Searched For Andrew Keen

Supernova Interview with Andrew Keen

Мојот омилен негативец, прави дополнување на своите контра, да не речам реални тези. Секако тој прави да звучат радикално спротивни зошто е таков како лик, негативец. Но во суштина некои од работите веќе се истакнати од ред други аналитичари и теоретичаи на новите медиуми.

Еве 10 минутно видео за мало освежување на контра ставовите.

Секако, не го пропуштајте видео серијалот на SupernovaHub има таму уште добри интервјуа.

Andrew Keen: lets discuss about
the impact of Web 2.0

Обожавам негативци. Сум пишувал и порано, едноставно држат противтежа эа констрктивна дискусија. Еден таков контраш е и Andrew Keen. Еве дел од неговиот пост: Blogs are boring

I learned that blogs are boring. I learned that we need to get beyond arguing about blogs versus the New York Times. My book is about the future of music, movies, books, privacy, identity, morality, information, knowledge and politics in the digital age. But all anyone wants to discuss, it seems, is the well trodden terrain of bloggers versus traditional news reporters.

What I really want to discuss is the impact of Web 2.0 on truth, education, memory and power. I want debate the increasingly Orwellian role of Google in our information economy. I want to talk about the way in which the Internet has unleashed a plague of pornography, gambling and intellectual dishonesty on our youth.

За жал, на овие дискусии им претходат еден куп други, па токму эатоа вакви дискусии не може да се очекуваат секогаш и секаде.

Партиципативноста и популарната култура

Во период од само неколку недели две популарни тв-серии на HBO (Home Box Office) беа дел од светските вести и предизвикаа бројни и бурни реакции:

-Руските медиуми остро реагираа на мини тв-серијата на НВО за Чернобилската хаварија, Chernobyl, 2019. Според нив, „серијата лажно прикажува наводна неспособност на Советскиот сојуз со цел да ја оцрнат Русија како нуклеарна сила“. Како одговор, руската телевизија NTV подготвува сценарио за своја верзија на Чернобилските настани, која ќе се базира на приказната дека зад хаваријата стојат агенти на ЦИА.

-По прикажувањето на последната сезона на „Игра на тронови“ (Game of Thrones), дел од фановите на оваа серија организираа петиција за „повторно снимање на последната сезона според ново сценарио и со нови сценаристи“. Петицијата засега има 1.6 милиони потписи, кои ја потврдуваат разочараноста на голем број фанови од крајот на серијата.


Овие два настани  покажуваат колку публиката денес различно ја доживува популарната култура. Контроверзни дела имало од памтивек, тоа не е новина, а контроверзноста најчесто и била една од главните причини за популарноста на различни дела низ историјата на книжевноста, телевизијата и филмот. Она што е ново е идејата дека ликовите и филмовите, сериите, и др. сега им припаѓаат на самите гледачи, односно опстојува нова идеја дека публиката има право не само да каже свој став, туку и да одреди каква треба да биде приказната и ликовите.

Се работи за драстична промена за тоа како денес публиката ги конзумира содржините од медиумите, но и промена во тоа какво место во колективната меморија добиваат содржините од популарната култура. Помалку сето ова наликува како во театар публиката да ја прекине претставата и да почне да дава инструкции на актерите како да ја играат претставата. Линијата на разграничување помеѓу улогите на авторот, делото и публиката, сега се чини дека е поништена.

Овој феномен на „активизам на публиката“ има и свој кус историјат. Еден од првите случаи публиката да не се согласува со крајот на некое филмско или тв-дело е реакцијата на фановите на крајот на тв-комедијата „Seinfeld“ во 1999 год. Критичарите и публиката беа силно поделени околу тоа како оваа серија заврши, посочувајќи ја контроверзноста на крајот, во кој според нив биле „навредени лојалните фанови на серијата со тоа што ликовите од Seinfeld потценувачки и потсмевачки се понеле кон својата публика“.

