Posts tagged ?????

CNN креатива

Кога ќе се спомне CNN и неговата професионалност и неутралност, човек треба да отвори 4 очи 🙂 Оваа снимка е прикажана како „no comment“ снимка од синоќешните протести во Белград:

Од 00:00 до 00:18 секунди се снимки од некоја „неидентификувана тепачина“ во Букурешт, Будимпешта  (детали во коментарите на изворниот клип на Youtube, кој разбира романски унгарски:), како и од 01:10 до 01:22, се гледа и по квалитетот на снимката и колоритот дека сцените се уфрлени.

Каква фабрикација на реалноста, како од некаков филм, третокласен, нискобуџетен. Штета само што 99 проценти од оние кои го виделе извештајот на CNN ќе го запомнат како слики од Белград од синоќа.

И нашиот јавен сервис токму за оваа ТВ проценил дека треба да го пренесува и преведува она што тие го емитуваат. Бедотилак…

Координатор на заедница

Координирање на една заедница може да се сведе само на модерација на коментари, што не е наивана работа. Но денес, се почесто со прилепивањето на цели социјални мрежи за одредени брендови оваа работа станува многу покомплексна, поосетлива и бара многу однапред донесени одлуки и стратегии како и добро обучени луѓе.

Continue reading

Охридеа на NewMoment

Охридеа е годишен настан за претставници од сите ограноци на NewMoment, кој се одржув во Охрид и има за цел да поттикне креативно размислување, едукација, да додели по некоја награда и пред се да овозможи многу забава.

Не, не ме платија да ги рекламирам :), туку ова го најдов на полуофцијалниот блог посветен на овој настан.

Continue reading

IPI World Congress and 57th General Assembly

Уште еден интересен настан од “големиот” свет на медиумите, најавен на блогов пред помалку од една година. Но овој далеку поблиску до нас. IPI World Congress. Ме интересира дали некој од МК отишол да следни некоја од сесиите. Јас лично би сакал денес да сум таму. Вака изгледа најавата на денешната сесија:

New Media: New Opportunities, New Threats

Moderator:
Roy Greenslade, Media Commentator and Columnist; Professor of Journalism, City University, London

Panelists:
David Kurtz , Managing Editor, Talking Points Memo, New York, NY
Dejan Restak, Website Director, B92, Belgrade
Christoph Schultheis, BILDblog, Berlin

Останатиот дел од програмата која веќе е при крај може да послужи само за гледање може да се најде тука: ipibelgrade/program