Searched For spark.me

171 #ПрегледВоПеток – Spark.me, Apple, NFT, TikTok

Малку се шокирав утрово кога ја видов бројкава напред, ама да, еве стигнавме до 171 #ПрегледВоПеток. Во овој преглед можев субјективно да ставам само еден линк и тоа да е доста, ама објективно многу интересни работи се случија изминатава недела. Па да почнеме со ред.

#SparkMe се враќа на сцена

Искрено ова е најубавата вест што ја слушнав во изминатиов подолг период. #SparkMe е нашата втора омилена конференција (после AllWeb нормално) и ептен многу се израдував кога после 2 години ми стигна омилената нотификација неделава.

Ако не сте биле свесни до сега колку многу ја сакаме #SparkMe, имаме куп емоции исфрлено по постови низ годините па можете да си прочитате какво искуство да очекувате од овој настан.

Новиот iPhone SE, iPad Air 5 і Mac Studio во новиот Apple евент

Apple, која целосно го напушти рускиот пазар, одржа нов евент, каде презентираше голем број свежи производи и решенија, а предводник на шоуто беше презентацијата на новиот iPhone SE. Смартфонот ќе биде вклучен во линијата на буџетски модели, а претпродажбата започнува на 18 март. Втората важна новина на презентацијата беше iPad Air 5 со сопствен M1 процесор. Според Apple, таблетот е двојно побрз од кој било Windows лаптоп во истиот опсег на цени. Пред-нарачките за iPad Air 5 ќе се отворат исто на 18 март, со почеток од 599 долари.

Што друго беше прикажано на презентацијата на Apple:
– iPadOS 15 – нова верзија на оперативниот систем со неколку интересни карактеристики.
– Чипот M1 Ultra – заснован на архитектурата Ultra Fusion со пропусен опсег од 2,5 TB / s. Позициониран е како најмоќен на пазарот и е со висока енергетска ефикасност.
– Десктоп компјутер Mac Studio со чипови M1 Max и M1 Ultra. Моделите ќе добијат 64 и 128 GB внатрешна меморија, соодветно. Apple гарантира повисоки перформанси во споредба со Mac Pro. Чипот M1 Ultra го прави Mac Studio 80% побрз од најмоќниот Mac Pro.

Ако сакате повеќе нформации тогаш топло ви го препорачувам 11 минутниот Apple „Peek Performace“.

Колку се безбедни вашите деца на TikTok

ВидиВака со уште една истражувачка приказна што вреди. Овој пат многу популарна тема кај родителите и нивните тинејџери. Колку ТикТок е опасен за вашите деца? Примарната функција на социјалната мрежа ТикТок е забавна, но младите честопати се изложени на опасни содржини. Ниту родителите, ниту пак образовниот кадар се чини дека имаат контрола врз тоа како ТикТок влијае врз психичкиот и физичкиот развој на тинејџерите.

Сè уште се кршат копја колку се безбедни или опасни социјалните мрежи за развојот на децата. Сепак балансот, внимателна и дозирана контрола како и внимание посветено на воспитувањето, културата и психо-физичката состојба на вашите деца се клучни во поставување здрав темели на размислување и проценка од нивна страна на кој начин безбедно да ги користат социјалните мрежи.

NFT е дефинитивно ѕвездата на неделата

Ако во листата на читање не ти е секој втор линк со NFT, негде нешто ја имаш згрешено работата (или можеби јас имам згрешено). Секој преглед имаме барем по една новост поврзана со метаверзумот, NFT, крипто светот, а за овој петок издвоивме три.

