Posts by Симона Пеовска

57 #ПрегледВоПеток

Се вратив од одмор и празник или не, ако е петок тоа значи дека ќе пишувам #ПрегледВоПеток 🙂

Нови бизнис алатки од Facebook и Instagram

Facebook со нови Stories templates за бизниси

Неделава Facebook пушти две нови алатки дизајнирани да им помогнат на бизнисите. И тоа во право време, со оглед на тоа дека голем дел од американците пазаруваат за Божиќ уште од сега. Првата алатка е нов сет на темплејти за стори.

Темплејтите се едноставни, визуелно ефективни опции кои може да се едитуваат а ќе им помогнат на брендовите да ги прикажат своите производи и сервиси. Истите се достапни преку Facebook Ads Manager и Facebook направи step-by-step прирачник за користење.

Нови опции за Instagram Direct

Facebook додаде нови опции за Instagram Direct кои ќе им овозможат на бизнисите да:

  • Додадат ознаки на контакти, како “VIP” или “New Customer”
  • Пребаруваат контакти за да најдат тоа што го бараат поефикасно
  • Зачуваат повратни пораки во Direct за почести прашања
  • Подесат instant replies и away messages
  • Организираат Direct пораки во фолдери

Facebook посочи дека алатките ќе ги пушта постепено што значи дека кај нас ќе бидат достапни малку подоцна.

Повеќето американци читаат вести на социјалните мрежи

Иако повеќето американци читаат вести на социјалните мрежи, тие исто така велат дека големите платформи имаат премногу контрола врз истите. Според една студија од Pew Research Center која излезе во средата, испитаниците велат дека социјалните мрежи ги прават вестите “полоши” отколку што се.

И Democrats и Republicans се загрижени за моќта на социјалните мрежи врз вестите. Republicans се малку повеќе скептични, што и не е изненадување затоа што политичарите, вклучувајќи го и Donald Trump, тврдат дека платформите системски цензурираат конзервативни вести. И покрај сè, бројот на американци што користат социјални мрежи за читање вести се зголемува. Facebook го зема првото место со 52%,

Влегуваме во the Era of Big Podcasting

Многу се има случено во кратката историја на подкастите до сега. Трендот е сè поголем а исто и шансите дека подкастите ќе станат дел од забавната индустрија. Приказната како ќе дојдеме до таму е поделена во два дела. Првиот е сè што се случи пред и по 2014. Вториот е што се случува сега. Многу интересна статија на Vulture која топло ти ја препорачувам.

74% од американските економисти очекуваат рецесија до крајот на 2021

Голем дел од економистите во САД се загрижени за ризиците од економската политика на Donald Trump. Во студија од National Association for Business Economics чии резултати излегоа во понеделникот, 74% од економистите очекуваат рецесија во САД до крајот на 2021.

Trump ги негираше овие грижи за рецесија.

I don’t think we’re having a recession. We’re doing tremendously well. Our consumers are rich. I gave a tremendous tax cut and they’re loaded up with money.

Изјава на Donald Trump

Економистите се загрижени за генералниот пристап на администрацијата на Trump во однос на економијата.

Бонус линкови

Толку од мене за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉

55 #ПрегледВоПеток

Идеме јако со 55-иот преглед во петок!

55 woo hoo

Facebook тестира криење на лајкови во Австралија

Денес Facebook официјално почна да тестира криење број на лајкови во Австралија. Авторот на постот ќе може да го види бројот на лајкови, а сите останати ќе гледаат “Name + others”. Тестирањето ќе се одвива паралелно со она на Instagram.

Facebook Pages што имаат голем број следбеници и најчесто повеќе лајкови на објави отколку обичниот корисник би пропуштиле екстра интеракции и досег. Неколку инфлуенсери од Канада се пожалија дека имаат намален досег откако тестот за криење лајкови почна на Инстаграм. Ќе видиме како ќе се одрази на пејџовите.

Instagram стави рестрикции на реклами за диети и козметички операции

По консултација со неколкумина експерти за ментално здравје, Instagram изјави дека ќе имплементира нови рестрикции на објави што промовираат диети и козметички операции. Покрај рестрикциите, објавите што промовираат диети и производи за слабеење со “чудесни” ефекти ќе бидат отстранети од платформата.

Промените може да бидат “катастрофални” за лајфстајл гуруата и инфлуенсери кои објавуваат за најразлични напитоци и суплементи за слабеење и што ти не. Сепак, позитивните работи ги надминуваат негативните. Ова е добар потег за Instagram, останува само да се надеваме дека и другите платформи ќе го направат истото во иднина.

Samuel L. Jackson ќе го позајми гласот за Amazon Alexa

Интеракциите со Alexa ќе станат позабавни и вулгарни, откако актерот Samuel L. Jackson потпиша договор да го позајми неговиот глас за уредот. Опцијата Samuel L. Alexa (неофицијално име) ќе биде достапна за корисниците до крајот на годината.

Amazon вети дека ќе ја земе слободата на изразување на Jackson, а корисниците ќе имаат опција да го овозможат или оневозможат вулгарниот јазик. Оваа опција беше само една од бројните промени кај Alexa што беа најавени на компаниската изложба во средата.

Uber најави многу (позитивни) промени кај своите производи

Uber ги спојува апликациите за превоз и достава на храна, додава нови опции за безбедност, ја зголемува свеста за користење велосипеди, електрични скутери и јавен превоз и се вклучува во “виртуелни ресторани”, заедно со уште еден куп други најави.

Дознај повеќе во интервјуто на The Verge со Uber CEO Dara Khosrowshahi.

Припадници на Gen Z во Србија откриваат што за нив е добра работа

Нашите пријатели од Netokracija седнаа со неколкумина припадници на Generation Z. Збореа за тоа што за нив значи работа од соништата и колку би ризикувале да дојдат до неа. Интересна статија која топло ви ја препорачувам да ја прочитате. Времето на Gen Z допрва доаѓа!

Бонус линкови

Толку за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок! 🙂

54 #ПрегледВоПеток

Ме смени Дарко минатиот преглед во петок но за денешниот се враќам во програма. Интересни четива се собраа неделава. Не се многу, но во последните две навлегов малку подетално бидејќи ептен ме интересираа. Се надевам и тебе исто! 🙂

Подобро менаџирање со табовите во Google Chrome

Ако си некој што го користи Chrome со 50+ табови отворени во секое време, *кхм* Дарко, го користам овој преглед да ти кажам дека менаџирањето со табовите ќе ти биде олеснето. Google најави дека ќе има нов привју што со “hover over” ќе ти овозможи побрзо да го најдеш табот што го бараш.

Покрај овие промени, Google планира и дотерување на делот за URL. Ќе добиваш инстант одговори за пребарувања од типот на временска прогноза, превод, спортски настани, и друго. Исто така ќе има и нова алатка со која ќе можеш да ја смениш бојата на целиот пребарувач и пејџот за нов таб, без воопшто да симнуваш теми од Chrome web store.

Instagram ќе се претвори во TikTok

Исто како TikTok, “Clips” ќе им овозможи на корисниците на Инстаграм да снимат сегменти од видеа и да ги објават како едно видео на Story. Корисниците ќе можат да стават музика на видеата и да ја подесат брзината и тајмингот на секој клип.

Копирање на други апликација изгледа како дискутабилна постапка, но доминацијата на Facebook продолжува да се шири. Во моментов нема официјална изјава од Instagram за новата опција.

Како Jala Brat изгази со новиот албум

Не е важно каква музика слушаш, какви се твоите лични ставови и останато, зборуваме за маркетинг. Босанскиот рапер, Jala Brat, за само 24 часа по објавување на новиот албум успеа да собере по милион+ прегледи на сите 6 песни.

Создавање hype со инфлуенсери

Неколку недели пред да го објави албумот, преку своите профили на социјалните мрежи, Jala ја заинтригира публиката и го прикажуваше процесот на креирање на албумот. Ништо ново, нели. Но во креирање на хајпот се вклучија и негови колеги кои го поставија каверот од албумот како нивна профилна слика.

Референци од популарната култура

Тука е битно да се поврзе брендот со други успешни и познати брендови кои се моментално популарни затоа што така се прави позитивна асоцијација кај таргет публиката. Бидејќи Jala знае што сака неговата публика, тој во сите 6 песни споменува 20 различни брендови кои се светски познати. И не само брендови, и личности.

Лансирање на производот кога е 100% завршен

Jala одеднаш ги пушти спотовите за сите песни на албумот, што е реткост за музичарите на Балканот. Доста пари се потрошени на продукција, но и многу добар дел од парите ги врати уште во првите 24 часа од прегледите на YouTube.

Играње со тајмингот и платформите

Албумот не беше истовремено објавен на сите музички платформи. Amazon, iTunes и Google Play беа први бидејќи се премиум платформи и не може бесплатно да се слуша музика. Најнетрпеливите фанови си го купија албумот за $5 до $7 и први ги слушнаа песните. Наредниот ден песните беа објавени и на YouTube, секоја во растојание од 1 час. Понаредниот ден, песните беа објавени и на Deezer и Spotify. На овој начин Jala ги оптимизираше своите шанси за профит уште во самиот старт.

Ширење на брендот = поголема заработка

Секогаш може уште! Пред три години Jala и екипата направија свој бренд за облека. Специјално за новиот албум дечките направија брендирана кутија полна со работи, нешто што до сега не е направено на Балканот. Во кутијата го има албумот, маичка, привезок, постер и стикери.

Настан во чест на промоција на албумот

На денот кога официјално излезе албумот, Jala направи мини промоција во центарот на Sarajevo. Со еден мал настан, тој доби покриеност од скоро сите медиуми.

Целата промоција на албумот #99 ја одиграа многу паметно и мудро го вклопија стариот добар 4P маркетинг микс.

Ни треба MESH едукација

STEM едукацијата е витална во решавање на многу општествени проблеми. Но без да посветиме еднакво внимание и на едукација за меѓучовечките односи, државата, економијата и медиумите – техничкото образование би било залудно.

Tim Wise зборува за фокусирање на MESH едукација, што значи Media Literacy, Ethics, Sociology and History. Бидејќи овие науки не се доволно во фокус, тој вели дека на крајот остануваме со квалификуван кадар по техничко образование кој не знае за демократско државјанство.

Треба да се образуваме за медиумите за да научиме како да филтрираме пропаганда и политички наддавања. Сведоци сме на многу лажни вести што се споделуваат на социјалните мрежи. Етички дилеми има насекаде околу нас. Социологија е предмет кој не сите го учат или многу малку се изучува, а нуди многу битни информации кои помагаат во разбирање на општеството и како тоа работи. Секој граѓанин треба да биде запознаен со историјата на држвата во која е роден.

Wise вели дека иднината на нацијата и на светот зависи од луѓето кои се ангажираат да направат нешто, се точно информирани и размислуваат критички. Тоа значи дека ни треба повеќе од STEM. Ни треба MESH едукација.

Бонус линкови

Тоа е сè од денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок! 🙂

52 #ПрегледВоПеток

Здраво, како е?

Оваа недела се собраа доста интересни четива за преглед во петок, па да си го фатиме редот.

И Facebook размислува за криење на лајковите

Facebook можно е набрзо да почне да ги крие лајковите на објави во News Feed со цел да ги заштити своите корисници од хејт и љубомора. Идејата е корисниците да престанат да се споредуваат со други и да не се чуствуваат лошо ако нивните објави не добиваат многу лајкови. Ова може да го спречи корисникот да избрише објава ако мисли дека нема доволно лајкови или да не ја објави воопшто.

П.С. Facebook бара македонец за позицијата Market Specialist за Western Balkans. Ќе си ја пробаш среќата? 😀

Twitter оневозможи испраќање твитови преку СМС откако го хакираа Jack Dorsey

Тwitter “привремено” оневозможи испраќање твитови преку СМС, неколку дена откако опцијата беше злоупотребена од хакери за споделување расистички пораки, закани за бомба, и ред други пораки, од акаунтот на Jack Dorsey, кој е CEO на Twitter.

