Posts tagged AP

LinkedIn не е загрижен за Facebook

По воведувањето на виралното “endorse” кое се чини дека навистина зема замав и им е интересно на корисниците (во просек има 50 милиони неделно), амбициите и апетитот на LinkedIn за развој стануваат многу големи.

Continue reading

BBC и AP водичи за социјални медиуми за новинарите

Како што постапно се развива интеграцијата на новите медиуми во активностите на т.н. класични медиуми (примарно телевизија и печат), и како што расте бројот на информативни интернет страници (агенции?), така и на авторите на овој блог им се наметнува потребата да дадат подршка на овие процеси со по некој пост со „лесна“ едукативна содржина. Се надеваме дека тие позитивно ќе влијаат врз развојот на медиумската култура и псименост како на новинарите, така и на нивните корисници.

Двата најразработени и највлијателни водичи се на BBC и на АР.

Пренесуваме неколку хајлајти од истите, кои мислам дека се интересни и од особено значење:

  • Редакциите ги охрабруваат своите вработени да ги користат социјалните мрежи (СМ) како неодминливо средство за комуникација во денешни услови.
  • Покрај правилата за професионална употреба и споделување содржини, редакциите им даваат насоки и затоа како да ги користат и своите лични профили и сметки на социјалните медиуми (BBC: Don’t do anything stupid… Remember that even though you are acting in your own personal capacity, you are on show to your friends and anyone else who sees what you write, as a representative of the BBC. If you are editorial staff, it doesn’t make much difference whether or not you identify yourself as someone who works for the BBC).
  • Не искажувајте политичка наколнетост во која било опција и ситуација. Нарушувањето на имиџот на компанијата како „непристрасен извор на информации“ е недозволиво.
  • Не споделувај доверливи информации преку СМ.
  • Ако имаш свој блог разговарај со својот претпоставен заради расчистување на одредени можни конфликти на интереси.
  • Споделувањето содржини од вашата редакција и евентуално автоматизирање на нивно објавување координирај го со колегите и уредниците.
  • Личните преференци (like, RT и сл.) треба да бидат внимателни кон претходно спомнатите интереси на компанијата (непристрасноста и етичноста) и треба да одбегнуваат изразување на одреден политички став, подршка или осуда (на пример не е дозволена содржина од типот: RT@jonescampaign smith’s policies would destroy our school ).
  • Интеракцијата на СМ со изворите на информации (функционери, портпароли, и сл.) треба да е крајно внимателна и да не наведува на наклонетост или пристрасност.
  • Новинарите треба да водат сметка дека границата помеѓу приватното и службеното е прилично кревка.

Ако ова доволно ве мотивираше, погледнете ги целосните водичи на овие две медиумски куќи:

BBC Social Media Guidlance      Social media guidelines for AP employees

Информации, ли се информации…

Настанот е овој:

„A New Model for News“, Studying the Deep Structure of young adult News

Consumption – A Research Report from the Associated Press.

untitled.JPG

Одгласот е следен: „Младите луѓе се уморни од вести“ (туф! :)

Заклучоците, и по некое коментарче, се ови(ј)е :)

  • Вестите се конзуми„с“аат во четири типа пакувања: 1. факти, 2. ажурирање на фактите (од број 1), 3. бекграунд на фактите, 4. најави.
  • Испитаниците се пренатрупани со факти и апдејти на фактите и не стигнуваат до третата фаза (контекстуализација, смисла, разбирање…) на вестите, фактите, т.е. постои нерамнотежа помеѓу информации и контекстот на информациите. Со други зборови, информациите се третираат како и брзата храна, „земи, носи“.
  • Информациите се конузмираат пасивно (т.е. не се бара контекстот и смислата на понудените информации).
  • модерниот начин на живеење влијае на начинот на следење (конзумирање) на вестите (значи седнување после работа и гледање вести од 4 до полноќ, за некое време ќе стане само дел од историјата). Корисниците, поднаучени од интернет навиките, сакаат да имаат контрола врз инфрмациите (да ги следат кога сакаат, колку сакаат, да ги препраќаат, коментираат и реконструираат пред се на онлајн платформи).
  • Што повеќе вести и информации на пазарот на информации ја намалува нивната вредност, па затоа исите мораат да се прилагодат и да бидат брзи и директни. Повеќе вести води кон замор од истите. Кон тоа придонесуваат и жаргонизмите и незаокруженоста на сториите.
  • Гледачите/читателите сакаат поаналитички информации, но не ги добиваат [брзите медиуми едноставно не им ги сервираат, а сувите интервјуа (високодирани :) со општествените актери повеќе не се доживуваат како аналитичка содржина заради транспарентноста на пристрасноста на актерите].
  • Вестите мораат да разберат дека информациите се примаат во „мулти-таскинг сесии“, односно седење и гледање само вести е надмината работа.