BBC започна една голема приказна по повод 20 години од постоењето на Интернет. И македонскиот BBC преведува некои од овие работи. Темата е голема, а еден дел од неа е посветен на споделување на ставови и изјави за тоа што значи интернетот за секој од нас. Мите си го кажал неговото (и на моменти лошо го скратиле) а јас еве сега ќе си го кажам своето:
значи, да немав интернет:
- Немаше да можам да ви пишам на мојов блог во кој имам вложено многу а тој ми има вратено со иста мера назад 🙂
- Немаше да можам да знам дека BBC пишува на оваа тема, зошто вести на радио скоро и да не слушам, се читам на интернет
- Немаше да запознаам еден куп одлични луѓе со кои денес редовно комуницирам на различни теми
- Немаше да можам да му нарачувам на брат ми да му купува разни глупости на интеренет за да ги донесе кога иде за Америка (таму нели поефтино е)
- Немаше да го работам она што го работам сега, затоа што работам БАШ ИНТЕРНЕТ.
За да го направиме ова баш како што тоа се прави на интернет (вирално), ги повикувам сега да кажат што би правеле Виктор, Марјан, Сеад, Ribaro и Владо без интернет.
*ако не ти е јасно зошто овој рутер е тука, гледај ја оваа епизода на South Park