Posts by Дарко Булдиоски

Нови чекори

Бесплатен интернет за 460 училишта. Звучи прекрасно и многу позитивно води кон патот кој трансформира во информатичко општество. Оваа иницијатива ја покрена покојниот претседател Борис Трајковски. Реализацијата ја спроведуваат он.нет и Логин системи, a за финансиите се задолжени УСАИД. Ова честење ќе трае до септември 2007. Да се надеваме дека учениците и нивните претпоставени ќе се навлечат на оваа зависност и дека и по овој период ќе продолжат со користење на оваа мрежа. Паралелно со оваа вест деновиве кружи и веста дека Македонија ќе земе учество на Electronic Sports World Cup 2005. Постојат детални правила, репрезентации, па дури и владини програми за поддршка на оваа нова спортска дисциплина. Спортистите можат да бираат дисциплина: CounterStrike 5vs5 и Warcraft III 1vs1. И ова е еден чекор напред кон информатичко општество, само се надевам дека оние 460 училишта и нивните ученици нема да ги искористат своите компјутери само како подготовки за светскиот куп 2005.

Чија популарноста опаѓа?

Пред некое време по интернетов проструија некои изјави и аналитички текстови дека весниците во нивната изворна форма изумираат. Можеби тоа е до некаде точно, но сепак мора да имаме предвид дека тие компании се истите оние кои (во најголема мера) го диктираат и известувањето на интернет односно on-line news. Сепак тие магнати си ја креираат својата политика многу професионално и ни малку наивно. Деновиве наидов на извештај кој обединува серија истражувања на оваа тема. Станува збор за употреба на on-line весниците во Америка. Зголемената популарност се должи на нивниот бесплатен пристап, но сепак компаниите имале и се уште имаат обиди, најчесто неуспешни, за да си ја наплатат пласираната информација. Сепак, едно е јасно, популарноста на електронските верзии на весниците се зголемува, приходите од реклами се зголемуваат, публиката станува побројна, еден ден најверојатно и таму нема да може да се пристапи до информација бесплатно.
За оптимистите остануваат блоговите, кои се сериозна закана за on-line новинарството, барем во Америка.
Подетално за истражувањето можете да причитате на: www.eMarketer.com

Јавни дебати

„Телетабисите” можеби не се најсреќниот пример како мотив конечно малку посериозно да се отвори една ваква дискусија, но сепак тоа не е најважното. Најважно е дека јавните дебатите за особено важни теми од секојдневниот живот влегуваат во медиумите и тоа на насловните страници и во ударните термини. Контролата на содржина на медиумите е особено важна, не само на електронските туку и на печатените. На чело со МАНГА цртаните, кои не верувам дека се директно наменети за најмладите, преку „релното шоу”, емисиите од типот на Шок шоу и слично (на ТВ) па до еротските (понекогаш и порнографски) содржини на средните страници на дневните весници.
Верувам дека кај нас ни половина од родителите кои заедно со своите деца секојдневно ги гледаат „телетабисите” не биле свесни дека еден од јунаците имал карактеристики на травестит. Да не говорам понатаму колку од децата можеле да ја примат оваа порака. Патем, станува збор за деца на возраст од 1-4 години, кои без разлика на полот многу често ги делат играчките и автомобилчињата и кукличките.
Оваа дебата на тема травестити или хомосексуалци можеби „држела вода” некаде во поразвиените општества каде овие појави се навлезени длабоко во социјалното опкружување на луѓето, но кај нас НЕ верувам.
Искрено се надевам дека конечно ќе почне повеќе внимание да и се посветува на медиумската содржината, а дека тоа како краен резулатат ќе донесе поголем квалитет.
И уште нешто: обајва дека некој неовластено објавил на интернет порнографски фотографии со цел да се спречи истата не би требало графички да биде збогатена со истите.
Во крајна линија и тоа го гледаат деца. (ова конкретно се однесува на дневник и неговата насловна страница од 11,05,2005)