Слични негативни реакции следуваа по прикажувањето на втората трилогија на „Star Wars“ во 2005 година, кога беа иницирани петиции и различни негодувања за тоа како е продолжен овој филмски класик. Во 2010 година следуваше бурна реакција на гледачите по крајот на серијата „Изгубени“ (Lost). Овој пат разочараните фанови беа уште поорганизирани на интернет и својот бес го канализираа на сите можни места, од коментари на сајтови, преку блогови, до социјалните мрежи. Во случајот на Lost треба да се напомене дека авторите на серијата во претходните сезони, со цел да го зголемат интересот и вклученоста на публиката, ги охрабруваа нивните коментари и идеи за тоа како мислат дека треба да се развива и да заврши приказната на главните ликови. На крај, овој нов вид на партиципативност, т.е. учество на публиката, се покажа како клучна причина за крајно лошиот прием на крајот на серијата, но и за тоа како таа серија ќе биде запомнета.

Слично разочарување доживува и „Игра на тронови“, која од најдобро рангирана серија на сите времиња на неколку специјализирани сајтови (IMDB, Rotten Tоmatoes, и др.), по последната сезона почна бргу да паѓа во своите рејтинзи, а гневните фанови кампањски да гласаат и да коментираат против неа.

Овие реакции не се воопшто наивни, бидејќи влијаат не само на рејтинзите, туку и на гледаноста, а со тоа и на профитабилноста на целиот проект. Рон Хауард, режисерот на едно од продолженијата на „Војна на ѕвездите“ тврди дека ваквите кампањи и негативни реакции нанеле сериозни загуби во гледаност и во профит на „The Last Jedi“ .

Охрабрувањето на вклученоста, по одреден степен, почнува да го јаде самото дело, односно авторите се ставени во позиција да не можат не само да ги задоволат сите вкусови, туку и да го зачуваат интегритетот на своето дело. Значителен дел од публиката смета дека има право „да ги поседува ликовите и нивните дела и дека треба тие да одлучуваат за нивната судбина“. Публиката бара контрола врз своите омилени телевизиски и филмски ликови, како што има контрола врз ликовите од видео игрите и другите интерактивни форми.

Интернетот им овозможи на фановите не само да ги артикулираат своите ставови, туку и да го засилат влијанието врз тоа што и како се креира до степен што авторите се чувствуваат сè понемоќни да го контролираат својот творечки процес без да чувствуваат огромен притисок од можните негативни реакции. Нивните ликови и приказни како повеќе да не се нивни, со што е изместена рамнотежата помеѓу авторот и неговата публика. Засилената партиципација, овозможена од Интернетот и социјалните мрежи, прераснува во дестабилизација на творењето.

Фридрих Енгелс во незавршеното дело „Дијалектика на природата“ пишува за феноменот „преминување на квантитет во квалитет“ (Friedrich Engels, 1883, Dialektik der Natur). Се работи за степен на прогресија во која со квантификација, односно умножување, на одреден феномен или процес, при достигнување на одредена точка, постојниот квалитет целосно преминува во сосема поинаков квалитет. Вака настанатата промена целосно ја менува природата на процесот. „Одеднаш и без предупредување наместо повеќе од истото добиваме нешто сосема друго“. На пример, ако додавате премногу кафе во водата во одреден степен квалитетот на пијалокот кој го подготвувате ќе премине во нешто сосема поразлично од обично кафе за пиење.

И информациите се подложни на ова правило. Квантификацијата на информациите веќе преминува во степен кој го менува квалитетот на процесот на размена и користење на информациите. Мислењето на публиката го надминува степенот на позитивен фидбек и прераснува во лавина која го затрупува самото дело.

Andrew Keen во својата книга „The Cult of the Amateur“ (2007) предупредува на тоа дека „новиот интернет може да го уништи професионализмот во многу сфери“. За жал се чини дека неговите предупредувања се остваруваат и дека „станува невозможно да се создаваат квалитетни дела помеѓу толкаво количество на содржини и информации од корисниците“.

