Posts by Тина Спировска

149 #ПрегледВоПеток – Токсичен Facebook, Алгоритми, USB-C…

Добар ден и добредојдовте во моето задоцнето објавување на ова издание на #ПрегледВоПеток. Се надевам дека супер ви почна овој петочки ден, а и дека така ќе продолжи. Па да видиме што имаме за денес..

Facebook и неговата токсична врска

Работите во денешницата се многу променети за разлика од тоа кога јас бев тинејџер, Instagram и Facebook беа само за постирање храна, природа и да се чекирам дали сум била у McDonald’s за симпатијата да види и да дојде. The tables have turned. Денеска тие две социјални мрежи се токсични за тинејџерките, а и за сите во глобала.

Во една статија Wall Street Journal во серија написи откриваат дека Facebook води приватен регистар на многу важни луѓе, вклучително и познати личности и политичари, кои се ослободени од строгите правила за објавување содржини што владеат со нас останатите. Во друга статија пак тие покажуваат дека сопствените истражувачи на Facebook ги документирале психолошките опасности што Инстаграм ги поседува за тинејџерите, особено тинејџерките.

Во најновото откритие, The Journal објави дека откако Zuckgerberg вети дека ќе промовира легитимни информации за „Ковид-19“ и вакцините, корисниците на Facebook кои се противат на вакцините или се сомневаат во заканата од „Ковид-19“ го направија она што корисниците на Facebook го прават со години: ги преплавија коментарите под инаку фактички објави со погрешни, лажни и деструктивни здравствени дезинформации. Резутатот беше 1:0 за антиваксерите, за жал бидејќи тие коментари го преплавија цел feed, а пропагандата гордо си замина со уште една победа.

Но, голем придонес за победата во ова има офанзивецот и мајсторот на Facebook играта, алгоритмот. Објавите со многу коментари се промовираат, самите коментари стануваат дел од целокупната порака на објавата и расправите избиваат. Once again, не верувајте во сé што ќе прочитате на интернет, а особено на Facebook. 😬

Како функционираат алгоритмите

Е сега, ви спомнав за магијата на алгортмите, сега да видиме како тие вистински функционираат.

Сите сме свесни дека што и да споменеме, побараме на интернет за краток временски период само тоа глеаме на секој feed. Радио Моф во разговор со нашиот Сеат Џигал и Оливер Новески, од „Бренд Унион“ за тоа како функционираат алгоритмите.

USB-C unites us all

Европската комисија, објави планови да ги принуди производителите на паметни телефони и други електронски уреди да вградат заеднични порт за полнење, USB-C, на нивните уреди. Ова ќе има најголемо влијание врз Apple кој не може да се одвои од својот сопственLightning конектор. Правилата се наменети за намалување на електронскиот отпад со тоа што ќе им се овозможи на луѓето повторно да ги користат постојните полначи и кабли кога купуваат нова електроника.

Ќе дочекаме ли време во кое секој полнач ќе може да ти го наполни телефонот и да не луташ безнадежно барајќи полнач за iPhone, прекерасно! 😏

Бонус линкови

До следно читање! ☺️

Убав викенд.

145 #ПрегледВоПеток – Clubhouse, Twitter, VR…

Ајде како за последен од месецов и пред одморот на #ПрегледВоПеток во август, ми падна мене да го напишам. Добор утро и изволте некои новости.

Виртуалната реалност никако да стане реален тренд, ама никако да престане да добива пари

Во одличен осврт Wired анализираат како VR технологијата е всушност со години е надоаѓачки тренд а никако да стане реално нешто што може да се нарече тренд. И покрај безобразно големите инвестиции VR никако да го испорача тоа што го ветува а пари уште има… Провокативен наслов од Wired, вреди да се прочита: Virtual Reality Is the Rich White Kid of Technology

Clubhouse, конечно, достапна за сите

Не знам зошто секогаш мене ми се паѓа нешто да пишувам за ова, ама ајде добро. После една година, апликацијата конечно ќе им биде достапна на сите луѓе, нема да мора да се чека повеќе да те поканат и прифатат во некоја група, да следиш некој настан и сл.

