Во оваа епизода наш гостин беше Зоран Ричлиев, продуцент во МПМ со кој поразговаравме на тема новинарски стартапи.
Continue readingPosts by Мите Кузевски
#комкаст 49 – Јубилеен подкаст на Комуникации.нет
Педесети подкаст. Јубилеен подкаст. Посебен подкаст затоа што за прв пат јас и Сеад без Дарко бевме во студио и го искористивме тоа малку повеќе да проговориме за NBA, но се разбира не за кошарката туку за тоа како оваа организиација ги користи различните медиумските платформи за да ги пласира информации до своите корисници. Вториот дел од разговорот беше на тема отворени образовни ресурси.
Continue reading#комкаст 48 – iPad mini и други кратки теми
Сезона три епизода пет од Комуникации.нет подкастот. Во оваа епизода јас и Дарко бевме домаќини и немавме некоја главна тема туку прозборевме на неколку помали иако најголем дел од времето го издвоивме за излегувањето на iPad mini и неговите веќе постоечки конкуренти на пазарот.
Continue reading#комкаст 39 – Instagram: Заедница на визуелна комуникација
Во текот на емисијата се зборуваше зошто Instagram е толку популарна апликација, создавањето на технолошки класи, зошто корисниците на iPhone лошо го дочекаа објавувањето на Instagram за Android, заедницата која што оваа апликација ја создата и развојот на визуелната комуникација преку Instagram.
Continue reading#комкаст 30 – Super Swarm Фестивал, LeWeb и други теми
Во овој подкаст немавме некоја централна тема туку зборувавме за неколку настани што се случија и што треба да се случат. Емисијата ја започнавме со дебатата за граѓански активизам организирана од граѓанското движење против полициска бруталност на која покрај мене учествуваа Мирка Велиновска, Никола Наумовски и Оливера Трајковска. Модератор беше Љубиша Арсиќ од Алфа ТВ. Дарко сподели повеќе информации за LeWeb а неможевме а да не го споменеме Super Swarm Фестивалот кој ќе се одржи утре во Рамстор. Симнете ја 13-тата епизода од втората сезона и преслушајте :).
#комкаст 25 – Вест, Дневник и Утрински весник со е-изданија кои ги наплаќаат
Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.
Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.
#комкаст 24 – Социјални медиуми за бизнис

Поттикнати од обуката за интернет маркетинг која ја одржавме во рамки на Капитал Академијата најголемиот дел од овој подкаст го посветивме на тоа како социлајните медиуми се користат за бизнис. Споделивме искуства за тоа како компаниите во Македонија ги користат социјалните медиуми од она што можевме да го слушнеме од искуствата на фирмите кои беа присутни на самата обука.
Покрај тоа стана збор и за #ТвитерПиво кој се одржуваше додека оваа епизода одеше премиерно на Радио МОФ. Супер си поминавме на #ТвитерПиво и сега сме во исчекување на организација на #ТвитерАјвар.
Webfest.me преглед на вториот ден
Помина повеќе време одколку што планирав за да го напишам и вториот пост за Webfest.me но сега ми се чини дека и нe испадна така лошо затоа што имав време да го средам впечатоците и да погледнам малку поубаво на тоа што таму се случуваше.
Вториот ден беше денот кога требаше да настапат најголемите звезди на настанот. Тони Конрад и Мет Муленвег. Но пред нив имаше и други кои не треба да се испуштат во овој извештај. Денот започна со интересна презентација на Владимир Николоќ од Лимундо. Тој, слично како и Бранко претходниот ден зборуваше за почетоците на нивната компанија. Денес се скоро 40 вработени и едена од најголемите клaсични старт-ап компании во регионов. Упорност и јасна цел уште еднаш се покажуваат како клуч. Владимир со својот брат започнале да работата со еден комјутер и еден телефон и тоа воопшто не го гледаме како пречка. Се менувале еден по еден, но денес тоа се само убави спомени кои ги раскажуваат на конференции.
По него зборуваше Џорџе Секович од Logate. Ептен интересно беше. Ѓорѓе им пркоси на големите компании кои произведуваат корпорациски софтвер нудејќи бесплатни решениа. Погледнето го видеото од неговиот настап на WebFest.me.
На ред беше словенечкиот старт-ап Vox.io кој предизвика големо интересирање кај многу инвеститори. Јакоб Маровт го објасни овој производ за кој многумина велат дека ја измислува наново веб телефонијата. Видео од презентацијата на Маровт.