Интернетот и СМ овозможија не само нови начини за учество (партиципација), туку и предизвикаа грчевита борба за тоа кој ги контролира приказните (наративите). Во таа борба, откако беше вклучена публика и корисниците, се вклучија и центрите на политичка моќ (како во случајот со серијата Чернобил), кои се прилично засегнати од тоа какви приказни ќе доминираат со нашата реалност. Во таа борба кој одредува кои се нашите приказни во кои веруваме, се фрагментира не само јавноста и публиката, туку и самите приказни и содржини, кои полека ја губат својата моќ да ги поврзуваат луѓето околу заеднички нешта. Овој процес на ерозија на нештата кои нè поврзуваат треба сите да нè загрижи.

Социјалните мрежи и Интернетот станаа машина за фрагментација на јавноста во микрогрупи кои се во постојан конфликт со различните од себе, и кои бараат излез од својата немоќ. Светот е толку изменет што старите правила повеќе не функционираат, потребни се нови правила кои ќе овозможат макар пристојна рамнотежа на вредностите кои се важни за сите нас.

Сподели кино, според мене :)

На покана на оригиналните организатори, оваа недела јас ќе бидам уредник. На дневен ред ќе биде една презентација на Andrew Keen во просториите на Google во рамките на акцијата Authors@Google и уште некои кратки клипчиња по моментна мотивација.

Имајте предвид дека ова Сподели кино не е нестандардно само заради мене туку и терминот е сосем нов. Значи СРЕДА, не вторник, 18:00, не 20:00 часот, е местото е исто Точка.

Официјалната најава е тука: Сподели кино 2.06 според Дарко156, 28.11.07 (среда!) во 18ч !!! [Точка]

И би замолил за посилна промоција заради овој нестандарден термин – Кајмакот: Сподели кино во нестандарден термин (уште некој глас фали за да излезе на насловна 🙂

Се гледаме!!!

Web 2.0 – It’s worse than you think

Пребарувајќи текстови за web 2.0 денес наидов на еден постар, критички настроен, одличен текст во TheWeeklyStandard.com објавен во февруари минатата година (02/15/2006) од Andrew Keen. Јас прв пат го сретнувам овој автор па затоа прво ќе ставам што пишува за него под текстот.

Andrew Keen is a veteran Silicon Valley entrepreneur and digital media critic. He blogs at TheGreatSeduction.com and has recently launched aftertv.com, a podcast chat show about media, culture, and technology.

Текстот е едноставно насловен Web 2.0 но внатре има одлични критички ставови за развојот на интернетот и за фазата во која се наоѓа сега, односно Web 2.0 фазата. Како мал предизвик еве неколку пасоси:

Another word for narcissism is “personalization.” Web 2.0 technology personalizes culture so that it reflects ourselves rather than the world around us. Blogs personalize media content so that all we read are our own thoughts. Online stores personalize our preferences, thus feeding back to us our own taste. Google personalizes searches so that all we see are advertisements for products and services we already use.

…Bono would never have become Bono without the music industry’s super-heavyweight marketing muscle. And W.G. Sebald, the most obscure of this trinity of talent, would have remained an unknown university professor had a high-end publishing house not had the good taste to discover and distribute his work. Elite artists and an elite media industry are symbiotic. If you democratize media, then you end up democratizing talent. The unintended consequence of all this democratization, to misquote Web 2.0 apologist Thomas Friedman, is cultural “flattening.” No more Hitchcocks, Bonos, or Sebalds. Just the flat noise of opinion–Socrates’s nightmare. …Web 2.0

Со најголем дел од неговите ставови не се сложувам, но сепак многу е корисно кога човек може да прочита еден квалитетн став кој е спротивен на неговиот, едноставно многу помага во понатамошното перцепирање на работите и во разбиструвањето на некои нови теми.

Веднаш по читањето на текстот отидов на неговиот блог и го прочитав неговиот последен пост со кој се уверив дека и после едена година не омекнал со своите ставови.

