додека сме разделени.

Тој исто така напомена дека мерките за отстранување на лажните информации се уште поголеми од порано и зборува за тоа како им помагаат на помалите бизниси. Вреди да се ѕирне видеото, не е Zuckerberg толку лош за гледање. 😉

Instagram направи промени за IGTV

Како што знаеме до сега, времетраењето на IGTV беше максимум 10 минути но од неодамна е х6! Да… 60 минути! Но не се радувајте пред време затоа што ова важи само за профили кои се верификувани или имаат голем број на следбеници. I’m one of the lucky ones!

Интересен е фактот што големината на видеото може да достигне до 5.4 GB а форматот си останува ексклузивно mp4.

Burger King – маркетинг 101

Сите заглавени дома за време на пандемијата пробуваат да направат бескорисни out-of-home (OOH) реклами. Но, кој е тука да им покаже како треба ако не Buger King!? Тие најдоа начин повторно да бидат маркетинг-релевантни со тоа што ги поканија луѓето да користат слики од билборди со брендот како позадина за време на нивните видео повици. За возврат, Burger King нуди buy-one-get-one кодови за Whopper сендвичи. Кој не сака гага Whopper?

За да учествуваат, фановите треба да преземат една од билборд сликите од нивниот Twitter и да ја искористат како позадина во нивните конференциски видео повици. Откако ќе постават фотографија на Twitter на која се гледа дека успешно го направиле предизвикот, означувајќи ги Burger King со #HomeOfTheBillboards, Burger King им праќа порака со код кој може да го искористат на апликацијата. Се наежив колку е ѕверски.

Levi’s ги дуплираше прегледите на TikTok откако ангажирашe инфлуенсери

Levi’s ја искористи алатката “Shop Now” на TikTok со тоа што ангажираше четири мега-гига инфлуенери на платформата преку кои се поврзаа со корисниците во време на пандемија во која голем дел од текстилната индустрија страда — и дефинитивно им се исплатеше.

Знаеме дека физичките продавници се затворија што предизвика голем број на брендови да пропаднат. Но, браво за Levi’s кој со максимално искористување на TikTok успеа да се поврзе со Gen Z и да ги претвори во купувачи.

Најинтересниот дел од активацијата – создавање на сопствени дизајни на фармерки од страна на инфлуенсерите со така наречена 3-D denim customization технологија. Персонализираните фармерки може да бидат купени преку опцијата “Shop Now” на TikTok.

Додека сме на тема TikTok, би се пофалиле со @simona дека веќе три месеци успешно водиме TikTok профил за бренд! Но, за тоа наскоро.. во меѓувреме погледнете како трендовите од TikTok стануваат вирални и на Instagram… малку self promo во овој преглед во петок! 😀

Бонус линкови

View this post on Instagram

“Our Brand Promise” – new cartoon and post on re-evaluating how brands are valued and going back to basics https://marketoonist.com/2020/04/brandpromise.html #marketing #cartoon #marketoon Supply chain software firm BlueYonder recently found that 87% of consumers faced out-of-stocks at their grocery store. A related survey from eMeals reported that shoppers are unable to find 40% of grocery items on their shopping lists. A supply-constrained climate like this challenges how brands are perceived, evaluated and valued. Shopkick found 85% of consumers say brand names do not matter during times of crisis. And 69% are purchasing different brands if a preferred one is not available. Even in normal times, consumers simply don’t think about brands as much as the brand teams who work on them. As Byron Sharp pointed out in How Brands Grow, consumers are far less brand loyal than marketers think. What really drives brand growth is physical and mental availability. Physical availability is the breadth and depth of distribution (i.e. can people find your brand). Mental availability is the probability of a consumer noticing, recognizing, and thinking of your brand in a buying situation. This is a good time for marketers to refocus on the basics, and to think about how they can deliver real value to people in this environment. As an example, Mondelez is simplifying its portfolio to provide access to their most familiar brands like Triscuit, Oreo, and Ritz, prioritizing offerings such as bigger pack formats. It may not be as sexy as higher order benefits, but physical availability is more important.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

81 #ПрегледВоПеток

Ok I’m bored in the house, I’m in the house bored, bored in the house, I’m in the house bored… Е сега може #ПрегледВоПеток 😉

Houston, we have a problem!

Кога некој ќе ве праша која вест прво сакате да ја слушнете добрата или лошата, секогаш ја бирате лошата, така?

И да не е така, еве ви ја на почеток – НЕМА БУЏЕТИИИ! (или што би рекла јас сиромаштија).

Последното IPA Bellwether истражување покажува дека маркетинг буџетите во Обединетото Кралство бележат пад каков не е приметен после големата финансиска криза во 2009. Ваквиот тренд не го заобиколува ниту останатиот дел од светот. Тешки времиња бараат драстични мерки па не би било лошо да размислите два пати пред да трошите пари на реклами.

Coca-Cola стави сè на пауза поради недостаток на ROI

Пак вест поврзана за Коронавирусот, ама за Coca-Cola е… Кога дојде време Coca-Cola да паузира секакво маркетинг присуство поради исклучително намалена потрошувачка на нивните производи, тогаш знаете дека sh*t just got real (pardon my french).

CEO на The Coca-Cola Company James Quincey, најави дека корона кризата не го поштеди ниту најголемиот бренд во FMCG секторот. Но, додека другите производители во оваа индустрија го зголемуваат присуството на пазарот, Coca-Cola го прави спротивното.

Сепак, за разлика од падот на продажбата на пијалокот во традиционалната продажна мрежа (ресторани, барови, кино сали…), Coca-Cola забележува речиси дупло поголем раст во e-commerce трговијата. Компанијата се води по стратегија поделена на 3 фази и верува дека ќе ја помине и оваа криза како и многу други предизвици во своето 128 годишно постоење.

“We’ve been through challenging times before as a company, and we believe we’re well-positioned to manage through and emerge stronger.”

CEO James Quincey

Каде е Coca-Cola магијата за љубов и сплотеност кога најмногу ти треба? :/

Како да (не) комуницирате со корисниците за време на Ковид

Многу практична статија за dos and dont’s кога станува збор за бизнис комуникацијата во време на Ковид-19. Едно е јасно, не го игнорирајте слонот во просторијата. Бидете искрени со корисниците, покажете хуманост и релевантна содржина.

Facebook веќе објави “прирачник“ за тоа како брендовите да се поврзат со својата публика во време на коронавирусот…од 64 страници…

Instagram со помош за угостителските објекти преку стикер

Едни од најпогодените индустрии во корона кризата се секако угостителските објекти. Instagram во ова име воведува стикер кој можат да го користат рестораните и сервисите за храна. Преку него може да нарачате достава, да купите gift card и да ја споделите на свој личен профил за поголема видливост. Кај нас се уште не е достапен, но полека…има време…

Шампионски social distancing кампањи

Content marketing во време на корона не посто……

Да, има и такви умови кои целата оваа ситуација ја користат на најдобар можен начин – да се поврзат со својата публика на ниво на кое можат да бидат прифатени како едни од нив.

Одлични, иновативни и креативни кампањи за социјално дистанцирање кои со сигурност ќе ве инспирираат. И ако мислевте дека тоалетната хартија ја надмина својата популарност со предизвиците на TikTok, погледнете што направија Goodby, Silverstein & Partners.

И Google ќе кажува кој ги плаќа рекламите

По зголемувањето на транспарентноста во рамките на Facebook универзумот, на ред беше чекор да преземе и Google. Тие официјално потврдија дека праксата која до сега важеше само за политичките кампањи сега започнува да важи за сите. Имено, со новата промена, наскоро ќе можеме со клик на „Why this ad” делот кој го има на ќошот на секоја реклама прикажана преку системот на Google Ads да дознаеме кој и од која земја платил за рекламата.

Постоечките огласувачи ќе имаат 30 дена рок откако ќе ја добијат оваа нотификација да ги верификуваат своите сметки. Нормално верификувањето ќе оди во фази и ќе почне од Америка. Со други зборови, спремајте се, ова лето ќе треба да бидете потранспарентни.

Бонус линкови

И така, внимавај на растојанието, читај не пак следниот петок, а ако сакаш да ни пишеш или да нè прашаш нешто, тука сме.

80 #ПрегледВоПеток

Работен ден или неработен, сè додека е петок ИДЕМЕ ЈАКО СО #ПрегледВоПеток

АААААААААА СВЕ!!!!

После вакво загревање, го почнуваме денешниот преглед во петок.

Новости поврзани со коронавирусот

Зарем некој во оваа ситуација би се гордеел доколку профитира?

Го започнуваме денешниот преглед во петок со домашно интервју на Душан Марковиќ, маркетинг директор на “Гемак”, за IN Store. На кратко, тој вели дека сега е вистинскиот момент за висока општествена колективна свест и емпатија – не само индивидуална, туку и корпоративна. А на подолго, ѕирни го целото интервју.

