Еве зошто треба појаснување: 1. Има луѓе на кои не им е јасно, а би сакале да знаат кој термин што значи. 2. Има луѓе кои ги употребуваат термините во погрешна ситуација со погрешно значење. 3. Ми треба линк за референцирање.
Continue readingPosts tagged ??????????
Од извори блиски до Фејсбук
Ми беше дојавено за следната вест, (фала Дарјан), откако низ самиот Фејсбук неколкуратно се издекларирав како ироничен „зенофил“:
Популарниот рапер и миленик на жените, Тони Зен најверојатно пред некое време тајно се венчал со својата долгогодишна девојка, скопјанката Ирина. Негови блиски велат дека сега станал по сериозен од порано и дека сега размислувал само како оженет човек. Доказ за тајната венчавка на Тони и Ирина е личниот сајт на наводната невеста на страницата Facebook, каде во полето кај моментален емоционален статус пишува ОМАЖЕНА. Отидовме да провериме и на сајтот на младоженецот Тони. Но, таму освен датумот на неговиот роденден не наидовме на друга информација. Со ова познатиот рапер само ги подргева шпекулациите за евентуалната тајна венчавка со неговата голем љубов.
Сега не знам на што попрво да се изнасмеам…(а) „личниот сајт на страницата Фејсбук“ (белким е обратно :), (б) моменталниот емоционален статус :), (в) Фејсбук како доказ за брак комбиниран со тоа дека споменатиот бил „посериозен“ и.т.н.
Колку и да е сево ова хумористично, шеговито и симпатично, доколку самиот Тони Зен не се лути на сево ова , сепак е во подиректна форма доказ и показ како новинарите лесно се навлекуваат на сензационалистички работи, или се обидуваат нас да не навлечат на тривијалности, како во естрадата, така и во политиката. Просто да не веруваш дека некој од промена на статус на Фејсбук направил „новинарска“ вест или пак прилог. Нема д аверувате колку вакви трачариски „докази“се извори вредни за цитирање и во „серизоните“ вести.
…и тогаш линкот стана главен
Изградбата на блогосферата се случи благодарение на линкот. Целиов интернет каков го знаеме денес се разви со помош на линкот. За линкот може да се пеат и оди и да се пишуваат есеи. Во секој случај од него денес зависат многу работи а меѓу најважните е секако рејтингот на едена веб страница, т.е. нејзиното позиционирање кај пребарувачите
Continue readingКултурен живот за блоговите
Бидејќи сум директно засегнат од информацијата што следи, веднаш да се „заградам“, постов не е за самопромоција, туку за показ како блоговите и нивното место во општествово зајакнуваат, се шири и се дебатира нивното значење (а башка и Дарко ми кажа, напиши нешто пошто те има 🙂 Имено, последниот тримесечник, т.е. летен број на „Културен живот“ оди со главна тема „Комуникациите и новите медиуми. Моќта на блоговите“:
Списанието за култура, уметност и за општествени прашања „Културен живот“ му го посвети своето последно издание на блогерството. Под заглавјето „Комуникациите и новите медиуми. Моќта на блоговите“, се објавени текстови на комуникологот Сеад Џигал, Сузана Милевска пишува за блогосферата како стражар на визуелната култура, археологот Василка Димитровска објавила текст за блог-археологијата и за нејзината веродостојност, Јана Ивановска (NYCS) истражувала на тема како блоговите влијаат на јавното мнение.
Текстовите се претежно од настапите на авторите на Glocal 2.0 и топло ги препорачувам за читање. Да не испаднам шкрт еден дел од мојот текст:
Владеачката либерална идеологија, чии столбови се демократијата и пазарната економија, не штеди зборови да ги фали, препорача, континуирано развива и силно да инвестира во новите технологии. Степенот на нивна усвоеност е мера за развој на одредено општество, а примарни развојни проекти се токму оние кои новите комуникациски технологии треба да ги применат не само во производството и деловниот свет, туку и во образованието. Дигиталната писменост на глобално ниво станува образовен приоритет, кој секако по определено време ќе стане приоритет и во Македонија. Како и да се земе, промотивните содржини и начините како се препорачува усвојувањето и примената на новите технологии, со ниту еден збор ниту знак нема да ве предуреди за можните несакани ефекти кои усвојувањето и примената можат да ги имаат. Да речеме кога ќе се решите или ќе ви биде препишан соодветен лек, во упатството секогаш стандардно мора да бидат наведени можните компликации, несакани ефекти и слично. Тоа засега воопшто не доаѓа предвид да биде приложено или наведено кога да речеме купувате лап топ или нов I-Pod. Едноставно ние сè уште се наоѓаме во идеалистичката фаза на новите технологии каде е непојмливо јавните тајни (дека има комликации при одредени ситуации и употреби) да бидат ставени транспарентно едни до други со самите технолошки уреди и услуги.
Интервју со Robin Hamman од BBC
Интевју со Robin Hamman направено на Glocal 2.0 Blogging: Evolution treated as revolution. Направено од Дамјан од It.com.mk, треа 33 минути, што значи има многу работи внатре 🙂
Continue readingGlocal 2.0 – статистика
Помина. Заврши во саботата некаде околу ручек. Траеше три дена. Секако ова е најлошиот можен обид, да се претстави. Во бројки. Но, содржината зад тие бројки појаснува како всушност помина Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution.
21 презентација на лице место
2 најавени презентации комплетно ги немаше
1 најавена презентација во својот термин беше пуштена како видео
1 презентација не стаса на време за да биде пуштена, но сепак ја има онлајн
1 ненајавана презентација беше пуштена како видео
13 од вкупниот број на презентации беа од македонци
1 Yahoo цевка беше направена: tracking glocal conference
131 фотографија со тагот glocal20 има на flickr, (засега)
60+ пораки има на twitter со glocal20 таг
30+ присутни имаше секоја сесија, нормално просекот беше повисок
8 презентации (без овие што се видео) се веќе онлајн (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8)
Знам, имало и ќе има и подобри полоши конференции, но кога ќе се земат предвид сите позитивни и негативни фактори кој влијаеја на оваа, и кога ќе се спореди со очекувањата на некои од нас, останува заклучокот дека помина една конференција која ги надмина очекувањата.
Она што е најважно на ваквите настание поврзувањето, запознавањето и дружењето, а тоа ми се чини не недостасуваше. Муабетите за Glocal 2.0 допрва ќе следат. Ќе се појави и видео и аудио материјал од истата, а ќе се публикуваат и трудовите.
Лично има благодарам на сите кој на кој било начин беа дел од овој настан, искрено мене многу ми значеше.
Зошто блогираш?
Анкета наменета само за блогери. Има за цел да ја открие практиката на блогирање, мотивацијата и нивото на себеотркивање. Ќе се обидам да ги употребам сите канали за да ја испромовирам максимално, со цел да ја пополнат што е можно повеќе блогери. Помогнете.
Continue reading