Темава (на Вечер им бил најголем, агејн) е репете, елаборирана од Дарко порано, прилично аргументисано. Да не се лажеме, со Алекса има финта, и не се веродостојни, воопшто. За што се работи? Инсталираш тулбар Алекса, ставаш рифреш на 10 минути, и Алекса ти брои дека за два саати 12 корисници ја посетиле страната на која ти е прелистувачот?!? И сега „рачунајте“ за месец дена колку такви „лажни“ посетители можете да изсимулирате 🙂 Ова е само еден начин, иако постојат редица други на слична основа.
The Alexa toolbar is regarded by many vendors as spyware. Symantec classifies the toolbar as Trackware.[17] McAfee Site Advisor rates the Alexa website as yellow with a warning, “In our tests, we found downloads on this site that some people consider adware, spyware or other potentially unwanted programs,” and the site has 67 user ratings of “Adware, spyware, or viruses”, as of July 2, 2008. The toolbar is detected by McAfee as Adware-Alexa, a “Potentially Unwanted Program”.[18][19] Many other security vendors also detect and remove Alexa software.
Актуелната листа на Алекса на најпосетувани сајтови во МК е следнава (Top Sites Macedonia), која секако не е целосно ирелевантна, напротив, но останува забелешката дека е прилично подложна на „Rating Enlargement“ методи. Се разбира не е работава дали некој го сака или не Вечер, или кој било друг весник, туку е повик на усул и почит на интелигенцијата на јавноста пред да се прогласите себеси за најчитан весник 🙂
Вечер објавува дека нивниот сајт е најчитаниот македонси медиум на интернет. И, нормално влегува во неколку замки, кои веројатно, заради популарност на самиот текст и возвишување на нивните дострели се испуштени.
Прво. Веродостојноста на податоците кои ги дава сервисот Alexa.com. Сите оние кои барем еднаш се соочиле со овие бројки дознале дека во нивниот систем на броење нешто не е како што треба.
За да не набројувам сега детали, ќе спомнам само дека тој брои врз основа на неговите тулбари кои се инсталираат на браузерите, завртете се наоколу и погледнете кој има инсталирано. За понатаму еве одберете некој од следниве постови, кои беа мој случаен google избор:
Второ: Вечер ставил листа на „15 најчитани интернет сајтови во Македонија” а притоа мисли на 15 најчитани македонски сајтови бидејќи според истиот тој извор најчитани топ 5 сајтови во МК се Google, HI5, Yahoo, YouTube и Windows Live.
Тртето: Направиле листа со следниов наслов: „Кои медиуми најмногу се читаат на интернет” а веројатно мислеле на сајтовите на традиционални медиуми бидејќи не знам како така преку ноќ пресудиле дека останатите интернет сајтови не се медиуми? Особено, како ладнокрво ги исклучиле информативните и забавни портали.
И за крај еве го мотивот на целиов текст, свиткан у двата последни пасоси од нивниот текст:
Ги објавуваме податоците од светската агенција alexa.com. Во неа се наведени бројки и факти. За жал, ќе се види дека многумина лажно ја претставувале својата величина на пазарот. Бројките се тие што се, мерени од светски, стручни и независни агенции.
Весниците како Време и Шпиц на графиконот на успех се на дното, или што би рекол нашиот систем-администратор, Време и Шпиц на графиконот се тиња! Најпосле, кој колку работел, толку и добил.
Comments Off on 138 #ПрегледВоПеток – Amazon Sidewalk, Apple email, EmbedForms…#ПрегледВоПеток
Интересни работи се случуваа изминатава недела.. Ајде заедно да видиме што точно во денешниот #ПрегледВоПеток 🙂
Amazon Sidewalk паметни соседства
Amazon работи на паметни домови уште откако Alexa излезе, но сега нивната идеја прерасна во нешто поголемо – паметни соседства. Најавени уште во 2019та, проектот т.н. Amazon Sidewalk користи бежични Bluetooth и радио сигнали за пренесување на податоци помеѓу компатибилни уреди на далечини на кои Wi-Fi не може да достигне.