Социјалните медиуми и коронавирус

Ако можеме нешто добро да извадиме од целава ситуација, тоа е дека луѓето сакаат да помогнат колку и како што можат. Истото се случува и со брендовите. Но не со сите. На некои им е тешко да се вклопат во целава ситуација.

We Are Social направија листа на најдобри практики за брендовите присутни на социјалните мрежи. Направија доста истражувања за тоа како различни заедници се однесуваат и, што е најважно, како помагаат.

Facebook ќе ги известува корисниците кои прочитале дезинформации за коронавирусот

Вчера Facebook најави уште една новост во битката против дезинформациите за коронавирусот. Тоа е порака која ќе ги таргетира корисниците кои коментирале, ставиле реакција или споделиле лажна содржина за вирусот. Пораката ќе биде од WHO и ќе има опција корисниците да ја споделат кај нив на профил.

Apple и Google здружија сили против коронавирусот

Тимот од инженери на Apple и Google здружија сили за да направат алатка за следење која ќе им овозможи на корисниците да видат дали биле во контакт со некој заболен од коронавирусот. Ова е супер и за јавните здравствени институции кои ќе можат да следат како се шири заразата и да ги информираат луѓето кои биле во контакт со заболен да се тестираат. Во меѓувреме се појави и локална апликација, и се отворија голем број дискусии на темава. Ја следиме, ќе пишеме повеќе во следна прилика.

Капетанот Tom Moore собра £16 милиони за NHS

99-годинишниот воен ветеран направи 100 круга во својата градина и собра £16 милиони за NHS. Кога го заврши предизвикот тој само рече: “Јас сум добар, се надевам и вие дека сте добри.” ЛЕ – ГЕН – ДА

Новости НЕповрзани со коронавирусот

Facebook со апликација за допишување за парови

Во време кога сите држиме растојание едни од други, време кога сите парови се во врска на далечина (освен оние кои живеат заедно), Facebook излезе со нова апликација за парови наречена Tuned.

Tuned е “приватно место за парови” каде партнерите ќе можат да ги поврзат своите акаунти на Spotify, да подесат расположение, да испраќаат слики, аудио и да си играат со стикери и реакции.

Instagram го редизајнираше IGTV и даде фокус на креаторите

Instagram направи некои промени на IGTV со надеж дека повеќе луѓе ќе ја користат оваа алатка за споделување подолги видеа. Homepage-oт е целосно редизајниран да прикажува креатори, персонализиран врз база на интересите на самиот корисник. Апликацијата исто така доби и Discover дел каде ќе им прикажува на своите корисници нова и релевантна содржина.

Брзо, лесно и бесплатно креирање видеа со YouTube Video Builder

За бизниси кои немаат ресурси да креираат видеа од нула, овој Video Builder e бесплатна алатка (сè уште во бета) што анимира статични елементи како слики, текст и логоа, со музика од самата библиотека на YouTube. Исто така корисниците ќе можат да изберат од многубројни темплејти, зависно од нивната порака и цел. Очигледно наменет за креирање на реклами за на YouTube, пред се зарди гоотвите форамти од 6 и 15 секунди. Уште една алатка копирана од Facebook, вака на прв поглед изгледа интересно, побаравме пристап, ќе чекаме да ни го одобрат.

Microsoft Edge vs. Mozilla Firefox

Имав еден период во животот кога користев исклучиво Mozilla, пред некои 10 години. После се префрлив на Chrome и тоа беше тоа. Once you go Chrome, you never go back. Нема рима, ама се разбираме.

Беше прашање на време, кога Edge ќе биде покористен пребарувач од Mozilla. Податоци од NetMarketShare откриваат дека тоа се случило минатиот месец, откако Edge се префрли на Chromium. Значи сега, Edge е вториот најкористен пребарувач со 7.59% наспроти Firefox со 7.19%.

‘Zoombombing’ е нов, застрашувачки тренд

Оваа вест иде директно од FBI. ‘Zoombombing’ е вид на сајбер напад на платформата за конференциски состаноци, Zoom. Како сè повеќе почна да се користи Zoom, така сè повеќе корисници почнаа да се жалат дека во нивните состаноци влегувале непознати корисници.

Овие корисници цртале навредувачки работи на нивниот екран, споделувале порнографија, споделувале информации за останатите корисници присутни на состанокот и се заканувале.

Од Zoom изјавија дека работат на случајот и дека почнале активно да ги едуцираат корисниците како да ги заштитат своите состаноци и да превенираат вакви ‘zoombombers’. Вие со јогата, пазете се.

А во меѓувреме за да си ги направите состаноците на zoom помалку досадни се појави опцијата да си ангажирате да си донесете коза на состанок.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“Digital Transformation and Organizational Change” – new cartoon and post https://marketoonist.com/2020/04/digital-transformation-2.html #marketing #cartoon #marketoon There’s an image circulating right now of a survey that asks, “Who led the digital transformation of your company? A) CEO B) CTO C) COVID-19”.” COVID-19 is circled. COVID-19 is accelerating digital transformation at many companies, knocking through long-standing resistance and silos. As ITWC CIO Jim Love put it, “Sometimes it takes a crisis to turn people’s mindsets around.” The crisis is also setting the agenda and the priorities of where to focus digital transformation efforts, such as facilitating the needs of a mass, remote workforce. But there’s still not a shared understanding of what digital transformation actually means. It stands for much more than suddenly working from home over Zoom. It asks businesses to rethink how they deliver value to their customers in a digital world. As Sandy Shen, senior director at Gartner, put it recently: “The value of digital channels, products and operations is immediately obvious to companies everywhere right now. This is a wake-up call for organizations that have placed too much focus on daily operational needs at the expense of investing in digital business and long-term resilience. Businesses that can shift technology capacity and investments to digital platforms will mitigate the impact of the outbreak and keep their companies running smoothly now, and over the long term.”

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 🙂

79 #ПрегледВоПеток

Коронавирус преглед број 34345… т.е. 791, не, грешка… 7-ми преглед од првото спомнување на вирусот во него. Ги изгубивме деновите, што да се прави. Ама, петок не се заборава и #ПрегледВоПеток мора да има. Одиме!

Кризата не е време маркетинг агенциите да бидат оддалечени од своите клиенти

Кризата ни покажа колку потешко ќе ја пребродувавме изолацијата без интернет, па намалувањето на буџетот за онлајн активности и не е така паметна одлука.

Од почетокот на кризата, многу брендови ги стопираа маркетинг активностите, меѓу кои е и големата Кока Кола. Во време кога не знаеме што ни носи иднината, тоа е повеќе од разбирливо. Сепак, сега е време маркетинг агенциите да им покажат на клиентите дека се со нив, бидејќи тоа ќе биде првата работа на која ќе се сетат клиентите откако работите ќе почнат да се враќаат во нормала.

DotMetrics (сервис за следење на посетеност на вебсајтови) ни потврди дека во моментов има зголемена побарувачка на интернет содржина (регионалните портали имаат 50% повеќе посетеност во однос на минатата година), што само ни покажува дека има доволно простор за да ја пренесеме нашата порака. Се разбира дека тие не треба да бидат од проджен карактер, туку пораки кои ќе покажат дека сте со нив.

YouTube подготвува конкуренција на TikTok

YouTube сака директно да се натпреварува со апликацијата за кратки содржини, креирани од корисник, објавувајќи своја верзија наречена Shorts.  Shorts ќе им овозможи на корисниците да прават кратки видеа, слично како TikTok, користејќи ја лиценцираната музика што ја има YouTube Music во својот каталог.

Доколку погледнете извештај за Mobile usage ќе ви биде јасно зошто YouTube сака дел од колачот. TikTok забележа раст од над 125 проценти во последните две години. Апликацијата има стотици милиони корисници и во моментов е дефинитивно најактуелна. Во последната година TikTok има приближно 842 милиони преземања по првт пат од продавниците за апликации на Apple и Google, што е зголемување од 15 проценти за една година.

Ова не е прв пат YouTube да развие своја верзија на популарна опција на друга социјална платформа (Instagram Stories). Со оглед на неговата огромна корисничка база (повеќе од 2 милијарди месечни активни корисници), правењето верзија на TikTok не е за изненадување.

И музичката индустрија во криза

По којзнае кој пат музичката индустрија изминативе декада-две повторно не е баш во поволна позиција. Овој пат, се разбира, погодена од глобалната пандемија. Ако само го земеме предвид фактот дека најголемиот дел од заработката ова индустрија ја прави преку концерти и настапи во живо, тогаш нема никакво изненадување од овој податок.

Згора на ова статистиките кои покажуваат дека и бројот на слушања на подкасти периодов откако поголемиот дел од светот си седи дома бележи пад. Што кога ќе размисли човек не е и тоа некое изненадување ако знаеме дека подкаситите се слушаат доминантно при т.н. commute односно транспорт на дневна основа. 