  1. Запознајте ги Argetties! Првата НФТ колекција на Аргета, составена од 21 уникатни гифови. Аргета ги дели на своите фанови како гивавеј на Инстаграм. Сега за сега тие претставуваат само престиж да ги добиеш, но компанијата не ја склучува можноста дека во днна ќе носат посебни врендости за нивните добитници.
  2. Battle for Giostone е првата македонска видеоигра која ќе користи NFT. Ако NFT токените Најчесто се користат како доказ за поседување на некое онлајн средство/посед, или некој дел од опрема како оружје или оклоп во видеоигрите, тимот кој работи на видеоиграта Battle For Giostone има малку поинаква идеја. Во нивниот случај и хероите со кои ќе играме се NFT токени. Прочитајте ги сите детали во интервјуто на IT.mk со Миле Граматиков, основач и директор на M-Tech Entertainment. (P.S. Поздрав Љуш)
  3. Ако не знае што е LimeWire, мал/а е за тебе :). Ве фати носталгија кога го прочитавте нели? LimeWire повторно се враќа…како NFT пазар! LimeWire нема да биде алтернатива за стриминг платформите, туку дополнителен канал за уметниците да продаваат ексклузивна музика и уметност директно на колекционери.Сајтот ќе стартува во мај, а моментално има листа на чекање која ќе биде известена за стартот. Продажбата ќе се одвива во САД, без предуслов за криптопаричник – така што во суштина, колекционерските предмети може да се купат директно со кредитна картичка, банкарски трансфер и сл.

Бонус линкови

Отворен изборот за официјални блогери на Spark.me 2016

Оваа година Spark.me се одржува на 28 и 29 мај, секако во Бечичи, т.е Будва. Како и минатите неколку годни ние нема да го испуштиме најдобриот регионален настан во сферата на маркетингот, менаџментот и стартап културата.

Неодмана организацискиот тим објави и официјален конкурс преку кој ќе може доколку активно креирате (квалитетна) содржина на интернет да се вклучите на настанот како официјален блогер. Велат се што треба да направите е да објавите содржина (може да е текст, аудио или видео) на тема: зошто сакам да учествувам на Spark.me конференцијата. Обајавете ја каде обично го правите тоа (блог, подкаст, влог или сл.) вклучете го хаштагот #SparkMe и пријавете го линкот во формата на оваа страница: Become an Official Spark.me Blogger

sparkMe

Списокот на избрани блогери ќе биде објавен на 15 март. Секој од избраните официјални блогери ќе добие бесплатна влезница за конференцијата, сместување за период од 4 дена како и вклучување во легендарната Spark.me тура со брод по смата конференција. Обврските на секој избран блогер е да објави најмалку две објави (блог постови, подкасти или влог епизоди) на тема Spark.me до 15 мај, една објава за време на самата конференција и една по завршување на истата.

Доколку не знаеш што е Spark.me еве еден краток опис и за самата конференција:
Spakr.me е конференција која на едно место ги собира лидерите од бизнис светот, светот на технологјата, иновациите, маркетингот, тартаптите и луѓето желни за знаење. Организатор е doMEn компанијата која стои за .ME интернет доменот. Целта на самата конференција е да ја поттикне креатвноста на учесниците, да им овозможи унапредување на своето знаење и да им помогне да напредуваат во својата работа.

Патем, веќе се најавени дел од годнешните говорници, деталите се достапни на официјалниот сајт, се разбира: Spark.me

Време e Spark.me да си ја ставите во календар!

Spark.me ја најавија уште во јануари и тоа ни помалку ни повеќе туку со единствениот Ramon De Leon. Но мене тоа не ми беше новина затоа што знаев дека ќе доаѓа уште од лани, па си реков ајде ќе почекам уште некое име за да пишам колку сум возбуден за овогодинешното издание на најдобрата конференција во регионот.

Потоа го објавија Marvin Liao и си реков, ќе чекам уште. Па го објавија менаџмент гуруто J. B. M. Kassarjian и знаев дека ќе има уште добри имиња особено од области поблиски до мојот интерес па си реков ќе си чекам јас уште. Па го објавија Timo Vuorensola, и тука малку се подзамислив но не се предадов. Ќе чекам. Tine Thygesen и Steli Efti се од светот на стартапите а јас си ветив дека ќе чекам некој од маркетинг светот. И не дочекав.

Peter Sunde доаѓа на Spark.me

PeterSunde

Не е од маркетинг светот ама е толку многу важен и добар што решив да не чекам веќе. Денес сабајле Spark.me го најавија својот следен говорник. Станува збор за еден од основачите на Pirate Bay. Piter Sunde е скандинавски хакер/активист кој работи на проекти кои имаат потенцијал да го променат општеството. Посебен интерес му се прашањата околу авторските права во дигиталното доба, приватноста на Интернет и слободата на информациите. Тој вели: Само слободниот пристап до информации и знаење може да го унапреди нашето општество.

