Posts tagged advertising

Малку поевтини реклами

Пред некој ден гледав едно интересно видео интервју со челниците на Twitter.com и Current TV. Интервјуто пред отворена публика било дел од Web 2.0 Самитот во организација на O’Rielly Media. Покрај многуте интересни детали кои ги има внатре, во очи ми падна една интересна работа која веќе некое време ја практикуват Current.tv, а тоа се рекалми креирани од корисниците.

Еве што вика тетка Вики:

A V-CAM, or Viewer Created Ad Message, is one of the pieces one could make and submit to Current TV. Current TV’s sponsors, like Toyota, or Mountain Dew, have assignments so that one could create a commercial for the given product. The creator must adhere to the guidelines given.

Интересен концепт. Ги извадив деловите од подолгото видео и ги склопив во клип од 4 минути. Убаво си објасни човекот, неам потреба да се дополнува многу.

viewer-created ads – Current.com

3030 Prototype

3030 нов концепт, идеа формат за печатен весник, презентиран во рамките на светскиот форум на уредници

Continue reading

Social TV?

Читајќи го постот TV becomes social again некаде при крајот ми текна да се запрашам, да прашам: кога twitter ќе почне да се користи во контактни емисии на ТВ?

Знам, сервисот не е подржан од нашиве мобилни оператори, сеуште, ама популарноста на контактните емисии на ТВ и на радио е на завидно ниво, па оттаму може би дошло како згоден експеримент да се испроба можноста за употреба на овој канал како уште едно дополнително поле каде би се пренела дискусијата.

Убеден сум дека ќе биде подобро место за отворена дискусија од долниот дел од екранот на јади бурек, нели ако нив тоа воопшто им е цел, отворена дискусија.

Како и да е. Авторот на постот спомнат горе го заклучил следново:

Twitter plus TV = informed viewing.

А јас, иако без лично искуство, се сложувам со тоа 😉

Дополнување: Ја отворив темава на OnlineJournalismBlog групата. И од таму дознав дека во Холандија има некои примери на коритење на twitter за време на тв емисии, но од истиот човек, Wilbert, дојде уште една одлична забелешка/идеа.

Twitter како канал за дискусија и коментирање во живо на фудбалски натпревар, а нели за една недела почнува Европско. Може да се испроба ова. Ќе подразмислам малку за имплементација, ако има некој заинтересиран да помогне, бујрум.

Традиционалниот адвертајзинг пред изумирачка

Седнувате пред телевизор, слушате најава за најновите вести од земјата (малку повеќе) и од светот (малку помалку) и откако ќе ја слушнете веста за мајката која ги изела своите деца намачкани со путер, очекувајќи го прилогот оп – реклами, и траат 1, 2, 3 минути…нормално менувате канал одите на следниот. Наоѓате нешто интересно, новиот секси спот на Ноне и заборавате на вестите и ги пропуштате целосно. untitled.JPG

Слушате радио во кола, оди вашата омилена песна, оп – водителката има да ви каже нешто за автомобилот кој во нареднава деценија нема да може да си го приуштите (оти си ги отплаќате ратите за стан, одмор и ПС3), и нормално менувате фреквенција, изнервирани двојно, и си ја пуштате својата омилена песна на МП3 плејерот што го носите во џеб.

Шетате низ град, ве пресретнува голем билборд на која владата ви порачува во својата најнова кампања дека треба да си ги миете рацете пред да излезете од тоалет, се нервирате колку ви ја потценуваат интелигенцијата и повеќе не ги ни следите кампањите, ниту им обрнувате какво било внимание.

Ова не значи дека маркетингот е мртов и дека нема што да ни каже, туку значи дека е премногу инертен, наместо нови форми и методи базирани на контекстуално рекламирање доминира контингентното (пакет реклами од неколку минути), репродуктивен е и шаблонски, и не разбира дека публиката е многу многу поинформирана и поитра од времето на „Bronhi, lakše se diše“. Методите на рекламирање од тоа време, на локална сцена и не се промениле во некаква битна мера.

Што всушност се случува на овој план? Иако малку побајатичко, сепак „Cluetrain Manifesto“ останува актуелен и може да се споделат некои од неговите 95 тези:

  • Companies that assume online markets are the same markets that used to watch their ads on television are kidding themselves.
  • Companies that don’t realize their markets are now networked person-to-person, getting smarter as a result and deeply joined in conversation are missing their best opportunity.
  • Companies need to realize their markets are often laughing. At them.
  • Markets consist of human beings, not demographic sectors.
  • We want access to your corporate information, to your plans and strategies, your best thinking, your genuine knowledge. We will not settle for the 4-color brochure, for web sites chock-a-block with eye candy but lacking any substance.
  • You’re too busy “doing business” to answer our email? Oh gosh, sorry, gee, we’ll come back later. Maybe.
  • Don’t worry, you can still make money. That is, as long as it’s not the only thing on your mind….