Славните фаци во криза

Уште една криза исплива на површина благодарејќи на оваа криза. Коронавирусот толку многу простор зазема во нашето секојдневие што не остави ни малку простор за славните фаци и нивните тотално излишни дневни глупирања. Па нормално кога немаш доволно внимание на себе, а тоа е нешто на што ти се базира постоењето… имаш проблем и влегуваш во криза и: The coronavirus crisis has exposed the ugly truth about celebrity culture and capitalism

Instagram и Netflix во обидат да го зачуваат менталното здравје на младите

Најава на ново партнерство, интересно, неочекувано, би рекол. Темата е важна, потребна, особено периодов. Серијалот ќе се вика: Wanna Talk About It и ќе ги вклучи дел од најпопуларните ѕвезди кај таргетираната популација. Партнерството има логика ако се земе предвид 65% од корисниците на Instagram се млади под 35 години а Netflix е најпопуларен видео канал помеѓу тинејџерите, дури подобар и од YouTube, според една скорешна студија.

Google News во Франција ќе им плаќа на медиумите

Битката на Google News со оригиналните креатори на вестите се одвива од самиот почеток на овој сервис. Со некои позначајни победи и порази Goolge успева да се одржи во поволна позиција. Но по се изгледа после овој „пораз” во Франција за очекување е негативен тренд.

Бонус линкови

Толку. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

78 #ПрегледВоПеток

Ај здраво-живо, ете не со уште еден преглед во време на пандемија. Затворени дома, веќе малку презаситени од се што може да се консумира низ дома, и тука не мислам само на јадење и пиење туку пред се на медиумска содржина, соочени сме да пишеме уште еден преглед. Да се разбереме, не е дека нема што да сподели или што паметно да се чита, напротив, туку сè се врти околу коронавирусов па на моменти се подзамислува човек, дали ние претеруваме, или навистина ништо друго не се случува.

А како и би се случувало. Светов застана. Ние немаме намера да му се предадеме. Па затоа доста емпaтија и плачење, одиме со препораки за читање, и мислење 🙂

Facebook забрани deepfake видеа

Започнувам, намерно, со веста која има најмалку допирни точки со пандемијата 🙂

Освен ако не живееш без интернет, не верувам дека до сега не си разбрал што е deepfake видео. Оваа технологија на манипулација на видео е опасност за сите нас, за доброто на општествата во кои живееме. И добро е што интернет гигантите во прилично рана фаза се обидуваат да го сопрат ова.

Facebook во блог пост на својата платформа најави дека воведува политики преку која ќе ги отстранува сите видеа кои се манипулирани со помош на компјутерски технологии кои не укажуваат на тоа дека видеото не е вистинско и имаат за цел да ги измамат своите гледачи. Видеата кој имаат за цел да не насмеат нема да бидат отстранети.

Кој сака да гледа досадни видеа?

Но, ако го сопреме развојот на видеата, барем во насоката спомната погоре, кој би сакал секој ден да гледа досадни видеа од луѓе како си поминуваат дома во изолација? Па, според едно неодамнешно пишување на дел од тимот за истражување на Google, всушност сите ние сакаме да гледаме досадни видеа. Добро, да преформулирам, не се викаат баш досадни видеа, на англиски ги викаат „with me”, звучи подобро 😉

Лани Google, да не речам YouTube, извади дел од своите бази на податоци дека токму овие „with me” видеа забележуваат нагорен тренд низ целиот свет и тоа кај повеќе различни генерациски групи. Ако само ги разгледаме своите постапки деновиве, сето ова ќе ни има повеќе логика. Овие видеа покажуваат и дека навистина се ефективни кога станува збор за влијание врз нашите однесувања. Па затоа по нивна препорака купуваме, вежбаме, готвиме, учиме и…

Кој има ќар од лажните вести за коронавирусот?

Доста е со други теми, ајде назад на нашата не баш драга пандемија.

За велешаните кои правеа лажни вести ни беше ептен јасно кој и зошто го прави тоа, профит. Русите и другите ги прават за влијание на политичко ниво, но кој би имал интерес од лажни вести за коронаворусот?

Едно од најтешките прашања во процесот на намалување на влијанието на лажните вести е токму ова. Кој и зошто ги произоведува овие дезинформации? Понекогаш, колку и да се чини тежок, одговор има. Се што треба е добро истражување и анализа. Иако далеку полесно е да се каже кој нема е во зијан од овие вести, сепак во кризни времиња има и доста и ситни но и крупни профитери кои посегнуваат по дезинформации.

Нови навики

Дека ги менуваме своите навики под влијание на изолацијата и ред други не баш така добро промени, на сите ни е јасно. Но еве два линка каде работите може да станат за нијанса појасни.

COVID-19 Consumer Impact Tracker, не прашувајте како се нашло на врв на листата укулелето. Озбилно, не прашувајте!

Comscore редовно ги надополнува статистики за користење на различни типови на сервиси и сајтови, ова е само еден од нивните извештаи, ако сакате редовно да ги добивате следните, претплатете им се.

Технологијата, решение за ширење на вирусот

За жал, кризните мерки во земјите низ целиот свет им отворија врата на голем број влади да го намалат владеењето на демократијата. Не, нема да го коментирам црството на Орбан, туку ќе пуштам два линка кои анализираат кои влади и како се обидуваат да употребат технологија за следење на локацијата на своите граѓани се со цел да го намалат ширењето на вирусот.

Темава е ептен жешка и секој ден има голем број на корисни информации кои излегуваат на површина. Како почеток на твоето понатамошно копање, еве само три места од каде може да се почне:

Palantir in Talks With Germany, France for Virus-Fighting Tool – Bloomberg
How Russia is using authoritarian tech to curb coronavirus – CNN
Следење преку мобилните телефони во време на корона – DW

ДОПОЛНУВАЊЕ: COVID-19 Community Mobility Reports – Google + извештајот за МК (pdf)

А мене интересен ми беше и овој список на чудни мерки – 360°

Бонус линкови

Толку. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

За крај наместо стрип, еве уште еднаш препорака за последната епизода на #комкаст со мене, Сеад и Мите

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

#комкаст 83 – Медиумите и covid-19

Откако со Дарјан ја издискутиравме темата за маркетинг и КОВИД-19 не смеевме да оставиме да не продискутираме за улогата на медиумите и предизвиците со кои се соочуваат.

А со кого друг да се разговара на овие теми ако не со членови на оригиналната постава на овој блог. Заедно со Сеад и Мите повеќе од еден час, вчера вечер, дискутиравме за теми кои во фокус ги ставаат медиумите, ние како консументи на медиумски содржини и секако посебен дел си имаа и социјалните медиуми.

Структурата на епизодата се движи некако вака:

  • Како и зошто така лесно се шират дезинформациите
  • Политизација на лажните вести
  • Како процесираме и управуваме со информации во време
  • Бројки и статистики и како најлесно се манипулира со нив
  • Реакциите на „tech” гигантите

Во продлжение видеото а под него и аудио. Добедојдени се сите кои сакаат да се претплатат на нашиот YouTube канал 😉

77 #ПрегледВоПеток

Сигурно примети дека веќе не пишуваме само јас и Дарко и дека во тимот на komunikacii.net и посебно #ПрегледВоПеток ни се придружија и Наташа и Александра. Еве и од мене едно добредојде за нив.

Овој преглед во петок, за твоја среќа или несреќа, си заглавен со мене, Симона. Ииии со уште новости поврзани со коронавирусот. Но на крајот имаме и некои интересни линкови поврзани со дизајн. Затоа скролај и читај.

Моќта на социјалните мрежи за време на кризата со коронавирусот

Коронавирусот е најголемата катастрофа за нашата генерација. Нè доведе до економски колапс и криза во јавното здравство. Додека сите советуваат да седиме дома и да не се собираме во големи групи, се наметнува прашањето, како да делуваме како заедница и ги практуваме културните вредности што нè држат заедно?

Дезинформациите за коронавирусот станаа инфодемија сами по себе и луѓето и понатаму сметаат дека социјалните мрежи се виновни за нивно проширување. И тоа е сосема точно.

Но има уште една страна на приказната – страна која ја прикажува вистинската поддршка што социјалните мрежи ја пружаат. Не само што се покажаа како вредна алатка за добивање важни информации, социјалните мрежи се и од големо значење за поврзување на заедниците ширум светот. Особено кога не сме во можност тоа да го направиме во вистински живот.

Социјалните мрежи ни помогнаа да го задржиме и заштитиме духот на заедницата во време кога секој од секого се оддалечува. Токму ова може да ни помогне да бидеме инспирација и поддршка едни на други и да шириме позитива и добрина – вредности што нè држат заедно.

