Gary е еден од оние кои можам да ги слушам по 100 пати секој ден, како ми го раскажуваат истото и пак да го премотам назад уште еднаш и уште еднаш и уште еднаш. И видеово подолу во постов го преслушав 4 и пол пати од вчера до денес и негде на пола од петтиот пат решив дека мора да го ставам во пост. Има толку силни поенти, онакви кои ќе ги слушнеш ќе си помислиш „е добро де го знаев ова, ништо ново не кажа“ а после ти се врти во глава непрестајно секоја реченица која ја потенцира во неговото излагање. Gary е еден од оние кои има моќ да ти каже колку е глупаво и безвредно тоа што го работиш и тоа да те испирира да направиш нешто многу помоќно, наместо да те навреди! Толку трезвено анализира што точно се случува на пазарот и колку во пракса не се спроведува теоријата и обратно!
Во видеото потенцира колку е важна приказната на брендот, на кампањата и на секоја микро активност. И ќе извлечам само пар поенти кои треба да ги имате во глава и кои јас треба да ги имам во глава, а останатото ќе ве оставам да го преслушате.
Што и да работите во животот, секогаш вашата главна работа е да ја раскажете вашата приказна! Ние сме луѓе и треба да се однесуваме на човечки начин, а приказната е онаа кое го буди човечкото во нас.
Времето ни е најважниот фактор и сакаме другите луѓе да го почитуваат како што и ние треба да го почитуваме нивното, затоа добрата приказна која не го окупира и троши залудно туѓото време е најважна!
Денес, скоро сите луѓе, бизниси, организации ја раскажуваат својата приказна како што требало да ја раскажуваат во 2007 а не во 2014 година. Последните 70 години живеевме во време на филмови и документарци чии приказните не тераа да размислуваме длабоко, а денес живееме во време на ударни и вонредни вести, па треба и нашата приказна да ја адаптираме на новото време.
Квалитетното раскажување на приказна секогаш победува.
Кога се ова ќе го ставите во рамките на нашава професија, посветете особено внимание на она што се зборува по 8мата минута во видеото! И да, сите компании и агенции го знаат тоа, но колку се применува?
А мене ова ми е најомилениот дел од целото видео: „Marketers ruined everything!!! As something new comes out, we are trying to figure it out and we ruin the old one!“
Coca-Cola стави сè на пауза поради недостаток на ROI
Пак вест поврзана за Коронавирусот, ама за Coca-Cola е… Кога дојде време Coca-Cola да паузира секакво маркетинг присуство поради исклучително намалена потрошувачка на нивните производи, тогаш знаете дека sh*t just got real (pardon my french).
CEO на The Coca-Cola Company James Quincey, најави дека корона кризата не го поштеди ниту најголемиот бренд во FMCG секторот. Но, додека другите производители во оваа индустрија го зголемуваат присуството на пазарот, Coca-Cola го прави спротивното.
Сепак, за разлика од падот на продажбата на пијалокот во традиционалната продажна мрежа (ресторани, барови, кино сали…), Coca-Cola забележува речиси дупло поголем раст во e-commerce трговијата. Компанијата се води по стратегија поделена на 3 фази и верува дека ќе ја помине и оваа криза како и многу други предизвици во своето 128 годишно постоење.
“We’ve been through challenging times before as a company, and we believe we’re well-positioned to manage through and emerge stronger.”
CEO James Quincey
Каде е Coca-Cola магијата за љубов и сплотеност кога најмногу ти треба? :/
Како да (не) комуницирате со корисниците за време на Ковид
Facebook веќе објави “прирачник“ за тоа како брендовите да се поврзат со својата публика во време на коронавирусот…од 64 страници…
Instagram со помош за угостителските објекти преку стикер
Едни од најпогодените индустрии во корона кризата се секако угостителските објекти. Instagram во ова име воведува стикер кој можат да го користат рестораните и сервисите за храна. Преку него може да нарачате достава, да купите gift card и да ја споделите на свој личен профил за поголема видливост. Кај нас се уште не е достапен, но полека…има време…
Шампионски social distancing кампањи
Content marketing во време на корона не посто……
Да, има и такви умови кои целата оваа ситуација ја користат на најдобар можен начин – да се поврзат со својата публика на ниво на кое можат да бидат прифатени како едни од нив.
Одлични, иновативни и креативни кампањи за социјално дистанцирање кои со сигурност ќе ве инспирираат. И ако мислевте дека тоалетната хартија ја надмина својата популарност со предизвиците на TikTok, погледнете што направија Goodby, Silverstein & Partners.
И Google ќе кажува кој ги плаќа рекламите
По зголемувањето на транспарентноста во рамките на Facebook универзумот, на ред беше чекор да преземе и Google. Тие официјално потврдија дека праксата која до сега важеше само за политичките кампањи сега започнува да важи за сите. Имено, со новата промена, наскоро ќе можеме со клик на „Why this ad” делот кој го има на ќошот на секоја реклама прикажана преку системот на Google Ads да дознаеме кој и од која земја платил за рекламата.
