Posts tagged ?????????????

Има ли решенија за кризата на медиумите?

Минатата недела имав пригодна можност да се сретнам и поразговарам со некои од членовите и новинари на АКТИВ. Се работи за мошне интересен проект и веб платформа која има цел да поттикне оформување на дигитална заедница на активисти, да охрабри и овозможи здрава дебата во општеството, размена на информации и мислења и да понуди решенија за актуелните проблеми преку квалитетен и стручен увид во нив. Секој, како што самите членови наведуваат: „ненасилен и инклузивен граѓански активизам, базиран на граѓанските потреби и права“, навистина треба да биде подржан и охрабрен.

Во разговорот со Тамара Чаусидис, еден од најреспектираните медиумски работници во својата фела, се навративме на состојбите во македонските медиуми, проблемите, предизвиците, можните решенија, неизбежната политика, медиумската култура и неколку блиски и поврзани теми.

Генерално земено, се обидов да ги нагласам нездравите услови во кои функционираат нашите медиуми, а тоа се полудивиот пазар на медиуми, селективната примена на законите, политичкиот интервенционизам, финансиската неодржливост на повеќето медиуми кои нужно резултираат во медиумски клиентелизам, непочитување на професионалните и етичките стандарди, низок квалитет на медиумскиот производ и, секако, сериозно губење на довербата во медиумите. Во комбинација со промените кои ги наметнува новата дигитална реалност која ги изместува старите работни навики и бизнис модели, може да се каже дека кризата на домашните медиуми е толку сериозна што може да се постави прашањето дали тие воопшто ја исполнуваат својата улога во едно општество кое сака да биде демократско?

 Имаме борба на спротивставени општествени чинители во којашто граѓанинот и неговите интереси се целосно изгубени. Тоа е примарниот негативен ефект. Второ, имаме незастапеност на различни групи од интерес. Ако партиите ја преземаат улогата да претставуваат цели етникуми (на ангро), тогаш сите други видови колективи, здружувања и граѓански групи остануваат целосно отфрлени и не можат да дојдат до израз и глас… Граѓаните остануваат маргинализирани во општеството, исфрлени од демократскиот процес, нивниот глас не може да се чуе, ако излезат на протести ќе бидат етикетирани дека се од некоја партија или етикетирана група. Ним практично им се негира правото да излезат и да искажат став по некое прашање кое ги засега.

Ако медиумите се крајно политички поларизирани, јавниот сервис не функционира врз принципите на јавниот интерес, пропагандата царува, новинарските стандарди никој не ги почитува (дури на основа на елементарна лектура на текстови, да не зборуваме за повисоките нивоа на проверка на факти, извори и слично), тогаш клучното прашање е како тогаш граѓаните можат да ја преземат и исполнат својата демократска  улога, т.е да ги одберат своите претставници во институциите, да ги повикаат на одговорност, и конечно, како тие компетентно да влијаат врз општествените процеси кои најмногу ги засегаат?

Сето тоа е доведено под голем знак прашалник кога во врзаниот синџир на процеси и фактори, медиумите се поттиснати на ниво на прости еднонасочни канали за проп-агитирање, наспроти тоа да бидат субјекти кои ќе внесуваат некоја општополезна разумност, и ќе го сопрат суровото пропагирање на интересите и тесните гледишта на мали групи луѓе заседнати во политичките и економските фотелји на моќта.

 Зборуваме за корелација на див пазарен систем со непостоење на здрав, јавен информативен сервис. Тие два столба не функционираат што води кон речиси целосно нарушување на јавниот комуникациски систем. Значи ние немаме систем на информирање кој би бил здрав во смисла на балансирано и неутрално информирање на граѓаните.

Дискутираните решенија се едноставни во теорија, многу сложени и болни во пракса: целосна примена на позитивните закони и уредби, целосно повлекување на политичкото менаџирање и притисоците, овозможување на слободна пазарна конкуренција која ќе поттикнува квалитет vis-а-vis интересите на граѓаните, а не клиентелизам кон партиите, и така натаму.

 …Повеќе пати се уверувме како медиумите со своето небалансирано, стихијно и непрофесионално известување создаваат атмосфера на нетрпеливост, попуштање на моралните и цивилизациски стеги кај поединците и ги охрабруваат вербалното насилство да го преточат во реално насилство. Медиумите се многу важни ако не и клучни во тензични ситуации во смисла да не се влошуваат состојбите, туку да поттикнат јавно мислење кое е толерантно и неагресивно…Во таа смисла е важно тоа професионално малцинство да расте затоа што тие се фактор на стабилизација и развој и важно е да ги охрабриме, а јавноста во нив да препознае модел кој треба да стане доминантен.

Со благодарност до АКТИВ за можноста да размениме гледишта на овие важни теми, се надевам дека умерениот оптимист ќе го надвладее реалистот за кој зборувавме во самиот текст.

Комуникации.нет – 5 години

UPDATE: Видео, слики и презентацијата на Eniac – Комуникации.нет 5 години

Верувале или не, блогов овој месец полни 5 години. Токму поради тоа во следниве две недели ќе имаме краток серијал постови кои ќе се однесуваат на самиот блог. Ќе се обидеме да направиме некаков пресек и да задржиме некоја самокритичност. Забелешки примаме, а пофалби уште повеќе 🙂

rodenden_verticalЗначи, ќе има неколку постови, едно видео и една прослава.

Постовите и видеото ќе ги читате, гледате тука, но на прославата ќе мора да учествувате. Оправдувања нема :).

Првиот пост на блогов според архивата е објавен на 20 март 2005. па затоа решивме да го поставиме месец март како месец кога ќе славиме 5 години. И токму на крајот на месецот ќе ги повикаме сите редовни и нередовни читатели, пријатели и непријатели на овој блог да дојдат на нашата скромна прослава.

Вторник. 30 март. Клуб на новинари. 19 часот.

Блогов од пред некој ден почна да заработува, но тоа е далеку од сериозна заработка, затоа ќе мора пијачките сами да си ги платите. Ние ќе частиме торта и ќе се погрижиме да не ви биде досадно. А за да не биде досадно ќе направиме промоција на еден нов сајт/сервис на кој работиме заедно со уште неколку дечки од мк твитер заедницата веќе неколку месеци. Исто така ќе донесеме и еден млад дечко кој секогаш кога  зборува јавно го бранува регионов, а кога е зад тастатура руши некакви рекорди – Небојша Радовиќ – @Eniac.

Значи да резимирам.

  • за маркетинг на социјалните медиуми ќе зборува Eniac
  • ќе претставиме нов мк интернет сервис
  • ќе добиете торта
  • а најверојатно ќе поделиме и неколку маички (уште не сме ги направиле, не можам да ветам 100% 🙂

Затоа отворете календарите и запишете дека сте зафатени на 30 март, вторник. Се гледаме/читаме.