Кој можеше да претпостави дека tech индустријата е подложна на коронавирусот?

Како што коронавирусот почна да го преобликува американскиот живот така големите tech компании несвојствено брзо реагираа. Озлогласените Facebook и Twitter наеднаш почнаа да промовираат линкови до веродостојни информации од CDC и WHO.

Последниве недели можеме да видиме дека сè повеќе tech компании ги пренасочуваат своите ресурси кон правење добри дела во битката против коронавирусот. Во екот на оваа драматична промена, вестите за овие компании станаа светла точка. Новинарите се запрашуваат дали нивните пишувања, кои последните три ипол години се фокусираа на еден вид осудување за нивната работа, го достигнаа крајот.

Сега за сега едно е точно, а тоа е дека гигантите во tech индустријата го променија мислењето на јавноста. Следниот пат кога ќе има анкета во САД може ќе видиме дека довербата на американците во овие компании се зголемила. Сепак едно останува да видиме – дали оваа промена ќе влијае врз многуте активни истраги во врска со приватноста и други работи.

Ryan Reynolds ќе донира 30% од профитот од неговиот џин за шанкери кои се без работа

Еве уште една позитивна вест во битката против коронавирусот. Во вторникот актерот Ryan Reynolds на својот Твитер профил најави дека тој и неговата компанија Aviation Gin ќе донираат 30% од нивниот профит на заедницата на шанкери на САД (United States Bartender’s Guild) како дел од нивната програма “Tip Your Bartenders”.

Ryan Reynolds on Twitter

Да, знаеме, секој ден има по неколку вакви вести но ова е Ryan и брендот кој ги има некои од најдобрите кампањи изминативе месеци. Моравме да го спомнеме.

Многу новости во светот на дизајнот како резултат од коронавирусот

Сето ова време поминато дома, не е ни чудо што креативноста низ цел свет цвета. Исто така не изненадува фактот и дека многу од новите проекти кои ги гледаме се поврзани со коронавирусот. Без разлика што поминуваме низ тешко време, уметниците и дизајнерите праќаат силни пораки за надеж и единство.

Еден таков проект е редизајнот на познати логоа од графичкиот дизајнер Jure Tovrljan кои играјќи со празни места, слики и имиња на брендови создаде многу итри и провокативни дизајни.

Изгледа од него се инспирираа и Kappa.

Запознај го новиот dribbble.com

Последнава деценија интерфејсот на Dribbble беше таков што го ставаше портфолиото на дизајнерите на прво место: минимален интерфејс што не бркаше трендови туку само ги прикажуваше како што доаѓаа и си одеа.

Но последниве години тимот на Dribbble сфати дека им недостасува малку естетичност. Затоа новиот дизајн на Dribbble е направен да ја прикажува креативноста на уметниците на прво место а сепак платформата да е визуелно убава на око (visual harmony).

И Slack се редизајнираше

Slack исто така го редизајнираше својот интерфејс и додаде нови опции со цел да ја направи платформата поедноставна и поорганизирана за своите корисници. Редизајнот вклучува и нова навигација, фолдери за организирање разговори, итн.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

View this post on Instagram

“How Not to Communicate Right Now” – new cartoon and post https://marketoonist.com/2020/03/communicate.html #marketing #cartoon #marketoon Brands are judged less by how they operate when things go right, than by how they handle situations when things go wrong. Mark Ritson recently recounted the story of Marks & Spencer during World War II, when the retailer made ration clothing for the British public. They had to figure out how to manufacture clothing in a different way to make the most of limited materials, even as more than 100 M&S stores were hit by bombing raids. Mark said that how M&S stepped up during the war was a widely admired fact during the 60s and 70s in the UK. As he put it: “They were with us when the shit hit the fan, and we were with them afterwards because of it.” I think brands have to be careful to avoid shallow rhetoric in “we’re here for you” brand messaging. Jeff Beer at Fast Company wrote about the avalanche of brand communication this week in an article called “Why every brand you’ve ever bought something from is sending you coronavirus emails.” Jeff observed that there are three tiers of brand coronavirus emails: “First, the service message. This is the most important and helpful, the ones that inform us about a change in service, an updated policy, or a relevant discount. It’s the Gap telling you about store closures … “Tier Two is the Brand Friend. This is where brands who have built a direct line of communication with customers feel obligated to at least acknowledge the situation, even if it’s just to say hi with a “We’re all in this together” drum-circle vibe … “The third tier is the seemingly completely random, we-just-happened-to-have-your-email-thanks-for-buying-our-cat-food-three-years-ago message.” Brand teams are doing a lot of soul-searching right now on how to communicate. But sometimes the best communication is not communication at all. It’s LVMH and Anheuser-Busch revamping manufacturing lines to make hand sanitizer. It’s Levi’s, Lush, and Apple reassuring staff that they will be paid despite global store closures.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

76 #ПрегледВоПеток

Денес ми оставија мене да пишувам (дека сум паничарка!), па сите новости поврзани со корона да ги споделам…

 П.с. на блогов можеби сум прв пат ама влегувам инфлуенсерски искусно. 😊

Коронавирус – прва „инфодемиja” создаденa од социјалните медиуми

Понекогаш мислам дека не треба секој да е на социјални медиуми и тоа се потврдува во овие кризни ситуации. Што видовме и што слушнавме последниве две недели на интерентов… Би рекла дека преку социјалните медиуми се шират толку многу информации од кои голем дел се неточни и создаваат паника меѓу луѓето и недоверба во здравствениот систем.  

Мора да сфатиме дека социјалните медиуми се многу важни за време на оваа изолација, сега повеќе од кога било! Тие нè поврзуваат секојдневно со луѓето кои ни се блиски, ни овозможуваат координирање со колегите од работа, нè информираат, па дури и нè забавуваат! Затоа свесно треба да ги употребуваме!

По тој повод би сакала да ги споделам сајтовите на кои постојано им стискам рефреш и се релевантни и точни извори кои треба да се следат во оваа ситуација:

  1. http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/  
  2. https://vlada.mk/covid19
  3. https://covid19.mk/
  4. http://gdi.mk/corona

Infodemic – On February 2, the World Health Organization dubbed the new coronavirus “a massive ‘infodemic,’” referring to ”an overabundance of information—some accurate and some not—that makes it hard for people to find trustworthy sources and reliable guidance when they need it.

Netflix и YouTube го намалија квалитеот на видеата во Европа

Двете најголеми видео стриминг платформи го намалија квалитетот на видеата со цел да не дојде до паѓање на интеренот. Нивните изјави укажуваат дека соработуваат со државните органи и со интерент операторите но и покрај намалениот квалитет на стримање, нивната грижа за корисниците е на прво место.

Апелот на ЕУ е да се укине HD стримање на видеа со цел да се одржи квалитетот на интеренетот бидејќи во вакви ситуации на изолација има стотици милиони луѓе кои работат од дома, деца кои не се на училиште и затоа се плашат дека ќе има големи оптоваувања.

Во Кина, живот под радар

Последниве два месеци кинезите се навикнаа на нов начин на живот. Да не речам “живот под радар”. Секое нивно влегување во одредени објекти се следи со скенирање на QR код а по домовите и работните места патролираат служби кои мерат температура и го следат нивното движење преку GPS. Платформите како WeChat и Weibo имаат отворени линии за пријавување на болни па дури и наградуваат кога некој ќе пријави лице во кое се сомнева дека е заболено. Језиво, зар не? Но резултатите за намалување на заболени се видливи.

САД дискутира: Следење на паметните телефони за време на коронавирус

Владата на САД е во активни разговори со Facebook, Googlе и со други tech компании и здравствени експерти за тоа како можат да ги искористат податоците за локација што се собираат од телефоните на американците за борба против коронавирусот, вклучително и следење дали луѓето се придржуваат на превентивните мерки за растојание од 1,5m.

Прв успешен судски случај против употреба на „face recognition” во Франција

Во Франција се случи првото судење во врска со face recognition и прв успех против тоа. Воедно се надеваат дека ќе биде проследено со низа други успеси што водат до тотална забрана за истото. Во декември, 124 организации објавиле писмо во кои се бара забрана за какво било сегашно и идно користење на face recognition за безбедносни и надзорни цели. Што мислиш ти за ова? Дали си за или против face recognition?

Adobe доделува бесплатно користење на својот софтвер

Ајде малце позитивни вести… 😊

Покрај многу други платформи и алатки кои може да се користат бесплатно и да се научи нешто корисно додека сме во изолација, може и бесплатно да ги користите алатките на Adobe Creative Cloud и тоа 2 месеци. Adobe не ја објави оваа промоција никаде па затоа ќе треба да ги следите инструкциите на линков за тоа како да ги активирате истите.