После првите три за мене интересни и корисни презентации и дискусии следуваа две прилично досадни говорника. Рикардо Соуса имаше мотивациски говор на кој не му беше ни местото ни времето на оваа конференција. Мотовираше неколку тинејџери што е добра работа но сепак овој говор требаше да се случи на друго место. После него на сцена се појави Мајкал Нијлон од Blacknight.com чиј говор беше добар само за некој кој што прв пат слуша што е тоа интернет маркетинг, но не и за сала преполна со луѓе кои веќе долго време работат на тоа поле.
На крај од конференцијата се појавија и најголемите ѕвезди Тони Конрад и Мет Муленвег. Секој од нив имаше презентација а потоа заедно одговараа на прашања од публиката. Нема многу да зборувам за нивните настапи само ќе ве поканам да ги погледнете трите видеа.
Презентација на Тони Конрад oсновач на About.me
Презентација на Мет Мулевег основач на WordPress.
Прашање и одговори сесија со Тони Конрад и Мет Муленвег.
Требаше да има уште една презентација на крај од Томас Гејно од Google Labs, но поради технички проблеми истата не се одржа.
#комкаст 19 – Комуникации.нет подкаст
Втора епизода од втората сезона и за прв пат оваа сезона сите заедно, јас, Дарко и Сеад. Тоа беше ден за паметење но поради тоа што ние се собравме да за ја снимаме втората епизода од комуникации.нет подкастот туку затоа што Македонија играше против Литванија во четвртфиналето на Европбаскетот и не само што играше туку и победи. Во оваа епизода покрај неизбежната тема за кошарката зборуваме и за дали е дојден крајот на ерата на персоналните компјутери, за извештајот на Nielsen за социјални медиуми, истражувањето кое покажува дека споделувањето автоматски на Facebook или преку клиенти како Hootsuite, TweetDeck и други ја намалува интеракцијата дури за 70% како и за други теми.
Линкови:
- Истражување на Nielsen
- Истражување за автоматско споделување на Facebook

Бесплатни семинари на програмата на Webit 2011
Oвогодинешниот Webit ќе понуди и бесплатна програма со семинари на тема е-трговија и социјални медиуми. Помеѓу презентерите се Artur Banach од Netsprint, Odysseas Ntotsikas од Thinkdigital, Andri Viiand од Altex Marketing, итн.
Значајно место оваа година ќе заземе Стартап селото каде што ќе присуствуваат многу инвеститорски компании и бизнис ангели за да ги видат најдобрите стартапи од Централна и Источна Европа. Конференцијата ќе биде фокусирана на инвестиции во дигиталната технологија и стартап компаниите од регионот. Инвеститорите ќе споделат кој проект би сакале да го поддржат и ќе направат анализа на сегашните и идни трендови во дигиталната индустрија. Претприемачите и иноваторите ќе бидат во можност да се приклучат кон панел дискусиите на теми како да најдете инвеститор, како да подготвите бизнис план, како да направите презентација итн. Учесниците на Стартап селото ќе имаат можност да се сретнат со Ilja Laurs, чија компанија GetJar беше прогласена за една од 10-те стартапи кои ќе ви го променат живото од страна на Time Magazine.
Програмата на Creative Lounge ќе понуди презентација на многу успешни практики и трендови и сето тоа споделено од експертите на лидерските индустрии. Теми на кои ќе се разговара: како да користите различни адвертајзинг формати, како да изградите идентитет, успешна употреба на апликации, видео содржина итн. Конференциската програма на Creative Lounge е корисна за адвертајзери и дизајнери од регинот. Помеѓу останатите презентери се и иконите на адвертајзинг и креативната индустрија како Jason Little, креативен директор на Landor Associates Paris, Edward Opara од Pentagram, Tom Adams од FutureBrand Worldwide итн.
Webit 2011: Поголем и пофукусиран со 7 паралелни теми и саем
Од 26-27 октомври, Webit Congress 2011 кој се оддржува во Софија ќе биде домаќин на стотина истакнати професионалци и влијателни лидери кои ќе го споделат своето искуство во повеќе области како е-трговија, онлајн маркетинг и рекламирање, стартапи и инвестирање, менаџмент, телекомуникации.
Со 7 паралелни конференциски теми, овој настан им овозможува на посетителите да одберат да слушнат презентации од многу интересни говорници и да бидат во тек со последните трендови во бизнис и маркетинг индустријата. Бизнис лидери од различни области од дигиталната и информатичката индустрија ќе бидат главни говорници на оваа конференција.
