Posts by Sead

Повеќе е помалку (или по краток блок вести се враќаме на рекламите!)

Не сум сигурен дали некој веќе во локалнава блогосфера ја допрел темава (Дарко коментирај ако треба, плиз), но јас ќе се преправам како да сум го „измислил проблемов“ и ќе напишам „одважно“ што мислам за тоа. Се работи за вестите и рекламите во нив или поточно за рекламите и вестите во нив. Присутноста на рекламите според мене во тв-вестите доби безобразно грандиозни пропорции што допрва сега мислам дека го сфаќам значењето на онаа гномската на нашите постари „Кај отиде светов?!?“. Да, да знам дека тие „као“ живеат исклучиво од реклами, но што е многу многу е.
Значи шемава е следна: Сакате да гледате вести? Е па пуштете ги соодветните вести што ги следите или што ќе ви налетаат, видете ги „главните вести“ во воведниот дел, свртете на некоја музичка телевизија или на Fashion TV едно 7-8 минути и вратете се да ги одгледате вестите кои ве интересираат или засегаат, сеедно. Кога ќе заврши блокот (домашни, економски и други вести) повторете го истото во времетраење од 5 минути, па вратете се на истите.

Vesti

Значи, никој нема против телевизиите да си имаат многу спонзори и среќно да си живеат со нив „ever after“…но за што овде всушност станува збор? Ај да не кажам дека така не се прави на запад или тоа го нема во препораките на Европската комисија, туку ќе кажам: Па за што не мислат тие? За некои дебели дебили заседнати фасцинирани пред ТВ кои онака ги мрзи да го помрднат прстето на далечинското и впиваат се што ќе натрупаат во нив?

Значи, насловот на постот би реферирал кон некаква идеја дека повеќе реклами е помалку рекламен ефект, но тоа и не е толку битно, за мене барем битно е што медиумската (не)писменост кај нас е двострана, значи не се само гледачите тие кои најчесто се неписмени медиумски (сепак мислам дека доволно се писмени за да ги одбегнат или игнорираат спомнативе рекламни шеми), туку и самите медиумски актери се прилично неписмени и ги потценуваат своите конзументи кои им ги продаваат на своите спонзори.

Да беше ова некој „мифка“ медиумски прилог ќе употребев синтагма „некои медиуми“ и „фино лепо“ ќе си ја пренесов пораката, но бидејќи тоа не е случај, еве ја мојата топ листа на тв-куќи најконтаминирани со прекумерно количество на реклами во информативните емисии:

3. Сител

2. А1.

1. Канал 5.

Медиумска реалност

Информациите кои новинарите, воедно странски и домашни, ги пренесуваат од самитот на НАТО во Рига, се интересен пример за тоа како тие, со поттик или содејство со центрите за моќ, ја оформуваат реалноста, која може да се нарече и „медиумска реалност“, и како интерпретациите можат да варираат зависно од тоа како на кого што му одговара.

Во изворната изјава од НАТО стои:

„We have sent a clear signal to the countries who have Membership Action Plan,” NATO Secretary General Jaap de Hoop Scheffer said, “that at our next Summit in 2008 those nations that meet NATO standards will receive invitations…The Alliance also affirmed that NATO remains open to new European members under Article 10 of the North Atlantic Treaty.“

Во официјалното соопштение пак стои:

We welcome the efforts of Albania, Croatia, and the former Yugoslav Republic of Macedonia (1) to prepare themselves for the responsibilities and obligations of membership. We commend their increasing contributions to international peacekeeping and security operations as well as their common efforts to advance regional cooperation. At our next summit in 2008, the Alliance intends to extend further invitations to those countries who meet NATO’s performance based standards and are able to contribute to Euro-Atlantic security and stability…точка 30 од соопштението

Мислам дека самиот реден број индицира и важност на ова прашање. но ете да не коментирам и јас сега…

Конзервативните центри преку BBC изјавата ја толкуваат овака:

The summit, the first Nato meeting in an ex-Soviet state, also discussed its partnership activities. The alliance issued an invitation to Bosnia-Hercegovina, Montenegro and Serbia to join the Partnership for Peace programme…No new member countries were invited to join, but the secretary general said Nato’s door remained open – and every effort would be made to assist aspiring members over the threshold.