Twitter и постпандемичните успеси

Twitter добро се снаоѓа поспандемично, во втората четвртина од годината, компанијта има за 74% повисоки приходи. Секојдневните корисници се зголемени за 11% , а целосниот број на активни корисници достигна до 206 милиони. Исто така компанијата забележи зголемување на трошоците за продажба и маркетинг за 46% во оваа четвртина, како резултат на повисоките провизии за продажба, трошоците за луѓе и зголемените трошоци за маркетинг.

Youtube  тестира оција да им оставаш бакшиш на креаторите

Youtube тестира нова опција каде што на корисниците после секое изгледано видео ќе имаат опција да им остават пари на креаторите на видеата. Функцијата Super Thanks им овозможува на гледачите да им аплаудираат на креаторите избирајќи една од четирите ценовни точки. Прилично интересно, доколку ова успее, сите ќе станат youtube-ри. Само мала напомена, ова е веќе 4 или 5 опција која ја додава YouTube со која сака да ја налаи улогата на Patreon и сл. сервиси кои веќе станаа редовен дел од шемата за заработка на јутјуберите.

А сега одам на одмор, и се гледаме ве Септември!Αντίο και καλή μέρα! 😎

141 #ПрегледВоПеток – Дезинформации, Instagram updates и Identity crisis

Добро утро од мене и читнете нешто интересно додека пиете кафенце. 🙂

Дезинформациите се шират побрзо и од добрата вест

Короната беше последица од 5G, после тоа чипираа со вакцините и така..се тоа си има некаква поврзаност. Нешто ново и непознато, рекла казала муабети и човештвото е во бунило. Според Сеад Џигал, предавач на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, стравот од технологија или “технофобија” воопшто не е новапојава и доста вистинска. Води потекло уште од 18 век во Европа, кога најголемите непријатели на човекот биле новите машини кои им ги зеле работните места. Кога лани 5G-технологијата го вознемири човештвото, научниците се обидуваа да се борат со дезинформациите и со факти аргументираа дека новата технологија не е опасна.

Луѓето најчесто се плашат од нештата што не ги разбираат. Во ред е да се плашите од нешто што го разбирате, тоа е вродена реакција што еволуцијата ја вградила во нас, корисна е. Кога станува збор за 5Г, многу луѓе зборуваат за зрачење, а кога ќе ги прашате што е тоа, често не знаат да одговорат, не знаат дека секое тело зрачи. Зрачењето може да биде и добро за нас и досега сме го користеле и за добри нешта, како, на пример, во лекувањето тумори

објаснува Д-р. Ивица Пулјак поранешен редовен професор по физика на факултеот за електротехника,машинство и бродоградба во Сплит.

Инстаграм со опција за постирање од Desktop и пренасочување на контент форматот

Инстаграм има тест период за корисниците да може да постират од Desktop апликацијата. Кај некои корисници се појавува плусчето на горниот дел од апликацијата, и им дозволува да споделувааат слики или видеа од нивниот компјутер.

Од друга страна пак шефот на Инстаграм Adam Mosseri, вели дека Инстаграм повеќе не е место за споделување слики и дека повеќе треба да се фокусираат на тоа да им нудат на корисниците full-screen experience. Во превод сакаат да станат TikTok.

Норвешка им забранува на инфлуенсерите да постирааат едитирани слики

Норвешка се спротивставува на нереалните стандарди за убавина на социјалните мрежи во обид да се спречи дисморфијата на телото во земјата. Измените и дополнувањата на Законот за маркетинг од 2009 година го прават незаконско споделувањето едитирани слики од нивното тело во промотивни обајви на социјалните мрежи, без да напоменат дека сликата претрпела измени. Дали можеби ова ќе се прошири понатаму и какви реперкусии ќе има на нашите инфлуенсерки кои рекламираат козметика за лице нашминкани останува да видиме 😉.

Бонус линкови

До следно читање. 🙂

134 #ПрегледВоПеток – Facebook, Clubhouse, Spotify, Grouper…

Неработен четврток, па ајде добро утро пак во петок. Ај веќе кога уште малце има до викендов да видиме што има во #ПрегледВоПеток 🙂

Sorry Facebook

Таргетирањето на корисниците со iPhone од сега ќе оди малце потешко. Доколку сте пуштале реклами во последно време може сте преметиле дека имате послаби резултати. Тоа се должи на новиот update на софтверот на Apple.