Постоечките огласувачи ќе имаат 30 дена рок откако ќе ја добијат оваа нотификација да ги верификуваат своите сметки. Нормално верификувањето ќе оди во фази и ќе почне од Америка. Со други зборови, спремајте се, ова лето ќе треба да бидете потранспарентни.
Еве не на крајот на уште една работна недела во најкраткиот месец од годината. За денес содржината е кратка и слатка, и најмалку еднакво интересна како останатите прегледи. Кликајте…
Денешните теми
Брзо и ефикасно одговарање на Инстаграм пораки. Фејсбук најави дека ја тестира опцијата за примање и одговорање на пораки од Инстаграм преку инбоксот на твојот Фејсбук пејџ. Опцијата би требало да биде достапна во наредните неколку дена, веднаш под полето “Messenger”. Унифицираниот инбокс ќе биде достапен и на мобилен преку апликацијата Pages Manager.
Да се преживее и доживее Superweek. Superweek e 5-дневен настан за дигиталните аналитичари, кој се организира сeкоја година во Унгарија. Нашиот драг пријател и говорник на сцената на AllWeb, Robert Petković, го сподели неговото искуство и мислење за конференцијата во еден вид на извештај. “Biti pet dana s vrhunskim stručnjacima u svom poslu, koje možeš pitati bilo što i s kojima se možeš usporediti, neponovljivo je iskustvo.”, вели Petković.
A што со читливоста?Дали читливоста е битна за рангирање? Пишувањето на едноставен и разбирлив јазик носи повеќе посетители на твојот веб сајт. Никој не сака да се губи во тоа што го пишуваш, затоа обрни внимание на твоето “copy”. И не заборавај дека пребарувачите го имитираат човековото однесување. Помина времето кога колку повеќе клучни зборови значеа повисоко место на ранг листата на Google. Сега пребарувачите се способни да скенираат и разбираат текстови исто како и човекот.
Dieter Rams’ 10 Principles of Design. Секој дизајнер има слушнато за принципите за дизајн на легендарниот дизајнер Dieter Rams. Но никогаш не биле презентирани така добро визуелно како во документарецот Rams, на Gary Hustwit. Документарецот беше пуштен во неколку кина, а Hutswit скоро објави кратко видео онлајн. Фасцинантно, 4-минутно видео за тоа како Rams ја изразува и пренесува својата филозофија за дизајн преку креирање производи.
Ramon de Leon, човекот на Domino Pizza, пријатно ме изненади со својот и стил на презентација. Неговата приказна е одлична, уште поимпресивна е енергијата со која настапува и ја сподели приказната со присутните. Погледнете го видеото.
Прашање е дали констатацијава на Гери важи и за МК? Кој и со кое знаење во МК се грижи за т.н. social media engagement? И секако според тебе кој би требало да се грижи?
Само нешто повеќе од два дена траеше овој настан а навистина ми претставувуа предизвик да пишам сумарен пост со моите лични впечатоци. Предизвикот е голем заради опасноста да не се испушти нешто важно или да не се нападане нешто што не сум ни дораснат да го коментирам. Па некаде помеѓу овие два краја еве обид да си ги средам во еден (а може и повеќе) блог постови моите впечатоци.
Во првиов фокусот ќе биде на содржината на конференцијата.
Вториот ден на хартија изгледаше послабо од првиот. Барем според звучноста на поголем дел од имињата односно компаниите кои доаѓаат, но како што и секогаш бива, вториот ден имаше подобра содржина. Мала напомена, настанов имаше во секој момент најмалку 3 различни паралелни сцени на кои се одвиваа различни презентации и работилници. Во таква ситуација мојот поглед секако е ограничен од она што јас успеав и одлучив да го видам.
Првиот ден на главната сцена имаше позвучни имиња и компании, што пак значеше дека ќе има помалку новитети и возбудливи презентации. Всушност презентации имаше многу малку. Паметни и искусни се организаторите па поголем дел од програмата беа интервјуа односно прашања и одговори на сцена. Дефинитиовно формат кој ќе се обидам да го имплементиран на некој следен настан кој ќе го организираме. Ова секако, не значеше дека содржината на истите беше поинтересна, затоа што освен пропустот на претставникот на PayPal (му се испушти дека владата им наложила да ја затворат сметката на Wikileaks) други значајно нови инормации немаше. Овде не ги бројам бројот на симнувања на Angry Birds, бројот на корисници на FourSquere и сл.