Sunde исто така е основач на Flattr, првиот сервис за микроплаќања и ко-основач на Heml.is Messenger, апликација за анонимна размена на шифрирани пораки преку интернет. Секако многу повеќе детали за ликот и делото на овој херој на дигиталното доба има кај тетка Вики: Peter Sunde

Јас до сега знам најмалку 10тина македонци кои ќе одат на Spark.me, ако уште се мислиш, знај дека конференцијата е на 31 мај и 1 јуни и крајно време е да се одлучиш. Картите се по намалена цена од 150€, односно 70€ за студенти. А верувајте настанот вреди за сите пари. И повеќе.

Spark.me – видеа кои не треба да ги пропуштите

Ветив дека ќе направам селекција на презентациите кои мене ми оставија најпозитивен впечаток на Spark.me конференцијата која се одржа минатиот месец во Црна Гора.

Continue reading

183 #ПрегледВоПеток – YouTube ads, TikTok #ForYourPride, Instagram Sans, TikTok songs

Во ек на скопски горештини уште во јуни, стига и новиот #ПрегледВоПеток под клима уште во 10 саат сабајле.

YouTubeShorts со Google реклами

Google почна да прикажува реклами во Shorts, очекувано по целогодишното тестирање. Огласувачите ќе можат да ги поврзат производите со нивните кампањи и да ги направат своите видео реклами на YouTube Shorts попогодни за купување. Сепак од компанијата велат дека во моментов рекламите нема да имаат директен удел на приходите, напротив.

„Наместо тоа, ќе продолжиме да наградуваме илјадници креатори месечно преку YouTube Shorts Fund додека развиваме долгорочен модел за монетизација од Shorts“, рекоа од Google. „Ние активно работиме на решение за монетизација за креаторите на Shorts и ќе ги користиме информациите од оваа акција за да го имплементација на монетизацијата.“

TikTok го слави месецот на гордоста

TikTok најави низа нови активности за да го прослави Месецот на гордоста, вклучувајќи настани кои се пренесуваат во живо, ексклузивна содржина од Парадата и фестивалот на гордоста во ЛА, како и изложба на бизниси во сопственост на LGBTQIA+.

Овој јуни, ја оживуваме нашата прослава на гордоста заедно со возбудлива постава на #ForYourPride содржини во апликација, TikTok LIVE и објавување на нашите LGBTQIA+ Trailblazers за 2022 година. И за прв пат досега, го преземаме TikTok каналот на LA Pride како официјален спонзор на Парадата и фестивалот на гордоста во ЛА.

TikTok во неколку наврати покажа дека е посветен да обезбеди безбеден и инклузивен простор за LGBTQIA+ заедницата да ги споделува своите приказни, да се поврзува, да слуша и да учи еден од друг. Во чест на месецот на гордоста со активностте кои ги презема покажува дека ја препознава колективната видливост и моќ на LGBTQIA+ заедница.

Што е Instagram Sans

Instagram создаде свој фонт, наречен Instagram Sans, кој планира да го користи активно и за маркетинг и во самата апликација.

Instagram Sans е инспириран од логото на Instagram, и го отсликуваат обликот на глифот и нашата посветеност на едноставноста и умешноста“. Во голем дел е инспириран од комбинацијата на квадрати и кругови, и е мешавина од совршени пиксели со неколку рачно изработени детали.

Instagram соопшти дека соработувал со лингвисти за да се погрижи фонтот да биде употреблив на што е можно повеќе јазици. Фонтот дава многу поизразен идентитет и компанијата се надева дека корисниците масовно ќе го употребуваат на најкреатовните содржини како Stories и Reels.

Светските креативци сметаат дека фонтов е стварно откачен. Што мислите вие? Малку премногу откачен?

Што се случува откако песните на TikTok ќе станат вирални

По седум месеци прибирање и анализа на табели со еден куп бројки, податоци и интервјуа, Vox Media ги структуираше бројките за да следи што се случува со уметниците откако ќе станат вирални – и како музичката индустрија се смени со TikTok. Заклучокот е дека апликацијата целосно го револуционизира начинот на работа на издавачките куќи и им дава на уметниците поголема моќ од кога било.

Бонус линкови

Викендов се случува мојата омилена конференција во регионов Spark.me. Дарко во следниот преглед ќе ви каже колку било јако.