Apple iOS 14.5 кој беше пуштен во април годинава, им дозволува на корисниците сами да изберат дали нивното користење на апликации ќе биде следено за таргетирање за реклами. Кога корисниците ќе отворат, симнат или ажурираат апликација им се појавува прозорче кое ги прашува дали дозволуваат таа апликација да се следи. Скоро сите луѓе кликаат не фала, само околу 4% од луѓето во Америка се сложиле на тоа.

Clubhouse за Android

После година и повеќе, Clubhouse пушта апликација и за Android корисниците, која до сега беше достапна само за iOS.

Апликацијата за Android која била најголемо барање во последниот период, е пуштена во употреба на 9ти мај во Америка, а во текот на неделава ќе биде достапна и на другите пазари на англиско говорно подрачје. Корисниците надвор од САД ќе можат претходно да се регистрираат за пристап преку Clubhouse апликацијата директно во Google Play, за да бидат известени кога апликацијата ќе биде достапна во нивната област.

Spotify со нова политика за ентериерот во своите канцеларии

Добро познатата шведска компанија Spotify работи на подобрување на удобноста и акустиката во своите канцеларии.

Во текот на пандемијата леѓето беа принудени да работат од дома но и тоа имало некои свои предности, вели Соња Симондс – директорката за дизајн и уредување на работното место. Иако некои луѓе во оваа ситуација саакаат повеќе да работат од дома, не се исклучува потребата од канцеларија. Затоа Соња вели дека тие се водат по нова политика т.н. “работи од кое било место” и своите канцеларии ќе ги реновираат со елементи кои ќе потсеќаат на домашна атмосфера.

Ne mislim da je doba kancelarija prošlo, ali smatram da se trebamo potruditi da dočaramo atmosferu koju smo imali kada smo radili od kućePočet ćemo preuređivati naše kancelarije na osnovu onoga što smo naučili dok smo radili od kuće. Preuređivat ćemo ih tako da dobijemo najbolji mogući rezultat od svake naše zgrade.”

Grouper стана дел од полската групација Asseco (ASEE)

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE, е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk. Payten, провајдерот на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции, оствари уште една стратешка инвестиција во е-трговијата, преку аквизиција на онлајн платформата Grouper, со седиште во Скопје.

Бонус линкови

Се читаме во следна прилика!

129 #ПрегледВоПеток – Facebook Analytics, Apple AR, LinkedIn совети…

Нека денот по утрото се познава! Добро утро од мене и читнете си нешто интересно во овој #ПрегледВоПеток 🙂

Facebook Analytics достапен до 30 jуни

После 30ти јуни, Facebook најави дека Facebook Analytics нема повеќе да биде достапен. Најавата која им кажува на маркетерите дека повеќе нема да може да се потпираат на Facebook Analytics е објавена во Facebook for Business help center.

Компанијата не дава конкретна причина поради која ја повлекува оваа алатка, но затоа ги советува корисниците да ги користат Facebook Business Suite, Ads Manager и Events Manager откако Analytics повеќе нема да биде достапен. На интернет веќе почнаа да се јавуваат туторијали за како да замените дел од инфорамциите што ги имаше тука… ама далеку од комплетна е листата…

Apple сака да користи augmented reality (AR) за подобрување на разговорите

Tim Cook даде наговестување дека Apple размислува за AR во интервју за New York Times.

Веќе неколку години се зборува дека тие работат на проширена (аугментирана) реалност, а последните вести се дека наредната година ќе биде лансиран mixed reality device, кој во себе ќе содржи и augmented reality и virtual reality.

Кога станува збор за проширена реалност, Tim се согласува дека е од круцијално значење за компанијата и дека дека може да се искористи за подобрување на разговорите.

“You and I are having a great conversation right now. Arguably, it could even be better if we were able to augment our discussion with charts or other things to appear,” Cook said. He imagines AR being used in health, education, retail, and gaming. “I’m already seeing AR take off in some of these areas with use of the phone. And I think the promise is even greater in the future.”

Facebook не ги информира корисниците чии информации се достапни онлајн

По објавите за повторен скандал со препродажба на лични информации извлечени од Facebook, компанијата најави дека нема намера да ги извести своите 533 милиони корисници, чии податоци беа на продажба.