Патем кажано, ниту една земја не се споменува поединечно или директно во однос на процесот на проширување (се споменуваат тие по именично кои се во акциониот план и кои се поздравуваат заради учеството во НАТО мисиите и реформите). Но затоа нашите локални медиуми се чувствуваат сосема суверени и компетентни да ги измешаат соопштенијата (фактите) со интерпретациите (муабетите и шпекулациите) и да пласираат прилози во следна форма:

Хрватска, Македонија и Албанија ќе добијат покана за прием во НАТО на самитот во 2008 година доколку ги исполнат условите, се вели во завршниот документ од самитот на лидерите на НАТО во Рига.

Како изненадување, лидерите на НАТО ги повикаа Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора да се приклучат во програмата Партнерство за мир…“ А1.

„НАТО на следниот самит има намера да се прошири и притоа да ги покани државите од Јадранската група – Македонија, Хрватска и Албанија, се наведува во завршната декларација усвоена денеска на самитот на Алијансата во Рига, јави специјалниот известувач на МИА од Рига“ Телма.

Сега каде е вистината не знам но на некои наши им беше допволно за да почнат да слават:

„Среде шума со чашка жолта, оган и дивеч за ручек. Вака еден ден потоа, за поканата за НАТО во 2008-ма се славеше во шумскиот резерват Јасен.“ А1.

Ете тоа се нашите медиуми и тоа се нашите политичари, ни директна потврда, ни цитат, ни линк, ни бутур, се се сведува на некој дописник на МИА кој така го интерпретира и на политичките интерпретации на кои вака тешко човек да може спонтано да им верува во искреноста.

„Channel 4“ обединува „Social networking“ и „Reality TV“на својот нов сајт

Англискиот тв канал „Channel 4“ во најскоро време ќе го реактивира својот сајт е4.com со идеја да го презентира како нов конкурент на You Tube и My Space. Интересен дел од оваа вест која стигнува од „Channel 4“ е што на новиот сајт ќе ги обедини своето Reality TV „Big Brother“ и реформираниот сајт за „Social networking“ со тоа што оние коишто ќе upload-уваат свои клипови стануваат можни учесници на англискито „Big Brother“. Но, да не прераскажувам многу еве ја веста изворно:

Channel 4 is launching a challenge to YouTube and MySpace by creating its own social networking website, driven by the powerful Big Brother brand…The initial lure is that users can audition for a place in the Big Brother house next year by posting clips of themselves. One contestant will be chosen directly from their web submission after the clip has been rated and swapped between site viewers…Channel 4 receives about 150,000 applications a year to compete in the programme, which has become an instant route to celebrity story.


College teaches via computer game

Ете и тоа се случи, и беше сосема очекувано:

Students at a college in the Chilean capital Santiago have been testing a new computer game developed for them using their teachers as the bad guys.

The game, entitled 2065, after the year in which it is set, was designed specifically for the college and is the first of its kind in Chile.

It works by dividing the large group of students into five tribes.

They must “build the world of their dreams” while fighting an evil “republic” made up of corrupt teachers.

Technorati Tags: , , .

„Фокус“ во трка по „Гинис“

Не. не. овде не станува збор ниту за еден од големите светски брендови во некоја нова откачена реклама, ами станува збор за рекордот што локалниот неделник „Фокус“ се обидува да го постигне во последниве неколку месеци. А за што е можниот рекорд? И верувале или не, почитуваните „Фокус-аџии“ се обидуваат тоа да го направат со бројот на насловни страници на иста јавна личност по ред.

Јавната личност е секако лицето Б.Ц., актуелниот Претседател на Р.М. и од неодамна кираџија на неодредено време на насловната страница на овој неделник (точната бројка не ми епозната но од летово мислам Б.Ц. не се симна од таму). Мислам дека ваква серија на насловна на ист весник не им се случила ниту на Кастро ниту на Мао Це Тунг во нивните најдобри години. Иронијата на страна, навистина еден неделник (од Word Press третиран како независен) толку ниско да падне што личните расправии прераснати во серија судски сапунски спорови ќе ги престори во јавно тормозење на публиката е сосема непотребно. ниту тоа има некаква врска со независност, ниту критикуваниот се смени.