Tweet about the hack from @Hooray

Twitter изјави дека вината е кај мобилниот оператор, но сепак работи на подобра безбедност за своите корисници. Опцијата е овозможена на неколку локации, таму каде корисниците зависат од неа за да твитуваат. За останатиот дел од светот, нема испраќање твитови преку СМС.

YouTube отстрани 17,000 канали што ширеа омраза на платформата

Оваа недела YouTube изјави дека има апдејт во врска со отстранување на канали што шират омраза на платформата. Според изјавата, отстранети се преку 100,000 видеа и 17,000 канали што ширеле омраза.

Политиката за ширење омраза се смени во јуни годинава и YouTube “категорично забранува видеа во кои се пренесува пораката дека една група е супериорна со цел да се оправда дискриминацијa или сеграгација врз база на возраст, пол, раса, класа, религија, сексулна ориентација или статус на ветеран.” Исто така додаде дека ќе ги отстрани видеата во кои се величи идеологија на нацистите.

LinkedIn овозможи автоматско генерирање alt-text тагови на слики

На почетокот на годинава LinkedIn овозможни рачно додавање на alt-text тагови на слики со цел да ја подобри функционалноста на платформата за корисниците со оштетен вид. Со оглед на тоа дека фокусот на LinkedIn е сè повеќе на визуелниот дел, овозможувањето автоматско генерирање на alt-text тагови на слики е сосема на место.

Колку се точни автоматските назнаки и како точно LinkedIn ќе ги искористи тие податоци, претставуваат значајни фактори. Има смисла да ги користат назнаките во делот за пребарување, онаму каде што е возможно. Ако имаш објава за кола и LinkedIn може да идентификува кола на сликата, тогаш таа објава ќе им излезе на тие што се интересираат за коли.

Бројот на корисници на Bridgefy се зголеми за 3658%, благодарение на демонстрантите во Hong Kong

Како слободно да комуницираш кога владата ја прати секоја твоја порака? Ќе користиш апликација за четување што работи со и без интернет конекција. Bridgefy e токму една од тие апликации. Демонстрантите во Hong Kong ја користат за да комуницираат едни со други бидејќи за разлика од традиционалните СМС пораки, мејлови и WeChat, владата нема пристап до Bridgefy.

Во последните 60 дена, бројот на симнувања на апликацијата е зголемен за скоро 4,000%. Апликацијата ги поврзува корисниците преку стандардна Bluetooth конекција низ цел град, благодарение на mesh мрежата. Четувањето е брзо со луѓе кои се во близина од 100 метри едни од други, но можеш да се поврзеш и со корисници кои се подалеку. Пораките “скокаат” од еден до друг телефон на Bridgefy корисниците, сè додека не го најдат примачот.

3 важни трендови во дизајнот од септември 2019

Овој месец трендовите во дизајнот се насочени кон Gen Y и Gen Z.

Дизајн кој ја привлекува младината

Дизајнот се истакнува по боите, сликите и жаргонот кој се користи во текстовите. Не се користат пастелни бои, туку јаки бои кои ќе ти го зграпчат вниманието. За сликите се користат анимации, видеа или форми и елементи во движење. Тематиката е дека дизајнот е динамичен, лесен и активен.

Дизајн со TikTok естетика

Оваа естетика вклучува кратки видеа, најчесто со филтри или глич ефект. Дизајнот не е совршен и некои работи што можеби изгледаат како да се грешка, се всушност дел од тематиката. Овој дизајн е далеку од она на што сме навикнати да гледаме.

Дизајн со футуристички изглед

Овој тип на дизајн вклучува светли бои, анимација, сајбер слики, многу малку слики и теми што изгледаат како код. Можеш да наидеш и на елементи што избледуваат во хоризонтот или пак елементи што се чини дека немаат крај.

Бонус линкови

Толку од овој преглед во петок, се надевам добро ти дојдоа четивата. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 🙂

51 #ПрегледВоПеток

Доцна навечер, го означуваме крајот на работната недела со ново издание на #ПрегледВоПеток. Седни, или легни… опушти се и дознај што сè се случи изминатава недела.

НБРСМ овозможи отворање сметки на финансиски сервиси во странство

На вчерашната седница на НБРСМ беше донесена Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите кои што не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со измените им се овозможува на граѓаните и компаниите да отворат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции. Сметките ќе може да се користат исклучиво за комерцијални цели, а дали и кога ќе можат граѓаните и компаниите да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат, одлучува секој од сервисите.

Како и да е, клучниот дел во оваа одлична, иако малку подзакаснета новина е следниот: Дали и кога граѓаните и компаниите ќе можат да отворат сметка кај одреден електронски сервис и какви услуги ќе можат да користат (дали само за плаќање или и за наплата), одлучува секој од сервисите, при што деловната одлука ја носи врз основа на сопствени анализи и оцени.

Facebook со нови бизнис алатки за Messenger и нови Page Badges за поттикнување интеракции

Нови бизнис алатки за Messenger

Facebook излезе со нов сет бизнис алатки за Messenger, вклучувајќи закажување термини и lead generation кои што беа најавени оваа година на F8 конференцијата. Во склоп на промените, Facebook вели дека ќе го тргне “Discover” табот на Messenger во наредните неколку месеци со цел да се посвети на тоа корисниците да се во директна интеракција со бизнисите на други начини.

Алатката за lead generation ќе биде во форма на темплејт за Messenger и ќе може да се најде во Facebook Ads Manager. Закажувањето термини исто така беше најавено на F8 но дури сега почнува со бета тестирање. Оваа алатка ќе биде достапна на глобално ниво до крајот на годината, додека пак алатката за lead generation во текот на оваа недела.

Нови Page Badges за поттикнување интеракции

Сигурно имаш приметено дека Facebook пополека додава беџови на пејџови со цел да поттикне интеракции. Покрај “Follower” и “Top Fan”, сега има и “Anniversary Follower” и “Milestone Follower”. Исто така можно е еден корисник да има два беџови симултано, што е прикажано како “+1” до првиот беџ.

Со новите беџови админите може да бидат поттикнати да им дадат до значење на, пример, “Anniversary Followers” и да им се заблагодарат, или пак да воспостават нова форма на прославување. Може да биде дури и доделување на симболични подароци за тие што имаат одреден беџ.

Instagram тестира прикажување две реклами една по друга на Story

Повеќе од една недела Instagram тестира прикажување на две реклами една по друга на Story на мал процент корисници. Целта е да се види дали две реклами една по друга од различни брендови ќе придонесе за подобро корисничко искуство. А тоа дека Instagram зима еден куп пари од огласувачи и нема кога да ги прикаже сите реклами воопшто не игра никаква улога во овој тест. Кхм. Ај да видиме што ќе кажат резултатите.

Google откри големи безбедносни пропусти кај iPhone, хакирани телефоните на голем број корисници

Истражувачите кои работат во Project Zero тимот во Google открија веб страници кои ги користеле безбедносните пропусти на iPhone телефоните за да ги хакираат корисниците кои ќе ги посетат. Ако корисник ја посетел страницата, сите лични податоци, пораки и локацијата во реално време би можеле сериозно да бидат загрозени.

Софтверските верзии iOS 10 до 12 сите подложеле на безбедносните пропусти по што истражувачите велат дека напаѓачите пробувале да ги хакираа корисниците во период од најмалку две години. Apple биле известени за пропустите во февруари и за само седум дена бил пуштен patch со кои се решиле проблемите.

Апокалипсата во продажниот сектор не е завршена

Според последните статистики за вработеност, апокалипсата во продажниот сектор и понатаму тлее врз целата индустрија. По испитување на статистиките за бројот на нови работни места помеѓу 2018 и 2019, има 146,400 илјади помалку работни позиции во индустријата отколку претходно. Поради промените некои бизниси паднаа жртва на апокалипсата по што беа отпуштени многу работници. Најпогодени држави во САД се West Virginia, Vermont, Rhode Island, Ohio, Connecticut и Maryland.

Bond 25: Шпионот се враќа со убиствено типографско лого

Пред скоро две недели конечно беше најавен следниот James Bond филм, насловен No Time To Die. Агентот 007 ќе го игра Daniel Craig за петти и последен пат во април 2020. Покрај официјалниот наслов на филмот, беше објавено и ново црно-бело лого. Логото е толку класично и ретро што совршено со вклопува.

Логото беше креирано од Tom Brooks, човекот кој е исто така задолжен за убавото Spectre лого. Анимацијата, креирана од Empire Design, почнува со Bond како во профил полека влага во кадар. Наместо да се сврти кон камерата со пиштол, ја врти само главата и полека го снемува во позадината на дизајнот на логото, како шпион во сенките. Целото лого влага во кадар, а добропознатото 007 лого се појавува во преубава златна боја за совршен финиш на дизајнот.

Bond 25: No Time To Die

Бонус линкови

Тука го завршуваме овој преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

View this post on Instagram

🍎✖️💳 (Volume Up! 🔊)

A post shared by jeffstaple (@jeffstaple) on

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉

50 #ПрегледВоПеток

Стигнавме и до јубилејниот 50ти преглед во петок!

Јухууу

Нова алатка на Facebook која ќе им отежни на вебсајтовите да те следат

Во вторникот Facebook изјави дека ќе им овозможи на корисниците да имаат увид во тоа кои вебсајтови ја следат нивната активност и да одлучат дали сакаат собраните податоци да бидат искористени за таргетирање со реклами или не. Мала, но моќна промена што дефинитивно ќе има негативно влијание врз алатките за рекламирање, додека од друга страна позитивно за корисниците.

Off-Facebook Activity ќе им прикажува на корисниците збир на сите информации што други апликации и вебсајтови ги испратиле до Facebook. Корисниците ќе можат тие информации да ги избришат, а ќе можат и да превентираат таргетирање со реклами. Ова не значи дека Facebook ќе прекине да собира податоци, туку дека ќе бидат анонимизирани. Новата алатка ќе се појави во наредните неколку месеци, почнувајќи во Ирска, Ј. Кореа и Шпанија.

Опцијата за детално таргетирање е она што ги прави Facebook рекламите атрактивни за огласувачите. Останува да видиме како алатката ќе влијае на истите.

YouTube ќе ја тргне опцијата за приватно допишување

Во 2017 YouTube воведе нова опција што ќе им овозможи на корисниците да споделуваат видеа и да се допишуваат. За помалку од месец дена, YouTube Messages опцијата ќе биде отстранета, а YouTube баш и не објасни зошто. Најверојатно поради тоа што опцијата не се користи нешто многу многу, односно не стана мејнстрим. Повеќете од нас си користиме апликации како Messenger, WhatsApp, Viber и други.

Врз база на повеќе од 700 коментари од вознемирени корисници на објавата од Google за отстранување на опцијата, се чини дека YouTube Messages е многу популарна кај младите корисници. Сакам да кажам, деца. Тие велат дека YouTube е единственото место каде што може да се допишуваат со другарите затоа што немаат телефон или не им е дозволено да го даваат нивниот телефонски број.

Се чини дека голем број деца го користат YouTube Messages без нивните родители да се знаат за тоа. Ова не изгледа воопшто добро за YouTube, со оглед на проблемите со детска порнографија, експлоатација на деца, предатори и многу други.

Twitter тестира нов филтер за спам во ДМ

Twitter тестира нов начин на филтрирање непосакувани пораки во Direct Messages. Сите непосакувани пораки, вклучувајќи спам и навреди, ќе бидат прикажани во друг таб. Message Request делот се наоѓа над првата порака. Корисниците ќе треба да кликнат на “Show” за да ги прочитаат пораките.

Во случај Twitter да детектира содржина што може да биде навредувачка, во привјуто ќе пишува дека порака е скриена бидејќи може да содржи навреди. На тој начин корисниците ќе одлучат дали сакаат да ја отворат или да ја избришат.

