Posts tagged BarCamp

World Editors Forum – Gothenburg

Го пропуштив почетокот на 15. годишен форум на уредниците. Оваа година се одржува во Гетеборг, и стандардно покиравње на дел од настаните има на EditorsWeblog.

Оваа година со интересни/корисни видео клипови направени од студентите од локалиот унверзитет. Како тизер за да се појде на EditorsWeblog еве едно видео, дел од презентацијата на резултатите од истражувањето кое веќе втора година во пресрет на овој настан го прават Reuters и World Editors Forum а е спроведено од Zogby International

Вкупната енергија, во секторов станува позитивна. Се надевам дека не е тоа како некоја последна сламка туку реално се пронајдоа традиционалните медиуми во новите опкружувања, ја согледаа потребата од промена и сега веќе се оптимисти за она што можат и треба да бидат во светот на медиумите, во светот со новите медиуми.

John Zogby, President of Zogby International, USA introduced the study. He announced that two of the most important results found in the survey was that newsrooms today need to train journalists to be multimedia oriented for the approaching dominance of integrated newsrooms.

When asked about the multimedia capabilities of their own newsrooms, 54% of survey respondents said tht their newsroom is already integrated. Another 30% said that they will have an integrated newsroom within 5 years. But Zogby pointed out that there is no standard definition of what an integrated newsroom actually is and that this is a discussion that must occur amongst media executives.

Social TV?

Читајќи го постот TV becomes social again некаде при крајот ми текна да се запрашам, да прашам: кога twitter ќе почне да се користи во контактни емисии на ТВ?

Знам, сервисот не е подржан од нашиве мобилни оператори, сеуште, ама популарноста на контактните емисии на ТВ и на радио е на завидно ниво, па оттаму може би дошло како згоден експеримент да се испроба можноста за употреба на овој канал како уште едно дополнително поле каде би се пренела дискусијата.

Убеден сум дека ќе биде подобро место за отворена дискусија од долниот дел од екранот на јади бурек, нели ако нив тоа воопшто им е цел, отворена дискусија.

Како и да е. Авторот на постот спомнат горе го заклучил следново:

Twitter plus TV = informed viewing.

А јас, иако без лично искуство, се сложувам со тоа ;)

Дополнување: Ја отворив темава на OnlineJournalismBlog групата. И од таму дознав дека во Холандија има некои примери на коритење на twitter за време на тв емисии, но од истиот човек, Wilbert, дојде уште една одлична забелешка/идеа.

Twitter како канал за дискусија и коментирање во живо на фудбалски натпревар, а нели за една недела почнува Европско. Може да се испроба ова. Ќе подразмислам малку за имплементација, ако има некој заинтересиран да помогне, бујрум.