Добро, да не се загуби поентата на постов, ако некој има прецизна статистика за бројот на насловни со Црвенковски по ред во „Фокус“ го молиме да ни ги достави во коментар. Срдечно благодариме!

СМС на испит

Кратенките кои корисниците на мобилни телефони ги користат при размена на СМС пораки се официјално признати како дел од службениот англиски јазик. Сензационалната вест се разбира прво отиде на „CNN“, а потоа е преземена и од „Smart Mobs“. Засега ваквото признавање се однесува само на Нов Зеланд на смс-кратенките, кои иако не се препорачани, сепак ќе бидат прифатени како точен одговор ако се разбирливи и недвосмислени во значењето 🙂 lol.

Technorati Tags: , , , , , , , .

Блог-историја на еден ден

Дали е можно еден ден целосно да се евидентира и пренесе на блог? И тоа не само вашиот личен, туку на илјадници други ваши сограѓани, корисници на интернет. Во тек е акција за евидентирање на 17 октомври 2006 во Британија, блогерски потфат кој за идните генерации би оставил сведоштво како луѓето живеат денес во Британија.

Thousands of people across Britain have contributed to a project aiming to create an online archive of a day in the life of the country.

The National Trust is encouraging people to record a diary of their day on a website, as part of what is being called “Britain’s biggest blog”.

The trust says it will create a “fascinating social history archive” of everyday life for future generations (full story).

Тринаесетте земји непријатели на интернетот

По објавувањето на својот извештај за слободата на печатот„Репортерите без граници“ (RFS) на тапет ги ставија земјите кои го опструираат развивањето на интернетот. Оваа листа има неславни 13 земји кои според оваа асоцијација ја оневозможуваат слободата на изразување преку интернет:

Three countries – Nepal, Maldives and Libya – have been removed from the annual list of Internet enemies, which Reporters Without Borders publishes today. But many bloggers were harassed and imprisoned this year in Egypt, so it has been added to the roll of shame reserved for countries that systematically violate online free expression.

“Amnesty International“ бара солидарност од блогерите

“Amnesty International“ во своето последно обраќање до јавноста ја искажа загриженоста за слободата на говорот, која според нив, е пред постојан предизвик и притисоци, и воедно побара од блогерите да покажат поголема солидарност кон блогерите кои заради своите ставови објавени он-лајн се притворани или прогонувани:

Freedom of expression online is a right, not a privilege – but it’s a right that needs defending,” said Steve Ballinger of Amnesty International. “We’re asking bloggers worldwide to show their solidarity with web users in countries where they can face jail just for criticizing the government….

The human rights group is also taking its campaign to the Internet Governance Forum (IGF) – a group set up by the UN to act as a debating body for national net policies. The first big meeting of the IGF takes place in Athens from 30 October to 2 November.”

Истовремено, “Amnesty International“ започна со своја сопствена кампања за заштита на слободата на говорот на интернет.

За урбаната мафија

Иако поучувањата и забелешките за јазикот во медиумите и кај новинарите кај нас ретко имаат некаков ефект, овој пост сепак свесно помалку „донкихотовски“ ќе посочи уште еден груб семантички прекршок актуелен овие денови во медиумите. Авторов на постов беше чесен и совесен па им испрати (електронски) пораки и коментари на темава на повеќето новинари, каде што тоа беше можно, и откако овие во стил на врвни политичари се оглушија на тоа, си реков е па драги новинари шуќур за блогосферава, па и ние гледачите и слушателите може да си кажеме по нешто за нивната работа, и тоа без да мораме „да јадеме бурек“.

Имено, уште не сретнав, освен во едно соопштение на „Министерството за транспорт и врски“, правилно да се употребува придавката изведена од „урбанизам“ (именка). Hellou другари и другарки журналисти, урбано не е придавка од „урбанизам“, ами е синоним на „градско“/„градски“ и е антоним на рурално. Па така ако кажете „урбана мафија“ му се заканила на овој или оној тоа може да значи и дека некој шверцер од Бит пазар му се заканил на министерот. Впрочем, барем јас, наивно, мислам дека секоја мафија е урбана, зарем постои некаква рурална или селска мафија што оди по ниви и им собира рекет на земјоделциве. Значи, „урбанистичка“ или „градежна“ мафија би бил магичниот поим, а оние кои мислат дека ова е цепидлачење за две три букви, ќе им кажам ај следниот пат кога ќе на молерот ќе му нарачате фарбање во жолто а ви ја офарба собата во црвено што ќе му кажете, нема врска?