Интересно е што Amazon Sidewalk не бара никаков нов хардвер, барем не за поврзување на уреди. Наместо тоа, Echo спикерите и Ring уредите добија бесплатен софтверски апдејт. На скала од 1 до 10 за интересно, му давам 6/10.
Apple email vs. newsletters
Apple најави доста работи на Светската конференција за девелопери (Worldwide Developer Conference) но една од нив може да претставува закана за новинарството кое растура на мејл. Во понеделникот, Apple најави Mail Privacy Protection што ќе го лимитира бројот на податоци што луѓето кои ти праќаат мејлови ќе можат да ги соберат за тебе.
In the Mail app, Mail Privacy Protection stops senders from using invisible pixels to collect information about the user. The new feature helps users prevent senders from knowing when they open an email, and masks their IP address so it can’t be linked to other online activity or used to determine their location.
Дечките од EmbedSocial направија сервис за градење на фидбек форма која значително го подобрува собирањето на податоци преку онлајн формите.
Сега ние маркетерите, сопствениците на мали бизниси и истражувачите ќе можеме да:
креираме фидбек форми без лимит,
собираме различни видови на податоци,
добиеме нотификација на мејл секој пат кога некој ќе ја пополни формата,
ги следиме одговорите на начин кој е прегледен, и
да ги ескпортираме податоците во Excel, Google Sheets или CSV формат за понатамошна анализа.
Браво! Како маркетер мене ова ептен ми се допаѓа и едвај чекам да го пробам. 9/10 на скалата за интересно.
Прва IGTV серија кај нас – Нека остане меѓу нас
Не можам да бидам објективна за ова ама морам да ви го пренесам (упс 🤫). Вчера во 20ч на IGTV каналот на Вива (да, Вива соковите) се појави првата епизода од серијата насловена “Нека остане меѓу нас”. Она што може да се види до сега е дека станува збор за дејствие помеѓу три тинејџери, кои се главни ликови, и нивниот свет кој вклучува тајни и драма. Започнува со летниот распуст и славење на роденден, со мал твист.
Мислам дека има потенцијал да биде не само првата IGTV серија кај нас туку и првиот успешен обид на бренд да се доближи до младите тинејџери кои многу тешко се придобиваат. Реков, не можам да бидам објективна – 10/10 на скалата за интересно.
Корисниците под 16 год. нема да може да добиваат коментари од профили кои не ги следат, нивните видеа нема да можат да се користат во дуети ниту пак да се преземаат. Нивните профили ќе бидат приватни и видеата ќе можат да им ги гледаат само пријателите.
На видеата на 16 и 17 годишните корисници дуети ќе можат да прават само нивните пријатели. Нивните видеа исто така нема да можат да се преземаат од платформата.
“The groundbreaking changes announced today mark the next step in our mission to ensure TikTok is a safe platform for all our users.
Alexandra Evans, TikTok’s European head of child safety
TikTok го помина Facebook во време поминато на платформата по корисник
Parler се врати со поддршка од руска компанија за технологија
Откако платформата Parler ја снема од интернетот поради нејзината улога во бунтот против Capitol Hill, тие делумно се враќаат во живот неделава со поддршка од руска компанија за технологија.
Во понеделникот веб страната беше повторно достапна но со порака од John Matze (Parler CEO) дека работат на враќање на функционалноста на платформата. IP адресата што ја користат во моментов е во сопственост на DDos-Guard, компанија на двајца руси кои нудат сервиси за заштита од дистрибуиран напад на негирање на услуга.
Ако веб страната се врати во комплетна функционалност, корисниците на Parler ќе можат повторно да ја користат платформата во својот интернет пребарувач додека пак апликацијата е сè уште банирана на App Store и Play Store.
Идеална структура на Google Ads кампања
Сите кои работите со Google Ads знаете дека старите SKAG-SILOS структури на кампањи не можат да се споредат со стратегиите на Smart Bidding кои бараат промена во структурата.
Во последните неколку години се случи една мала револуција во структурирањето на кампањите бидејќи Google во целост го промени начинот на кој клучните зборови работат и воведе свои ML (machine learning) и AI (artificial intelligence) опции за распределба на буџетот.