Македонската е-трговија доживува револуција

Не знам дали требаше да се случи епидемијава за македонскиот народ да се научи како да пазари и раководи онлајн со одредени работи, како сметки, и да си ги олесни секојдневните обврски, но во едно сум сигурна, а тоа е дека македонската е-трговија конечно заживеа.

Сакам да споделам линк на кој можеш да најдеш голем дел од компаниите во Македонија кои се дел од Асоцијацијата за e-трговија, па voila…

Бонус COVID-19 линкови:

Останете дома, мијте раце и не претерувајте со интернет! Ако сакаш да ни пишеш или да нè прашаш нешто, тука сме.

Како процесираме информации во кризни ситуации?

Најопасниот вирус е СТРАВОТ, а тој најмногу се храни со погрешни и лажни информации.

Како ги процесираме информациите во време на кризи?

Прва фаза – Неизвесност 

Во време на криза или тензии чувстваме неизвесност. Примаме секакви информации, гласини, реакции, мислења…Не знаеме на што да веруваме, кому да веруваме, колку да веруваме. Дали да ѝ веруваме на државата, на политичарите, на јавните личности, на колегите, на пријателите, на социјалните мрежи? Дали да одиме на работа, дали да излеземе до пријателите, дали да правиме залихи? Многу прашања кои бараат одговори.

Втора фаза – Барање информации и смисла

Неизвесноста води кон тоа постојано да се обидуваме да РАЗБЕРЕМЕ што се случува, да најдеме некаква смисла во неизвесноста и конфузната реалност, бараме одговори. Затоа засилено бараме информации, комуницираме поактивно со другите, разменуваме мислења, импресии, ставови, впиваме сè и сешто…

Трета фаза – Склопување на мозаикот

Од прибраните информации и импресии креираме слика за настаните, чувства за нив и оформуваме ставови. Конфузијата и контрадикторните информации нè наведуваат често некритички да прифаќаме туѓи или готови групни ставови. Обидувајќи се да ја оформиме целосната слика за реалноста, многумина од нас прават грешки, па мешаме факти и мислења, веруваме на луѓе само затоа што ни се блиски, се солидаризираме со други или пак одбиваме факти од луѓе кои се различни од нас. 

Четврта фаза – Споделување и ширење на нашите ставови и чувства

Откако ќе оформиме одредена слика за реалноста и настаните чувствуваме потреба да ги пренесеме и да ги споделиме. Интензивно комуницираме на сите страни, сакаме на другите да им пренесеме што доживуваме, како се чувствуваме, ги споредуваме своите погледи со другите, љубопитни сме што тие мислат, и.т.н.

Петта фаза – Креирање на доминантно групно мислење и ставови

По претходните фази, бројките го прават своето, а предност добиваат мислењата и ставовите на мнозинството. Она во што веруваат и за што зборуваат најголем број од луѓето околу нас станува доминантен став кој го управува нашето чувство за реалност, но и влијае врз останатите кои имаат поинакви погледи. 

Во каква интеракција се овие 5 фази?

Во првата фаза неизвесноста лесно може да се развие во СТРАВ, особено ако има недостаток на потврдени информации и факти. Тука е најголема одговорноста на институциите и на медиумите. Првите мора редовно да објавуваат информации за сè што е потребно во дадени ситуации и што е од интерес за јавноста, а вторите да служат како платформи за ширење точни информаци. Воедно медиумите треба да ги исклучат од јавната комуникација непроверените и штетните информации. Ако стравот не се потисне уште во првата фаза, подоцна може да биде и предоцна. Стравот се однесува како лавина која кога ќе се забревта станува несопирлива. Сето она што го потхранува стравот мора да се спречи во најрана можна фаза. 

Во втората фаза, мораме да внимаваме од каде собираме информации, кои се изворите, дали примаме факти или нечиви мислења, дали изворот е компетентен, дали можеме да му веруваме, дали некој ги проверил претходно информациите и сл. Сите ги сакаме своите бабички, чичковци или другари, но тоа не значи дека треба некритички да веруваме на сè што ќе ни пренесат или ќе закачат на Фејзбук.

Во третата фаза без разлика каква слика ќе оформиме за реалноста мора да бидеме отворени кон тоа дека таа е ограничена и нецелосна. Затоа треба постојано да ја проверуваме и да ја преиспитуваме, со цел да ги коригираме или дополниме своите погледи и ставови. Ова посебно се однесува на отвореност кон ставовите на искусни стручни лица. Стручноста и искуството треба да имаат предност над нашите лични ставови.

Во четвртата фаза мораме да бидеме внимателни и пробирливи што споделуваме. За сè што може да нанесе конфузија, штети или ги поткопува фактите мора да се воздржиме и да не го споделуваме. Може да биде тоа нешто во што сме најдлабоко убедени дека е точно, може и да биде некоја многу добра вест (најден е лекот!), но сепак мора да бидеме одговорни и да се прашаме кои се можните последици. Често нашите најдобри намери и проценки можат да бидат погрешно сфатени или изманипулирани. 

Конечно, во петата фаза, клучните чинители од првата фаза, стручните лица, институциите и медиумите мора повратно да реагираат и да го балансираат јавното мнение со тоа што ќе објавуваат дополнителни информации кои треба да ги потиснат дезинформациите и гласините кои го потхрануваат стравот и можат да прераснат во паника. 

Уништувајќи ги и негрижејќи се за институциите се уништуваме себе си

Комуникацијата во време на кризи покажува дека секој од нас мора да биде одговорен кон заедницата и општеството во кое припаѓаме. Во кризни ситуации, кои не можеме да ги разрешиме како поединци, пресудна е способноста на наше вклучување и функционирање во координирани групи во кои расте капацитетот да се справиме со кризата. За координираноста на групата или заедницата најважна е правилната комуникација наведена погоре, а најголем предизвик е потиснување на стравот и паниката. Само точните информации можат да го спречат ширењето на вирусот на стравот. 

Кризните ситуации покажуваат дека оспорувањето на системот, институциите, науката и стручноста се многу опасни активности, не за нив, туку за нас самите. Уништувајќи ги и негрижејќи се за нив се уништуваме себе си. 

75 #ПрегледВоПеток

Додека чекате нова прес-конференција на Министерот за здравство, прочитајте си #ПрегледВоПеток 😉

Pornhub за сигурна изолација

Сигурно сте запознаени со #StayAtHome движењето кое ги советува луѓето да не се движат непотребно како би го намалиле ширењето на Коронавирусот. И додека во Македонија се даваат совети за активности во време на изолација: “Не лути се човече“, брза географија, бесилка, DIY проекти итн., во Италија ситуацијата е на друго ниво. Имено, Pornhub одлучи да им помогне на сите изолирани случаи во оваа држава. Помошта доаѓа во вид на едномесечна бесплатна премиум претплата на нивниот сервис. По којзнае кој пат PornHub докажуваат дека се цареви за маркетинг!

Дигни рака ако карантинот повеќе не ти изгледа како лоша идеја 🙂

Дали времето на Mad Men навистина е завршено?

Дали маргинализацијата на инфлуенсер маркетингот е резултат на постојаната полова дискриминација во оваа индустрија? Заврши ли златната ера на Mad Men?

“Aren’t influencers just pretty people?”

The head of a top creative shop

Ако ти дојдоа многу прашања овде, барај одговор во оваа колумна: If Influencer marketing was a male-led industry it would have been taken seriously long ago.

Бројот на трансакции во е-трговија расте

Од домашни интервјуа, го издвојуваме ова на АЕТМ и Филомена Пљаковска Аспровска, Претседател на УО – КаСис. Колку македонскиот финансиски сектор е во тек со светските трендови и како до целосна замена на банкарскиот шалтер.

Супер интервју, препорачуваме…

Како Коронавирусот ќе го промени однесувањето на корисниците?

Бизниси низ целиот свет трпат огромни промени во последниов период како резултат на Коронавирусот. Но дали е ова доволно силен случај за да ги промени навиките и однесувањето на корисниците? Одличен, одличен подкаст на аналитичарот Man-Chung Cheung и неговите колеги.

Неговото Височество – TikTok Creator Marketplace

Иии, ако мислевте дека TikTok нема потенцијал да стане најјака фацка во друштво на Facebook и Instagram, погледнете го ова.

Creator Marketplace на TikTok е маркетинг решение што им помага на брендовите да го пронајдат идеалниот тиктокер за нивната кампања. Практична тезга на која овој пат улогите на продавачот и купувачот се заменети. Тиктокерите ја “изложуваат“ својата “понуда“ а брендовите бираат кого сакаат да ангажираат.

Оваа опција сè уште не е достапна за сите, односно функционира со екслузивна покана. Еден тон можности и нови податоци кои со сигурност ќе го популализираат овој канал уште повеќе во очите на брендовите.

