Posts tagged Associated Press

LinkedIn не е загрижен за Facebook

По воведувањето на виралното “endorse” кое се чини дека навистина зема замав и им е интересно на корисниците (во просек има 50 милиони неделно), амбициите и апетитот на LinkedIn за развој стануваат многу големи.

Continue reading

Информации, ли се информации…

Настанот е овој:

„A New Model for News“, Studying the Deep Structure of young adult News

Consumption – A Research Report from the Associated Press.

untitled.JPG

Одгласот е следен: „Младите луѓе се уморни од вести“ (туф! 🙂

Заклучоците, и по некое коментарче, се ови(ј)е 🙂

  • Вестите се конзуми„с“аат во четири типа пакувања: 1. факти, 2. ажурирање на фактите (од број 1), 3. бекграунд на фактите, 4. најави.
  • Испитаниците се пренатрупани со факти и апдејти на фактите и не стигнуваат до третата фаза (контекстуализација, смисла, разбирање…) на вестите, фактите, т.е. постои нерамнотежа помеѓу информации и контекстот на информациите. Со други зборови, информациите се третираат како и брзата храна, „земи, носи“.
  • Информациите се конузмираат пасивно (т.е. не се бара контекстот и смислата на понудените информации).
  • модерниот начин на живеење влијае на начинот на следење (конзумирање) на вестите (значи седнување после работа и гледање вести од 4 до полноќ, за некое време ќе стане само дел од историјата). Корисниците, поднаучени од интернет навиките, сакаат да имаат контрола врз инфрмациите (да ги следат кога сакаат, колку сакаат, да ги препраќаат, коментираат и реконструираат пред се на онлајн платформи).
  • Што повеќе вести и информации на пазарот на информации ја намалува нивната вредност, па затоа исите мораат да се прилагодат и да бидат брзи и директни. Повеќе вести води кон замор од истите. Кон тоа придонесуваат и жаргонизмите и незаокруженоста на сториите.
  • Гледачите/читателите сакаат поаналитички информации, но не ги добиваат [брзите медиуми едноставно не им ги сервираат, а сувите интервјуа (високодирани 🙂 со општествените актери повеќе не се доживуваат како аналитичка содржина заради транспарентноста на пристрасноста на актерите].
  • Вестите мораат да разберат дека информациите се примаат во „мулти-таскинг сесии“, односно седење и гледање само вести е надмината работа.