Posts tagged ?????????

Зошто медиумска етика?

Сценарио прво:

Вработени во јавна институција се малтретирани од страна на својот претпоставен (т.е. се жртви на мобинг). Тие го информираат ресорниот Министерот. Тој не реагира. Малтретираните се обраќаат до медиумите. Овие ја објавуваат нивната потресна сторија.

Сценарио второ:

Вработени во јавна институција влегуваат во конфликт со својот претпоставен. Не можејќи да го  истераат своето, решаваат да потпишат петиција дека се „малтретирани“ и „омаловажувани“ за да наштетат на кариерата на претпоставениот и да му се осветат.  Праќаат поплака до ресорниот министер и повикуваат новинари за да го го наклеветат.

Во реалноста на македонските медиуми за овие две хипотетични, а можни, ситуации од секојдневието, ќе добиете идентични извештаи и стории, нешто како оваа: „Државен секретар ги малтретирал вработените“.

Во писмото до министерот високи структури од екологија твдат дека државниот секретар Н.Н. ја злоупотребувала функцијата – со закани, пцости, примена на навредливи зборови, висок тон на комуникација – како државен секретар ја оценувала и нивната работа, применувала казни за бркање од работа, промена на работното место – кои поради неаргументираност подоцна биле отфрлани од Агенцијата за државни службеници.

Значи, без разлика на двете можни ситуации, примарност ќе добие „скандализирачката“ верзија по која „висок функционер прави нешто скандалозно, непримерно, нечовечно…“.

Овде секако се работи за една комплицирана ситуација во која медиумите ја газат презумпцијата на невиност на лицата кои се дел од нивните стории, она за што често ги обвинуваат политичките чинители и истражните органи.

Во прилог на тоа, името на осомничената не само што не се прикрива, тука од одредена фотографија, на сите им е заштитен идентитетот, освен на ова лице. Последица на ова секако е т.н. „жигосување“ во јавноста.

Се разбира, никој од нас не е наивен, па да не насети дека е далеку поверојатно дека оние кои обвинуваат за мобинг веројатно се и жртви, отколку дека се работи за „режирана клевета“. Она што зачудува е континуираниот недостаток на свест за фер однос кон сите инволвирани страни во медиумските стории. Додека не се истражи случајот, и додека соодветната комисија или тело кое треба да го испита целосно, идентитетот на лицето мора да биде заштитено, наведено во иницијали, а сите обвинувања наведени како „наводни“ или според „тој и тој“. Во многу други средини и по авршување на истрагите имињата не се објавуваат, за да тоа лице не биде стигматизирано во текот на целиот живот, но за нас таа фаза е далеку од реалноста. Иако многу  едноставно, за жал уште е недосегливо за нашите медиуми. Сликата од погоре навистина е показ за тоа како медиумите уживаат во моќта да бидат средства за јавен отстрел.

Во пошироки рамки, последиците се следни: довербата во медиумите опаѓа, а тие конечно завршуваат како овчарчето во приказната „Волк волк!“, на кого никој не му верува дури и кога има легитимна сторија дека волкот навистина нападнал.


Macedonia online: По стапките на Естонија? Не баш…

Nicolas Kayser-Bril направи подолга турнеја низ поширокиов регион која ја започнал со цел да се запознае малку повеќе со локалните прилики и неприлики на тема онлајн медиуми, еве што забележа во Македонија

Continue reading

…за земјотресното мк новинарство

Ете, пак мора да се реагира.

Не дека уживам да критикувам ама ете, морам :). Во првиот обид кога коментиравме за техниките на објавување на онлине вести на сајтот на А1, Стеван реагираше позитивно. Стеван веќе не е таму, ама ајде да видиме дали сега ќе реагираат пак.

Ева што не ми чини.

А1.com.mk – Насловна вест – Земјотрес!

– Информацијата е објавена во 13:54. Фино. Брзо реагирале и објавиле. Јас преку линк на Twitter (патем и овој од таму го кликнав) видов дека и Макфакс имаат објавено ама според нивните детали некоја минута подоцна во 14:09. Одиме понатаму.

– Почнувам да читам. Изјави од скопјанка, видео прилог, изјава од Сеизмолошката опсерваторија. Слики од тие машините што мерат. Мапа. Браво. Браво. За 50 минути новинаров се си стокмил. Алал нека му е.

– Па и стендап си направил новинарот во прилог кој наликува како да е правен за некоја хипер локална телевизија (Скопје и скопјани се во центарот на сторијава) а не национална телевизија. Патем нели епицентарот бил блиску до Гостивар

– Продлжувам понатаму, 79 коментари (до сега 🙂 првиот од нив објавен во 13:29, па 13:30 и така се до 20тиот коментар, се видовити. Сите тие објавиле коментар пред и да биде објавена сторијава. Алал нека му е на народов. Брз, информиран и поише од новинариве, знае народов дека А1 ќе објави па да си стаат они кометар на време 🙂

– Налет друго, од коментарите добив чувство дека сторијава не била баш таа кога тие почнале да коментираат. Ко да собирале информаци заедно со новинарот, паралелно, ко да барале на интернет и ко да споделувале и тие.  А нив, читателите, активните читатели на А1.com.mk никаде ги нема во прилогот. Поглед во коментарите открива каде и колку се осетил земјотресов, и тоа е вредна информација а?

Да резимирам или јасни ми се поентиве?

Објавување на интернет си има свои принципи, етички и уредувачки правила. Тоа што на интернет може да се дополни/промени содржина лесно не значи дека треба да се изгуби доследност транспарентност и сл. Изгледа професорот мој по печатени медиуми имаше право кога ми викaше: „Од кај да знам јас дека не сменилe нешто. Вака на харија е можам за збор да го фатам”.

Се обидував да му објаснам дека не оди тоа баш така, ама по се изгледа тој пореално ги гледал локалниве практики. Може бидејќи ги учел нашиве новинари, затоа. А јас само се надевам дека некој медиум ќе се обиде да гради доверба. На овој начин дефинитивно не се гради тоа знам сигурно.

Патем, јас не го осетив земјотресов, ми кажаат подоцна на чет, а првите информации ги добив Twitter. Ова беа моите пораки на Twitter:

Tweet1: Првиот земјотрес во МК кој се појави на твитер 🙂 http://tinyurl.com/7plbfy детал на Макфакс http://tinyurl.com/9ganz4

Tweet2: The first earthquake in MK that hit Twitter 🙂 http://tinyurl.com/a4o4pd and in Macedonian http://tinyurl.com/7plbfy

News interactivity

Преглед на степенот на итерактивност на еврпоските news сајтови. Вклучени се и неколку локлани.

Интересно е да се стават рамо до рамо локалниве онлајн изданија но и да се види колку може да се мерат со останатите европски извори на вести, се разбира кога станува збор за избраните интерактивни соджини.

Continue reading