Posts by Симона Пеовска

8 #ПрегледВоПеток

Еј, погодете што? 8-то издание на преглед во петок е навистина во петок! Решивме да се искупиме за каснењето затоа што следната недела сигурно нема да има преглед во петок. Наместо тоа AllWeb ни го краде спотлајтот ама не се жалиме. Оваа недела идеме јако (и навремено) со збирка странски четива и едно домашно. 3, 2, 1… ЧИТАЈ!

  1. Цвета е-трговијата во Македонија. Добро прочита. Од 2018-та година и Тинекс ќе пушти во употреба интернет-продавници за Тинекс и Космо. Според најавите проектот ќе стартува на територијата на Скопје, а на корисниците ќе им бидат достапни повеќе од 6.000 производи од двете продавници. Нека има.
  2. Амбасадор на твојот бренд. Доброто лого гради доверба помеѓу тебе и твоите потенцијални потрошувачи. Ако бараш инспирација во креирање на твој препознатлив знак, еве ти 17 логоа на стартапи кои со причина се наоѓаат на оваа листа.
  3. Слим верзија на Facebook Messenger. Фејсбук го лансираше Messenger Lite пред една година и од лично искуство можам да кажам дека му олесна на мојот мобилен. Зазема помалку од 10MB и е совршеното компактно издание на класичниот месенџер. Брзо се подига, работи ефикасно и ти заштедува на интернет. Секако си има и свои маани или подобро кажано недостатоци. Ако користиш ајфон и/или сакаш да играш игрици на месенџер, да праќаш гифови, да водиш тајни разговори, тогаш Слим не е за тебе. А за сите останати еве ви едно четиво од wired во кое се зборува зошто треба да го шитнете Фејсбук месенџер и да се префрлите на Lite.
  4. Пребарај и спореди. Almighty Google вгради нова опција во својот пребарувач. Ако искуцаш нешто како “Google Pixel 2 XL vs iPhone X” ќе ти искочи табела со карактеристики на двата телефона на која многу лесно може да се увидат разликите помеѓу нив. Супер е ова за корисниците, ама не и за сопствениците на сајтови. Ова значи дека како и претходно Google ќе им украде уште едена голема маса на посетители. Дилемата е јасна… одиме во биполарен (триполарен) онлајн свет уште повеќе или ќе се обидеме да им пркосиме на Google и компанија…
  5. Gif away. Оваа недела си створив нова зависност на работното место. Правење гифови. Си правам едно кул гифче на Giphy и си го симнувам. Си го праќам гифчето и отворам Инстаграм да си го постирам. “Video too short” ми вика. Се нервирам. Long story short, почнав да истражувам решенија и така си дојдов до сознанието дека Giphy си има опција да го споделиш гифот на Инстаграм. И јас лагирам понекогаш.
  6. Умешноста позади успешна маркетинг кампања на Инстаграм. Не е чудо што сè повеќе бизниси отвораат профили на Инста. Според последните истражувања, брендовите таму уживаат 15 пати повеќе engagement отколку на било која друга платформа. Доколку сакаш да започнеш со маркетинг на Инстаграм или едноставно сакаш да си ја подобриш постоечката кампања, земи ги предвид овие 11 совети.
  7. Мозаик. Ама не мислам на слика составена од разнобојни камчиња. Не, не. Американскиотфилмски продуцент Steven Soderbergh креираше интерактивна смартфон апликација наречена Mosaic која ќе направи да се почувствуваш како режисер. Апликацијата содржи филмски материјали подолги од 7 часа кои раскажуваат приказна за мистериозна смрт со Sharon Stone во главна улога. Звучи кул, нели? Ако користиш ајфон можеш уште сега да си ја симнеш.
  8. Не ти треба HR менаџер за вработување таленти. Lo and behold, компанијата Belong создаде таков алгоритам кој ќе им помага на компаниите во вработувањето на професионалци од областа на продажба и маркетинг. Алгоритaмот е направен да ги разбере кариерните патишта на апликантите, а не само да пребарува клучни зборови во нивните резимиња. Решението е сеуште во својата бета верзија и е достапно за селектирани клиенти.