Оваа промена има потенцијал да го направи Direct Messages покорисна алатка за оние кои сакаат да имаат отворен инбокс, како на пример репортерите.

Instagram јавно ќе ги објави сите наши избришани слики и пораки

Во вторникот на Instagram масовно се објавуваа слики на кои пишуваше за стапување во сила на некое си ново Instagram правило. Правило кое му дозволува на Instagram јавно да ги објави сите наши избришани слики и пораки и да ги искористи истите против нас на суд, освен ако не ја споделиме истата слика и на нашиот профил.

Нормално дека ова беше тешка измама, но сепак изгледаше доволно реално за да го објават и некои од најголемите славни личности, како Rob Lowe, Usher, Pink и Julia Roberts.

Бонус линкови

Овде е крајот на 50тиот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук. Наместо marketoonist, за денес решивме да споделиме корисно инфо за четирите најкористени формати на слики за веб.

jpg vs png vs gif vs svg
JPG vs PNG vs GIF vs SVG

До следниот преглед во петок. 🙂

49 #ПрегледВоПеток

Вечерта е убава за читање преглед во петок, зарем не? 🙂

Кактус – make room for a new bloom

Ја отвараме есенската сезона на настани, конференции и сл. Секако пред нас се 3 месеци набиена агенда на настани и награди, а ние овој преглед го започнуваме со фестивалот за интегрирани комуникации Кактус, кој по петти пат на крајот на октомври ќе се одржи во Белград, Србија. Овој, релативно нов, фестивал почнува полека но сигурно да си ја градисвојата традиција во соседна Србија а за сериозноста на организаторот зборува и широкото домашно но и регионално жири.

Слоганот под кој се одржуваа ова (мини) јубилејно издание е „MAKE ROOM FOR A NEW BLOOM“. а со тоа и самиот акцент се става на младите таленти и на иновациите.

Во склоп на Кактус покрај наградите за најдобри дела во полето на маркетингот и комуникациите традиционално се организира и едукативен дел за кој уште од сам старт организаторите најавија атрактивни предавачи. А дополнително има предвино и менторски и едукативни сесии за стартапите од региониот каде е вклучена и Македонија.

Сите детали, како за самиот настан така и за наградите секако ги има на https://kaktus.rs/.

Ние (комуникации.нет), ќе бидеме официјални блогери на Кактус а Дарко оваа година е дел од регионалното жири. Сега за сега толку, како за прва најава, очекувајте во блиска иднина уште детали за овој и други настани.

Facebook ни ја нарушува приватноста на Messenger

Во вторникот Bloomberg излезе со статија во која се зборува дека Facebook колектира гласовни пораки од четовите на корисниците и плаќа истите да бидат запишани. Facebook изјави дека го прави тоа само со корисниците кои дале согласност. Меѓутоа во политиката за користење на податоци никаде не се спомнува дека Марки собира аудио или дека податоците ги испраќа надвор од Facebook, вели Bloomberg.

Facebook веќе подолго време е под “надзор” кога станува збор за политиката на приватност, а сега скоро се согласи да плати глоба од $5 билиони на владата на САД поради нарушување на приватноста на своите корисници.

Facebook ќе тестира продавање на претплата за премиум видеа

Кога сме веќе кај Facebook, еве уште една новост. Facebook ќе тестира продавање на претплата за премиум видеа директно на своите корисници. Претплатите ќе бидат достапни на четири сервиси: BBC и ITVS BritBox, CollegeHumor’s Dropout, MotorTrend App и Tastemade Plus. Тестот ќе се одвива само за корисниците во САД и ќе започне во наредните неколку недели. Ова е само уште една дополнителна компликација на иоанка веќе замрсениот OTT пазар на кој сега за сега доминираат Netflix и Amazon, ама многу наскоро сериозно ќе се замешаат и големите играчи од Холивуд.

Во чест на 50 години Effie Awards, Mark Ritson сними десет case study видеа

Освен на кенгури, пајаци и Vegemite, Австралија е дом и на една многу позната личност кога станува збор за маркетингот. Професорот Mark Ritson е експерт за маркетинг. Тој е автор на некои од најдобрите колумни за Marketing Week, има онлајн мини MBA курс и многу други работи.

Во чест на 50 години доделување на Effie Awards, Ritson сними 10 видеа од по 10 минути во кои презентира студии поврзани со маркетинг ефективноста. Ги прегледува и анализира некои од најефикасните кампањи од базата со податоци на Effie, зборува за факторите за успех и дава лекции кои лесно можат да се применат. Одлично парче содржина кое верувам дека ќе ти се допадне.

HarmonyOS, оперативниот систем на Huawei

После целата ситуација со американската влада и заканата за губење на лиценцата за Android, Huawei реши да си направи сопствен оперативен систем. Richard Yu, Huawei CEO, го најави новиот оперативен систем за време на Huawei Developers’ Conference во Dongguan, China. Тој на конференцијата изјави дека HarmonyOS е “помоќен и побезбеден од Android”.

И покрај оваа најава, Huawei велат дека ќе продолжат да го користат Android оперативниот систем за своите паметни телефони а HarmonyOS ќе служи како резерва во итни случаеви. “Ќе го приоритизираме Android за смарт телефоните, но доколку не можеме да го користиме Android, ќе можеме брзо да го инсталираме HarmonyOS”, изјави Yu.

Оригиналниот Kindle изгледал лудо!

Толку многу се има сменето кај Kindle низ текот на годините. Но Kindle уредите денес сè уште ја имаат истата визија како и оригиналниот уред на Amazon. Оригиналниот Kindle изгледал како цигла и многу непривлечно за користење. Иако идејата била на право место, уредот да изгледа како книга, сето тоа било лошо изведено.

Заедно со накосените копчиња на тастатурата, магичниот скрол и начинот на симнување книги, целиот дизајн на оригиналниот Kindle изгледа лудо. Во времето кога компаниите се натпреварувале да направат телефони, дечките од Amazon направиле нешто иновативно. Да, дизајнот бил лошо изведен, но бил смел.

Бонус линкови

Тука го завршуваме и денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

48 #ПрегледВоПеток

Добровечер и добар ви преглед во петок. Петок вечер е, сигурно се спремаш за џускање, затоа ќе бидам кратка.

Идеме јако!!!

Нова slideshow опција на Facebook Stories

Во последниот обид да го зголеми користењето на Facebook Stories, дечките извадија опција која им овозможува на корисниците да постават slideshow. Новата опција нуди поедноставен начин за прикачување повеќе слики одеднаш. Ова може да ги заинтересира постарите корисници или оние кои не се запознаени со форматот на Facebook Stories.

Конечно може да се закажуваат објави на Instagram преку Creator Studio

Го дочекавме и тој ден, после многу фрустрирачки обиди со разно разни алатки, да можеме да закажуваме објави на Instagram преку Creator Studio. Новата опција работи на сличен начин како и закажувањето на објави на Facebook.

Во делот за Instagram од левата страна има “Create Post”. Можеш да прикачиш слика и да пишеш копи, да ставиш емоџиња, локација, хаштагови, итн. Уште една важна работа е што може да се прикачат повеќе слики одеднаш, нешто што најголемиот дел од third-party алатките не го нудат. За да ја закажеш објавата, кликаш на drop-down стрелката до “Publish” и си бираш датум и време.

Нема веќе мемиња на Instagram! 🙁

Последнава недела Instagram бескрупулозно избриша 142 акаунти што објавувале мемиња, вклучувајќи и дел од најголемите на платформата. Профилите биле избришани без предупредување или објаснување од Instagram.

Instagram вели дека акаунтите биле избришани бидејќи ги нарушувале правилата на плаформата. Не се знае точно за кои правила станува збор, но се шпекулира дека се избришани поради лажно претставување, продавање и купување кориснички имиња, крадење и репостирање мемиња без согласност од оригиналниот креатор, итн.

Поради големата реакција, Instagram планира да вработи “meme liaison” officer. Позицијата опфаќа стратешко менаџирање на соработки, односно работа со акаунтите со мемиња и дигиталните издавачи. Кандидатот треба течно да го зборува јазикот на мемињата. Може да се пријавам со мемето од погоре?

Google ги апдејтираше алатките за тестирање со новиот Googlebot

Оваа година, на Google I/O конференцијата, имаше најава за нов Googlebot. Во суштина, апдејтот е промена од Chrome 41 во најновиот и стабилен Chromium за рендерирање веб страници. Промени има и кај алатките што овозможуваат да видиме што Googlebot гледа (вчитува). Алатките Search Console’s URL inspection tool, Mobile-friendly test, Rich results test, и AMP test, исто така ќе работат со новиот Googlebot. Сега за сега, новиот Googlebot го користи истиот Google crawler како и пред апдејтот.

Бонус линкови

Дојдовме до крајот на денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 🙂

47 #ПрегледВоПеток

Продолжен викенд? Нема проблем. Повеќе време за читање, повеќе време за пишување #ПрегледВоПеток.

Новости кај Facebook видео рекламите на мобилен

Од 19 август објавите на пејџовите и рекламите на мобилен ќе го пратат истиот дизајн со кој се запознавме пред неколку месеци. Еве кои се новостите кај Facebook видео рекламите на мобилен.

  • Помалку редови текст на news feed. Ќе се прикажуваат само 3 редови текст со опцијата ‘See More’ доколку текстот е подолг.
  • Висината на сликите и видеата ќе се намали на 4:5. Највисоката пропорција за слики без линк и видеа сега ќе биде 4:5. Моментално е 2:3.

Новите промени се дизајнирани да го поедностават форматот на објавите и да ја подобрат доследноста во однос на корисничкото искуство на мобилен.

Нова алатка која преку мејл ќе те известува секој пат кога твојот конкурент ќе пушти рекламна кампања на Facebook

Новата алатка од PixelMe, AdInboxMe, ја користи библиотеката на реклами на Facebook (Ad Library) за да ти прати известување секој пат кога твојот конкурент ќе пушти реклама.

Алатката е многу едноставна. Прво внесуваш URL од Facebook пејџот што сакаш да го следиш. Откако ќе го најде пејџот, можеш да ја видиш цела историја на реклами и опцијата ‘Alert Me’ за да бидеш во тек со кампањите. Внесуваш име и мејл адреса и работата е завршена. Интересна алатка.

YouTube креаторите се бунат, сакаат поголема транспарентност во однос на правилата на платформата

YouTubers Union беше формирана лани како резултат на тензиите помеѓу платформата и контент креаторите. Како таква имаше многу мала моќ сама по себе, но сега се здружи со IG Metall, германска унија на работници која опфаќа неколку индустрии вклучувајќи електрично инженерство, ИТ и текстил.

Новата заедничка иницијатива, FairTube, сака да го притисне YouTube да биде потранспарентен во однос на правилата и одлуките кои се донесуваат, особено кога се работи за монетизација или демонетизација на видеа.

Со поддршката од IG Metall, оваа кампања има за цел да ја истражи законитоста на политиките на YouTube во Европската Унија. Тие сакаат да се истражи дали контент креаторите треба да се сметаат за вработени во YouTube и да го искористат GDPR да ги притиснат за поголема транспарентност во однос на личните податоци. Групата тврди дека ќе бидат превземени правни мерки ако платформата не реагира до 23 август.

AI софтвер кој пишува подобро копи од човек

Американската банка Chase изјави дека потпиша договор на пет години со Persado, компанија од New York што користи вештачка интелегенција за изведување маркетинг активности. Chase вели дека рекламите креирани од Persado донеле подобри резултати отколку оние од вработените (луѓето). Chase ќе продолжи да го користи Persado за креирање текстови за дисплеј реклами, Facebook реклами и директни мејлови.

Apple Card, достапна во август

Apple Card, кредитната картичка која Apple најави дека е во изработка оваа пролет, ќе започне со примање апликации во август. Картичката ќе биде достапна дигитално и физички во форма на картичка од титаниум. Нема да го користи традиционалниот 16-цифрен број, CVV код, или датум на истекување. Наместо тоа, тие бројки ќе се генерираат рандом со секоја трансакција со цел купувањата да бидат безбедни.