На главната сцена ќе има панел дискусии со многу визионери и лидери во е-трговијата и социјалните медиуми. Тука многу светски експерти во дигиталната индустрија ќе ги споделат своите знаења од полето на комуникацијата со клиенти, дигитален маркетинг, стратегија за присуство на брендовите на социјалните медиуми, маркетинг преку мобилни телефони. На конференцијата како говорници ќе се појават основачи и извршни директори на најпознати, најголеми или најиновативни компании во светот како Microsoft, eBay, PayPal, Google, Facebook, Saatchi & Saatchi, итн. На главната сцена ќе се појави и еден од неколкуте дигитални магионичари во светот Marco Tempest.
За прв пат оваа година Webit ви ја претставува DevCamp работилцата, место каде што веб и дивелопери на апликации ќе можат да ги разменат своите искуства, своите контакти и ќе имаат можност за вмрежување. Секоја работилница е полудневна или целодневна каде што многу експерти ќе ги споделат своите знаења со публиката. Еден од говорниците кои ќе се појави на работилницата е John Lunn од PayPal X, кој ќе ja демонстира најновата иновација во онлајн плаќањето и исплатите.
Во наредните неколку недели ќе споделиме уште повеќе информации за Webit 2011.
#комкаст 12 – Комуникации.нет подкаст
12-та епизода од Комуникации.нет подкастот и 3-та што оди во живо. Во оваа епизода заедно со Дарко зборувавме за креирањето на нашето дигитално тело односно интернет присуство и неговото влијание при можноста за зароботка било директна или индиректна. Секако мал дел од оваа епизода посветивме и на настаните со протестот против полициската бруталност. За тоа креиравме инфографик кој покажува како твитер беше искористен во овој случај за организација и проширување на пораката.
Линкови:
Инфографик: http://newmedia.mk/infographic-protestiram/

MobileMonday доаѓа во Македонија
Веќе неколку месеци откако ја добивме лиценцата за ораганизација на MobileMonday заедно со WebFactory пробувавме да го организираме првиот настан. Што поради презафатеност, отсуство од Македонија и друго објективни и субјективни причини се одлужуваше првата MobileMonday средба, но конечно на 9-ти мај во Клуб на новинари со почеток во 18:30 часот успеавме да го договориме првиот MobileMonday настан во Македонија. Се надеваме дека ќе бидат што е можно почести. Во продолжение детали за првиот настан преземени од вебсајтот на MobileMonday Македонија.
Првиот MobileMonday настан во Македонија ќе се одржи на 9-ти мај (понеделник) во 18:30 часот во Клуб на новинари (види на мапа). Темата на настанот ќе биде: „Развој на мобилни апликации во Македонија: Искуства и можности“. Своите искуства во развојот на мобилни апликации на настанот ќе ги споделат Владимир Радевски, вонреден професор на Факултетот за Современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ко-основач е на конзорциумот ВАПА и ко-автор на првата iPhone апликација за комуникација на Балканот – iBalkans и Глигор Дачевски, извршен директор на CreationPal и автор на мулти платформската апликација SportyPal.
На настанот може да присуствува секој заинтересиран кој што сака да сподели нешто во областа на мобилната технологија или пак сака да научи нешто ново. Насмевнете се, се гледаме во понеделник!
#комкаст 6 – Комуникации.нет подкаст

Дарко во Будимпешта, Сеад беше зафатен со подготвување на презентација, па така јас повторно мораше сам да го снимам новиот подкаст. Последен пат кога го снимав сам не ми беше баш забавно па затоа си го поканив Кинџо да ми биде гостин во оваа епизода. Зборувавме за тоа како македонските диџеи користат интернет за промоција и можноста за заработка.
#комкаст 5 – Комуникации.нет подкаст

Во оваа епизода од Комуникации.нет подкастот заедно со Дарко зборуваме за настаните организирани од заедницата или community driven events. Зошто се тие потребни и колку ги има во Македонија. Има најави за неколку настани кои ќе се организира во Македонија во мај и јуни: Skopje Startup Weekend и Mobile Monday.