It would be hilarious if it wasn’t so scary. How long before a kid takes a photo of one parent doing something naughty outside matrimony and publishing it on their website? How long before some Web 2.0 entrepreneur really does develop Hollaback-Kids?

Remember that in Nineteen Eighty-Four it’s the kids who scared Winston Smith much more than the adults. And remember that in Stalin’s Russia and Hitler’s Germany, it was the kids who really did inform on their parents.

So next time little Alfred points his cell phone at you, don’t smile too widely. And make sure your fly in zipped up and your blouse properly buttoned. …The Great Seduction

Ретро-комуникациии

Со цел да измолкнеме некоја носталгична солза, или барем воздишка, во наредниве неколку пасуси осврт на тоа како се појави блогот Комуникации и како тој се развиваше „низ времето“.

Првиот пост на комуникации (Сефте) беше објавен на 17 март 2005, со 5 коментари и многу блогерски дебитантски ентузијазам. Денес со Дарко ги разглобувавме деталите околу зачетоците, кои нужно водат кон ликот на нашата драга професорка Дона Колар-Панов. Консензуално, како посветеноста кон евроатлантските интеграции, се согласивме нејзината улога во почетокот на овој блог да ја подведеме под најпрецизниот можен термин а тоа е „бабица“. Без неа секако целиот проект на овој блог ќе беше неможен.

Првичната идеја беше блогот да им даде простор (кибер) и глас (онлајн) на студентите пост-дипломци по комуникации (генерација 2003-2005), за да нешто подоцна тој се развие во кајак-двоец, во кој секогаш се наоѓаше место за гости, пријатели и колеги.

Една од првите теми кои ја чепнавме секако беа односите со јавност, кои и тогаш, а и сега, остануваат актуелна и интересна тема (PR – луѓе за однос). За разлика од една од посочените веб-страници од блокот постови на оваа тема, блогот Комуникации продолжи да се развива, и да ја проширува листата на теми (информатичко општество, иднината на новинарстовото, и.т.н.) кон кои се осврнуваше на секојдневен, но сепак научно сензибилен јазик.

Првиот пост на мојата минорност беше, замислете, на тема реални-шоуа (Реално шоу, реални последици), кои во тоа време и не беа толку актуелни на наш домашен терен. Беше тоа допрва терен на кој требаше да настапат и да заиграат првите ѕвезди од @Tоа сум јас“ реалното шоу и следствената канонада од вакви програми. Набргу по тоа Дарко го детектираше, за тоа време футуристичкиот, процес на постапниот пад на печатените весници.

Од оваа перспектива, да не испадне дека сме биле многу авангардни, може да се каже дека многу од оние, т.н. денешни топ-теми, се гледа дека не се појавуваат случајно, и имаат навистина своја богата пред-историја која не учи дека тие не се ниту малку едноставни во својата суштина.

Коментиравме актуелни медиумски настани, ги следевме состојбите на планот на комуникациите и медиумите, и се обидувавме да им понудиме на оние кои некако ќе достасаат на нашиот блог, посебно читателско искуство, кое ќе ги мотивира да дебатираат, постават мислење, споделат искуство.

Уште таа 2005 постоеше одреден синхроницитет (на тема, „одредени теми“) помеѓу нас помладите комуниколози и искусните новинари (Чуму повторно со „наша тема“) која 5 години подоцна не доведе на гостински терен кај тв-новинарите (видео Facebook, Facebook 2). Останува да наканиме некој од почитуваните новнари да напишат пост за Комуникации, тоа ни останува како цел за наредниов период 🙂

Некаде во тој период за прв пат бевме спомнати во еден од нашите дневни весници (Време), а набргу се обидовме да ги збогатиме содржините со неколку аналитички трудови на наши колеги, со цел да ја збогатиме и поразноличиме дебатата на комуниколошките теми.

