Posts tagged blogopen 2008

По утрински годината се познава

Утрински весник за празничнава сезона нѐ почестија со два интересни потега, првиот беше можноста да се комуницира со уредникот на интернет-изданието на Утрински Зоран Ричлиев (за евентуално прашање имате време уште некој ден, до 12-ти јануари), кого пред некое време го имавме како соговорник и на овој блог, а вториот беше изборот на најчитаните написи на сајтот на Утрински долж 2008.

Идејата на постов беше само да се посочат двава интересни „настани“, но сепак кус коментар: листата на најчитани статии на Утрински покажува каков тип вести и информации привлекуваат најголемо внимание; тоа се теми од национално-политички карактер, па иако публиката на онлајн изданијата е поинаква од „офлајн“, тие доминираат и тука. Сепак интересот за лајфстајл и социјални теми исто така е изразен, па дава увид како интересот на читателите дивергира и се развива и во овој правец. Драго ми е што нема некои скандалистички псевдо-новинарски теми на оваа листа, која кај други локални весници секако би покажала со какви „мамки“ се користат тие за да ја напумпаат посетеноста на своите сајтови.

Сега да не испадне постов некаква си апологија морам да ја искритикувам редакцијата на Утрински и да го замолам уредникот на онлајн изданието да поттикне „follow up“ сторија за една од најчитаните вести за данокот на ергенлок. Треба да се истражи работава до крај 🙂

BlogOpen 2008 – белото комбе во главна улога

Се изначитав импресии од прекрасниот настан кој се одржа изминатиов викен во Бор. И сега треба и јас да пишам како си поминав, а некако не ми доаѓа во глава се, затоа што беше многу и беше многу добро.Затоа еве неколку фрагменти, некои ќе бидат разбирливи за повеќемина, некои само за неколку. Се извинувам.

1. Обожавам да возам комбе. Најдобрите идеи се раѓаат во комбе. Комбе е права ствар. Уште ја немам фотката која се обидува да го долови тоа, кога ќе ми ја прати Окси, ќе ја ставам тука.

Еве го комбето 🙂

2. Нашава блогосфера си отвори “нов пазар” :). На самото отварање после првите поздравни зборови, Бане зборуваше за нашиов “Блогерај” 10-тина минути. Бевме 11, и бевме активни, оставивме впечаток. Каков? Па не е благодарно сами да се фалиме нели :), разгледај по другите постови врзани за настанов.

3. Бор и неговата околија се прекрсни. Луѓето зрачат со добрина. Домаќините (организаторите и газдарицата каде спиевме) ги заслужија сите пофалби. Наметнаа висок стандард, и веројатно оние кои ќе треба да организираат догодина ќе треба да се помачат. Секако резервна варијанта е пак Бор да организира, но се кладам дека во тоа сценарио догодина би имало најмалку дупло повеќе луѓе 🙂

4. Контакти, контакти, контакти. Многу, многу добри, многу искрени. А и како да нема многу контакти кога цела вечера беше покриена од организаторите, сосе пијачките :). Е добро де за струјата не беа тие виновни.

5. Некои од блогерите македонски, после настанов (барем додека се враќавме назад) се здобија со желба да бидат посериозни со своето блогирање. Не знам што тоа значеше за секој индивидуално, ама ме радува. Не за друго Драган во една прилика ме претстави како најсериозниот блогер во МК :), па вака може нема многу да се двојам по таа линија.

6. Следниот BlogOpen пак ќе одам.

До тогаш, барајте форки на Flickr, Facebook и на другите постови.

BlogOpen2008 финална програма

Готова е програмата. Останаа уште два и пол дена до годинашната меѓународна дружба на блогери. Програмта во последен момент доби уште еден учесник. Деталите може да се погледната на официјалната страна на BlogOpen2008

Според информации со кои јас располагам оваа година на настанот ќе се појават 11 македонци исто колку што има и мк блогери во Блогопедија, но не се поклопуваат луѓето :).

Планирам да пишувам во живо од таму, што на titter.com/darko156 што на блог, тука. Мои фаворити од програмата:

Subota 04. X 2008.>

Bloging and Making Money (Oliver Gassner i Robert Basic)

What is the social networking model for developing markets and where does blogging fit in. (Neil Alphonso)

Nedelja 05.X 2008.

Škola Web novinarstva (Danica Radovanović & Lidija Kujundžić)

Кратка биографија на предавачите има тука: Predavači

Blogopen 2008: пријавувањето започна!

По минатонеделната најава дека се во финална подготвителна фаза органиозиаторите на овогодинешниот Blogopen, еве гледам дека вчера објавиле детален пост со постапката за регистрација на овој настан.

Она што ми се виде корисно е што, исто како и лани може на еден носител да се пријават повеќе учесници. Јас и Сеад одиме дефинитивно и веројатно некаде кон почетокот на следнава недела ќе пополниме една пријава. Кога ќе го поминам процесот ќе споделам искуство ако наидам на некоја препрека.

Еве дел од појаснувањето за пријавување:

1. Uplatite kotizaciju:

– 1000 dinara
na račun broj: 160-299579-44

ili

– 15€
na račun broj: 00-508-0002901.2 IBAN: RS35160005080002901286

2. Popunite Prijavu.

3. Nakon što uredno popunite tražene podatke, i nakon prispele uplate o kotizaciji, dobićete povratnu informaciju putem mail-a.
Ukoliko neko ne želi da čeka, može da pošalje skeniranu uplatnicu na mail (nalazi se na dnu texta).

Грубата математика по човек излегува 15 + 10 евра за котизација и престој и плус пат. За пат сеуште не сме решиле, доколку одат уште луѓе од тука, а имаше најави, може да се договориме нешто заеднички.

Со 10 те евра за котизација се добива влез на сите настани, право на присуство на вечерата (шведска маса) и една копија од новото издание на Блогопедија.

Ако некој е решен да оди, нека каже за да се обидеме да намалиме трошоци.