Царевите на маркетингот, Burger King, се враќаат во новата година со уште една супер кул кампања. Тие воведоа нова опција на нивната апликација што ти дозволува да закажеш испорака. Ништо иновативно, нели?
Иновативен е начинот на кој тоа го измаркетираа. Генијално. Направија видео насловено “Whopper To The Future” и го позиционираа како “time travel”. Клик на линкчето.
Facebook Pages што имаат голем број следбеници и најчесто повеќе лајкови на објави отколку обичниот корисник би пропуштиле екстра интеракции и досег. Неколку инфлуенсери од Канада се пожалија дека имаат намален досег откако тестот за криење лајкови почна на Инстаграм. Ќе видиме како ќе се одрази на пејџовите.
Instagram стави рестрикции на реклами за диети и козметички операции
По консултација со неколкумина експерти за ментално здравје, Instagram изјави дека ќе имплементира нови рестрикции на објави што промовираат диети и козметички операции. Покрај рестрикциите, објавите што промовираат диети и производи за слабеење со “чудесни” ефекти ќе бидат отстранети од платформата.
Промените може да бидат “катастрофални” за лајфстајл гуруата и инфлуенсери кои објавуваат за најразлични напитоци и суплементи за слабеење и што ти не. Сепак, позитивните работи ги надминуваат негативните. Ова е добар потег за Instagram, останува само да се надеваме дека и другите платформи ќе го направат истото во иднина.
Samuel L. Jackson ќе го позајми гласот за Amazon Alexa
Amazon вети дека ќе ја земе слободата на изразување на Jackson, а корисниците ќе имаат опција да го овозможат или оневозможат вулгарниот јазик. Оваа опција беше само една од бројните промени кај Alexa што беа најавени на компаниската изложба во средата.
Uber најави многу (позитивни) промени кај своите производи
Uber ги спојува апликациите за превоз и достава на храна, додава нови опции за безбедност, ја зголемува свеста за користење велосипеди, електрични скутери и јавен превоз и се вклучува во “виртуелни ресторани”, заедно со уште еден куп други најави.
Припадници на Gen Z во Србија откриваат што за нив е добра работа
Нашите пријатели од Netokracija седнаа со неколкумина припадници на Generation Z. Збореа за тоа што за нив значи работа од соништата и колку би ризикувале да дојдат до неа. Интересна статија која топло ви ја препорачувам да ја прочитате. Времето на Gen Z допрва доаѓа!
Тазе тура одлични четива за убав почеток на денот. Ова е можеби првиот утрински преглед во петок. Барем за мене.
Ми се спиее, ама преглед во петок мора да има во петок!
Колку е безбеден Facebook Kids Messenger?
Апликацијата за четување на Facebook, Kids Messenger, се соочи со безбедносен проблем. Од The Verge дознаваме дека биле испратени пораки на родителите на корисниците во кои Facebook ги информира за “техничка грешка”. Оваа грешка им дозволувала на пријателите на корисниците (децата) да креираат групни четови со други пријатели кои наводно биле одобрени од родителите, а всушност не биле.
Овој проблем се јави како резултат на тоа како всушност функционираат “дозволите” во групни четови, односно дека групните четови ја занемаруваат потребната дозвола од родителите за нивните деца да можат да четуваат со контактите во групата. Со оглед на тоа дека групните четови се дел од Facebook веќе подолго време, тешко е за верување дека инженерите ја приметиле оваа грешка.
Почнаа измамите со Libra
The Washington Post откри десетици акаунти, пејџови и групи на Facebook и Instagram кои ги мамеле корисниците дека се официјални застапници на Libra. Со оглед на колку измами имаше со cryptocurrency во последниве години, не е ни чудно што ова се случува. Но изненадувачки е фактот што се чини дека Facebook не бил подготвен за ова сценарио.
Голем дел од лажните пејџови го користеле логото на Facebook, рекламни материјали превземени од Libra и слики од Марки. Ова не е прв пат Facebook да се соочи со ваков проблем, но сега има многу повеќе да изгуби.