И уште згора на тоа самите медиуми ни држат лекции како јазикот во медиумите не бил добар. Ај Билјана те молам зборувај малку со Маја, оти така се подобрува јазикот низ пракса, а не низ разговори со кабинетските истражувачи од таму некој институт коои плачат како никој не ги сака, односно не им дава пари за не знам што.

Се извинувам ако некаде низ постов се почувствува некаква афективност, ова треба да биде сосема студен научно фундиран пост:)

Ивце Пивце во вестите подолу?

Ќе ја употребам најфреквентната фраза на македонско-медиумските-дебатно-полемичко- расправачки емисии и ќе напишам дека еве би сакал „да се надоврзам“ на постот на Дарко за состојбите и програмите на локалните електронски медиуми. Па така по неколкудневно здраво-критичко и добронамерно следење на истиве со мирна душа можам да напишам:нашиве медиуми навистина работат по максимата „размислувај глобално-глупирај се локално“. Во дебатите за јазикот и политичката пристрасност нема ни да навлегувам, а сепак останува море од грешки и смешки за кои навистина треба да се напише по некој збор:

-за неверување ми беше дека на локалните медиуми емисија за деца има водител под име „Ивце Пивце“?!? Не велам дека човекот си е лош во работата или слично, но Ивце дај смени си го името (колку да е некаков „бренд“), оти не знам какви родители можат со мирна душа да ги носат своите деца на шоу на Ивце Пивце.

-нашите презентери и нивната креативност е добро елаборирана, но најновото во тој ресор е дека се повеќе од нив и се почесто овие елоквентни шизици ја употребуваат сентенцата (по најава за некој прилог) „за ова подолу во вестите“ ???!!!???. Кој да им објасни на нив сега дека вестите одат на временска оска, а не на просторна, и не е подолу, туку e подоцна. Очекувам некој ден само по најавата на Чом од под маса да се јави Сијка со прилогот од вестите подолу.

-инаку најшоу (во не-кул смисла) беше последното издание на „Вртелешка“ и нејзините млади дечки со прилично бледи обиди на направат провокативно (in your face) шоу со Оливер Белопета?!? Баш го најдоа човекот за провоцирање, а нај „highlight“ беше атаката дека многу „земјоделци“ му доаѓале на Скопскиот џез фестивал?!? Како да е тој крив за тоа што имаме многу агриколи во земјава.

Интернетизам

Во скорешната студија на „Стенфорд“ универзитетот се наведува дека и покрај поодминатото време и искуство во однос на користењето на интернетот, сепак се уште се повторуваат почетните грешки и премногу внимание се посветува на добрите страни на „сурфањето“ за сметка на вистинското третирање на лошите страни на интернетот. Според истиот извор нешто повеќе од 1 од 8 Американци покажува знаци на зависност или негативна употреба на интернетот. Сосема случајно овие знаци во изненадувачки голема мера се слични со знаците на зависност од алкохол, наведуваат истражувачите. Накусо, околу 13% покажале зависност и неможност да бидат одвоени од интернетот подолго време, додека пак околу 8% го користат за да избегат од проблемите и негативното расположение.

Добродојдовте во забавниот парк „Foucault-Land“!

Се ценам себе си како некој кој ниту од далеку не припаѓа на некакво „фино и лепо друштво“ на технофоби, но вестите кои во последно време зачестија во најмала рака стануваат загрижувачки. На пример една од рецентниве стории на „BBC news“ зборува за следново:

Electronically tagging passengers at airports could help the fight against terrorism, scientists have said. А prototype technology is to be tested at an airport in Hungary, and could, if successful, become a reality “in two years”…The plan would be for each passenger to be issued with a tag at check-in. He said: “In our system, the location can be detected to an accuracy of 1m, and video and tag data could be merged to give a powerful surveillance capability.” (Full story)