Apple исто така ќе нуди и 2% cashback за купувања со Apple Pay или 3% во сите Apple продавници. Овој cashback не е ништо посебно во однос на останати картички, но е погодност ако веќе користиш iPhone и планираш да купиш останати производи од Apple.

Бонус линкови

Тука завршуваме со денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот прeглед во петок. 🙂

46 #ПрегледВоПеток

Тазе тура одлични четива за убав почеток на денот. Ова е можеби првиот утрински преглед во петок. Барем за мене.

Ми се спиее, ама преглед во петок мора да има во петок!

Колку е безбеден Facebook Kids Messenger?

Апликацијата за четување на Facebook, Kids Messenger, се соочи со безбедносен проблем. Од The Verge дознаваме дека биле испратени пораки на родителите на корисниците во кои Facebook ги информира за “техничка грешка”. Оваа грешка им дозволувала на пријателите на корисниците (децата) да креираат групни четови со други пријатели кои наводно биле одобрени од родителите, а всушност не биле.

Овој проблем се јави како резултат на тоа како всушност функционираат “дозволите” во групни четови, односно дека групните четови ја занемаруваат потребната дозвола од родителите за нивните деца да можат да четуваат со контактите во групата. Со оглед на тоа дека групните четови се дел од Facebook веќе подолго време, тешко е за верување дека инженерите ја приметиле оваа грешка.

Почнаа измамите со Libra

The Washington Post откри десетици акаунти, пејџови и групи на Facebook и Instagram кои ги мамеле корисниците дека се официјални застапници на Libra. Со оглед на колку измами имаше со cryptocurrency во последниве години, не е ни чудно што ова се случува. Но изненадувачки е фактот што се чини дека Facebook не бил подготвен за ова сценарио.

Голем дел од лажните пејџови го користеле логото на Facebook, рекламни материјали превземени од Libra и слики од Марки. Ова не е прв пат Facebook да се соочи со ваков проблем, но сега има многу повеќе да изгуби.

Како максимално да ги искористиш Google Analytics и Facebook Attribution

Пред една недела Econsultancy објави препорака за како максимално да ги искористиш Google Analytics и Facebook Attribution. На кратко, препораката е следна. Почни со GA и собери ги сите податоци со помош на Data Driven Attribution (DDA) за да знаеш како и каде да ги оптимизираш рекламите. Ако го мериш влијанието на кампањата на повеќе уреди (декстоп, мобилен, таблет), користи ги и двете, но дај му приоритет на Facebook бидејќи корисниците се логирани на платформата на сите нивни уреди.

Ако правиш анализа на повеќе платформи, GA и FA нудат различни решенија. GA не може да мери импресии од Facebook. Од друга страна Facebook има многу повеќе партнери кои му дозволуваат да ги вклучи во анализата. Ако сакаш да тестираш реклама, тоа го можеш и кај едните и кај другите со помош на “Lift test”. Какво е твоето искуство на темава?

Користење на AI за поврзување со други луѓе во вистинскиот живот

Покрај тоа што ги користиме социјалните мрежи за да се поврземе со луѓе од целиот свет, неколку истражувања велат дека тоа понекогаш не прави да се чувствуваме осамено. Alistair Campbell, Executive Creative Director во We Are Social, го сподели најновиот иновативен проект на компанијата кој има за цел да ги поврзе врските кои ги имаме во вистинскиот живот со светот на гласовно пребарување.

Дечките изградиле вештина за Alexa што препознава најчесто поставувани прашања, како препораки за ресторани и филмови во кино, активности во кои уживаме со други луѓе. Потоа и дале пристап на Alexa до контактите на корисникот со цел да прави резервации во кои ќе вклучи и пријател или член од семејството. Ако дадеш позитивен одговор, Alexa ќе ви ѕвони на тебе и на пријателот/роднината за да разговарате на темата и нели, да се видите во живо.

Како бојата влијае врз корисничкото искуство

Бојата има голема влијание врз корисникот и како тој се чувствува кога ќе го види дизајнот, како го користи, и дали може да го разбере. Корисничкото искуство почнува со типот на корисникот за кој твојот сајт е направен. Полот или областа во која корисникот живее може да влијае врз нивната перцепција на боите во твојот дизајн.

Истражувата покажуваат дека жените сакаат сајтови со посветол дизајн и бледи палети на бои. Додека пак мажите сакаат сајтови со потемен дизајн и позаситени бои. Исто важно е да се спомне и дека боите ги асоцираме со емоции. Кога корисникот ќе виде одреден боја или комбинација од бои, тоа веднаш предизвикува некаква реакција во мозокот.

Coca-Cola е препознатлива по црвената боја. Ако ја смениш, пример во зелена, многу е конфузно. Не го препознаваш производот веднаш и можеби не знаеш како да реагираш. Дури може и да ти има различен вкус, и покрај тоа што променета е само во бојата на сликата. Интересна работа, нели? 🙂

Green Coke

Топ пребарувања во Македонија – IT.mk

Според анализата на DataReportal, кај нас на YouTube најчесто се пребарува реалното шоу “Задруга”, а на второ место е најпопуларниот наш јутубер, GP. Според рангирањето на Alexa, најпосетувани македонски сајтови се Time.mk, Reklama5, Daily.mk, Femina.mk и Crnobelo.mk. Што се однесува до пребарувањата на Google, македонците најмногу внесуваат Facebook, Translate, Youtube, Google, Резултати. Во истражувањето е опфатена и присутноста на социјалните мрежи, како и детали за бројот на интернет корисници во Македонија.

Српски инфлуенсер изјави дека ќе си најде работа ако Instagram ги укине лајковите

Бројот на лајкови е многу важна работа за инфлуенсерите, а ако Instagram ги “укине” тоа ќе им нанесе голема штета. Jovan Čavić, „познат инфлуенсер од Белград” вели за NJuz.net ;), дека бројот на лајкови привлекува нови следбеници. Ако нема повеќе лајкови, тоа ќе стави крај на целиот вложен труд во неговите објави и самиот негов профил. “Ако Instagram навистина ги тргне лајковите, подготвен сум да превземам екстремни мерки, па ако треба и да си најдам работа“, вели младиот инфлуенсер.

Бонус линкови

Толку за денес, нова тура следниот во следниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме и следниот петок. 😉

45 #ПрегледВоПеток

За денешниот преглед во петок собравме супер четива. Ставам рака на срце, четивата се многу интересни, едукативни и корисни.

FaceApp реагираше на грижите за приватноста

FaceApp, апликацијата која користи AI технологија за едитирање селфиња, доживеа уште еден бран на популарност изминативе недели, а со тоа и контроверзни прашања во однос на приватноста при користење на апликацијата. На кратко, се паничеше дека руски стартап позади апликацијата ги зачувува сликите од корисниците без да ги извести за истото.

Грижа се јави и кај корисниците на апликацијата на iOS (iPhone). Тие тврдеа дека и покрај тоа што не ѝ дозволиле на апликацијата да има пристап до нивната галерија, тие сепак можеле да селектираат слика и да ја прикачат на апликацијата. Испадна дека ова е дозволено “однесување” на iOS, односно дека корисниците може да ѝ забранат пристап до личната галерија на апликацијата, но сепак можат да селектираат слики и да ги прикачат, доколку сакаат.

FaceApp AI технологијата за едитување слики

FaceApp потврди дека процесирањето неопходно за апликацијата да функционира се прави во cloud, каде се зачувуваат сликите. Во cloud се чуваат само оние слики кои се селектирани за едитување и нема докази дека апликацијата има пристап до целата галерија. Повеќето слики се бришат од серверот во рок од 48 часа, а корисниците можат сами да побараат нивните податоци да бидат избришани.

Google Chrome ќе ја подобри приватноста во Incognito Mode

Вчера Google потврди во блог пост дека ќе ja оневозможи API функцијата преку која е можно да се детектира кога корисниците користат Incognito Mode на Chrome. Оваа промена се очекуваше неколку месеци порано, но ќе стапи во сила на 30 јули.

Сопствениците на веб страници кои имаат т.н „meterin” модел на наплаќање, не се баш среќни од овој апдејт. За појаснување тоа е системот каде имаш право како корисник да прегледаш бесплатно одреден број текстови во ограничен период и потоа мора да платиш. Тие досега го користеа овој „пропуст” на Chrome за да и понатаму ги ограничуваат корисниците да прегледуваат содржина. Сега тоа нема да е можно и ќе мора да размилуваат да се префрлат на т.н “hard paywall”. Со други зборови, ќе нема бесплатна содржина. А тоа ќе доведе до фрустрација кај корисниците, креирајќи лошо корисничко искуство.

Instagram воведе ново предупредување за акаунти што се на граница да бидат банирани

Instagram зазема поактивна улога во отстранувањето на акаунти со анти-социјално и загрижувачко однесување преку воведување на нови алатки и прикривање на лајкови на постови. Најново, воведе предупредување за акаунти кои се на граница да бидат банирани од платформата.

Оваа опција ќе овозможи поголем простор за превземање мерки против акаунтите кои постојано ги прекршуваат правилата за користење на платформата. Тие ќе имаат еден вид на досие, што дури и во случај да ги тргнат објавите кои не ги почитуваат правилата, ќе служи како доказ за историјата на прекршоци на самиот акаунт.

New York Public Library направи дел од светски познатите новели достапни на Instagram Story

Минатата година, во август, New York Public Library нè запозна со едно сосема поинакво искуство при читање книги. Заедно со агенцијата Mother New York, NYPL направи дел од светски познатите новели достапни за читање во формат за Instagram Story на нивниот профил.

Insta Novels опфаќаат четири познати книги: Alice’s Adventures in Wonderland by Lewis Carroll, The Yellow Wallpaper од Charlotte Perkins Gilman, Metamorphosis од Franz Kafka и A Christmas Carol од Charles Dickens. Адаптирана беше и поемата The Raven на Edgar Allan Poe.

Проектот “Insta Novels” донесе неочекувано добри резултати, како за NYPL така и за светот на дигиталната литература. Базата на Instagram следбеници на NYPL се зголеми за 155,000 за една година или отприлика 75%. Од лани до сега, новелите се прочитани повеќе од 300,000 пати.

SHARE фондацијата од Србија соопшти: Twitter назначи претставник за Србија

Новиот Закон за заштита на личните податоци во соседна Србија ги обврзува сите големи (глобални) IT компании да именуваат претставник во Србија кој ќе им одговара на граѓаните на прашања поврзани со личните податоци на интернет. SHARE фондацијата пред неколку месеци упати писма до повеќе светски познати компании, меѓу кои Google, Facebook и Twitter. Тwitter прв одговори дека ќе започне со процесот за именување на претставник во Србија.

Истата обврска ја имаат и сите компании кои нудат слични производи и услуги на територија на Србија. Бидејќи и Google, Facebook, Netflix и други глобални IT компании обработуваат лични податоци на граѓаните на Србија, имаат обврска да одредат домашен претставник, објаснува фондацијата.

Новиот Закон за заштита на личните податоци во Србија стапува во сила на 21 август, а преставниците на фондацијата се надеваат дека до тогаш ќе добијат одговори и од други IT компании чија дејност е опфатена со Законот.

Запознај се со новиот Twitter.com

После месеци тестирање, новиот дизајн на Twitter за десктоп пристигна. Еве што е ново:

  • Менито е релоцирано од горниот десен дел хоризонтално во горе лево вертикално.
  • Explore, Bookmarks и Lists имаат приоритет кај менито, а ДМ има свој посебен простор.
  • Два типа на dark mode.