Како максимално да ги искористиш Google Analytics и Facebook Attribution
Пред една недела Econsultancy објави препорака за како максимално да ги искористиш Google Analytics и Facebook Attribution. На кратко, препораката е следна. Почни со GA и собери ги сите податоци со помош на Data Driven Attribution (DDA) за да знаеш како и каде да ги оптимизираш рекламите. Ако го мериш влијанието на кампањата на повеќе уреди (декстоп, мобилен, таблет), користи ги и двете, но дај му приоритет на Facebook бидејќи корисниците се логирани на платформата на сите нивни уреди.
Ако правиш анализа на повеќе платформи, GA и FA нудат различни решенија. GA не може да мери импресии од Facebook. Од друга страна Facebook има многу повеќе партнери кои му дозволуваат да ги вклучи во анализата. Ако сакаш да тестираш реклама, тоа го можеш и кај едните и кај другите со помош на “Lift test”. Какво е твоето искуство на темава?
Користење на AI за поврзување со други луѓе во вистинскиот живот
Покрај тоа што ги користиме социјалните мрежи за да се поврземе со луѓе од целиот свет, неколку истражувања велат дека тоа понекогаш не прави да се чувствуваме осамено. Alistair Campbell, Executive Creative Director во We Are Social, го сподели најновиот иновативен проект на компанијата кој има за цел да ги поврзе врските кои ги имаме во вистинскиот живот со светот на гласовно пребарување.
Дечките изградиле вештина за Alexa што препознава најчесто поставувани прашања, како препораки за ресторани и филмови во кино, активности во кои уживаме со други луѓе. Потоа и дале пристап на Alexa до контактите на корисникот со цел да прави резервации во кои ќе вклучи и пријател или член од семејството. Ако дадеш позитивен одговор, Alexa ќе ви ѕвони на тебе и на пријателот/роднината за да разговарате на темата и нели, да се видите во живо.
Како бојата влијае врз корисничкото искуство
Бојата има голема влијание врз корисникот и како тој се чувствува кога ќе го види дизајнот, како го користи, и дали може да го разбере. Корисничкото искуство почнува со типот на корисникот за кој твојот сајт е направен. Полот или областа во која корисникот живее може да влијае врз нивната перцепција на боите во твојот дизајн.
Истражувата покажуваат дека жените сакаат сајтови со посветол дизајн и бледи палети на бои. Додека пак мажите сакаат сајтови со потемен дизајн и позаситени бои. Исто важно е да се спомне и дека боите ги асоцираме со емоции. Кога корисникот ќе виде одреден боја или комбинација од бои, тоа веднаш предизвикува некаква реакција во мозокот.
Coca-Cola е препознатлива по црвената боја. Ако ја смениш, пример во зелена, многу е конфузно. Не го препознаваш производот веднаш и можеби не знаеш како да реагираш. Дури може и да ти има различен вкус, и покрај тоа што променета е само во бојата на сликата. Интересна работа, нели? 🙂
Green Coke
Топ пребарувања во Македонија – IT.mk
Според анализата на DataReportal, кај нас на YouTube најчесто се пребарува реалното шоу “Задруга”, а на второ место е најпопуларниот наш јутубер, GP. Според рангирањето на Alexa, најпосетувани македонски сајтови се Time.mk, Reklama5, Daily.mk, Femina.mk и Crnobelo.mk. Што се однесува до пребарувањата на Google, македонците најмногу внесуваат Facebook, Translate, Youtube, Google, Резултати. Во истражувањето е опфатена и присутноста на социјалните мрежи, како и детали за бројот на интернет корисници во Македонија.
Српски инфлуенсер изјави дека ќе си најде работа ако Instagram ги укине лајковите
Бројот на лајкови е многу важна работа за инфлуенсерите, а ако Instagram ги “укине” тоа ќе им нанесе голема штета. Jovan Čavić, „познат инфлуенсер од Белград” вели за NJuz.net ;), дека бројот на лајкови привлекува нови следбеници. Ако нема повеќе лајкови, тоа ќе стави крај на целиот вложен труд во неговите објави и самиот негов профил. “Ако Instagram навистина ги тргне лајковите, подготвен сум да превземам екстремни мерки, па ако треба и да си најдам работа“, вели младиот инфлуенсер.