Се извинуваме што во подкастот испуштивме да ја спомнеме Јава заедницата. Голема благодарност до @azder што одговори на нашето прашање и потврди дека Амазон е заштитен како бела мечка. Ветивме пиво за тој што ќе твитне дека не слуша за време на полуфиналето од лигата на шампионите па така го покануваме @azder да одиме на пиво на наша сметка :).
#комкаст 4 – Комуникации.нет подкаст

Во оваа епизода на комуникации.нет подкаст ја споделувам мојата приказна за користењето на интернет додека сум на патување надвор од Македонија. Има неколку совети, препораки, анегдоти и приказни кои мене ми се случиле на патувања а се поврзани со користењето на интернет и социјални мрежи.
Линкови:
Сервис за автоматско објавување на статуси на вашите сметки на социјалните мрежи за тоа каде летате https://www.myskystatus.com/
Комуникации.нет со подкаст на Радио МОФ
Како што најавивме кога Радио МОФ почна со работа комуникации.нет блог мрежата ќе има своја емисија или подкаст на ова онлајн радио. Првата епизода ќе можете да ја слушнете на 16 март (среда) со почеток во 21:00 часот. Сите епизоди премиерно ќе одат на Радио МОФ, а потоа на комуникации.нет блогот ќе можете да најдете пост од каде ќе можете да ја преземете епизодата и да најдете куп линкови до сервиси и информации за кои сме зборувале во подкастот.
Идејата комуникации.нет да започне со креирање на подкаст е стара повеќе од две години. Често со Дарко сме разговарале на оваа тема и сме се мотивирале дека наскоро ќе почнеме да ја снимаме првата епизода но некако подкастот ни излегуваше од приоритетни работи. Подкаст китот кој го имаме веќе подолго време престана да собира прашина благодарение на Радио МОФ.
Во подкастот ќе се разгледуваат новите технолошки и комуникациски процеси и како тие влијаат на општеството. Ќе пробаме да ги објасниме најнови комуниколошки теории и нивната примена во секојдневниот живот. Долго размислувавме која тема да ја обработиме во првата епизода. Имавме неколку работи во глава но на крај одлучивме да зборуваме за тоа: Што е подкаст? Како се прави? Како и каде се слуша? Зошто во Македонија нема развиена подкаст култура? итн.
Во првата епизода има лапсуси, киксови, технички недостатоци но решивме дека нема да ја преснимуваме за да целосно бидеме задоволни. Со тек на време и секоја наредна епизода ќе се подобруваме и ќе отстрануваме по некој недостаток.
[Webit] Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн
Вториот ден од конференцијата искрено не ги оправда очекувањата кои ги создадов по добро поминатиот прв ден и по насловите на презентациите кои требаше да ги посетам. Сите, освен една презентација, беа класично продацање на сопствените производи и здодевни. Може да се каже дека денот го спаси Chris Copeland со презентација со наслов „The Future of Engagement: Search, Social or Portal“. Chris не кажа нешто премногу ново или екслузивно, но барем не беше комерцијално ориентиран и имаше одличен настап за разлика од другите кои очигледно им треба консултант за јавни настапи. Тој во својата презентација се задржа на пребарувањето на интернет и неговата иднина.
Дали вашата компанија огласува онлајн?
Тоа што за пазар како Македонија е важно, иако овој податок е стар една година, е тоа што офлајн огласувањата (огласувања на радио, телевизија, весници, билборди итн.) имаат голема улога во пребарувањето на одреден бренд од страна на корисниците. Дури 67% од луѓето го пребаруваат брендот или производот на интернет откако биле изложени на него со некоја од формите на офлајн огласување и врз основа на тоа пребарување донесуваат одлуки за брендот или производот. Начинот на кој денешните потрошувачи доаѓаат до информациите е фундаментално сменет и затоа бара целосен ангажман и во олајн огласувањето и оптимизација на веб страниците за интернет пребарувачите. Патувањето на потрошувачот во пребарувањето на интернет откако бил изложен на одредена форма на офлајн огласување е следно:
- Ја пребарува вашата компнија на интернет
- Го посетува вашиот сајт. Ова посочува дека вашата компнија мора да има вебсајт, доколку не сакате да загубите 67% од потенцијалните купувачи кои го виделе вашиот оглас во некоја офлајн кампања. Но, не треба да имате веб страница само за да ја имате, туку тоа значи ефектина веб страница кој има оптимизација за интернет пребарувачите
- Се информира за вашата компанија од блогови и од социјалните медиуми. Ова подразбира активна улога и присуство на компанијата на интернет страниците за социјално вмрежување. Она што Chris го посочи е дека не е вистина дека во новиот свет на комуникација немате контрола врз вашиот бренд туку дека ја имате повторно целосна контрола само доколку имате добра стратегија за настап на социјалните медиуми
- Се враќа на вебсајтот на компанијата и има одредена активност на (претплата на RSS, претплата на електронска пошта, претплата на билтен итн.)