За жал сè уште нема “edit” на твитови. Дизајнот се чекаше долго, но донесе многу малку во однос на нови функции. Се чини само дека корисниците што ја користат десктоп верзијата сега имаат чувство како да се на мобилната апликација. Кое е твоето мислење? 🙂

Кинески драми снимени за гледање на мобилен во вертикален формат

Последно за денешниот #ПрегледВоПеток, кинески продуценти снимија драми во вертикален формат, наменети за гледање на мобилен. Кинескиот гигант Tencent прв експериментираше со овој формат во 2018 кога продуцираше две кратки серии. Она што е интересно кај драмите во вертикален формат е дека се креирани специјално за гледање на мобилен. Тоа е евидентно во три работи кои се заеднички за сите серии направени до сега.

Многу кратки епизоди

Една епизода трае обично помеѓу две и пет минути. Напишани се така што да ја изнесат поентата на епизодата најбрзо што може.

Вертикалниот формат се третира како жанр

Поголемиот дел вертикални драми до сега се комедии. Добри се за интензивни, брзи и лични моменти.

Поделен визуелен јазик

Комбинација на поделени екрани, свајпови и исечоци доминира во визуелниот јазик кај вертикалните драми. Овој стил одговара на кратките епизоди и брзиот комичен ритам на сериите.

Бонус линкови

Овде е крајот на денешниот преглед во петок. Ако имаш линк или стрип што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук. Наместо Marketoonist, денес решивме да споделиме интересен стрип за data science.

До следниот преглед во петок! 😉

44 #ПрегледВоПеток

Дојде тој ден од неделата, петок. А тоа значи дека е време за преглед во петок!

Пред да започнеме би сакала да те известам за еден многу добар подкаст со Robert Petković. Сме збореле и претходно за Petković. Тој е веб аналитичар од агенцијата Bruketa&Žinić&Grey и спикер на неколку од нашите изданија на AllWeb. Специјалист е за барање одговори во море од податоци, а повеќе за тоа како и зошто треба да се анализираат перформансите на маркетинг активностите, можеш да слушнеш од него.

Новите реклами на Instagram Explore сигналираат промени кај органскиот досег

На крајот на јуни Instagram најави дека ќе овозможи реклами на Explore пејџот. Овој тип на реклами ќе функционираат малку поинаку од оние на фид и на стори. Корисниците нема да видат спонзорирани објави додека скролаат на Explore. Рекламите ќе се појават само откако корисникот ќе кликне на објава и ќе почне да скрола низ Explore фидот. Тоа ќе им овозможи на корисниците да гледаат реклами поврзани со содржината за која се заинтересирани.

Рекламите на Explore носат повеќе можности за маркетерите, но и грижи во однос на лимитот на органскиот досег. Секој кој го забележал опаѓањето на органскиот досег на Facebook пред неколку години би требало да знае дека до слично такво опаѓање би дошло и на Instagram. За да допреме до публиката, ќе треба да вложиме во реклами, бидејќи органскиот досег станува сè помал и помал.

Приходот од реклами кој го добива Instagram постојано расте, така што има смисла да воведуваат нови ad placements. До 2021 година се очекува просечното време што го поминува корисник во САД на Instagram да достигне 29 минути на ден. Кај Facebook се очекува да падне на 37 минути на ден.

Судот одлучи, Trump не смее да блокира луѓе на Twitter

Апелациониот суд на САД донесе одлука дека Donald Trump не смее да блокира луѓе на Twitter бидејќи тоа ги нарушува правата од првиот амандман на Уставот на САД. Уставот не му дозволува на Trump “да ги исклучи луѓето од отворен дијалог на интернет затоа што тој не се согласува со нивните погледи и ставови”, изјавија судиите.

Против претседателот и дел од вработените биле поднесени тужби од страна на корисници кои биле блокирани од Trump на Twitter. Тие изјавија дека неговиот Twitter профил е јавен форум и дека не смеат да бидат блокирани. Судиите се согласија, сè додека има јавна функција, Trump не смее да блокира луѓе на Twitter.

Trump vs. Twitter

YouTube ќе им овозможи на креаторите повеќе начини за остварување на приход

YouTube ќе им овозможи повеќе начини на креаторите за поврзување со фановите и за остварување на приход, изјави компанијата вчера за време на VidCon. Минатата година YouTube најави нови производи како претплата за канали, merchandise shelf, премиери и останато. Оваа година ќе ги збогати некои од веќе постоечките опции, а ќе воведе и нови производи како Super Stickers и Learning Playlists.

YouTube најави и промени во однос на авторските права на платформата. Сопствениците на авторски права сега ќе мора да го означат делот од видеото каде што се појавува нивната содржина, додека пак креаторите ќе имаат можност да користат апдејтирана верзија на Creator Studio во која лесно ќе можат да го отстранат тој дел од видеото.

Microsoft најави “нов” Windows 1.0

На почетокот на јули на социјалните мрежи на Microsoft видовме “најава” за Windows 1.0, оперативниот систем кој за првпат беше лансиран во ноември 1985. Дали се работи за некаква зафрканција, поглед кон минатото или нов производ, сè уште не знаеме. Од најавата па наваму, Microsoft ја смени профилната слика на социјалните мрежи во Windows 1.0 логото и моментално објавува содржина поврзана само со овој оперативен систем.

Една од популарните теории е дека ќе има некаков Stranger Things твист. Ако е тоа случајот, Windows нема да биде првиот бренд што се потпира на успехот на популарната серија. LEGO излезе со епски Stranger Things сет, а Coca-Cola се поврза со серијата така што ја врати непопуларната New Coke, која за прв пат се појави во 1985. Останува да чекаме Microsoft да открие што се случува.

Бонус линкови

Тука завршуваме со неделната доза преглед во петок. Ако имаш линк или стрип што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок! 🙂

43 #ПрегледВоПеток

Еве сме со првиот преглед во петок во сончевиот и топол јули. Што се случуваше изминатава недела? Скролај и дознај!

Снема Facebook

Сигурно примети дека во средата некаде од пладне па до доцна вечерта Facebook, Instagram и WhatsApp се мачеа со вчитување на содржина. Благодарение на овој прекин во функционирањето на апликациите, добивме увид во тоа како алгоритмот за читање на слики ги тагира истите.

Сликите беа означени со текст, како на пример “image may contain: people smiling, people dancing, wedding and indoor” или само “image may contain: cat.” Е вака компјутерот го гледа твојот живот. На овој начин те перцепира AI системот на Facebook. Се чувствуваш засрамено?

Facebook користи AI за читање на слики на овој начин уште од април 2016. Она што не е јасно е дали Facebook ја користи оваа информација за таргетирање реклами. Во 2017 еден програмер беше толку мотивиран од овој концепт што направи екстензија за Chrome која ги открива таговите на сликите.

Нов стикер за четување на Instagram Story

Пред 3 дена Instagram пушти нов стикер за стори кој им дозволува на твоите пријатели и следбеници да започнат разговор со тебе со само еден клик. Новата опција, наречена “Chat”, ќе им даде до знаење на сите што го гледаат сторито дека има групна приватна порака поврзана со самата објава. Тој што го постирал сторито има опција дали да им дозволи на заинтересираните да се приклучат во разговорот, или не.

“Ние сме анти-инфлуенсери”

CVT Soft Serve е популарно место за сладолед во Лос Анџелес, а тоа го искористија самопрогласените Instagram “инфлуенсери” кои му ветуваа на Joe Nicchi дека ќе стават слика од неговиот сладолед, под услов да не платат за сладолед. Тој секогаш им велел не, но оваа недела јавно им кажа да не доаѓаат барајќи бесплатен сладолед.

Nicchi стана вирален лик откако на Instagram објави натпис на кој пишува “influencers pay double”. Тој пиша дека “никогаш не би дал бесплатен сладолед во замена за објава”. Неговата објава со тагот #InfluencersAreGross се прошири на далеку и сега бизнисот на Nicchi цвета. CVT Soft Serve стана збирно место за сите анти-инфлуенсери.

Некои брендови и бизниси имаат многу голема доверба во Instagram “ѕвездите” за промовирање на нивните производи и услуги што им плаќаат оброци и хотели. Овој феномен е толку познат што некои Инстаграмџии мислат дека многу лесно можат да ги измамат компаниите. Луѓе лажат дека нивната содржина е спонзорирана, кога всушност не е.

Нова ера на Google Search: Што тоа значи за SEO

Пребарувањето секогаш ќе биде значаен дел од начинот на кој наоѓаме информации онлајн. Но сега влегуваме во нова ера на пребарување, ера во која следат промени кои ќе влијаат врз SEO. Тоа значи дека ќе мора да го смениме начинот на кој размислуваме за SEO. Како што технологијата напредува, така ние ќе мора да направиме измени во нашите стратегии. Ќе треба да бидеме покреативни во размислувањето.

SEO ќе мора да влезе во свет каде алгоритмите и маркетингот се вкрстуваат. Ќе треба да почнеме да размислуваме како можеме да ги искористиме вештините и искуството во однос на алгоритмите на социјалните мрежи, алгоритмите за пребарување на Amazon, алгоритмите кои предложуваат содржина, итн.

Бонус линкови

Се надевам добро ти дојде овој преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук. Наместо marketoonist, денес решивме да одиме со #bottlecapchallenge кој сигурно си го видел последниве неколку дена.

Еј! Се читаме во следниот преглед во петок, така? 🙂

42 #ПрегледВоПеток

Истеравме уште една (летна) работна недела, а крајот на секоја работна недела значи нов #ПрегледВоПеток 🙂

Dave Birss и неговите шаблони за будење на креативноста

Првата точка во денешниот преглед ја посветуваме на нашиот драг пријател, Dave Birss. Дејв е толку посветен на истражување на креативноста што постојано зборува на таа тема каде и да оди, а минатата година издаде и книга насловена How to Get to Great Ideas. Но тоа не е сè!

Ако се претплатиш на newsletter-от на Дејв, ќе добиеш пристап до безброј корисни информации кои верувам дека ќе ти помогнат во работата. Совети за надминување на креативна блокада, попдкасти со Дејв, статии кои тој ги препорачува за читање и секако, бесплатни алатки.

Една од вежбите која ја играв на неговиот вебсајт се вика Story Dice. Оваа алатка е наменета за сите оние кои бараат инспирација за пишување. Имаш 5 коцки со цртежи на нив. Идејата е едноставна – искористи ги цртежите за да креираш приказна. Дејв и неговите шаблони за будење на креативноста се одличен извор на инспирација за писатели, copy writers, блогери, и кој уште не.

Facebook бара огласувачи кои однапред ќе платат за креирање серии за Watch

Уште од почетокот на 2019, Facebook е во потрага по огласувачи и агенции кои ќе се претплатат на нивниот видео сервис Facebook Watch. Showcase, програмот на Facebook, вклучува и In-Stream Reserve пакети во кои има опции за содржина по специфична категорија, како и можности за спонзорирање индивидуални Watch shows.

Facebook до максимум ја искористи можноста да ги запознае огласувачите и агенциите со видео платформата. Меѓутоа, за да има голема предност кај огласувачите, Facebook прво мора да докаже дека Watch е голем хит кај публиката. Во јуни објавија дека 140 милиони луѓе одвоиле барем една минута на ден да гледаат Watch видеа. Овие бројки би требало да помогнат, особено ако Facebook може да ги поврзе директно со сериите за кои се обидува да обезбеди однапред буџет за спонзорирање од огласувачите.

Во меѓувреме, Facebook ќе треба да се избори против перцепцијата на купувачите на реклами за нивната видео платформа. Со оглед на историјата не само на Watch туку општо на видеата на Facebook, агенциите сметаат дека платформата е само за кратки видеа, а не за подолги епизоди и серии. Facebook ќе мора да научи како да го адаптира својот upfront pitch со цел да биде пред конкуренцијата.