Поштедете ме од слики од плажа викендов, плис!

39 #ПрегледВоПеток

Помина година цела… откако јас не сум го пишувал преглед во петок… чекај да проверам може и да не е… упс, повеќе од една година е. Ајде да не се истакнувам без потреба… одиме со прегледот за оваа недела. Краток ќе биде затоа што веќе ти е јасно штом мене ми дошол редот да се пишува сме заглавиле со работа оваа недела.

Spark.me

Бевме, пред сега веќе два викенда, на Spark.me и поминавме како и секогаш, пренајдобро! И покрај тоа што јас лично си ги спуштив очеквуањата по минатгодишниот спектакл, сепак тимот од Domain.me и оваа година не потфрли, напротив, воодушевија. Капа доле маестро Вања, програмата беше одлична. Новата локација си легна супер и сега веќе дефинитивно е јасно, нема намалување на очекувањата за следната година.

За сите кои прашуваа како поминавме, како беше, дали требало да дојдат и сл. ве молам веќе не прашувајте. Едноставно планирајте си секога година пролет во Црна Гора и тоа е тоа… Да зажалите, нема!

Дај да ти видам Фејсбукот ако сакаш виза

Можеби идеологијата, т.е. приказната околу актвностите е различна, ама постапките се исти. Не знам на чија страна си, Кина или Америка, ама мене се повеќе ми делува дека нема баш преголеми разлики во нивните постапки. Како и за куп други работи, сè зависи на која страна ќе одлучиш да веруваш и потоа ќе си најдеш оправдание. NYT известува: U.S. Requiring Social Media Information From Visa Applicants. Не сум аплицирал, ама ако некој има искуство нека сподели, баш ме интересира односот и пристапот.

Сензационално! Најстарото дрво во Скопје прозборе!

Добро, добро знам, не е овој блог место за вакви наслови, ама супер горди сме што заедно со УНДП МК и Билјана Црвенковска успеавме да му дадеме глас на најстарото дрво во Скопје. Некако непланирано, една по друга идеја дојдовме до овој наратив, го реализиравме и сега веќе размислуваме за следен чекор.

Што има да каже дрвото? Е за тоа ќе мора сам да си прочиташ. Не е на „нашиве” теми, ама многу е важно тоа што го кажува: Приказните на најстарото дрво во Скопје [Англиска верзија]

Еве и неколку бонус линкови, да не речеш дека кратам и на нив. Ќе ми се налути Симона 🙂

Толку од првиот јунски преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

View this post on Instagram

Marketoonist on digital transformation 😂🙄😉

A post shared by Marketing Week (@marketingweeked) on

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉

[видео] 5 Маркетинг настани од регионов кои не смеете да ги пропуштите оваа пролет

Старата добра интернетска вели: за интернет најмногу можеш да научиш, на интернет. Но, постои уште една, исклучително важна форма на учење, старите добри офлајн конференции.

Си има додадена вредност кога си таму, кога имаш шанса директно да слушнеш, прашаш и поразговараш на темите од интерес. Затоа во продолжение еве неколку препораки за настани на кои или сум бил или имам „сигурна дојава” дека вреди да се посетат оваа пролет.

Еве ја листата со линкови:

  1. Spark.ME – Будва, 25-26 мај, http://spark.me/2018/
  2. Digital Day – Белград, 8-9 мај, https://digitalday.rs/
  3. Konverzija – Бања Лука, 14 април, http://konverzija.org/
  4. Izazov – Белград, 12 март, http://www.izazovforum.rs/izazov-2018/
  5. inOrbit – 15-16 март, Порторож, https://www.inorbit.si/

 

Секое искуство вреди, SocialSpot на SparkMe конференцијата

socialspotВчера по завршувањето на официјалниот дел од првиот ден на Spark.me конференцијата која се одржува во Будва на кратко поразговарав со Марјан еден од креаторите на SoclSpot.com. Марјан вчера за прв пат ја презентираше нивната идеја и сервис пред отворена публика. Тие беа единствениот македонски сервис кој влезе во финалето на натпреварот за стартапи во организација на SparkMe конференцијата зад која стои црногоскиот .ME

За жал, не влегоа во финале но собраа вредно искуство, одлични препораки и една многу важна покана од еден од уредниците на TechCrunch.