The universe works in mysterious ways. 2 недели сме редовни, 5 недели не сме. Уште еднаш те потсетувам дека 99,9% нема да има преглед во петок следната недела. Ама затоа те чекаме на AllWeb на преглед во живо.

2 #ПрегледВоПеток

И како што се договоривме (ние сме дечки од збор), денес одиме со втора рунда на преглед во петок.

Оваа недела го проширивме спектарот на линкови и расправавме за многу интересни теми, па ајде да започнеме.

  1. iPhone X и Black Mirror. Го стартуваме овој преглед со ‘најжешката’ вест оваа недела. До денес веќе сигурно прочитавте дека во вторникот Apple Inc. го лансираше новиот iPhone X. Една од најинтересните работи за телефонот е дека новата карактеристика Animojis е инспирирана од серијата Black Mirror.
  2. Подолги твитови? Рестрикцијата на карактери што ја има Твитер честопати била тема на разговор помеѓу корисниците на Твитер, па дури и помеѓу оние што не го користат. Во последно време е повторно тема на разговор, заедно со други функции кои корисниците би сакале да ги видат. Дали ‘Tweetstorm’ ќе биде една од нив?
  3. Машка доминација во Bitcoin заедницата. Во свет на еднаквост и рамноправност, дечково зборува за фактот дека луѓето кои ја користат криптовалутата Bitcoin се 95% мажи. Потоа дава 5 (многу интересни за читање) причини зошто е тоа така.
  4. Facebook Ads in 2017. Оваа социјална мрежа станува се поактуелна, а со тоа и нејзините реклами. Ако имаш бизнис пејџ на Фејсбук или едноставно те интересира Фејсбук рекламирање, погледни го овој YouTube tutorial кој концизно зборува на темата.
  5. Дигитален маркетинг во автомобил. Чекај, што? Adobe Systems Inc. ги сакаат вашите автомобили! Таргетирани реклами на радио и на апликации за стримање музика додека возиш. Ова се добри вести за маркетерите, но што би рекле возачите?
  6. По тебе, кај што газиш мојот AI програм тракува. Зборувавме во претходниот преглед за тоа како Facebook не изучува, но ајде да зборуваме општо за рекламирање според локација. The Drum, во соработка со Verve, направија уште една серија на Everything You Need to Know (EYNTK), овој пат за рекламирање според локација. Сакаш кликови на рекламата? Рекламирање според локација му е мајката!
  7. AI vs. Digital Marketing. Е, уште нешто за AI. AI сеуште се смета дека е во своите почетни фази, а сепак има големо влијание врз секоја индустрија, па така и врз дигиталниот маркетинг. Прашање на денот – дали AI во дигиталниот маркетинг е благослов или клетва?
  8. Падна маската. На нашиве протести не се практикува носење на маски, но затоа пак во САД на пример маската од филмот ‘V for Vendetta’ е задолжителен аксесоар кога се оди на политички протест. Со помош на технологијата за препознавање на лице, истражувачите велат дека сме блиску до идентификување на лица и покрај маските кои ги носат.
  9. Дигитални вештини кај најмалите. Во овој дигитален свет не е спорен фактот дека и децата се дел од него. Прочитајте ја оваа статија за 8 дигитални вештини кои им се потребни на децата и план за како да ги едуцираме за истите.
  10. За крај, трендови во дигиталниот маркетинг во 2018та. Најголемиот предизвик од работењето во сферата на дигиталниот маркетинг е постојано да сме во тек со она што се случува во моментот. Од маркетинг на социјалните мрежи до маркетинг во физички продавници, погледнете што не чека во претстојната година. Како ќе ги искористите овие информации, останува на вас.

Бонус (промо) линк: Brainster курс – Курс за Google AdWords

Прати ни некој корисен линк во порака на FB ако мислиш дека треба да се најде на овие листи и да му биде од корист на некој друг.

Се читаме следниот петок.