Posts tagged ?????????

Два нови ПР блогови

Се крчкаа подолго време, се мислеа, туфкаа пробуваа и на крај ете конечно се решија. Баш ми е ќеф што можам да пишам дека во последниов месец се појавија два нови локални блога пишувани од луѓе кои печалат леб работејќи на тема Односи со јавност.

Едниот блог е дел од новата блог мрежа ЦрнаОвца.мк и е во сопственост на БранкаВоглавно јавно.

Вториот е блогот Life is PR и повеќе фокус мава (барем на почеток) на корпоративните комуникации и одностите со јавноста од аспект на голема фирма. Авторот (немам официјална дозвола да го откријам идентитетот) веќе некое време работи како лице за контакт со надворешниот свет во неколку различни големи фирми кои и те како мораат да внимаваат и да планираат во какво светло ќе се покажат надвор од дома.

Теми и дискусии има отворено на двата, топла препорака за оние кои ги интересираат реклами, техники, и најважно од сѐ локални лични искуства.

Значи еве уште едаш ако стигна до тука а не кликна на ниту еден: Life is PR и Воглавно јавно

Видела жабата…

Да се има видео на сајт со вести, денес значи многу. За разлика од состојбата oд пред некој месец локалната практика малку се подобрува, но пред да се направи таков исчекор треба да се имаат на ум неколку работи.

Continue reading

Препорака: блогот на Драгана

Ми се има случено неколку пати. И секој пат се радувам кога ќе се случи пак. Се радувам и им раскажувам на сите околу мене, без разлика дали ги интересира или не. Им раскажувам дека некоја личност која ја ценам оддала признание кон овој блог.

Прв пат беше со Минди МекАдамс кога правеше листа на интернсционални блогови, сега гледам со поновиот дизајн ја нема таа листа. Потоа се радував кога Хуан Антонио Гинер го стави комуниикации.нет на неогвиот Innovation in newspapers. Се почесто се радувам на позитивните коментарите од луѓето со кои за прв пат се среќавам, а пред некој ден се радував кога Dragana Djermanovic во својата листа на препораки го ставила и нашиот блог.

Драгана ја читам од првиот пост, благодарение на Драган. Пишува од аспект на ПР (односи со јавност) зошто тоа и го работи, но пишува со многу емоции и отвара интересни теми. Ја запознав, за жал, на кратко во Бор на BlogOpen а пред некој ден разбрав и дека учела Македонски јазик :).

Блогот на Драгана е препорака за читање и инспирација за сите кои се професионалци во одредена област а сакаат да започнат свој блог. Искрено, деновиве комуницирам со неколку такви личности од МК и континуирано една од првите препораки ми беше токму блогот на Драгана, случајно или не 🙂