Гостински блог пост на Зоран Ричлиев со осврт на актуелната состојба на онлај медиумите во Македонија.
Continue readingSearched For Зоран Ричлиев
#комкаст 54 – Финансирање на новинарски стартапи
Во оваа епизода наш гостин беше Зоран Ричлиев, продуцент во МПМ со кој поразговаравме на тема новинарски стартапи.
Continue readingИнтервју со модераторот на Утрински
Ја продолжуваме тема со коментарите со првото интервју за блогов Комуниакции.нет. На наше огромно задоволство Зоран Ричлиев, од Утрински, одговори на сите прашања кои му ги поставивме и тоа доста исцрпно.
Continue reading7 #ПрегледВоПеток
Недела е ден за уште еден преглед во петок, овој пат дебитираме со препорака од локален извор. Не дека сме ги потиснувале намерно изминатите недели, ама така се погодило. Како и секогаш имаме малку лесни и малку не баш толку лесни препораки за читање. Кликајте на линковите и на линковите во линковите и читајте, гледајте…
- Маките на YouTube, Facebook и Google. Толку многу ни значат овие сервиси што кога нешто ги мачи нив и ние одма се загрижуваме. Изминатиов период Facebook (и Twitter) гo мачат Русите. YouTube го мачат екстремните американци, а Google го мачат традиционалните американци кои очи вадат ако не ти е добра иконката за светиот грал на америнската традиција: чизбургерот
- Facebook си гази, финансиски. И покрај „маките” со кои со соочува и трошоците кои ги прави за да покаже, заедно со другите гиганти, дека се грижи за сузбивањето на fake news, Facebook прикажа изненадувачко зголемување на своите приходи. Едноставно човек да се замисли дали навистина има логика да се борат против сите овие не баш толку лажни трошачи на пари.
- Технологијата е религија. Нема баш и премногу други начини како да се толкува фанатичното исчекување на новиот iPhone X и да се фукне за него 1500+ евра, долари што и да се. Па ако технологијата е религија, тогаш можеби и соодветниот предизвик може да ги најдеме во овој текст: Why we need a 21st-century Martin Luther to challenge the church of tech
- Instagram ќе ви јаде уште повеќе нет. Да олабавиме малку со Facebook, затоа што имаме уште линкови со него за подоцна… еве малку за Instagram да кажеме дека го смени изгледот на mid-feed Stories previews (не знаев како да го преведам ова а да ме разбере некој). Сега тие се два пати поголеми и всушност се вертикални со што се овозможува поголема прегледност на содржината во нив, секако со надеж дека повеќе ќе кликаме на нив. А дека се повеќе и повеќе се експериментира со вертикална содржина (се разбира во трка за mobile only стратегија) Mashable има (за мене) нова рубрика која се вика Mashable Reels. Линкот кој не наведе на оваа рубрика е телефонот спинер, да некој направил вистински Fidget Spinner Phone. Кликнете го линкот и на мобилен и на десктоп за да ја увидите разликата.
- Logitech VR Keyboard. Си експериментираат луѓето, да видат дали може некако да ја олеснат навигацијата во виртуелниот ни свет. Зошто навистина, малку е рудиментирано тоа, бара многу жртви а тоа не е добро за светлата иднина која континуирано и ја припишуваат на VR технологијата.
- Анализа за онлајн медиумите .МК Нашиот драг пријател и колега Зоран Ричлиев (и верен читател на комуникaции.нет, веројатно уште е) во рамките на ЗНМ деновиве презентираше две анализи на тема локални онлајн медиуми. За жал како и сите претходни обиди, ваквите документи имаат многу толкувања малку бројки, пред се заради недостатокот на основни бројки за пазарот. Како и да е, вреди да се читнат документите од каде јас би издвоил две главни работи: Погрешна беше перцепцијата во јавноста дека за порталите не важи ниеден закон… … решението сепак е во саморегулацијата, а не во регулацијата.