И повторно, во таа 2005 се концентриравме на теми кои сеприлично актуелни денес, а тогаш некако беа на маргините на јавната комуникација (Анкети) и допрваа добиваа на значење, барем во оаа денешна смисла.

За темите на родовите односи и медиумите, секогаш се наоѓало место на овој блог (Машки интернет – женски интернет), така секако и ќе остане.

Така некако се зародија и разработија работите околу овој блог, понатаму следуваа следните помаркантни теми, дискусии, дебати и „расправии“:

Google Vs Microsoft
Blogging-револуцијата во медиумите
CitJ, Онлајн новинарство…
Македонски RSS
-SMS измама (и тоа 2005, ехееј! 🙂
-Студена кибер-војна
-Реклами
Мултимедија во медиумите

Педантно ја из-регистриравме Обама револуцијата во поитичката комуникација (Кампањата за 2008 започна на „You Tube“), ја истакнувавме довербата во медиумите како клучна категорија (Што е тоа доверба во медиум?), како и присуството на медиумите на интернет (Присуство на магазините на интернет ).

Не ги заборававме мејн-стрим темите (Македонците на телевизија најмногу гледаат вести), иако политика имаше доволно на другите медиуми и интернет, сепак и на политичките комуникации им одделувавме значајно место, иако со многу попребирлив приод кон самите теми и начин на нивно обработување.

Бевме активни и гласни сведоци на некои прилично важни процеси (Окрупнување на медиумите). Колку што се можеше се обидувавме да ги популаризираме (8 причини да блогираш ) и анализираме новите медиуми (What is ‘New Media’?) и блоговите.

Го „чепкавме“ Фејсбук уште кога „пиштол“ беше (Политизација на „My Space“ и „Facebook“?), а не ги запоставувавме ни другите форми на новите медиуми како што е мобилната телефонија (Змија, цивка, бипка, или ви llamadas pérdidas… ).

Загатнувавме и други важни теми кои чувствувавме дека традиционалните медиуми не ги покриваат доволно и достатно (Плагијаризам 2.0).

Се осврнувавме и на „фаци“, по нас важни за овие дискусии, и секогаш со задоволство ги пренесувавме и приопштувавме во нашава средина (Andrew Keen: lets discuss about
the impact of Web 2.0
).

Не ни промакна ни Твитер, таман работа (Twitter breaking news: Паднал авион во Денвер).

Прилично често се осврнувавме на теми кои ги сметавме за критични, а една од нив секако е „љубоморното“ оцрнување на интернетот од страна на традиционалните медиуми (Киберфобија), како и ред културолошки теми блиски до медиумите (Глобални сељаци, Тинтернет).

Се обидувавме да бидеме критичари (Топ 5 причини како медиумите ја влошуваат општата живеачка, Од Билјанини извори), но не и мрчаторски критизери, колку успеавме останува сами да процените. Спорадично се навраќавме на политичката комуникација (Локалните кандидатите за градоначалници и употребата на Интернет комуникацијата, За слободата на медимите и новинарството во Македонија), но далеку од импресионирани од неа повеќе гледавме кон иднината на медиумите и комуникацијата (Twitter на едноставен македонски) и се обидувавме да внесеме фер-баланс во третирањето на интернетот, и промоција на „добриот интернет“ (Позитивен пристап кон Интернет. Свежи локални примери, Facebook бонтон).

И така сумарно земено, долг пат изодевме, но се уште чувстуваме дека имаме толку многу да кажеме. Се додека чувстуваме дека некој не слуша (читај, чита), ќе продолжиме со ентузијазам да твориме и споделуваме на овој блог.

Големо благодариме до сите оние кои барем еднаш не посетиле, оставиле коментар, линкувале, критикувале и потрошиле дел од своето време со нас и нашите писанија.

Срдечно,
Комуникации.

Blogroll (the ultimate)

{tab=.EDU}

{tab=.ORG}

{tab=.BLOG}

{tab=.MK.BLOG}

{tab=.уште линкови на Delicious}

{/tabs}