Twitter имплементира нови ознаки за предупредување за контроверзни твитови

Twitter најави дека неделава овие ознаки ќе стапат во сила, што ќе придонесе за подобро разбирање зошто и кога Twitter избира да не тргне твит што ги прекршува нивните правила. Новото предупредување го кажува токму горенаведеното и има опција “View” за откривање на твитот. Ова ќе ги адресира грижите на корисниците околу ширењето на загрижувачки пораки на платформата, а од друга страна ќе му овозможи на Twitter да продолжи да споделува оригинална содржина.

Twitter изјави дека овие ознаки за предупредување ќе се појават кај акаунти кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • Вработени или репрезенти на владата, кандидати за државни избори, потенцијални кандидати за позиција во владата;
  • Ако акаунтот има над 100.000 следбеници; и
  • Ако акаунтот е верификуван.

Twitter исто така потенцираше дека дури ако некој акаунт не ги исполнува горенаведените критериуми, а сепак објавува содржина поврзана со закани и насилство, ќе бидат избришани, а не скриени позади новата ознака.

Дали ова концепт лого за Tokyo 2020 е подобро од официјалниот дизајн?

Последниве неколку дена се дигна фама околу концепт логото за 2020 Summer Olympics Tokyo, креирано од дизајнерот Daren Newman. Неофицијалното лого ги подели мислењата помеѓу дизајнерите. Едни го фалат за неговата елегантност во пренесување на духот на Олимписките игри и јапонскиот град, а други го бранат официјалниот дизајн и идентитет за Tokyo 2020.

Tokyo 2020 конццепт лого на дизајнерот Daren Newman

Идејата за логото ја сподели Newman на социјалните мрежи, без никакво очекување дека ќе предизвика било каква реакција. Дизајнот си поигрува со формите на Олимписките кругови со цел да испишат “2020”. Црвениот круг е пополнет за да го симболизира знамето на Јапонија.

Зошто концепт логото на Newman предизвика поделба во мислењето кај дизајнерите?

Можеби поради начинот на кој се споделуваше логото. Се сподели на многу места, вклучувајќи го и овој Reddit thread, а не се пренесе пораката дека не е ништо повеќе од само еден концепт. Официјалниот дизајн за 2020 Summer Olympics Tokyo беше креирано од Asao Tokolo.

Официјалните логоа за Tokyo 2020 беа избрани од илјадници предлози

Ако има дизајнери што нè читаат, или било кој друг што има мислење на темава, слободно нека пише во коментар.

Jony Ive си оди од Apple, ќе основа сопствена фирма за дизајн

Jony Ive го напушта од Apple, после цели 27 години работа во компанијата. Ive го водеше тимот дизајнери кои ги креираа некои од најпознатите електронски уреди, вклучувајќи ги iPhone, iPad и разни Mac модели. Тој ќе си оди од компанијата на крајот на 2019, а ќе основа сопствена фирма за дизајн следната година под името LoveFrom. Apple го потврди ова на прес конференција и изјави дека ќе бидат негов клиент во LoveFrom.

Ive изјави дека и покрај тоа што нема повеќе да биде вработен во Apple, сепак ќе остане дел од компанијата. Неговото место во Apple ќе го преземат Evans Hankey (VP Industrial Design) и Alan Dye (VP Human Interface).

Бонус линкови

Тоа е сè за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 🙂

41 #ПрегледВоПеток

Еве сме на крајот на уште работна недела со нов #ПрегледВоПеток 🙂

Facebook отстранува одредени полиња со информации за пејџовите

Facebook не извести дека од 1 август ќе отстрани неколку полиња со информации за пејџовите. Тие полиња вклучуваат Company Overview, Biography, Affiliation, Personal Interest, а можеби и други. За сите оние кои менаџираат пејџови, Facebook советува информациите од горенаведените полиња да се додадат во Page Description.

Полињата кои ќе бидат отстранети се наоѓаат во About секцијата на пејџот и најверојатно нема да имаат влијание врз перформансите на самиот пејџ. Сопствениците на пејџови ќе можат да ги видат овие полиња преку Page info од Settings.

YouTube тестира автоматско криење на коментари на Android

Се чини дека YouTube после долго време дојде до очигледното: најголем дел од коментарите се злонамерни и не треба да бидат читани. Затоа тестира нов дизајн кај апликацијата за Android што автоматски ги крие коментарите, но сепак ја задржува опцијата да ги прикаже со еден клик.

XDA Developers

Сега за сега, тестирањето се одвива само во Индија. Се додека не кликнеш на “Comments”, YouTube автоматски не ги прикажува коментарите. На некој начин со ова се олеснува пристапот до коментарите. Наместо да скролаш додека да стигнеш до нив, можеш да ги видиш со еден клик, веднаш под називот на видеото.

Instagram ќе ја чува содржина од Story седум дена

Instagram најави нова опција за Story која ќе им овозможи на корисниците да ја зачуваат содржината. Нешто како драфт, содржината ќе биде достапна за објавување на Story во текот на седум дена. На овој начин можеш да направиш колку сакаш различни слики и видеа и после да си ги избереш омилените за објава.

Локализацијата и преводот како дел од дигиталниот маркетинг

Како што се зголемува бројот на компании што нудат производи и услуги на повеќе маркети ширум светот, така се зголемува и улогата на превод и локализација на содржина. Локализација и превод се две различни работи. Додека превод означува процес на конвертирање зборови од еден во друг јазик, локализација означува приспособување на содржината не само кон локалниот јазик кој се користи, туку и кон културните норми и вредности во регионот и на маркетот.

Напредната технологија (вештачката интелегенција во овој случај) им овозможува на брендовите лесно и брзо преведување на содржина, но кога станува збор за успешна локализација човекот се уште има предност. Ако те интересира повеќе на оваа тема, eMarketer направија интервју со Hannes Ben во кое зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат маркетерите во однос на локализација на содржина. Hannes Ben e основач на Locaria, агенција за локализација на сајтови.

Бонус линкови

Толку за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 😉

40 #ПрегледВоПеток

Јухууу, стигнавме и до 40-тиот преглед во петок! Доста интересни работи собравме за денес, скролај и читај.

Повторно се менува Facebook News Feed алгоритмот

Пред неколку прегледи пишувавме за тоа дека Facebook ќе се фокусира повеќе на групите и на настаните. Оттогаш беше најавен и апдејт во News Feed алгоритмот преку кој корисниците подобро ќе се поврзат со тоа што сакаат да го гледаат на платформата. Сега Facebook најави промена кај тој апдејт што ќе резултира со нови фактори за рангирање на содржината од пејџовите и групите.

Во објаснувањето, Facebook вели дека пуштиле две нови анкети со фокус на содржината од пејџови и групи и што корисниците сакаат да гледаат повеќе. Според одговорите, Facebook тврди дека со новиот апдејт им даваат приоритет на пејџовите и групите што сметаат дека го интересираат корисникот.

Што тоа значи и како менаџерите на пејџови ќе можат да го искористат во нивна полза, е сè уште нејасно. Дали ова значи дека Facebook ќе покажува содржина од пејџови на корисници кои се интересираат дали пејџот објавува почето или ќе има некаков баланс?

Би помислил дека ќе има баланс, но Facebook ги советуваше пејџовите да објавуваат почесто. Целта на News Feed е да му ја покаже најрелевантната објава на секој корисник што значи дека не сите објави гарантирано ќе се појаваат во нивниот фид.

Органски брендирани постови од инфлуенсери – нова опција од Instagram

Минатата недела Instagram најави опција за огласувачите преку која ќе можат да промовираат органски брендирани постови од инфлуенсери. Овој потег настапи како резултат на фактот дека 68% од корисниците изјавија дека се на Instagram за да се поврзат со креаторите. (Ipsos survey)

Со органска брендирана содржина која всушност ќе може да се трансформира во реклама, бизнисите имаат можност да ја раскажат својата приказна преку гласот на креаторите, да допрат до нова публика и да го мерат влијанието од ваков тип на содржина. Оваа опција ќе биде достапна во текот на наредните недели, а за стори за некој месец.

Google ја укинува интеграцијата помеѓу Photos и Drive

Отсекогаш постоела синхронизација помеѓу Google Photos и Google Drive, но во средата Google објави дека ќе го прекине тоа. Поради фидбек од дел од корисниците дека поврзаноста помеѓу овие две услуги е збунувачка, Google работи на измени кои ќе го поедностават корисничкото искуство.

Кога измените ќе стапат во сила во јули, сликите и видеата што ќе ги додаваш во Drive нема автоматски да се појават во Photos, и обратно. Дополнително, бришењето фајлови нема да биде синхронизирано, со што ќе нема повеќе бришење фајлови несакајќи.

Google истакна дека ништо нема да биде автоматски избришано во јули. Сите слики и видеа од Drive во Photos што си ги прикачил пред да настапи оваа промена ќе останат во Photos. Ако имаш “Google Photos” фолдер во Drive, ќе остане во Drive, само нема повеќе да се апдејтира автоматски.

Запознај го новиот Dropbox

Кога сме веќе кај сервиси за чување податоци, Dropbox излезе со нов, редизајниран изглед во вторникот. Сè уште е истиот Dropbox, но подобрен. Еден работен простор за организирање на твојата содржина и користење на алатките.

Сета содржина на едно место

Традиционални фајлови за поврзување на содржината на едно место. Сега ќе можеш да:

  • креираш, да имаш пристап и да споделуваш содржина внатре во Dropbox;
  • креираш и зачуваш брз пристап до вебсајтови;
  • користиш еден search bar.

Сите алатки на едно место

Апликациите кои ги користиш на дневно ниво се сега интегрирани во самиот Drobox. Тоа значи дека ќе можеш да:

  • се поврзеш со Slack;
  • имаш видео конференции со Zoom;
  • менаџираш проекти со Atlassian.

Сите луѓе на едно место

Не е само за содржината и алатките, туку и за луѓето кои го користат Dropbox.

  • координација преку додавање на опис на фолдери;
  • увид во прогресот на заеднички проект;
  • споделување фидбек преку коментари.

Нови логоа за Firefox

Mozilla конечно го разоткри новото Firefox лого, дел од семејството на икони за браузерот. Ако зборот Firefox порано го користевме секој пат кога мислевме на браузерот, Mozilla сега сака да го репозиционира зборот со цел да покрие цело семејство на Firefox апликации и сервиси.

Firefox now refers to the umbrella of services [Image: Firefox]

Дизајнот на Firefox браузерот е дел од новиот брендинг систем. Заедно со ова лого ги имаме и Send, Monitor и Lockwise, сервиси на Mozilla. Целиот систем го користи генералното Firefox logo, односно опашката на лисица.

Доста познати имиња беа поврзани со градењето на овие логоа. Michael Johnson асистираше со инспирација во раната фаза на дизајнирање, додека пак дизајнерот на оригиналното Firefox лого, Jon Hicks, беше секогаш присутен за совет. Michael Chu беше задолжен за туркање на новиот бренд.

Бонус линкови

Тука го завршуваме денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉

38 #ПрегледВоПеток

Го испраќаме месец мај со нов преглед во петок. Скролај и читај за најновите вести од дигиталниот свет.

Проблеми со Facebook Ads Manager кои ги чинат малите огласувачи илјадници долари

Во последно време Facebook Ads Manager има доста проблеми кои имаат негативно влијание врз работата на маркетерите и огласувачите на платформата. Според изјавите на Gracie и Andrew Foxwell (Foxwell Digital), резултатите од рекламите се недоследни, со многу промени кај помалите огласувачи. John Bolling (head of U.S. operations for ROAS Media) го вели истото, значително различни ден-за-ден резултати кај кампањите. Како резултат на тоа, Bolling изјави дека проблемите со Facebook Ads Manager ги чинат неговите клиенти десетици илјадници долари.

Многу луѓе се жалат дека нема никаква комуникација помеѓу Facebook и партнерите за огласување, и тоа не само во однос на проблеми со платформата. Ако Facebook сака да ги задржи бизнисите на својата платформа, ќе мора да направи промени. Огласувачите сакаат да видат проактивна комуникација во однос на проблемите и промените кои треба да ги направат.