Нова Прошетка

Можеби и не треба секоја нова (десно) поставена прошетка да ви ја напоменувам во овој дел од блогов но што е тука е. smartmobs.com е блог кој како подлога ја користи книгата со ист наслов. Меѓу другите овде пишува и Хауард Реинголд. А доколку сакате можете да отидете и на www.rheingold.com

ИДНИНАТА НА НОВИНАРСТВОТО: ВЧЕРАШНИ ВЕСНИЦИ

„Верувам дека многумина од уредниците и репортерите немаат контакт со нашите читатели“ , изјави минатата недела за „American Society of Newspaper Editors“ Руперт Мардок, шефот на „News Corporation“, една од најголемите медиумски компании во светот, не чудејќи се што луѓето, особено младите, ги отфрлаат весниците. Денешните тинејџери и оние од дваесетина, или триесетина години „не сакаат да се ослонат на фигурата налик на Бог, што од висина им кажува што е важно“, вели Мардок, и додава, „и тие секако не сакаат вестите да им се презентираат како проповеди “.

Прочитај на: www.sekojden.com.mk

ИНФОКОМ 2005

За да се оградам од сам почеток морам да кажам дека не го посетив овој ИНФОКОМ. Искрено не чувствувам потреба да гледам ситни дилери како даваат редовни попусти и овде онде по некоја софтверска компанија (секоја чест). Но не е целата да се излезе на саем за да се покаже со големината на штандот колку СМЕ јаки. Овој текст нема за цел да го коментира инфоком туку неговиот плакат. За жал никаде на интернет не можев да најдам официјална страница за овој саем па бев приморан рекламниот плакат, постер или како и да се вика да го скенирам од весник.
Што сакам да кажам: Македонија и нејзиниот саем за информатика е толу на високо ниво што ние бевме подготвени оваа 2005 година за време на инфоком да измислиме нешто што е на рамниште со машина за пишување и телефон. Браво за нас т.е. за вас инфоком. Стрпливо почекав да заврши и сега се прашувам што беше тоа што се измисли на инфоком. Мене овој „беден” плакат не ме мотивираше да го посетам инфоком 2005. ЗОШТО??
плакат

Потребен електронски речник на македонски

Со употребата на интернетот како информатичко средство за пренесување на информации, во македонскиот јазик навлегоа и голем број термини од информатиката. Се случува зборови кои имаат соодветен превод, да не се употребуваат, па така, за електронска пошта се употребува е-маил, за страница се користи сајт, за мрежа нет, а слично е и со фајл, хардвер, софтвер, Интернет, Веб итн. Познавачите предупредуваат, дека интернетот е место каде што не постои јазична контрола, а на удар се писмото и правописот, граматиката, лексиката, синтаксата – всушност целата јазична структура во јазикот. Секојдневно се појавуваат се повеќе страници или сајтови на македонски јазик, каде што можат да се забележат и лекторирани и добро преведени текстови (многу ретко), но најголемиот број се нелекторирани и јазично нестандардизирани текстови.

Прочитај повеќе на: www.vecer.com.mk

Истражување

Деновиве на веб страницата на Најди се поставени резултатите од истражвањата кои ги споведе тимот на овој македонски пребарувач. Станува збор за листа на 10.000 најчесто користени македонски зборови на нивните индексирани веб страници. Има некои интересни резултати. Врска до Најди може да најдете во делот со препорачани прошетки. Погледнете. Може да се извлечат интересни заклучоци.

Нова адреса во виртуелниот простор

Неодамна во виртуелниот простор (“над или под” Македонија) се регистрираше нова адреса која заслужува посета. sekojden.com.mk е нов on-line дневен весник кој во целост ги користи предностите на on-line новинарството и самата динамичност на интернет мрежата. Доколку денот го започнувате пред монитор претпоставувам дека ова за вас е добра вест

Уште колку имаме до информатичко општество?