Сите имаме информации за себе кои не сакаме да се прикачени некаде рандом на интернет – како роденден, локација, целосно име и презиме, телефонски број и слично. Така што разочарувачки е дека Facebook не сака да ги извести корисниците кои ќе бидат засегнати. Под превезот дека се ова стари податоци, како божем менуваме име и ден на раѓање секој ден… некако не се дигна премногу галама на темава… или допрва ќе станува голема… ќе видиме.

10 совети за LinkedIn

Barbara Slade Jagodic која е активен корисник на LinkedIn скоро 1 година, вели дека доста голем процент на приходи и клиенти ѝ доаѓаат токму од оваа социјална мрежа.

Доколку мислите дека никакви информации не добивате од LinkedIn или дека никој не е активен на оваа мрежа, тогаш не ги имате вистинските луѓе. Моментално ова што се случува на LinkedIn е Утопија за маркетерите. Објавите имаат огромен органски досег, сите се позитивни, сите се поддршка, има по некој критичар, но во главно сè е супер!

Прочитај ги 10-те совети од Барбара за подобрување на твојот LinkedIn профил.

Бонус линкови

Се читаме во следна прилика! 🙂

124 #ПрегледВоПеток

Петочко расположение, утринско кафе и #ПрегледВоПеток 🙂

Тинејџерка за својата лажна онлајн продавница е добитник на награда

Вознемирена поради зголемените бројки за семејното насилство за време на пандемијата, полска средношколка во април 2019 година решила да започне лажна онлајн продавница за да им понуди спас на жртвите во нивните домови.

Водејќи се по приказната дека жени во аптека барале одредена маска, со која на фармацевтите им давале до знаење дека се жртви на домашно насилство, 17 годишната Krystyna Paszko дошла до идејата да продава “козметика”.

Претседателката на Центарот за Женски Права, Urszula Nowakowska, вели дека полициските податоци не покажуваат пораст на случаите на семејно насилство минатата година, но повиците во нејзината организација се зголемиле за околу 50% во првите месеци од пандемијата за разлика од 2019 година.

Facebook со нови алатки за Меѓунардониот ден на жената

Ако некој не ви направи да се чувствувате посебно на 8ми март, направите си го сами денот посебен со новите алатки на Facebook. Има низа нови функции што ќе се вклопат во месецот на историјата на жените и Меѓународниот ден на жената, а најголем апдејт е групниот лајв на Instagram, што компанијата го тестираше во последниве неколку месеци.

Facebook исто така лансира нова категорија во Community Help која ќе им овозможи на непрофитабилните организации и инивидуите да организираат добротворни цели и да собираат основни предмети преку алатките за Facebook.

Comeback или рециклирање на newsletters?

Сега од кога се отстранија колачината на Google, newsletters се сè почеста појава и сигнализираат нов интерес и од издавачи и од трговци, за подобрување на податоците и зголемување на приходите, а во исто време и за градење подлабоки и попривлечни односи со пупликата.

Newsletter ги заменија спијанијата и весниците бидејќи луѓето повеќе сакаат кога информациите стигнуваат директно до нив. На краток рок, издавачите и маркетерите сакаат да бидат сигурни дека прават содржина која ги следи трендовите. Долгорочно, секој знае дека емаил ќе биде клучната индетификација во директната комуникација со публиката.

Deepfake видеа и како да препознаеме едно од нив

Deepfake видеата станаа толку реалистични што можно е да не препознаете дека се компјутерски генерирани доколку не сте предупредени од профилот кои што ги прикачува. Deepfake технологијата станува сè полесна за кој било да ја користи.

Во серијата твитови, Rachel Tobac, извршниот директор на SocialProof Security, предупредува дека ваквите видеа како и видеата кои се креирани на TikTok профилот @deeptomcruise се причината поради која се уништува довербата на јавноста во свет во кој медиумската писменост е слаба и луѓето веќе не можат да се согласат за тоа што е точно а што погрешно.

Како сликата со црниот и златниот фустан, ова ни укажува на тоа дека видеата со Tom Cruise се синтетизирани, но не секој може да препознае дали нешто е невистинито.