Тест-периодот ќе се одвива во Унгарија и имам чувство дека нивниот Премиер-лажго веднаш ќе си нарача „едно туце“ за лични политички употреби. Накусо, уште еден бисер на научната UK-елита (по оној за имплантирање на локатор во забите на имигрантите, кој никогаш не заживеа целосно). При крајот на веста се вели дека допрва ќе размислуваат како да ги оневозможат патниците на аеродром кој треба да бидат следени да не ги фрлаат или разменуваат „таговите“ (приврзоците) меѓу себе (sic!). Важно е прво да се продадат, а дур’ потоа ќе се мисли на следниот неопходен „upgrade“.

А насловот? Еве заради ова: panopticon.jpg

Google Tube

Купувањето на „You Tube“ од страна на „Google“ доби своја заслужена медиумска покриеност и го разбранува интернет пазарот.
Покрај нужните економски последици и инвестициска интригантност на овој потег на „Google“, за нас корисниците многу поинтересно ќе биде можното еволуирање на „интернет пребарувањето“ во доменот на визуелните податоци и материјали кои по својата природа ја надминуваат категоријата „информација“. Со други зборови, видео материјалот, клипот, и сето она што оди како алва на „You Tube“ покрај тоа што носи информации, пренесува и подразбира редица други нешта:
…забава, визуелно уживање, естетика, вкус…

На оваа тема се одважи (мошне успешно) Jeff Jarvis на својот блог. A за останатите реакции на блогерите „во светот и пошироко“ (патент-фраза на Атанас Костовски) на изборот на Slate.

“Hack in the Box” конференција

Hack in the Box” е една од оние, барем досега, ретки конференции и собири на кои покрај хакерите учествуваат и специјалисти за сигурноста на разни апликации, мрежи, системи и софтверски експерти.

Ваквите конференции ги навестуваат промените и ја сигнализираат умерената тенденција полека да се демистифицира „хакерството“ како исклучиво штетна и деструктивна појава, а самите хакери во одредена смисла да ги ре-социјализира во кибер-просторот.

Интересно е дека на овој собир, како и на неколку претходни, како учесници се позабележани се експертите за сигурност на „Microsoft“ кои во периодот пред дистрибуирањето на нивниот следен голем прокет (Windows Vista) полека како да прифаќаат „преговори“ со досега своите закоравени соперници и противници хакерите. Само во ваков контекст насловот на следната статија на “Computer World” не би требало да прозвучи шокантно:

At hacker conference, Microsoft gets credit for effort

Политизација на „My Space“ и „Facebook“?

Појавата која на нашите гласачи им е прилично позната (т.е. охрабрувањето да се излезе и да се гласа) овој пат доби своја американска варијанта, според информациите на “BlogHerald”.

Имено, популарноста на „My Space“ и „Facebook“ овој пат привлече забележана активност од политичките фактори кои преку овие “social networking” сајтови им упатија пораки со оваква содржина на корисниците. Понудените погодности во форма на линкови овозможуваат регистрирање и веб-страници на кои се оценува популарноста на кандидатите.

Политизацијата и комерцијализацијата на новите медиуми во сферата на социјалното вмрежување секако носи нов предизвик за тоа колку на нив ќе им се одолее и колку тие и покрај влијанијата/притисоците од политичките и економските фактори сепак ќе останат непосреден глас на автономни и автентични поединци и групи.

Поглед во иднината на интернетот…

Според скорешното истражување на „PEW“-проектот за иднината на интернетот во периодот 2006-2020 година, тој ќе продолжи да се развива и шири со ненамалено темпо.

Некои од позначајните прашања и дилеми кои според експертите ќе се наметнат се:

-Кој ќе ја контролира ваквата грандиозна архитектура на интернетот?

-Поврзаноста на интернетот со мобилните технологии.

-Степенот на социјалните и политичките промени кои ваквиот развој ќе ги предизвик(ув)а.

Еден од интересните пасуси од истражувањето е предвидувањето дека човекот во рамките на овој период ќе успее да ја задржи стабилната контрола врз новите технологии, но сепак ќе бидат создадени такви технологии кои ќе бидат надвор од директна човечка контрола…

Во духот на „словенската антитеза“ на која нашето образование се гордее една куса вест од домашната сцена која лабаво е поврзана со темата на овој пост: „Прволиг(а/у)шите во КСМ не сакаат да имаат интернет презентација“.