Македонија ќе стане информатичко општество, или барем такво сака да стане во иднина. Дали таа иднина ќе биде блиска или далечна, може само да погодуваме, сега засега ни оди многу бавно. Се уште не постојат правни основи кои би овозможиле онлајн комерција, нема креирано, а богами и нема некои посериозни обиди да се дигитализираат базите на податоци, нема ни доволно едуцирани т.е. компјутерски (технолошки) писмени луѓе кои ќе ги конзумираат информациите што би ги „произведувало“ информатичкото општество. Во меѓувреме би сакал да ви претставам еден многу интересен опис на модерната технологија. Се работи за дел од текст објавен во еден македонски магазин. Ова објаснување убаво ги сегментира различните нивоа на едукација на луѓето вон, но и на оние кои функционираат во информатичките општества.

За фриковите: 530 процесори AMD–Opteron на 64 битови во кластер архитектура со Dual-Nodes во климатизирани куќишта High-Density со еден TB RAM, харддиск 11 TB и 2,3 TFlops/s.
За познавачите: 1.085.440 мегабајти работна меморија, 10.880 гигабајти харддиск и 2.332.000.000.000 операции во секунда.
За лаиците: тоа што (суперкомпјутерот) Алберт може да го пресмета во секунда одговара со сметачките способности на 300.000 луѓе што на секои четири секунди множат два осумцифрени броја – и сето тоа цела една година.“

PR.ORG.MK

Во прилог на претходниот пост еве една информација која можеби не сте ја знаеле. На интернет постои страница www.pr.org.mk. Таму може да се најдат интересни работи сврзани со темата која ја начнавме. Но внимавајте од за мене необјасниви причини страницата се отвара прво на англиски јазик.

PR – Луѓе за „однос“

Малку провокативен наслов за зголемен интерес. Изминативе неколку дена неколку циркуларни писма , кои требаше да известат за одреден настан ме предизвикаа да размислувам на оваа тема. Под нив потпишано лице за односи со јавност т.н. PR. А притоа во текстот и начинот на кој е остварена комуникацијата апсолутно по ништо не можев да заклучам дека станува збор за личност која се грижи за јавниот имиџ и презентација на одредена фирма. Текст со многу печатни грешки, многу граматички неправилности, многу недоискажаности и терминолошки катастрофи. Почнав да размислувам во која наша фирма или кој наш (македонски) бренд има саглам одделение или личност за односи со јавност. Успеав да се сетам на многу малку. Можеби јас не ги познавам, можеби некој друг знае повеќе, но сепак инцидентите како овој треба да нè натераат да размислуваме кој може, а кој не може да биде PR менаџер, какво предзнаење и какво искуство треба да има тој или таа. Дали тие кои ја вршат оваа функција воопшто се запознаени со комуникациските системи, комуникациските форми, предностите и недостатоците на одредени медиуми и дали се свесни дека тие всушност ја презентираат сериозноста и професионалноста на некоја фирма или бренд?
Прашањата ги оставам отворени

Pomos

Se razbira na slikata mene me nema ama jas sum sekogas prisuten tuka nekade virtuelno ili duhovno 🙂 kako sakate.
Ve molam da im ja prenesete vesta za ovoj blog i na nasite “pomali” kolegi. Za zal jas nemam direkten kontakt so niv, no se nadevam ne za dolgo
POZDRAV

Vekje ne e sefte

Povtorno zdravo na site na ko iim raskazame jas i Viki za ovoj NAS blog. Vo slednive nekolku denovi site kje dobiete pristap da postavite vasi blogovi. Dajte mi samo malku vreme za da go sovladam i jas ova. Vekje napraviv nekolku greski zatoa ve molam bidete trpelivi se kje si dojde na svoe mesto

SE GLEDAME

Sefte

Zdravo na site onie koi kje zalutaat na ovoj blog.
Moeto ime e Darko i za prv pat pravam blog a voedno i postavuvam post.
Mojata idea e ovoj blog da bide tuka za site onie cii interesi se komunikaciite vo konkretna i opsta smisla.
Ova e samo test se gledame ponatamu
POZDRAV