- Лични информации во GA. Често спомнуваме дека како маркетери треба да си ги познаваме многу добро нашите корисници. Епа, може да делува и малку претерано, ама еве неколку трикови како да извлечете повеќе лични податоци за посетителите на вашиот сајт или апликација преку Google Analytics
- И Snapchat понуди опција да ставите негов мерен pixel на вашата веб страница за да може да таргетирате подобро. Snapchat е во позиција да докаже дека може да опстане и покрај решеноста на Facebook тоа да не биде баш така.
Се насобрале доста линкови неделава… еве уште неколку на брзина:
- 5 industry leaders share strategies for earning consumer attention
- Understanding social media algorithms
- Modern SEO Players Guide
- Once considered a boon to democracy, social media have started to look like its nemesis
Доста е за ова недела, и да знаете ептен сме блиску до AllWeb, ако не нема следниве две недели, тоа е причината. Ако ти недостасуваме, тогаш дојди на AllWeb, таму ќе има мноооогу повеќе од само линкови.
#комкаст 25 – Вест, Дневник и Утрински весник со е-изданија кои ги наплаќаат
Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.
Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.
Дали во Македонија интернетот треба да биде сфатен сериозно?
Заклучоците се исти. Сме ги повторувале и ние полно пати тука на блогов. Во основа мислам дека незаслужено во МК интернетот се уште не се сфаќа сериозно.
Continue reading[Најава] Конференција – Медиумска писменост
11. мај во Холидеј Ин. Kонференцијата е дел од Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ што го спроведуваат МИМ, ИДСЦ и ECJ
Continue readingMacedonia online: По стапките на Естонија? Не баш…
Nicolas Kayser-Bril направи подолга турнеја низ поширокиов регион која ја започнал со цел да се запознае малку повеќе со локалните прилики и неприлики на тема онлајн медиуми, еве што забележа во Македонија
Continue readingПо утрински годината се познава
Утрински весник за празничнава сезона нѐ почестија со два интересни потега, првиот беше можноста да се комуницира со уредникот на интернет-изданието на Утрински Зоран Ричлиев (за евентуално прашање имате време уште некој ден, до 12-ти јануари), кого пред некое време го имавме како соговорник и на овој блог, а вториот беше изборот на најчитаните написи на сајтот на Утрински долж 2008.
Идејата на постов беше само да се посочат двава интересни „настани“, но сепак кус коментар: листата на најчитани статии на Утрински покажува каков тип вести и информации привлекуваат најголемо внимание; тоа се теми од национално-политички карактер, па иако публиката на онлајн изданијата е поинаква од „офлајн“, тие доминираат и тука. Сепак интересот за лајфстајл и социјални теми исто така е изразен, па дава увид како интересот на читателите дивергира и се развива и во овој правец. Драго ми е што нема некои скандалистички псевдо-новинарски теми на оваа листа, која кај други локални весници секако би покажала со какви „мамки“ се користат тие за да ја напумпаат посетеноста на своите сајтови.
Сега да не испадне постов некаква си апологија морам да ја искритикувам редакцијата на Утрински и да го замолам уредникот на онлајн изданието да поттикне „follow up“ сторија за една од најчитаните вести за данокот на ергенлок. Треба да се истражи работава до крај 🙂
Балканските блогови на Pods and Blogs на BBC 5 радио
Pods and blogs is an hour of radio dedicated to covering the news as it’s seen by bloggers, podcasters and the citizen media. It’s our attempt to report the news members of the public are creating, discussing and sharing across the world thanks to the internet. (source)
Во последанта епизода, од 26. мај, последниот прилог е посветен на балканската блог сцена. Се разбира благодарение на Robin Hamman кој направи неколку интервјуа за време на Glocal 2.0
Pods: Futurology, Nomnomnom and Blogs in the Balkans, 26 May 08
Travel to dangerous places, a futurologist compares 1998 and 2008, Nomnomnom and blogs in the Balkans (source)
Сега за сега mp3 од епизодата има на сајтот на BBC, но наскоро ќе ставам уште еден линк затоа што мислам дека таму се достапни една недела: Pods: Futurology, Nomnomnom and Blogs in the Balkans (mp3 12MB)
Во прилогот покрај мене, нели 😉 учествуваат и Драган Варагич (Србија), Ведран Обучина (Хрватска) и Зоран Ричлиев (Македонија).