Третиот ден, третата воведна (главна) презентација – Ненад Ромиќ ака Marcell Mars од Хрватска.
Beeing parazitoid – Marcell Mars (35 MB; 38 минути)
Третиот ден, третата воведна (главна) презентација – Ненад Ромиќ ака Marcell Mars од Хрватска.
Beeing parazitoid – Marcell Mars (35 MB; 38 минути)
Добро е. Сеад ме потсети со неговиот пост дека јас не ги дo-објавив аудио презентациите од Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution.
Еве во овој пост, главната презентација од вториот ден. Драган Варагиќ од Нови Сад, Србија на тема мерење на влијанието на блоговите (груб превод). Аудио презентацијата е долга 47 минути и тежи околу 32 MB.
Пред повеќе од една година, пишав за ребрендирањето на ClubFootball во eSport и бев возбуден бидејќи бев дел од тимот кој ја правеше промената.
Овој пат, повторно бев дел од еден тим, и повторно станува збор за истата издавачка куќа, Global Media, но сега новиот магазин е на тема која природно ми е поблиску.
И повторно со возбуда најавувам нов магазин во Македонија. CLICK нов магазин за компјутери, т.е. се што е врзано со нив или е во нивна близина, се што е гаџет, или интернет иуште еден куп други работи. Мислам дека е јасно, нели 😉
Подготовката на пилот бројот, разглобувањето на многуте детали и дилеми беше предизвикувачки процес, но на крај мислам дека резултираше со сосема задоволителен приоизвод. Од една страна јасно е дека не може се да биде перфектно во првиот број, но од друга страна заради факторот љубопитност бројот на купувачи на првиот број е голем и првиот впечаток е доста важен. Да се има сето тоа предвид не е лесно. Исходот од публиакта го чекаме во теков на седниве недели.
Покрај развојот на магазинот во првиов број помогнав и со неколку текстови. Се разбира, не ги напуштив темите поврзани со онлајн светот.
Патем, официјална најава е планирана за утре, но некои (Goodbytes, It.com.mk) веќе „продреа” предвреме и го најавија магазинов (што излезе уште подобро) откако улетале на неговата официјална веб страна: clickmag.mk, за која се подготвува друго сценарио. Во меѓувреме таму може да се погледне во дел од содржината на првиот број.