Posts tagged ???????

#комкаст 53 – Медиумите во Кина со Анастас Вангели

Зборувавме за ситуацијат со медиумите таму, за пристапот на интернет, за алтернативните сервиси за социјално вмрежување, за цензурата и за последните поголеми протести предивикани токму после појака цензура во еден приватен медиум.

Continue reading

#комкаст 25 – Вест, Дневник и Утрински весник со е-изданија кои ги наплаќаат

Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.

Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.

#комкаст 6 – Комуникации.нет подкаст

Дарко во Будимпешта, Сеад беше зафатен со подготвување на презентација, па така јас повторно мораше сам да го снимам новиот подкаст. Последен пат кога го снимав сам не ми беше баш забавно па затоа си го поканив Кинџо да ми биде гостин во оваа епизода. Зборувавме за тоа како македонските диџеи користат интернет за промоција и можноста за заработка.

Линкови:
http://soundcloud.com/
http://www.mixcloud.com/

#комкаст 1 – Комуникации.нет подкаст

Додека Мите гледаше театарска претстава а јас играв бадминтон, вчера вечер премиерно на РадиоМОФ беше емитувана прата епизода од комуникации.нет подкастот. Како што најавивме вчера, за правење подкаст правиме муабет повеќе од две години, и еве конечно го направивме :).

Благодарение на идејата на Милчо, темата на првата епизода беше баш подкаст. Решивме да споделиме некои скромни искуства за тоа што е подкаст, што треба да се знае и сл. Слушни ја епизодата и ќе ти стане јасно, а плус и на почеток ќе слушнеш кои ни се плановите и структурата на самата емисија.

Еве ги и линковите кои ги ветивме во самата емисија:

AudioBoo – Mobile & web platform that effortlessly allows you to record and upload audio
MixCloud.com/
Re-think Radio
How-to-Podcast-Tutorial – The definitive step-by-step guide on how to podcast
Celtx – The world’s first all-in-one media pre-production system
Apple iTunes – Making a podcast

Ако заборавив некој, ќе дополнам подоцна… Следната емисија ќе оди премиерно следната среда. [дополнето]

[дополнето] Конечно средивме подкастот да изгледа пристојно и на iTunes – Комуникации.нет подкаст на iTunes удри едно subscribe сега 🙂