На прашањето дали човек треба да плати за работи кои ги добива „бесплатно“ – одговорот е, зависи од контекстот.
Ако некаде чиста вода за пиење е тешко да најдеш, човек ќе плати за пакувана („флаширана“) вода.
Но ова треба да важи и за оние случаи кога она што „обично е бесплатно“ доаѓа со додадена вредност.
На пример Apple има бесплатен календар но Fantastical, е многу подобра верзија на календарот на Apple. Исто е и со Cardhop – Именик како оној на Apple ама подобар.
Секако дека овој бизнис модел е помалку ризичен, зошто секогаш постои можност големата компанија да ги примени иновациите од малите компании во новата верзија на софтверот.
Но ако апликацијата е секогаш чекор понапред, тогаш таа може да се претвори во катализатор на позитивни промени кај „матичната компанија“.
Ако „подобрената“ верзија ви носи вредност, посебно ако тоа може да се претвори во заштедено време или пари, тогаш за истото вреди да се плати.
Секако ова зависи од тоа:
– Дали имате слобдоно време,
– Дали имате вишок „слободни“ пари,
– Колку си го вреднувате вашето слободно време.
Fantastical и CardHop исто така се пример за тоа колку е важно постојано да ги преиспитуваме „стандардните“ нешта и постојано да ги подобруваме.
Колку повеќе импресивна е револуциската промена кај концептите и производите, толку поважна е еволуциската промена кај истите на долг рок.
Еволутивниот пристап оди до некаде, но на крајот удира во ѕид. Тука доаѓа револуцискиот напредок кој овозможува скок до следното скалило. Но за да се стигне потоа до следното скалило, потребна е нова еволуција на концетот. И така до следниот револуциски скок.
Тука исто вреди да се напомене дека револуционерните идеи, се градат на напредни концепти кои неможат да се остварат поради погрешното време во кои се створени.
На пример: Денес немаше да има iPhone без: General Magic или VisiorPhone.
За крај еве уште неколку примери: Muse, Craft, Things и Descript.