- Го купува вашиот производ во некој од продажните салони или онлајн доколку тоа го озвоможува вашата веб страница
- Доколку е задоволен клиентот гради поврзување со производот или брендот и го препорачува на своите пријатели и во онлајн и во офлајн светот.
Не може да се извлече подобар заклучок од ова освен дека: „Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн“
Доколку мислите дека ова функционира во развиените пазари, но не и кај нас, преземето го истражувањето за Навики и употреба на интернет пребарувачи во Македонија. Дури 78,3% од испитаниците најмалку 4 пати во денот пребаруваат на интернет и бараат информации. Дали овие потенцијални купувачи ќе ве најдат на интернет?
Еве еден многу едноставен и хипотетички пример. Продавате плочки за во бања и имате фина и интересна реклама на телевизија. Доколку некој сака да дознае повеќе за вашиот бренд ќе ве побара на интернет. Зборот кој најверојатно ќе го употреби за пребарување е „плочки“. Доколку тоа го стори некој на Google ќе му се прикажат резултати од бугарски компании. Ниту една македонска компанија ја нема на првата страница. Не верувам дека во Македонија никој не продава плочки за во бања.
Иднината на пребарувањето на интернет
Уште една голема промена која се има случено во навиките на корисниците е тоа што повеќе не пребаруваат само на интернет пребарувачите како Google, Yahoo, Bing итн. туку пребаруваат и на веб страници чија основна функција не е тоа. На пример YouTube e една од веб страниците каде корисниците пребаруваат многу. Потоа, социлајните мрежи како Facebook или сервисите за микроблогирање како Twitter. Она што Chris го посочи е дека иднината на пребарувањето не e во пренесувањето или присуството на социјалните медиму во интернет пребарувачите туку токму спротивното, пренесување на интернет пребарувањето во социјаните медиуми.
Ова за компаниите значи дека:
- повеќе не треба да ги пренасочуваат кликовите од пребарувањето на корисниците само кон својата веб страница туку и кон надворешни извори како Facebook, YouTube, Flickr или Twitter.
- Креирање на стратегија за ефетивно присуство на социјалните медиуми и активно учество на истите.
Дефинитивно иднината на пребарувањето е во мобилните телефони. Ова беше нагласено скоро на сите презентации. Пребарувањето на интернет преку мобилни телефони од 2008 до 2010 пораснало за 500%. 25% од луѓето во Америка кои пребаруваат на интернет преку својот мобилен купиле производ токму користејќи го својот мобилен телефон. Ако го погледнете истражувањето за навиките на Македонците во пребарувањето ќе забележите дека и кај нас значителна бројка на корисници пребаруваат преку својот мобилен телефон.
Останува на нас дали ќе ја прифатиме оваа голема можност или ќе оставиме потенцијалните купувачи да ги преземе некој кој порано ја сфатил играта.
[Webit] Иднината на огласувањето е онлајн видеото?
После вториот панел на Webit 2010 каде што беа претставени потенцијалите на маркетингот преку мобилни телефони следуваа две чисто комерцијално презентации, за кои презентерите не се потрудиле ниту да бидат забавни. Меѓутоа наредните две презентации „The new video eco-system “ на Andy Chen од MTV Networks International и „The evolution of web TV – trends, challenges and possibilities“ на Marcus Harwall, директор на Nova TV беа доста интересни и корисни.
Тоа што може да се извлече како заклучок од двете презентации е согласувањето на двајцата презентери дека поради сложениот еко-систем на видеото се уште никој не знае како да прави пари иако сите вложуваат и се натпреверуваат во тоа поле. Andy беше премногу директен и рече дека ако некој ви каже како знае да заработува со видео ве лаже. На Marcus предвидувањето е дека никој нема ни да знае во наредниве две години. Меѓутоа и двајцата ги детектираа предизвиците и можностите на олајн видео огласувањето.
Што се случува?