Од првиот ден со задволство ќе го издвојам интервјуто на Michael Arrington (TechCrunch) со Marissa Mayer (Google). Michael се обидуваше да ја испровоцира, да нападне, да биде арогантен и зајадлив, но секако сето тоа не е доволно за професионалец од рангот на Marissa да падне. Па така и покрај интересните прашања се се` заврши со прилично стандардни ПР одговори па дури и промоција на новиот Nexux S и мапите на Google. За тоа како моја фотографија од Marissa Mayer се најде во германското издание на Financial Times ќе напишам посебен пост :). Е да, не смее да се изостави и одличната дебата на тема медиуми, која не можеше да ја заобиколи најжешката тема деновиве: WikiLeaks
Детален извештај случувањта на главната сцена во текот на првиот конференциски ден има во постот на Небојша. Тој даде жртва и во име на балканската дружина единствен блогираше двата дена во живо.
Вториот ден отоври дискусија од различен тип. Парите беа во фокус сега. Имаше инвеститори, ангели, претприемачи и слично. Денот го отвори Yossi Vardi со оваа извонредно интересна (забавна) презентација на тема Wisdom of Crowd. Понатаму имаше интересни дискусии на тема како да те купи Google или Microsoft, како да се спреми стартап за продажба, како се носи таква одлука и сл. За некаде после ручекот овие дискусии кои во фокус ги имаа стартап комапниите да заврши со доделување на награди на најдобрите стартап компании кои оваа година улествуаа во предизвикот. За оваа тема и за форматот на овој предизвик планирам да напипам посебен пост.
Ќе ја прескокнам работилницата на Facebook, затоа што дел од неа ја снимив и објавив како видео, а и башка предавањата таму беа доста базични и дечките не беа баш многу расположени да ги одговорат прашањата на мојот цимер.
Пред самиот крај на овој дводневен настан следуваше јаготката. Како и на добар концерт, секогаш хитовите се оставаат за крај за да си оди дома публика со позитивни импресии. Така беше и на овој LeWeb. Некаде пред самиот крај настапи Jeremiah Owyang. Крајно професионално, одмерено, тој претстави предвидувања за развојот на компаниите кога станува збор за употреба на социјалните медиуми. Се разбира ова предвидување се темелеше на добро истражување и негова анализа. Целата презентација еве ја подолу.
И за крај, ама скроз на крај, Gary Vaynerchuk. Имам гледано на нет настапи од човеков, и му го знам стилот. Ми се допаѓа, не дека не, ама се некако ми се чинеше дека има дел од настапот кој е глума, кој е само за на сцена, дека човекот кажува работи кои ги кажуваат и другите ама само изгледа малку поинаку. Сум се излажал. GaryVee ме воодушеви комплетно. Тој го правеше токму она што другите најчесто само го зборуваат. Отврено, транспарентно, искрено. Полно со емоции и импровизација ама од блиску се гледа дека не е глума и дека има многу енергија :).
Без сценарио, без подготвен текст. Човекот минатта година на истиот настап му се скрал на сцена на организаторот (Angy Loic 😉 затоа што немало прашања од публика предвидено во форматот. Па затоа оваа година тој немаше говор. Целата сесија беше комплетно само прашања и одговори. Нема да прераскажувам. Еве го видеото. Само кога ќе го гледате обидете се да не го помислите она што го помислував јас пред да го гледам во живо.
И што може да се сумира на тема содржина на LeWeb? За мене ова беше прв настан од овој размер. Не знаев баш точно што да очекувам. Се на се, немаше промашени теми, немаше повеќе од 2 промашени говорници. Имаше мнооогу различни луѓе кои се прошетаа на сцената. Имаше доста нови информации, некои помаку некои повеќе вредни, и на крај го имаше Gary. Настан од овој размер има далеку повеќе од самата содржина на сцените. Во следните пост или два ќе се обидат да споделам по некој збор и за тие работи, како јас ги видов. Сега за сега толку. Јас, дефинитивно би одел пак на LeWeb :).
Comments Off on Добродојдовте во забавниот парк „Foucault-Land“!Blogosphere
Се ценам себе си како некој кој ниту од далеку не припаѓа на некакво „фино и лепо друштво“ на технофоби, но вестите кои во последно време зачестија во најмала рака стануваат загрижувачки. На пример една од рецентниве стории на „BBC news“ зборува за следново:
Electronically tagging passengers at airports could help the fight against terrorism, scientists have said. А prototype technology is to be tested at an airport in Hungary, and could, if successful, become a reality “in two years”…The plan would be for each passenger to be issued with a tag at check-in. He said: “In our system, the location can be detected to an accuracy of 1m, and video and tag data could be merged to give a powerful surveillance capability.” (Full story)
Тест-периодот ќе се одвива во Унгарија и имам чувство дека нивниот Премиер-лажго веднаш ќе си нарача „едно туце“ за лични политички употреби. Накусо, уште еден бисер на научната UK-елита (по оној за имплантирање на локатор во забите на имигрантите, кој никогаш не заживеа целосно). При крајот на веста се вели дека допрва ќе размислуваат како да ги оневозможат патниците на аеродром кој треба да бидат следени да не ги фрлаат или разменуваат „таговите“ (приврзоците) меѓу себе (sic!). Важно е прво да се продадат, а дур’ потоа ќе се мисли на следниот неопходен „upgrade“.