Пирова победа

sizif1.gifКо-авторите на овој блог во Relax-иран разговор горе-долу се согласија дека троа непотребно се крена премногу прашина околу рекламата на „T-Mobile“. Се разбира, порастот на влијанието на македонските блогери, кое конечно и се рефлектираше во одлука на „Советот за радио дифузија“, е сосема позитивна работа, но се чини дека овој пат општата реакција беше преизнасилена, потрошена на погрешна тема и едноставно кажано дискутабилна. Сугерирањето на неколку постови дека скокот на ликот од рекламата од висока зграда може да поттикне директно имитирање кај помладите гледачи и некаква суицидалност како и подоцнежната реакција на Советот за Р.Д. се навистина несериозни. Додека оваа реклама ќе оди по 21ч и младите ќе бидат заштитени од неа, истите тие гледачи ќе видат едно седум-осум филмови со каскадерски сцени од Џет Ли и се уште жувијалниот Жан Клод Ван Дам и ќе мора тука да се соочат со поттикнатите каскадерски и суцидални пориви и нагони. Овие ликови, секако, се многу посугестибилни за децата од анонимецот од спомнатата реклама. За жал ваквите, навидум, победи на гласот на јавноста се само илузии дека нешто е постигнато и дека сме заштитиле од медиумските зли духови. Мене лично ми изгледа дека повеќе дебатата или реакцијата, свесно или несвесно, беше поттикната од желбата за дисциплинирање на една силна компанија, и генерирање на некаква престижност отколку што таа ќе смени нешто во поглед на моралноста на рекламите. Впрочем, видете ги неколкуте билборди низ градов со „Flunk me!“ производот. Не верувам дека некој ќе покрене акција против рекламава со млада девојка во сугестивна потклекнатост која ве повикува да ја намачкате. За крај само еден упатен текст на оваа тема од Cultsock.

За весниците наши

Од проверени (дистрибутивни) извори на авторов на овие редови некни (викендов) му беше потврдено дека продажбата на локалните дневни весници продолжува да опаѓа. Би рекол можеби за жал, но воедно размислувајќи за инерцијата по која тие работат (чест на исклучоците) некако повеќе ми станува јасно дека самите стануваат жртви на сопствената (демократска) револуција.

Весници во кои денес читате вести од завчера, суви телеграфски приопштени настани и резултати, без анализа, контекст, длабочина, тук’ и таму по некоја „активистичка“ колумна и на тоа би се свел просечниот дневен весник. Скандалистичките писанија и тривијалните секси-бесмислици на одредени „Ве“-сници не би ги ни коментирал во рамките на ваква или слична тема. Несвесноста или пак игнорирањето на фактот дека покрај класичните побрзи медиуми (ТВ и радио), денес тие треба да справат и да преживеат конкуренција со супер брзиот интернет, влијаат на општиот пад на локалните дневни весници.

Секоја средина има своја посебна формула за медиумска коегзистенција, но еве да речеме, за споредба, кај јужниот сосед, акцентот е префлен на дистрибуција на бесплатни весници (кои се во поголем број од 20-те дневни весници што се дистрибуираат во Атина, на пример), како и врз развивање на веб-страниците на весникот во инфо-портал.
Солиден текст на оваa тема во CMC Mаgazine; Интересен детаљ е датумот на објавување на текстот.

„BBC“ нуди персонализирано радио

Она што беше подготвувано веќе подолго време конечно се случи: медиумскиот гигант „BBC“ почна да нуди услуга до слушателите на своето радио сами да учествуваат во функционирањето на нивниот радио сервис со тоа што ќе ја составуваат неговата содржина:

The planned service, provisionally called MyBBCRadio, was revealed by Mark Thompson at the Radio Festival in Cambridge. It aims to give audiences more control by combining existing services such as podcasts and the BBC Radio Player. It will be part of the BBC’s iPlayer, a free service which will also offer seven days of BBC TV on demand.“

Нашиот јавен сервис, секако има попаметни работи отколку следењето на светските трендови.