Decal.mk ново дете во маало

Пред да ве почастиме со бонус линкови, сакаме да одвоиме неколку реченици за едно ново, кул и уникатно име.

Decal.mk е онлајн страница која подготвува дизајни и (ќе) изготвува custоm налепници за лаптопи. Наше е, на NewMediaMK! Се погриживме сè да биде лесно и едноставно. Лесно се нарачува и уште полесно се аплицира налепницата. Со мотото “Внеси боја во твоето секојдневие“, со Decal.mk сигурно и самоуверено влегуваме во нови сегменти на пазарот.

Петок е докажан како најдобар ден за шопинг, па што велиш да си се почастиш со една топ налепница за твојот лаптоп? Може, нели? 😉

Бонус линкови

Тоа е тоа за овој преглед, очекувај нè и следниот петок според препораките на Комуникации.нет. А ако сакаш да ни пишеш или да нè прашаш нешто, тука сме.

74 #ПрегледВоПеток

Скокнавме уште еден #ПрегледВоПеток ама еве сме со тазе, дупла доза новости.

Квалитетот секогаш во преден план

Го започнуваме овој преглед во петок со домашна вест, односно интервју. Во интервју за E-commerce, Искра Тикваровска Казанџиевска, која е oдговорна за маркетинг во ЕВН Македонија, зборува за тоа дека квалитетот секогаш треба да е во преден план но и дека услугите мора да бидат на високо ниво. Интересно интервју кое ја пресликува работата на ЕВН низ годините а кое е мошне корисно за сите вас кои работите со услуги и корисничка поддршка.

Лајковите на Facebook “можат да бидат нелегални”

Швајцарскиот суд донесе одлука дека лајковите и шеровите на Facebook можат да бидат земени предвид како нелегално клеветење. Луѓето можат да бидат казнени за споделување или лајкнување на објава дури и ако не ја креирале самите тие. Тука ќе застанам..

Google Crawl and Indexing Update March 1, 2020

Кон крајот на 2019 Google најави дводелен апдејт за тоа како се справува со „nofollows”. Првиот дел што влијае врз SERP е веќе излезен и активен. Вториот апдејт што ќе влијае врз тоа како Google пребарува нови веб страни за да ги индексира излезе изминатава недела.

For crawling and indexing purposes, nofollow will become a hint as of March 1, 2020.

Google’s announcement 

Она што е најбитно за овој апдејт е да бидеш во тек со тоа што се случува бидејќи можно е рангирањето и бројот на посети да претрпат промени. Второ, провери си ја политиката за „nofollow”. Провери каде користиш „nofollow” и види дали ќе треба да го отстраниш или да се префрлиш на meta robots noindex.

Како e-commerce маркетингот ги менува пребарувањето, пазарот и социјалните мрежи

Во интервју за Search Engine Land маркетинг директорите на Procter & Gamble и Under Armour зборуваат за SEO, корисничко искуство и влијанието на D2C. Топло ти препорачувам да го прочиташ, а во продолжение еве за што точно зборуваат.

  • Онлајн трговците не пружаат “возвишено” корисничко искуство.
  • Колку е лесно да влезеш во e-commerce.
  • Дизајнирање персонализирани искуства.
  • D2C како стратегија за истражување на пазарот.
  • Omnichannel: Поврзување на онлајн со офлајн.
  • Структурирани податоци и фидови.

Како коронавирусот влијае врз компаниите

Големите tech компании и социјални мрежи постојано се обидуваат да ги пренасочат луѓето кон навремени и точни информации за вирусот. Дел од работите што ги прават ги прават проактивно.

Пример, Facebook воведе дел во news feed што ги носи корисниците директно на страната на Center for Disease Control каде може да дознаат повеќе за COVID-19. Исто така Марки изјави дека ќе им овозможат на World Health Organization да пуштаат реклами без пари за да промовираат точни информации за кризата.

Може да го истакнеме и Twitter кој кога пребаруваш за коронавирусот ќе те одведе на страна со последните новости од организации за јавно здравје и кредибилни извори на вести. Google им овозможи бесплатен пристап до напредни алатки за стримање на оние кои работат и студираат од дома а се корисници на G Suite.

Значи можело, кога се сака а!

Вирален TikTok танц за превенција на коронавирусот

Кога сме кај коронавирусот, еве уште една вест. Виетнамискиот танчер Quang Dang креираше танц со кој ги потсетува луѓето да мијат раце, да не го фаќаат лицето и да стојат настрана од гужви. Многу нормално дека танцот стана вирален и други корисници почнаа да се снимаат и да го објавуваат со #ghencovychallenge за да ги информираат корисниците како да се заштитат.

Adobe најави голем апдејт на Photoshop

Изминатиот месец Photoshop го прослави својот 30-ти роденден и во таа чест Adobe излезе со голем апдејт на Photoshop за декстоп и за iPad. Во продолжение на кратко што е ново.

  • Content Aware Fill Improvements
  • Lens Blur Improvements
  • Dark Mode Support
  • Performance Improvements
  • Object Selection Tool
  • Type Setting

Логоа креирани од AI

Не се плаши, твојата работа како дизајнер не е под закана од AI. Автоматизираните системи се уште имаат многу за учење кога станува збор за креативност. Чекај, да појаснам.

Пред некоја недела излезе нова алатка за креирање логоа со чија помош можеш да направиш “професионално лого во само неколку кликови”. Fact Company ја тестираа оваа алатка за креирање на алтернативни логоа за некои од најголемите брендови како Apple, Google, McDonald’s и Uber. И погоди што? Резултатите се многу генерички.

Е а кога сме кај логоа Durex се ребрендираше, BMW направи радикални промени во логото иии…иии.. конечно имаме колекција на стари логоа од Југославија.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 🙂

Медиумите против платформите, епизода 2020

Во исчекување дали во некој од наредните денови, или недели, ќе ги снема тв-каналите од вашите мали, големи, рамни или 4К екрани, мал осврт како работите дотуркаа до тука.

Continue reading

73 #ПрегледВоПеток

Кај вчера објавив нов #комкаст, со Виктор од АЕТМ зборувавме за е-трговија, уште па и денес ме наместија да пишувам и #ПрегледВоПеток. Морам, минатата недела го заборавив, затоа сега има екстра линковииии, одиме…

Shitposting > Fikfoks

Како да не е доволно што кршиме јазик за да кажеме ТикТок и тиктокс, сега треба да учиме и нова, изведена терминологија како фикфокс, на пример. Fikfoks aka fake tiktoks. Мора да ги научиме и нив затоа што инфлуенсерите на TikTok веќе масовно ги употребуваат. Но, да биде изненадувањето поголемо, ова не се лажни содржини или акаунти… напротив, ова да ти биле паралелни акаунти на ѕвездиве на кои објавуваат повеќе лична и приватна содржина и, и… shitposting! Го „украле” трендов од Instagram, ама не е скроз исто. Хм…

Додека сме кај TikTok уште една брза вест. Ако не сте ставиле временско ограничување на телефонот на вашето дете, немате таква опција или не ви текнало… TikTok сега дава можност да се направи тоа внатре во самата апликација. Свесни се колкава зараза се, па решиле со време да реагираат. Умно.

Справување со дезинформации

Нема преглед а да не споделиме некој линк во кој големиве се борат со лажни вести. Добро не се тие еднакво добри како нашата влада во оваа борба ;), ама барем се обидуваат. Во последниве неколку недели Twitter објави план за справување (не борба) со неточните информации поврзани со излезноста на гласачите по повод изборите во Америка, а Instagram пробува да им прикаже точни информации на сите кои кликаат на хаштагот #Coronavirus.

Bloomberg’s Sponcon Memelords

И додека лажните вести тесно се поврзуваат со сè и сешто, секако на чело со политика, политичарите во Америка уште еднаш докажуваат дека се најдобри маркетери и може слободно да учиме од нив. Блумберг најде начин како да ги заобиколи политиките за проверка и одобрување на реклами за изборите во САД. За тоа ангажирaше стотици инфлуенсери кои на социјалните мрежи објавуваат поддршка за него, вклучувајќи и мемиња. Facebook вика: ние немаме намера да се расправаме и со тоа… нека си тера.

Preloader Design Tips and Inspirations

Кој сака да чека да му се вчита вебсајт? Па најверојатно никој, ама и покрај сите препораки дека брзината е клучна, сепак за комплетно искуство некогаш е потребно време за да се вчита содржината на вашата веб страна. Се случува да треба да почекате… а додека чекате, може и да уживате. Еве неколку совети и идеи за малите анимации кои ни го одвлекуваат вниманието додека да се вчита содржината. Ќе ти се најдат, за следниот пат кога ќе сакаш на твојата веб дестинација да обезбедиш комплетно уникатно искуство, а и помалку да ги нервираш посетителите.

