СЕАД ЏИГАЛ
Роден и школуван во Скопје. Заврши студии по филологија на факултетот „Блаже Конески” на катедрата за Македонски и јужнословенски јазик со изборна доквалификација филолог по албански јазик и книжевност.
Од 2003 е на магистерски студии по комуникации при ИСППИ во Скопје. Проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издаде две книги збирки културолошки едеи (2002) и издал текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre Iнternational, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…).
Основач на Центарот за нови медиуми
контакт: sead.dzigal(at)gmail.com
))
ДАРКО БУЛДИОСКИ
Тагови: интернет консултант, блогер, асистент, комуниколог, практичар, онлајн активист, интернет маркетинг специјалист, SEO аматер, бивш дизајнер, фриленс автор, љубител на магазини, дипломиран етнолог, Apple корисник, брат, сопруг.
Работен ангажман: Моментално е дел факултетот по Комуникации и масовни мдиуми на NYUS, асистент на предметите: Introduction to New Media, Social Media, Online Journalism. Дел од тимот на обучувачи во рамките на проектот за воведвување на медиумско образование во наставните пргорами за основно и средно обрзование. Дел од активностите на Центарот за нови медиуми и надоврешен консултант во издавачката куќа Global Media.
Работел како:
– Надворешен маркетинг соработник во Seavus
– Менаџер за комуникации и мобилизрање фондови во Хабитат Македонија
– Дизјанер во AutoBuld Македонија (додека беше магазин, не подлисток)
Други искуства:
Основач на Центарот за нови медиуми
Издавал во Културен живот и е ко-автор на книга за блогови која никогаш не ја виде светлината на денот. Учествувал на неколку конференции со свои презентации на тема нови медиуми. Дел е од организациониот одбор на меѓународната конференција Glocal Conference, придонесува во месечениот магазин за компјутери Click. За сите други детали поврзани со дневните активности впишете darko156 или Дарко Булдиоски/Darko Buldioski на некој пребарувач.
Контакт:
darko156(at)gmail.com
Поврзи се:
twitter.com/darko156
facebook.com/darko.buldioski
))
МИТЕ КУЗЕВСКИ
Тагови: Консултант за онлајн медиуми, фриленс фоторепортер, дебатер, инструктор за јавно говорење и комуникациски вештини, новинар, активист, блогер, микроблогер, аматер жонглер, филмаџија ентузијаст, љубител на џез и аматер танчер (латино-американски и стандардни танци)
Образование: Дипломиран новинар на Правен факултет Скопје.
Работен ангажман: Моментално работи како консултант за интернет и нови медиуми во OSI Europe на програмата за млади. Kреатор и спроведувач на стратегијата за социјални медиуми на International Debate Education Association. Исто така е дел од проектниот тим на Global Youth Panel, проект спроведен со помош на Google Wave.
Работел како:
– Дел од тимот што ја креираше и спроведе првата глобална СМС кампања во светот за потребите на 350.org
– Онлајн промотор на кампањата The People Speak на Обединетите нации.
– Координатор за односи со јавност на Хабитат и Младински образовен форум
– Новинар во Време и Дневник
Други искуства:
Основач на Центарот за нови медиуми
Основач на Младински образовен форум
Издал текст во Културен живот и учествувал на неколку меѓународни конференции со свои презентации на тема нови и социјални медиуми. Бил тренер за нови медиуми и граѓанско новинарство на неколку меѓународни семинари.
Контакт:
kuzevski[at]gmail.com
Поврзи се:
twitter.com/kuzevski
facebook.com/kuzevski