Луѓето сакаат содржина, особено видео содржина која за нив е поинтересна отколку читање на текст. Развојот на дигиталната технологија го направи видеото се популарно и достапно. Скоро секој произведува некоја форма на видео, а поради онлајн видеото интернет сообраќајот ќе се зголеми за 4 пати до 2014. Сето ова придонесе до појава на нов модел на пренесување и конзумирање на видео содржината. Тоа е „microcast“ моделот кој е спротивен на „broadcast“ моделот и кој фундаментално го менува начинот и дополнително го усложнува еко-системот на видеото.
Уште неколку брзи факти за онлајн видеото:
- 1/3 од севкупниот интернет сообраќај отпаѓа на онлајн видео
- Наспроти верувањето дека луѓето на интернет не гледаат долги видеа податоците покажуваат дека од просечни 4.8 миниту во 2008, луѓето сега во просек гледаат по 9.5 минути видео на веб платформите и се предвидува дека до 2013 ќе се дуплира и ќе изнедува 18.5 миниту во просек. Ова значи дека полека може да почнеме да зборуваме за веб ТВ, а не за онлјан видео.
- Моменталниот голем сообраќај на веб платформите за онлајн видео не значи дека се конвертира во заработка
Експлозија на онлајн видеото
Огласувачите потрошиле повеќе од 12.1 милјарди долари на интернет во првата половина на 2010 и тоа претставува 11.3% повеќе од ланската година. Видео огласувањето пораснало за 48% оваа година и се очекува да достигне 16.1 милјарди долари до 2012.
Предности на онлајн видео огласувањето
Според Marcus Harwall од сите форми на онлајн огласување најефективен медиум е онлајн видеото затоа што е за разлика од банер кампањите има:
- 10-50 пати поголем CTR.
- 19 пати поголема стапка на конверзии
Исто како и во другите онлајн кампањи за ефективноста пресудни се следниве фактори:
- Позиционирањето на огласот
- Оптимизација на целната страница (landing page). Најдобро е да се има повеќе верзии за да се измери која од нив ќе даде најголем резултат односно најголема стапка на конверзии
- Храброст да се биде креативен
Погледнета ја целата презентација на Marcus Harwall. Иако дел од податоците ви ги пренесов, внатре има уште доста интересни факти за моќта на огласувањето преку онлајн видео.
Авторите на комуникации.нет на Webit
Дополнето: на дното на овој пост може да ги најдете досега објавените блог постови
Дел од тимот на комуникации.нет, Наталија Трајчевска и Мите Кузевски, ќе присуствува на Webit Expo&Conference 2010 во Софија. Webit најголемиот маркетинг настан за Централна и Источна Европа, кој оваа година се одржува по втор пат. Краток осврт на минатогодишните случувања можете да прочитате во постот на Наталија, “Впечатоци од Webit 2009- eMarketing & eBusiness“, на emarketing.komunikacii.net.
По ланскиот огромен успех од повеќе аспекти, оваа година се надеваме на уште позрел пристап и поинтересни гледишта на трендовите и новостите во полето на маркетингот, комуникации и индустријата на мобилна телефонија. Во зависност од темата која ќе ја покриваме ќе блогираме на сите три блога во мрежата на комуникации.нет: komunikacii.net, emarketing.komunikacii.net и mobile.komunikacii.net.
Тимот на komunikacii.net кој ќе присуствува, ќе се потруди да ви ги пренесе сите впечатоци и оваа година. Ќе блогираме во живо и ќе пренесеме делови од панелите на повеќе еминентни експерти и компании во областа, како: Blake Chandlee од Facebook, Russell Buckley од AdMob, Alex Marks од eBay, и уште многудруги. комплетната програма може да ја видите на официјалната страница на Webit.
Освен блогирањето во живо, може на следите и на Twitter, каде ќе ги пренесуваме впечатоците во реално време под тагот #webit.
А сега посакајте ни среќен пат :).
Дополнување (27.10.2010): Македонската делагација веќе е на пат. Удобно и сигурно сместена во седиштата на автобусот. 🙂
Дополнување: Досега објавени блог постови:
– Маркетинг преку мобилни телефони
– Платформи за сервирање на реклами
– Како Ericsson им приоѓа на огласувачите
– Иднината на Интернет маркетингот
– Иднината на огласувањето е онлајн видеото?
– Социјалните медиуми и репутацијата на брендот
– Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн
140.mk, слушни ја македонската твитерсфера
140.mk е обид на едно место да се прикаже поголемиот дел од македонската твитерсфера. Приклучи се со твојата twitter сметка!
Continue reading