Hacked Website Threat Report – 2019

Безбедноста на сајтовите е исто така многу важна, ама ова се подразбира. Она што е интересно е годишниот извештај на Sucuri, компанија која се грижи за безбедноста на сајтовите. Во него тие наведуваат кои се најчестите причини и начини за напади односно „заразување” на сајтовите. Вреди да се види, за да знаеме од што да се штитиме но и да разбереме што ги мотивира „хакерите” да ни ги напаѓаат сајтовите.

YouTube Gaming

Веќе пишувавме во претходните прегледи дека YouTube се обидува да му земе дел од колачот на Twitch, секако со стратегија за повеќе гејминг содржини на својот сервис. Но податоците велат нешто друго. Имено, најголем дел од најпопуларните гејминг канали на YouTube воопшто немаат содржина каква што всушност има на Twitch. Овие првиве, на YouTube, се полни со сомнителни содржини кои прикажуваат хакови, читови и сл.

Социјални мрежи за посреќен и подолг живот

Последна вест во денешниот преглед во петок. На повидок е нов тренд на апликации кои имаат за цел да нè поврзат со нашите пријатели (и други) ама за разлика од досегашниве кои негативно делуваат на нашата добросостојба, овие новиве соработуваат со стручни лица и сакаат да предизвикаат добри чувства додека ги користиме. Еден таков обид е апликацијата Ikaria создадена од еден од креаторите на Secret. Се сеќава некој на тој сервис? Не заврши баш славно :(. Како и да е, трендов треба да се следи, на толку масовни исклучувања од фејсбуците и сл. може оваа приказна ќе фати залет. 

Бонус линкови

Тоa e сè денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

За крај уживајте во новата реклама на Burger King 😉

До следниот преглед во петок. 🙂

72 #ПрегледВоПеток

Ладно е денес. Седи си дома, читај си преглед во петок и дознај што е ново во дигиталниот свет.

Пред да започнеме со четивата од денешниот #ПрегледВоПеток, имам една супер вест. Од март Дарко (@darko156) се враќа во Brainster како предавач на Академијата за дигитален маркетинг. Во интервју за добредојде тој зборува за современиот дигитален маркетинг, предизвиците со кои се соочуваат маркетерите денес и вештините потребни за совладување на истите. Дарко ќе предава за градење на дигитална стратегија, генерирање лидови и оптимизација на целни (landing) страници.

LinkedIn е Instagram-от на нашата (лажна) работна кариера

Инспириран од #DollyPartonChallenge мемето, нашиот драг пријател Иван Бркан напиша одлична статија за Нетокрација во која зборува за тоа како во последно време LinkedIn станува сличен на Instagram.

LinkedIn je očito društvena mreža gdje su ljudi koje smo upoznali tijekom karijere, a koji se svi lažno smještaju i druškaju kao na najgorem korporativnom božićnom tulumu.

Netokracija.com

Тој пишува за тоа како луѓето на LinkedIn се премногу позитивни и објавуваат идеализирани, досадни и предвидливи постови во кои се чини дека се на врвот во својата кариера. До кога? Барем да сме опуштени кога веќе не можеме да сме искрени на LinkedIn.

YouTube во обид да стане бр. 1 платформа за стримање видео игри

Twitch, Mixer и YouTube водат војна кој ќе ги фати најголемите гејминг стримери. YouTube најави дека 3 различни е-спорт организации (Call of Duty League, Overwatch League и competitive Hearthstone) ќе стримаат натпревари ексклузивно на нивната платформа.

YouTube сака да стане бр. 1 платформа за стримање видео игри, титула која со години припаѓа на Twitch. Но стримање е-спорт е различно од креирање заедница за фанови. YouTube ги нема истите елементи за интеракција со фанови како на Twitch. Јас лично се сомневам дека YouTube ќе го постигне замисленото, но останува да видиме.

Од TikTok чекале 3 саати пред да пријават смрт на корисник во полиција

19-годишен TikTok корисник од Бразил се самоубил додека стримал во живо на платформата. Ова се случило пред скоро година дена а тек сега се откри оваа информација во извештај од The Intercept.

Муабетот е што од TikTok чекале 3 саати пред да го пријават инцидентот во полиција. Прво смислувале ПР стратегија со цел да не се прошири веста па потоа пријавиле. Оттогаш TikTok вели дека го промениле начинот на однесување во криза, но не дава детали што промени направиле. Можеби, бр. 1 – Ако некој се самоубие на платформата, прво пријавуваме во полиција.

And now, something completely different…

Јас сум во зрели години, со огромно работно искуство, рационален и со емпатија. Кај мене зборот омраза не постои, а ниту такво чувство сум почувствувавл некогаш. Сосема спротивно – за мене животниот императив е љубовта.

Трифун Костовски

Извадок од статијата насловена “Социјалните мрежи и нивното место во јавната сфера”, напишана од Трифун Костовски.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

До следниот преглед во петок. 🙂

71 #ПрегледВоПеток

Некој нарача експресен (за читање) #ПрегледВоПеток?

Facebook, Instagram и Тwitter во обид да ги спречат дезинформациите за коронавирусот

Facebook изјави дека ќе ги отстрани лажните вести и теории на заговор за коронавирусот доколку им штетат на луѓето кои им веруваат. Политиката важи и за Instagram и вклучува дезинформации за лажни лекови и методи на превенција. Хаштаговите на Instagram кои се користат за ширење на дезинформации ќе бидат блокирани.

Twitter изјави дека има повеќе од 15 милиони твитови за коронавирусот до сега и таа бројка постојано расте. Twitter тврди дека нема видено “планирани обиди за ширење дезинформации”. Но сепак ќе алоцира ресурси за да ги осигура своите корисниците дека трендовите и пребарувањата се заштитени од ова.

Google ја ажурираше документацијата за mobile-first indexing

Документот е дизајниран да им помогне на сопствениците на веб страни да им го пружат најдоброто корисничко искуство на своите посетители, без разлика дали ја гледаат страната од мобилен или десктоп компјутер.

Покрај новите информации за индексирање на веб страни на мобилен, документацијата содржи и нови информации за користење слики и видеа, m-dot URLs и troubleshooting.

Запознајте ја новата генерација Omega

Jordan Hall е писател на Medium кој уште во 2014 напишал една многу интересна статија за генерацијата Omega. Тој вели дека тоа се луѓе кои не се сеќаваат на ништо пред 11 септември, 2001. Луѓето од оваа генерација се израснати во доста интерактивна средина (YouTube и Minecraft) и очекуваат да имаат големо влијание во нивниот свет.

Hall има навлезено во многу детали кои се мошне интересни за читање, па така топло ти препорачувам да тркнеш на линкот погоре.

Бонус линкови

Тука е крајот на денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

AllWeb MK on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

70 #ПрегледВоПеток

Го стартуваме овој #ПрегледВоПеток со одлична домашна вест!

Испазари и плати веднаш со скенирање на QR код

Откако соседна Србија најави дека ќе им овозможи на своите граѓани да плаќаат производи скенирајќи го QR кодот на пакувањето, Народна банка изјави дека може да се очекува и кај нас воведување на ваква технологија.

Воведување на нови услуги за е-плаќање, како оваа, го намалува количеството на готовина во оптек и го забрзува процесот на префрлање на парите на сметката на продавачот.

Сепак, ова е само најава и ветување, избори се ближат, мора да бидеме претпазливи колку ќе им поверуваме на ваквите најави.

Интервју со Sundar Pichai, CEO на Google и Alphabet

Sundar Pichai, 47-годишниот CEO на Google, исто така стана CEO и на мајката компанија, Alphabet. Larry Page и Sergey Brin, ко-основачите на Alphabet, на 3ти декември најавија дека ќе се повлечат од секојдневните работни обврски.

Fortune направија интервју со Pichai, првото долго интервју откако стана CEO на Alphabet, а новинарот Lahinsky го прашуваше за многу од работите кои може да се очекуваат од новинар во неговата позиција. Но одговорите на Pichai оддаваа многу малку информации.

До некаде, е разбирлив потегот на Pichai. Но новинарите имаат обврски во вистинско време да посочат кога некој избегнува да одговори нешто. Решението, како и секогаш, е во практикување на најстариот новинарски принцип: зборување со луѓе кои ги знаат работите што сакаш да ги дознаеш. А тоа започнува кога ќе се соочиш со фактот дека CEO не држи монопол кога станува збор за знаењето, а и да знае нешто корисно, најверојатно нема да го каже.

Зошто најдобрите девелопери ги ставаат потрошувачите први

Пред многу години како резултат на сè поголемата конкуренција од Apple и Google, Microsoft направија она што мислеа дека е ‘the next big thing’: Windows 8. И покрај сите новитети и напори овој производ да успее, луѓето си стоеа зад тоа дека оперативниот систем е непотребно збунувачки и тежок за користење. Се согласувам.