Ваквите видеа се особено опасни затоа што видеото се смета за неоспорен доказ и која било личност може да биде измонтирана на ваков вид на видео.

Добрата вест е што не ни мора да го гледаш видеото за да знаеш дека си наишол на deepfake видео.

Mike Caulfield, експерт за дигитална писменост, на својот Twitter профил објави две рамки за лажни објави (слики, постови и сл.) кои работат и за deepfake.

TikTok рецептата за макарони со фета ги остави маркетите без сриење

TikTok е место каде што се буди аптетит, а и желбата за готвење. Толку рецепти не сум гледала ни на Храна и Вино како мала колку што гледам сега на TikTok.

Виралната рецепта за макарони со фета и шери домати до средина на месецот февруари, кога рецептот бил најпребаруван, апликацијата за испорака на намирници Instacart – The Charlotte Observer пријави празни полици на фета во локалните продавници како и во супермаркетите Harris Teeter. Danna Robinson, потпарол на компанијата која работи со повеќе од 230 продавници во 7 држави, изјавила дека побарувачката се зголемила за 200 проценти.

Рецептата се појави на TikTok во јануари, прикачена од различни инфлуенсери или обични тинјџери.С ега хаштагот #fetapasta има повеќе од 600 милион прегледи.

Бонус линкови

Се читаме во следниот преглед во петок 🙂

119 #ПрегледВоПеток

Hey hey, прв пат пишувам #ПрегледВоПеток, се надевам нема да ми се лутите ако не ви се свиѓа 😀

Па, ова се новостите од овие 7 дена.

Заменето логото на Kока-Kола со охрабрувачки новогодишни резолуции

Кока-кола го замени своето лого со серија охрабрувачки резолуции кои ветуваат дека годината 2021 ќе биде подобра од 2020. Кампањата open to better (отвори кон подобро) е креирана од компанијата 72andSunny од Амстердам и е веќе достапна во Велика Британија.

“Ветувам дека ќе се смеам повеќе за тебе”,  “Во право си. Време е да одмарам повеќе” и “Не сум најдобар во делење комплименти, но ќе пробам”, се едни од пораките. Потрошувачите исто така може да си ги персонализираат своите лименки, на coca-cola’s open to better webpage или да си купат со некоја од пораките на познатите личности, како што е на Katy Perry  “Ветувам дека ќе медитирам.”

Изгледа Кока-кола оди на проверена варијанта… се сеќавате на персонализираните лименки со нашите имиња? Нема зошто да се соменваме дека нема да им донесе и ова успех, на крајот на краиштата, Кока-кола се.

Deеzer станува актуелен на нашиот пазар

Апликацијата Deezer од сега достапна и кај нас со промотивните понуди на А1.

Понудата е достапна за сите постпејд корисници. Во зависност од тарифниот модел, промоцијата за апликацијата е различна.

И нашиот #комкаст е достапен и на Deezer. Може да слушате тука – https://bit.ly/3qZZX87

Верификација на е-трговци

Веќе кога онлајн купувањето е секојдневие, а проблемите со „цена во инбокс” се почести, АЕТМ реши да воведе верификација на е-трговци со цел да ги доближи граѓаните до доверливите онлајн продавниците. Оваа верификација  им  дава гаранција на купувачите дека можат безбедно да купуваат од е-трговци кои ги исполнуваат креитериумите пропишани или предложени од страна на државата, банките, платеќните картички и секако АЕТМ

Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, која им помага на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој ги има имплементирано сите неопходни законски регулативи во работењето.

Беџот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Топ 7 трендови кои социјалните медиуми треба да ги применат во 2021

Можеби светот застана, но социјалните медиуми работат со полна пареа. Во целата пандемија единствениот спас од досадата и бегање од реалноста се социјалните медиуми.

Во време кога сè се менува пребрзо, најважно е да сме во тек со сите трендови. 

Не грижете се, нашите пријатели од EmbedSocial, соствија супер реално листа со работи на кои треба да посветите внимание ако работите на социјалните медиуми. Анализирајте ги трендовите и планирајте ги своите следни потези паметно.

Бонус линкови

Marketoonist on Instagram

Толку од мене, претпоставувам ќе ми дозволат колегита пак да пишувам преглед за некоја недела..