Отворена wiki страница посветена на коментаторските бисери поврзани со претстојните олимписки игри кои се одржуваат во Пекинг, Кина.
Continue readingPosts tagged Beijing 2008
Doing Propaganda
Додека нашите новинари професионалци се во трка да видат какви гашти носи Боки 13, и дали на Сара Леши и е ок денот, околу нас сепак, и понатаму, продолжува сериозниот живот, па ете ние аматерите блогери мора да ги пополнуваме празнините на јавната сцена оставени од стампедото наречено скандали и секс (мора да признам дека критичкиот дух на блогерите поприлично ги надвјаса новинарите во неколкуте последни бизаризми кај нас, меѓу кои секако последната, историската посета на хунзине, фина компилација на jovansblog).
Овој пат се работи за бранот награди кои стигаат на наша сметка од Светска банка. Прво беше Македонија четврта земја во реформи, па бидна врачување на наградата
(за четврто место?!?), и конечно нашите Битолчани да го вкусат медот од Светска банка преку денешната вест за наградата за битолчани (number one). Изворно
А бе вејтаминит, зарем никој не се праша што е работава или не е битно какви награди се и за што се, важно не наградуваат?
Не знам за другите, ама јас си претпочитам здраворазумско преиспитување (темава ме заинтересира како добар пример како со системот на „големи“ награди, како во ерата на комунизмот, и медиумски промоции, практично се релативизира и вештачки конструира позитивна слика за нешто просечно или потпросечно), и еве што изнајдов со неколку просурфувања.
Прво, кој читнал два три пасуса од Ноам Чомски или Едвард Херман знае дека Светска банка во суштина е приватна фирма, во раце на своите приватни сопственици, а земјите членки на СБ нешто као глумат монетарна демократија. Таа, како таква 🙂 само зрачи илузии дека се они некои „милосрдни браќа“ многу загрижени за неразвиените земји. Во суштина си тераат бизнис, што е само по себе легитимно, но не и преку системот на илзуии дека се некаква развојно помошна институција. Да не тупам, кој сака нека провери. За нашиов случај првин симптоматично е дека висок функционер (Ставревски, Зоран, З.П.) од власта едно 114 години работел за банкава, па сега некако случајно што фатил тој со своја рака доби награда од СБ, и земјава одеднаш ни стана економско чудо по СБ. Второ, СБ преку фрлање награди накај Македонија всушност ни ја крева цената. Но зошто? Можеби затоа што преку еден од своите оддели (International Finance Corporation, IFC), веќе има инвестирано (sic) во Македонија: „ИФЦ ќе подржува инвестиции во Македонија. Трето, не многу одамна Република Македонија лапна два големи кредити (Светска банка одобри 100 милиони долари за Македонија за патишта, Светска банка одобри 125 милиони долари за макеоднија) познати како машини кои ги цицаат преку камати земјите до трето-четврто колено.
И сега си седиш негде во Битола, гледаш вести и си мислиш: „Какви цареи сме, нека пукнат скопјанине“. Каква илузија! И се тоа медиумски посредувано.
пс: Сега аргументацијава моја горе е некако на ниво на Вечер, но свесен за тоа, баш би сакал барем еден професионален новинар да поттикнам да ја истражи и претресе темата за Светска банка во Македонија, ќе му симнам капа за сиот вложен труд.