Windows 8 е класична студија на случај за бренд кој не размислува за потребите на своите потрошувачи. Инженерите беа уверени дека знаат што потрошувачите сакаат, па затоа многу малку луѓе надвор од инженерскиот тим на Windows биле вклучени во развојот.

Но ова не е несекојдневна приказна во светот на технологијата. Под притисокот постојано и брзо да се лансираат нови и иновативни производи, многу компании го практикуваат inside-out пристапот, каде идните производи ги прават инженери во вакуум.

Тука се поставува прашањето: како tech компаниите ги дефинираат нивниот бренд и нивната стратегија однадвор кон внатре? Harvard Business Review зборуваа за три фундаментални чекори кои лидерите треба да ги направат. Интересна статија која топло ти препорачуваме да ја прочиташ.

Потенцијални промени на .org доменот

Последниве два месеци доста прашина се дига околу потенцијалите промени на сопственоста на .org доменот. The Public Interest Registry, невладината организација што оперира со овој домен уште од 2003, во ноември најави дека приватна компанија под името Ethos Capital сака да ја купи за $1.135 милијарди.

Што би значело ова? Покрај иронијата приватна компанија да менаџира со систем дизајниран да им помага на невладини организации, не е баш јасно. Фирмава очигледно ќе сака да прави профит што во превод значи деќа ќе им ја отежни работата на организициите во одржување на нивните веб страни.

Исто така постои можноста Ethos да прави договори со корпорации што сакаат да затворат сајтови поради прекршување на авторски права. И секако, влади кои сакаат да ги цезурираат невладините организации што ја критикуваат нивната работа.

Што значи 5G за веб дизајнерите?

Последна вест овој преглед во петок е хајпот за 5G.

Влеговме во 2020 и сите почнаа да зборуваат за 5G, најновата генерација на мобилна мрежа. Но 5G нема да има влијание само на сурфање на мобилен. Промените во мобилната мрежа ќе имаат влијание и врз веб дизајнот.

Како веб дизајнер останува на тебе да воочиш како 5G ќе влијае врз начинот на кои корисниците пребаруваат на веб. Webdesigner Depot објавија супер статија со совети како да се подготвиш за петтата генерација на пребарување на мобилен.

Бонус линкови

Тука го завршуваме денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 😉

69 #ПрегледВоПеток

И касно во петок навечер се чита #ПрегледВоПеток 😉

Француската влада ќе ги скенира социјалните мрежи за даночни измами

Царината и УЈП во Франција добија дозвола да ги прегледуваат профилите на корисници на социјалните мрежи, нивните објави и слики во обид да најдат докази поврзани со непријавени приходи.

Во својата одлука судот посочи дека се свесни на можни повреди на слободата на изразување и нарушување на приватноста на корисниците, но сепак најавија дека содржината која е заштитена со лозинка нема да биде прегледана, само она што е јавно објавено.

TikTok го објави првиот извештај за транспарентност на платформата

Соочени со константен надзор поради цензура и безбедносни причини, TikTok пробува да ја врати назад довербата од корисниците во САД. Со таа цел го објави својот прв извештај за транспарентност, откривајќи дека добиле 298 правни барања за податоци од корисници и 26 барања од владите за деактивирање профили, во првата половина од 2019.

Извештајот за транспарентност покажува дека платформата не ги добила тие барања од Кина (каде што не е достапна), туку онаму каде што им се главните канцеларии.

Кога сме на тема TikTok и вертикална содржина, новиот Sero TV на Samsung се ротира вертикално за да можеш да гледаш TikTok видеа и Instagram сториња. Да го цитирам @darko156, “Единствениот производ од Samsung кој би размислил дали да го купам”.

Е-момчињата прават дебели пари

Новите симпатии на тинејџерите не пеат и не глумат. Тие се е-момчиња (xaxa, e-boys) и многу брзо стануваат дел од забавната индустрија со потенцијал да прават многу пари.

Тоа не се само момчиња туку и е-девојчиња кои се многу популарни на TikTok и Instagram бидејќи прават вирална содржина и изгледаат многу хип (трифтаат хипстерска облека). Затоа си лапаат зделки во модната и забавната индустрија.

DuckDuckGo е default пребарувач за корисници на Android во Европа

Практиката на Google да се „мести” самиот како default пребарувач на својот оперативен систем беше прогласена за нелегална од страна на ЕU antitrust правилата. Како резултат на тоа, Google доби парична глоба од $5 милијарди.

Сега Google ќе мора да направи промени и да им овозможи на корисниците сами да изберат default пребарувач. Кога корисници на Android во рамките на Европската Унија ќе регистрираат нов уред, ќе им бидат прикажани три алтернативни пребарувачи. DuckDuckGo ќе биде прв на листата во сите држави.

Ќе биде интересно да видиме какво влијание ќе има ова врз пребарувањето во Европа, ако воопшто го има. Секако, корисниците ќе можат да си го изберат Google, ако го преферираат.

Бонус линкови

Толку за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

68 #ПрегледВоПеток

Среќна Нова и сè по ред. Се враќаме во програма со првиот #ПрегледВоПеток за 2020. 🤩

Facebook и политика

Trump беше избран со наша помош

Извршен директор од Facebook кој ја поддржа претседателската кампања на Hillary Clinton во 2016 изјави дека е можно платформата да е одговорна за изгласувањето на Trump за претседател.

Станува збор за Facebook VP Andrew Bosworth кој во интерна порака напиша дека маркетинг алатките (огласувањето) од Facebook кои се користеле во кампањата на Trump се одговорни за неговата победа во 2016. Исто така напиша и дека големи се шансите истото да се случи и оваа година. Секако не станува зор за злоупотреба туку за неверојатната стратегија на одговорниот човек зад кампањата: Brad Parscale.

Пораката беше споделена во вторникот од The New York Times. Истиот ден Bosworth ја објави и на неговиот јавен Facebook профил, откако посочи дека не била наменета за јавноста поради недостаток на контекст.

Џабе бан на deepfakes

Во ноември Twitter најави дека креира нова политика за deepfakes на платформата и побара фидбек од јавноста. Во понеделникот, Facebook најави дека ќе банира одредени манипулирани фотографии и видеа.

Новата политика (или deepfakes ban) ќе се однесува и на реклами и на обични објави. Но демократите во САД не се нешто многу загрижени затоа што постојат неколку очигледни начини на заобиколување на банот.

Google Discover и Search реклами

Што е Google Discover и како да се појавиш во него

Google Discover e алатка која произлезе од желбата нa Google нивните корисници да добиваат содржина која ги интересира пред воопшто да впишат (пребараат) клучен збор или фраза.

Ова е всушност реинкарнација на Google Feed, што претставуваше персонализиран и оптимизиран (за мобилен) фид кој им овозможуваше на корисниците да бидат во тек со новостите.

Google Discover има потенцијал и може да биде оптимизиран да носи дополнителни посети. Econsultancy направија супер статија во која објаснуваат како да се појавиш на Google Discover и кои се придобивките.

Нови екстензии на фотографиите во Search рекламите

Во последно време Google работи на креирање нови екстензии на фотографии што би им овозможило на огласувачите да прикажуваат релевантни фотографии заедно со нивните search реклами.

Сè уште нема официјални информации за новите екстензии, но достапни се за некои огласувачи. Како што ќе стануваат достапни за сите, не заборавај да ги додадеш во твојот Google Ads акаунт и да следиш како се одразуваат врз нови посетители на твојот вебсајт.

Нова инфлуенсер економија

Продажбата преку социјалните мрежи ги трансформира платформите во шопинг центри. Instagram веќе има опција сопствениците на брендови да продаваат производи директно преку апликацијата, а инфлуенсерите гледаат како тоа да го искористат за нив.

Instagram веќе тестира “Shopping from Creators” со група на инфлуенсери кои имаат пристап до нивната “checkout” опција за да можат полесно да прават трансакции и да заштедат на време.

Инфлуенсерите исто така бараат начин како да продадат пристап до самите нив, односно нивната содржина и креативно размислување. Некои инфлуенсери им наплаќаат на луѓе да ги додадат во “close friends” на Instagram.

Бакшиш и подароци се уште една прилика за монетизација, во главно кај инфлуенсерите активни на платформите како Twitch и TikTok. Како што инфлуенсерите заработуваат преку станување продавачи и креаторите преку бакшиш и подароци (или месечна претплата), останува прашањето: каде се брендовите во оваа приказна?

Инфлуенсер економијата се менува, а брендовите ќе мора да најдат нов начин да ги привлечат инфлуенсерите. Маркетинг метриките ќе мора да соодветствуваат на најновите стратегии за монетизација. Најмногу ќе профитираат оние што ја разбираат и одговараат на промената на динамиката на пазарот.

Бонус линкови

Тука е крајот на првиот преглед во петок за 2020. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