Posts tagged conference

LeWeb’11 прва најава и стартап натпревар

И оваа година од права рака ќе пишувам за најголемиот интернет настан во Европа LeWeb’11. Како лани и сега ќе бидам единствен официјален блогер од Македонија.

Continue reading

Аудио од првата сесија од Glocal 2.0

Требаше да има видео, ама сеуште го нема. Здравје. На некои луѓе кои не можеа да дојдат на Glocal 2.0 им ветив дека ќе им записи. Епа ќе има. Аудио. Еве го првиот. Нели со ред, воведната сесија, официјалното отварање и главната презентација на Robin Hamman.

mp3 верзијата е тешка скоро 30MB, може да се слуша тука, директно или да се преземе со десен клик, нели ;).

Keynote presentation Glocal 2.0_Robin Hamman

Сетот фотографии, т.е. слајдови кои ги користеше Robin ги има на Flickr, а првото прикажано видео го има на YouTube.

Во теков на следниве неколку дена ќе ги качам на нет и другите сесии.

Глокал 2.0 по првиот ден

Првиот ден помина одлично.

Се беше на време, до секунда. Немаше сериозни промени во програмата. Учесникот од Белорусија не дојде ама затоа дополнивме со кратка видео презентација од Paul Bradshaw. Може да се поглдне на Seesmic: Message to Glocal 2.0 conference

Како што очекувавме веќе има доста материјал онлајн за конференцијава па слободно може човек да ја следи и така. Robin Hamman веднаш по негоавта одлична презентација направи YahooPipe кој ја собира сета соджина со таг glocal20. Може да се најде се во оваа цевка тука: Tracking glocal conference

Continue reading

Два дена пред Glocal 2.0

Е, да. Останаа само уште два дена пред настанот на кој бев посветен изминативе неколку месеци, интернационалната конференција Глокал, овојпат со тренди наставка 2.0, не само заради тоа дека е втора туку дека темите се такви.

Во четврток сабајле започнува воведната сесија на која освен најавената програма веројатно ќе има уште едно пријатно изненадување со цел пренесување на актуелната дискусија на тема блогови, новинарство, медиуми, веб 2.0 итн. и тука, во Скопје во Македонија. Но да не пишувам пред рака, чекам финална потврда, ако бидне, ќе пишам нов пост 🙂

Сега за сега останува да се најави она што е сигурно.

А сигурно е дека неофицијално конференцијта односно дружењето по повод неа ќе започне ден порано и тоа на Сподели Кино во Точка, во 20.00 каде ќе направиме мал вовед со неколку (можеби веќе видени) клипчиња за потоа во неформална атмосфера да се размуабетиме на темите кои ќе се верглаат следните три дена во Сарај (за тие што не знаат Универзитетот Њујорк е таму). Нели јасно е, како и на целата конференција, присуството е отворено, без најави или резервации.

Е, исто така, сигурно е и дека, според планот, во сабота околу ручек (14:00 – 17:00) ќе има две работилници (основно и напредно блогирање). Ова ќе биде единствениот дел од конференцијата каде официјален јазик ќе биде македонски. За реализација на двете паралелни работилници се погрижија Анастас и Милош. Анастас веќе пиша што ќе содржи неговата, и слободно доколку сте заинтересирани можете да резервирате место таму, а Милош ми го испрати следниов опис за содржината на неговата сесија за основи на блогирањето:

Вовед

* Што се блогови
* Кратка историја
* Често користени термини
* Анатомијата на еден блог
* Регистрација и креирање на блог

Основни техники на блогирање

* Подесување на изгледот на блогот
* Пишување вести
* Постови, коментари, категории и семантички врски
* Додавање мултимедијална содржина
* Управување со блог – пријатели

Доколку сакате да присуствувате на некоја од работилнициве пишете коментар или меил за да можеме да го испланираме приближно бројот на учесници. доколку сакате да присуствувате на некоја од сесиите, убаво разгледајте ја програмата уште еднаш и појавете се на време.

Веројатно до самиот поцеток ќе пишам уште еден пост повторно на истава тема, ама ај еве уште сеа да посочам. Официјален таг на конференцијта ќе биде glocal20 :), што зачи се што ќе објавувате а е поврзано со неа, било пожелно да го содржи овој таг за да може да ги собереме сите реакции и пишувања.