YouTube го менува начинот на кој прикажува претплатници

YouTube најави големи промени во начинот на прикажување на бројот на real-time претплатници. Бројот на претплатници ќе се заокружи и наместо 10,500,000 ќе гледаме 10 милиони. Оваа промена ќе биде од големи значење за сајтови како Social Blade кој прави профит од прикажување кој губи/добива претплатници секогаш кога има некаква драма.

Одлуката да промени начинот на прикажување претплатници дојде во време кога целиот свет ја следеше драмата помеѓу James Charles и Tati Westbrook. Интензивниот фокус на real-time претплатници доведе до cyber bullying од двете страни. Новиот дисплеј на претплатници на YouTube ќе го видиме во август.

IKEA ги рекреираше дневните соби на “Stranger Things”, “Friends” & “The Simpsons”

Има нешто повеќе од еден месец до сезона 3 од Stranger Things, а ако сакаш да се вратиш во добро познатата дневна соба на семејството Byers, IKEA нуди одличен концепт на мебел кој можеш да го искористиш за твојот дом. IKEA ги рекраираше дневните соби на Stranger Things, Friends и The Simpsons, три од најпопуларните серии.

“The Room for everyone” – дневната соба на семејството Byers од првата сезона на Stranger Things

Room for Families на IKEA е препознатливата дневна соба на The Simpsons. Сите работи, освен добро познатата искривена слика од едрелица, се во продажба. Рамката, тепихот, наткасната, се сите достапни.

“Room for families” – дневната соба на The Simpsons

И последно, Room for mates од сетот на Friends е одлична слика на дневната соба на Rachel и Monica. Сè што е на сликата е веќе пуштено во продажба, вклучувајќи ги сите перничиња.

“Room for mates” – дневната соба на Rachel и Monica во Friends

The North Face се извини откако неетички се промовираше на Wikipedia

Во маркетинг кампања, што дури и некој неук за маркетинг знае дека е МНОГУ ЛОША идеја, The North Face ЈАВНО објави изминатава недела како ги “изиграл” резултатите од Google Search за да ги промовира своите производи преку прикачување слики во high-traffic Wikipedia страници. Дечките дури имаа објавено и кратко видео во кое е снимено како ја прават оваа превара. Видеото почнуваше со слика од Google Search bar на кој се испишува “How can a brand be the first on google without paying anything for it?”

The North Face јавно се извини за потегот и во интервју со The New York Times изјави дека ова се случило како резултат на недостиг на комуникација помеѓу компанија и самостоен дистрибутер надвор од САД. Конкретно во случајот, дистрибутер во Бразил склучил договор со фирмата за огласување Leo Burnnett и всушност, оние биле тие што ја донеле одлуката за целава кампања, и дистрибутерот од Бразил бил тој што ја одобрил. The North Face Brazil CEO Fabricio Luzzi ја бранеше тактиката, велејќи дека “секој ПР е добар ПР”. Менаџментот на The North Face не се сложи со таа филозофија.

Google ги оживеа резултатите од пребарувањата со 3D/AR

Како што беше најавено на Google I/O 2019 конференцијата, Google сeга додава нови 3D слики и AR опција на селектирани резултати од пребарувањето, овозможувајќи им на своите корисници ново гледиште кога станува збор за животни, предмети и многу повеќе.

Ако пребараш “Panda” на Google апликацијата, сега ќе видиш и опција за “View in 3D”, што претставува движечка 3D слика од животното на твојот екран. Можеш да ја “додадеш” пандата во вистинскиот свет, со помош на AR. Истото можеш да го видиш кога ќе пребараш и ајкула, лав или алигатор. Со тек на време, Google планира да им овозможи на бизнисите да ја имаат истата опција за своите производи, со цел да им овозможи на корисниците да видат како одреден производ (парче мебел, на пример) би изгледал во нивниот дом.

Опцијата не е достапна за сите корисници бидедјќи се уште е во фаза на тестирање. Останува да видиме и самите ние како ова изгледа, како ќе се одвива примената на 3D/AR во иднина и што тоа ќе значи за SEO.

Бонус линкови

Толку од денешниот преглед во петок, последен за месецов. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во првиот јунски преглед во петок. 😉

37 #ПрегледВоПеток

Неработен ден? Што е тоа? Нема запирање за нашиот #ПрегледВоПеток! Полека но сигурно се ближиме до 40ка. Време е за нов преглед.

GDPR, една година подоцна

Помина нешто повеќе од година дена откако за прв пат зборевме за GDPR во #ПрегледВоПеток. На 25ти мај лани GDPR (регулацијата за заштита на генералните податоци) стапи во сила, после 4 години подготовки и дебатирања. Последнава година дена потрошувачите и маркетерите се адаптираа на една нова ситуација. Post-GDPR средината резултираше во зголемен број на нотификации од мобилни апликации и селективно споделување на локација. Податоците за кои пишуваме доаѓаат од истражување на Airship.

36 нотификации во просек месечно

Бројот на корисници на мобилни апликации се зголеми за 17% во споредба со лани кога GDPR стапи во сила. Маркетерите испраќаат повеќе нотификации на глобално ниво, во просек 36 месечно. Чисто како информација во истражувањето биле вклучени повеќе од 700 милиони корисници.

Намалено споделувањето на локација

Последнава година резултираше во намалено споделување на локација. Северна и Западна Европа имаат најмали opt-in rates (4.4% и 2.1% соодветно). Ова се значајно намалени бројки за разлика од лани.

Податоците од истражувањето исто така покажуваат и интересни разлики помеѓу корисници на iOS и Android. Корисниците кои сè уште немаат Android Q многу почесто блокираат локација отколку iOS корисници кои имаат опција да споделат локација само ако апликацијата е отворена. Android Q работи на овој начин.

Што значи сето ова?

Корисниците стануваат сè повнимателни во однос на споделување на локација. Девелоперите и маркетерите ќе треба да најдат нов пристап преку кои ќе ги “натераат” да споделат локација. Во секој случај, ова масовно истражување покажува дека мобилните нотификации продолжуваат да бидат моќен маркетинг канал на глобално ниво бидејќи first-party податоците и алатките се од многу поголема важност во овој post-GDPR свет.

Google search доби редизајн

Google доби нов изглед за резултатите од пребарување на мобилен. Апдејтот вклучува и нов начин на прикажување на текстуални реклами и органски резултати.

Што се новостите?

Црната “Ad” ознака што Google ја тестираше со месеци како замена на зелената, е вклучена во новиот апдејт. Ознаката се појавува најгоре на рекламата заедно со прикажаното URL, кое исто така е со црн текст.

Органските резултати ќе добијат favicon. Името на сајтот е со црн текст веднаш до favicon-от и се наоѓа над називот на линкот, слично како кај рекламите. Пред овој апдејт, тој дел од резултатите беше испишан со зелено под називот. Google исто така ја отстрани сивата линија под називот кај органски резултати и кај главниот назив на реклами.

Што значи ова за Google?

Овој апдејт му овозможува на Google да продолжи во развивање на содржината што ја прикажува во резултатите од пребарувањето, вклучувајќи видео резултати, hi-res слики, 3D објекти, и видовите на акции што можеш да ги преземеш од резултатите.

Новиот дизајн дава поструктуриран изглед на резултатите од пребарувањето. Останува да видиме какво ќе одрази ова на traffic-от односно кликањето на корисниците.

Дезинформациите имаат поголем engagement на Facebook

Социјалните мрежи се дитрибутери на лажни вести. Содржината која се споделува на Facebook има преголемо влијание врз животот на луѓето. Со оглед на опасностите кои можат да произлезат од споделувањето на лажни вести, Oxford University излезе со ново истражување со цел да потенцира колку е ова важно да се спречи.

Дали има решение за овој проблем? Твојата перспектива, иронично, ќе се сведе на она во што ТИ избираш да веруваш.

Медиумите мора да го сменат бизнис моделот

Ова би била на кратко пораката која ја пренесува српската верзија на Netokracija во интервјуто со Дејан Николиќ, еден од креаторите на Content Insighst и Njuz.net. Секогаш е вредно и корисно да се чита/слуша Дејан, затоа што човекот има огрмно искуство а сега и пристап до огромен број податоци кои се однесуваат на медиумската индустрија, секако тесно поврзана со маркетинг и она што се нарекува native рекламирање. Без двоумење: Publika jednom mediju ne sme da bude inventar koji prodaje oglašivačima

Случајот против Huawei

Вчера ARM изјави дека ја прекинува соработката со Huawei поради новите регулации на владата на САД. Експертите за безбедност предупредуваа за Huawei повеќе од година дена, но никој не излезе со конкретна изјава зошто владата на САД верува дека Huawei е закана. Сфаќам дека тоа е така во интерес на националната безбедност, но треба да знаеме од каде доаѓаат тие грижи. 👇

The case against Huawei, explained

Во меѓувреме и Google излезе со одлука дека нема да дозволи во иднина кинескиот производител да ги користи неговите услуги поврзани со Аndroid оперативниот систем. Вест која почна да ги загрижува огромен број сопственци на Huawei паметни телефони низ целиот свет. Сепак ако гледаме оптимистички на ова може да биде и вака: How Huawei Could End Up Challenging Google’s Dominance

Бонус линкови

Го завршивме и овој преглед . Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок. 😉

36 #ПрегледВоПеток

Еве не во програма со уште еден преглед во петок.

Hi 🙂

Минатата недела се оддржи уште еден многу голем настан во САД, Google I/O 2019. Од 2008 година оваа конференција традиционално се оддржува во Калифорнија, во организација на Google. Генерално, конференцијата е фокусирана на новите уреди во производство на Google, но оваа година видовме многу вести во однос на приватноста кои ќе влијаат врз нас маркетерите. Затоа решивме овој #ПрегледВоПеток да го посветиме на подобро разбирање на промените кои ни доаѓаат.

Останатите новости од дигиталниот свет те чекаат кај бонус линковите.

Промени кај Google Chrome кои ќе влијаат на дигиталното огласување

Наредните верзии на Google Chrome ќе ни донесат нешто што ќе ги интересира сопствениците на сајтови и огласувачите. Овие промени ќе влијаат позитивно на искуството на корисникот, но како ќе влијаат на огласувањето?

Native lazy loading за слики, видеа и огласи

Lady loading е процес при кој се вчитуваат само оние ресурси кои во даден момент корисникот може да ги види. Останатите ресурси не се вчитуваат сè додека корисникот не скролне до нив. Ова има голема улога во брзината на вчитување на веб страната.

Chrome е најпопуларниот браузер и за десктоп и за мобилен, така што оваа промена ќе има значајно влијание на сопствениците и администраторите на сајтови, како и на огласувачите. Брзината на вчитување веќе одамна е директен SEO фактор за рангирање на веб страните на Google. Сајтовите што брзо се вчитуваат се најчесто на врвот.

Зошто lazy loading и не е толку супер?

Има нешто што нема да се вчита додека корисникот не скролне до него: рекламите. Особено оние кои се под првиот дел што се вчитува на сајтот (т.н. below the fold content). За сопствениците и администраторите на сајтови кои својот приход го остваруваат од продажба на рекламен простор, ова може да претставува сериозен проблем.

Ако огласот не се вчита, нема да се калкулира како импресија. Помалку импресии значи помала заработка. Проблемот ќе биде уште поголем на мобилен. Google напомена дека Chrome ќе форисра lazy loading и на страни кои го немаат тој атрибут, доколку data saver опцијата е активирана на уредот.

Да бидеме реални за маркетерите ова е добра вест, нема да плаќаат/плаќаме за неефектвини импресии 😉

Промени во начинот на прифаќање колачиња

Користењето колачиња (cookies) со години веќе се практикува како метод за идентификација на корисникот на интернет. Колачињата помагаат во персонализација на корисничкото искуство. Но сведоци сме на многу проблеми со приватноста и начинот на кој се чуваат податоци, па затоа Chrome ќе воведе промени во начинот на кој се прифаќаат колачиња.

