„Мие“ сме малку досадни, но ова е навистина еден од оние ретки моменти „из ит ми ор…“ 🙂
Антонио му кажал на Дневник, Дневник и кажал на МИА, МИА и кажала на Канал 5, а Канал 5 и кажа на Macedonia Search, кој ми кажа на мене дека…
МИА го пренесува појаснувањето на Редакцијата на весникот „Дневник“ во врска со интервјуто на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски објавено во денешното издание на „Дневник“ (1.08.2008 година) со наслов „Ја браниме нацијата од грчката агресија“.
– Сакаме да појасниме дека зборот „агресија“ несоодветно ја изразува основната мисла на соговорникот. Точната мисла на министерот Милошоски искажана во интервјуто е дека „За македонскиот јазик и за националноста не се преговара, туку Македонија во тие разговори го брани своето право на национално и јазично самоопределување од агресивниот настап на Атина“.
Зошто „Дневник “не си го објави ова на својот сајт ќе остане мистерија за некого, но не и за упатените 🙂