Денес бев гостин на еден дел од предавањата во рамките на предметот Методологија на постдипломските студии на Њујорк Универзитетот. Споделив искуство и по некоја препорака за интенертот како алатка за истражување и интернетот како предмет на истражување.
Се изнапокажав доста линкови и им ветив на постдипломците дека ќе ги споделам тука. Си помислив, може ќе му се најдат и на некој друг :). Па со таа цел еве линкооооови:
Алатки за прибирање на информации:
SurveyMonkey – алатка за креирање на прашалници за истражувања или анкети eSurveysPro – иста таква аатка, со доста доби опции, неа ја користам веќе некое време Versionista – не сум ја прбал, алатка за следење на промените на веб страници Js-Kit – повеќе алатки за комуникација со посетители, дава код за вградување на сопствен сајт Askpeople – едноствни истражувања и комуникација со посетители, сопствена инсталација Twtpoll – не може без twitter :), едноставна алтка за анкети дистрибуирани преку twitter
Алатки за презентација на резултати:
Flare – (навидум) импресивна десктоп алатка за визуелизација и анимација на резултати, базирана на флеш, не сум ја расчепкал, тазе ми е откриена ManyEyes – Развиена од IBM нуди голам број на можности за претставување на внесени бази на податоци Wordle – неодминлив е 🙂 одличен графички приказ на семантички облаци, има финта како да се експортира и векторски 😉
Алатки за статистика по метод на (не)репрезентативен примерок
Ако заборавив нешто, потсетете ме (ова за тие што беа таму) за другите, ако има да се додаде некоја корисна алатка слободно пишете ја во коментар. Знам дека има еден куп, па би претпочитал некоја лична препорака. Фала 🙂
Comments Off on 19 минути – бесплатен дневен весник во БугаријаMedia
Од почетокот на овој месец и бугарите, т.е. жителите на нивниот главен град Софија си го добија својот прв бесплатен дневен весник: 19 Минути (деветнадесет минути).
Веројатно досега секој од нас налетал на барем еден текст на интернет или некој податок кој докажува дека англискиот јаэик и не е така доминантен на интернет, особено не колку што на прв поглед иэгледа.
Wikipedia е само еден докаэ эа тоа. Денес јас налетав на еден фин текст кој ги претставува локалните успеси на глобалните web 2.0 сервиси: Orkut, Friendster Get Second Chance Overseas – Mediashift.
Дали энаеше дека Okurt (сервис эа социално вмрежување во сопственост на Google) има повеќе од 58% корисници од Браэил. Потоа, Photolog (американски сервис налик на Flickr) исто така е преполн со Браэилци (90%). Friendster е екстремно популарен на Филипините и воопшто во цела Аэија. Hi5 е популарен во Латинска и Централна Америка а богами и кај нас :).
Е, эа да се надоврэам на оваа регионална дистрибуција на светскиве сервиси и да ја доведам до нашиов регион, ќе се послужам со статистиките од Alexa.com. Беэ некое посебно аналиэирање еве ги листите на Top5 сајтовите кои се најпосетувани од Македонија и од эемјите во регионов. Заклучоци носете сами, а поеќе детали эа претходните примери барајте тука: Orkut, Friendster Get Second Chance Overseas – Mediashift
Заборавив на Alexa, искрено не очекував да ги има таму, бидејќи еднаш се обидував да најдам некоја статистика таму и ми рече дека нема за тој сајт, но сепак за веснициве има, веројатно бидејќи имаат многу повеќе посети од сајтот за кој јас сакав да проверам 🙂
Како и да е Alexa нуди, какви такви, податоци за рангот и бројот на посети на сајтовите. Јас се обидов да направам една споредба. Се однесува за период од еден месец и предвид ги зема Дневник, Вест, Време, Шпиц и СекојДен.