Што ќе бидат новите промени кај колачињата?

Со новите промени, Chrome ќе прифаќа исклучиво колачиња од прв ред (first-party cookies). Сите останати ќе бидат игнорирани. За да се обезбеди транспарентност во процесот на поставување колачиња, Chrome ќе бара од девелоперите експлицитно да ги маркираат своите колачиња за да се добијат third-party привилегии и видливост.

Точно ќе се знае кој тип на колачиња користи одредена страница со што ќе се подобри безбедноста и приватноста на корисникот. Chrome ќе прифати колачиња од трет ред само ако се спроведуваат преку сигурни конекции, односно преку HTTPS врска.

Се укинува следење на корисникот преку неговиот дигитален отисок

Дали знаеш дека Chrome-от што го користиш има твој специфичен и уникатен дигитален отисок? Chrome има екстензии и додатоци кои си ги инсталирал ти. Се наоѓа на еден и единствен уред, уред кој има свој оперативен систем. Екранот има одредена резолуција, имаш подесено јазик на користење, временска зона и многу други податоци. Сето тоа е доволно да се направи дигитален отисок по кој може да те идентификуваат. Не по име и презиме, по уред и браузер.

Така огласувачите те пратат и ретаргетираат. Не им се потребни колачиња, лични податоци, мејл, само дигитален отисок.

Освен за потребите за огласување, анализата на дигиталниот отисок помага и во детектирање на лажен сообраќај, ботови и скрипти кои прават ad-fraud и click-fraud. Сепак, Google смета дека ова ја нарушува приватноста на корисникот на два начина; 1. дава права на други лица да те профилираат и следат, и 2. дава права на процесирање податоци за твоето онлајн однесување.

Chrome vs. Digital fingerprinting

Злоупотребувањето на дигиталниот отисок не е во согласност со принципите на Google. На конференцијата беше најавено дека Chrome потполно ќе блокира и оневозможи digital fingerprinting. Оваа промена ќе настапи во наредните неколку месеци. Останува да видиме како огласувачите ќе реагираат.

Бонус линкови

Стигнавме до крајот и на овој преглед во петок. Се надевам дека ти се допадна идејата за краток recap на она што за нас е важно да го знаеме од Google I/O 2019. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉

35 #ПрегледВоПеток

Заврши со работа? Стигна дома? Океј, топ. Раскомоти се и скролај за најновите вести од дигиталниот свет, во форма на #ПрегледВоПеток.

Пред да започнеме, следната недела има 2 многу добри конференции кои вредат да се посетат. Во среда (15.05) во Загреб, по четврти пат ќе се оддржи HitIt Digital, конференција на која се зборува за Google Adwords и Google Analytics. Овој пат има најмногу гости од „надвор” а организаторите велат дека ќе била најдобра до сега. Искрено, искустовото вели дека треба да им се верува. Веќе следниот ден, четврток и петок (16-17.05) се резервирани за Digital Day во Белград. Настанот традиционално организиран од IAB Србија, оваа година ќе се фокусира на доверба кон брендовите и медиуми и за предизвиците кои произлегуваат од улогата на брендовите, содржината и медиумите во животот на луѓето. Ако си заинтересиран за било која од овие конференции, побрзај и обезбеди си место!

А сега, прегледот…

Повеќе оригинални видеа на Facebook

Facebook пред некој ден најави низа промени во начинот на рангирање на видеата на платформата што ќе влијаат врз нивната популарност. Според новите насоки, Facebook ќе им даде предност на видеата што се фокусираат на оригинална содржина, што го задржуваат вниманието на корисниците.

Исто така Facebook изјави дека видеата на пејџови што се дел од т.н. Sharing Schemes ќе бидат рангирани многу ниско. Додека пак видеата кои привлекуваат лојална фан база ќе бидат “наградени”. Идејата позади овие промени е да се промовираат видеа што луѓето ги ценат, помагајќи им на видео креаторите да досегнат повеќе луѓе преку подобрена дистрибуција на видеа.

Со изјавата на YouTube дека нивната оригинална содржина ќе биде бесплатна до крајот на годинава, Facebook мора да работи на подобрување на својата. Тоа може да го направи само ако промовира видеа што се квалитетни, со оригинална содржина и кои фановите ги гледаат одново и одново и одново…

Проблемите на YouTube креаторите: Copyright claims & Trending section

Susan Wojcicki, CEO на YouTube, неодамна објави блог пост во кој пишуваше за проблемите и фрустрациите со кои се соочуваат креаторите. Прв, може и најголем, проблем се авторските права поради кои се отстрануваат рекламите од нивните видеа. Поплаки има и за “Trending” пејџот. Ништо ново, но блог постот на Wojcicki е прв во историјата некој со висока позиција во компанијата да ги адресира тие фрустрации во детали.

YouTube исто така планира да вклучи подетални насоки во однос на каков тип на содржина е “погоден” за огласувачите. Има многу комплексни правила што ги прави моментални насоки тешки за следење/почитување. Во последната точка од постот Wojcicki зборува за одлуката за отстранување на коментари од видеа во кои има деца. Откако се случи што се случи, голем дел од креаторите се жалат дека алгоритмот им брише коментари, но Wojcicki верува дека одлуката беше на место.

Google тестира линкови за директно купување под YouTube видеа

Под видеата на YouTube, Google тестира линкови за директно купување. Линкот пренасочува на Google Express за комплетирање на нарачката. Бројот на трговци на Express се зголемува и Google тоа го користи за тестирање на повеќе формати на shoppable ads. YouTube имаше слични иницијативи за продажба во минатото. Минатата година им овозможи на креаторите да линкуваат директно до нивните производи, па можеби тоа беше предвесник за овој потег на Google.

TikTok го менува начинот на кој ја конзумираме дигиталната содржина

TikTok за кратко време стана првата станица на пат кон иднината на социјалните мрежи. Она што ја прави TikTok различна од другите е начинот на кој работи. Ја симнуваш, ја пушташ и одма ти излегуваат 15-секундни видеа. Не треба да креираш профил, не треба да се поврзеш со Facebook, само отвори, скролај и гледај видеа. Бескрајно персонализиран алгоритам кој ти прикажува избрана видео содржина.

Начин на дистрибуција на содржината и креаторите на TikTok користи фундаментално различен пристап од она што го гледаме на интернет. Во апликацијата корисникот може да кликне на било кој дел и да добие увид во безброј видео клипови. Има и алгоритми кои прикажуваат препорачани трендови за следење. Во една реченица, TikTok совршено ја прати логиката на “free use of Internet”.

Живееме во време во кое нашата потреба се сведува само на конзумирање на содржина. Алгоритмот знае каква содржина ќе ни го задржи најдолго вниманието и тоа и ни го прикажува.

Alibaba Sans – фонт дизајниран за стандардизирање на UX на платформите на Alibaba

За да постигне стандардизација во дизајнот на многуте мали бизниси, Alibaba има свој фонт – Alibaba Sans, што ќе се користи за сè. Фонтот има 11 различни стилови, работи на 172 различни јазици и има 116,895 илјади кинески карактери. Alibaba Sans е наменет за сите мали бизниси кои немаат инвестирано или не можат да си дозволат да инвестираат во брендинг. Ова е одличен потег на компанијата за стандардизација на визуелното искуство на купувачите, а истовремено и начин за издигнување на дизајнот на сајтот во целост.

Бонус линкови

Тоа а сè за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Наместо со Marketoonist, денес ќе се обидеме да се поврземе со дизајнерите.

До следниот преглед во петок! 😉

34 #ПрегледВоПеток

Си стојам на зборот, идеме со нов преглед во петок.

I’m ready.

Изминатава недела се оддржа најважниот настан во текот на годината за Facebook, F8. Се дискутираше за иднината на … пааа воглавно Facebook, ама со тоа и за многу други работи… На дводневниот настан присуствуваа повеќе од 5,000 девелопери, креатори и претприемачи. Главната тема беше градење на платформа што ќе се фокусира на приватноста.

Бидејќи се најавија многу нови работи за време на F8, решивме овој преглед да го посветиме на оние вести што се најбитни за нас маркетерите.

Facebook ќе има редизајн со фокус на групи и настани

Facebook неодамна најави дека полека ќе го трга фокусот од News Feed, а после конференцијата добивме претстава што тоа значи. Во апдејтот кој Марки го нарекува “FB5”, Facebook ќе им даде посебно значење на групите и на настаните. Со ова ќе им обезбеди персонализиран фид на своите корисници од групите кои ги следат, наместо од нивните пријатели.

Редизајнот исто така е предвиден да им помогне на корисниците да го прошират својот круг на пријатели. Ќе видиме и нова опција наречена “Meet New Friends”, која ќе им помогне на корисниците со слични интереси да се поврзат. Ќе биде и полесно да видиме што настани се случуваат во наша близина. Мобилната апликација на Android и iOS веќе има апдејт, а десктоп верзиајта ќе биде апдејтирана во текот на следните месеци.

Instagram има нови филтри за камера и помалку видливи лајкови

Instagram има репутација како еднa од “најдружељубивите” платформи на интернетот, но исто така и најкомпетитивна. Затоа Facebook нуди повеќе начини на интеракција со следбениците, додека од друга страна го трга фокусот од статистиките кои можеби ги доведуваат корисниците под стрес. Ќе има апдејт на интерфејсот на камерата и ќе видиме нова опција “Create Mode”, која ќе служи за полесно споделување на содржина што не е слика или видео, како квизовите. Instagram работи и на опција што дозволува купување преку самата апликација. Покрај компаниите, опцијата ќе може да ја користат и уметници, спортистите и други креатори кои имаат свој бизнис.

Во меѓувреме, Instagram тестира систем што нема да ги покажува лајковите на прва. Ова е со цел корисниците да се “фокусираат на содржината што ја споделуваш, а не колку лајкови ќе собереш”. Опцијата се тестира во Канада, а ако се покаже доволно популарна, ќе ја видиме и во други држави.

Facebook Messenger ќе се фокусира на “Close Friends”

Facebook исто така ќе го редизајнира и Messenger како дел од промените за подобра поврзаност со пријателите. Ќе може да напишеш статус или да споделиш слики со најблиските, со можност за полесно организирање на дружби надвор од интернет.

Messenger всушност ќе добие еден голем рефреш. На iOS апликацијата ќе биде оптимизирана да зафаќа помалку простор на телефонот. Новата верзија ќе биде помалку од 30MB, што е околу 20% од моменталната верзија. А ако користиш Messenger на десктоп, Facebook за подоцна годинава најави и десктоп апликации за Mac и PC.

Промени има и во позадинските делови кај пристапот кој го добиваат четботовите. Почнува да го стега ременот и тука Facebook, се разбира со цел, да отвори повеќе простор за заработка, односно за спонзорирани пораки.

Facebook ќе ти помогне да се смуваш со симпатијата

На ланската F8 конференција Facebook најави дејтинг платформа. На овогодинешната конференција најави дека Facebook Dating ќе биде достапна во уште 14 други земји. Ииии, ќе видиме нова опција “Secret Crush”, што ќе прави тоа што го очекуваш. Ќе можеш да направиш тајна листа на Facebook пријатели што ти се допаѓаат, без разлика дали имаат дејтинг профил или не. Ако и твојата симпатија користи Secret Crush и те стави во нивната листа, Facebook ќе ве извести и двајцата дека се мечнавте.

Марки призна дека многу луѓе не му веруваат на Facebook и дека Facebook им дал многу добри причини за тоа. Но исто така ги потенцираше сите начини на кои Facebook, Instagram и WhatsApp ќе помогнат да се поврзеш со оние кои ги сакаш.

Facebook F8 Supercut

Бонус линкови

Тука го завршуваме денешниот преглед во петок. Се надевам дека ти се допадна идејата за краток recap на F8. Ако имаш линк (или стрип) што сакаш да го споделиме во следниот преглед слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Се читаме во следниот преглед во петок. 😉