Posts tagged ????

Медиуми ли се медиуми?

ДЕФИНИЦИЈА:

Медиум – Средство за масовна комуникација кое служи за информирање на јавноста.

Ако ја земеме оваа дефиниција (една од многуте) како образец да видиме што тоа кај нас се нарекува медиум, испаѓа дека многу од нив и не се баш медиуми. На повеќето не им е гајле за јавноста и нејзините интереси, а уште помалку за тоа професионално да ги информираат, а овие да имаат некој аир од тоа. Некои се далеку од масовни, а некои наместо информации пласираат зафрканции или трошки од информации забиберени со еден тон бизарности или тривијалности.

Како-и-да-е, низ локални искуства може да предложиме една структурна класификација која е далеку поверодостојна во однос на она што овие јавни колективи прават кај нас, сега и овде. Кој каде спаѓа и припаѓа одредете сами (а некои и ќе се препознаат, безбели 🙂

#комкаст 25 – Вест, Дневник и Утрински весник со е-изданија кои ги наплаќаат

Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.

Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.

#комкаст 19 – Комуникации.нет подкаст

Втора епизода од втората сезона и за прв пат оваа сезона сите заедно, јас, Дарко и Сеад. Тоа беше ден за паметење но поради тоа што ние се собравме да за ја снимаме втората епизода од комуникации.нет подкастот туку затоа што Македонија играше против Литванија во четвртфиналето на Европбаскетот и не само што играше туку и победи. Во оваа епизода покрај неизбежната тема за кошарката зборуваме и за дали е дојден крајот на ерата на персоналните компјутери, за извештајот на Nielsen за социјални медиуми, истражувањето кое покажува дека споделувањето автоматски на Facebook или преку клиенти како Hootsuite, TweetDeck и други ја намалува интеракцијата дури за 70% како и за други теми.

Линкови: