Posts tagged Cosmpolitan

За неофеминизмот

Останува едно од поцврстите научно верифицирани сознанија тоа дека припадничките на понежниот пол се поподложни на рекламната пропаганда (ма не ни ставам линк до некоја студија, сите го знаеме ова :). Ако ова не ви звучи уверливо, потсетете се на глетките на вавилонски високи штикли врз измачените нозе на нашите госпоѓи и госпоѓици, или мини-здолништа на -15 степени?!?

Како и да е, аналитичарите забележуваат дека влијанието на медиумите врз оформувањето на женскиот идентитет, и на поединечна и на групна основа, е доминантен. Главен виновник за ова е традиционалната мега-ориентираност на жените кон модата, а бидејќи модата е една така флуидна категорија, и се менува не сезонски, ами на дневна основа, тогаш следењето на тв програмите или списанијата за мода и сродни категории е работа од егзистенцијално значење. И се разбира, ако „жените не ја тераат модата“, ние мажите нема „ни да ги помирисаме“, а камо ли да ги сакаме. Системски гледано, интересно е да се детектираат (барем дел) од медиумските канали на таквото рекламно дозирање на пропагандата на родова основа. Пунктовите на кои паѓаат таквите епифании за тоа „што треба да се купи за носење“, „како да се однесуваш во одредени ситуации“, „како како жена да заземеш став за одредена тема“ и слично, можат да се случат на различни нивоа на имитациија (на пример од настапот на Натали на бош муабет кај Лила, да речеме),  ама сепак поисплатливо е да се истретира самиот  извор на овие трендови на женскиот денешен идентитет. Значи гледано на тоа примарно ниво (Ground Zero) на влијание врз оформувањето на женските идентитети и стилови на живеење, следниве медиумски овозможени канали се најмаркантни:

  • Западниот медиумски трендовизам:  се работи за пораки и сигнали кои на нашите припаднички ги добиваат од центрите на западните женски трендови (читај Америка) преку тв-пакетчињата од типот на „Очајни домаќинки“, „Сексот и градот“, и слично. Од нив тие црпат информации за тоа како една модерна девојка или жена треба да се носи со своето време. Порано припадничките мораа да копаат по вакви содржини расфрлани по различни серии (од Династија и Твин Пикс, до Случајни партнери), но сега жените имаат специјализирани шоуа во кои им се спакувани овие пораки на купче. Мммммм….Со надеж дека ќе ја избегнам стапицата на упростувањето и редукционизмот, сепак, како што си велат во најголем број и насловите на самите програми, овие содржини го третираат топосот „жената и сексот“, иако љубовта тука се вртка нешто, ама сексот сепак е во главните улоги. Прифаќањето на идеите кои протагонистиките на овие шоуа ги застапуваат е долгорочен процес, но stricto senso, тоа за што се тие тука е да им кажат на жените дека: сексот е природен (ок) а сексуалноста на жената треба постојано да се презентира, од спалната до супермаркет, женскиот промискуитет (во форми на сериска моногамија, лик: мења дечковци,  или фактичка полиандрија, лик „курвиче“) е оправдан во најмала рака како и машкиот промискуитет, изгледот за жената е се, таа мора да биде дотерана средена и нашминкана дури и кога оди во тоалет, кариерата на жената е екстремно важна и како нејзини подносливи жтрви можат да се најдат следниве маргинални животни категории: брак, семејство, роднини, пријатели и сличито. Тоа горе долу се скиците на ваквата типична модерна жена визави споменатите формули од цитираните програми. Тие се „напаствија“ за животниот стил на една модерна жена и на нејзиниот вредносен систем. Како примената на овие „универзални“ формули во различни средини и културно традициски контексти се одвива во пракса е помалку битен момент 🙂 Замислете си како се чувствува еден маж кога треба да издебатира дали Саманта е ороспија или пак „сексуално самоуверена еманципирана жена која нема скрупули кон табуата конструирани од конзервативната американска традиција и религиозните митови наменети за експлоатација на жените“. Но овој пост не е за мажите, така што ова прапшање и не е нешто преважно.
  • Fashion TV: Ова е медиумски канал кој праќа пораки до припадничките во некои порани фази кога оформувањето на стилот и ликот за во јавност е поинтензивен, да речеме во текот на адолесценција и нешто по неа. Овие програми во суштина ја пропагираат „идеологијата на телото“, во некаква античко-ренесансна смисла на зборот. Телото е убаво, треба да се грижиш за него, и нерестриктивно да им го презентираш на другите, како на мажите, така и на жените. Инаф сед, темата е длабока, но високата мода не ви кажува какви гаќички ќе облечете, туку ве учи да уживате во своето тело и во телата на другите.
  • Сапуници: Иако во пофришките серии (не дека ги следам јас нешто 🙂 има се повеќе полуексплицитни сексуални сцени (кои не се повеќе правени според она максима на Вуди Ален, What happens in the bedroom, stays in the Bedroom), сепак сржта на сапуницата е „емотивниот лик на жената“ и каталогизација какви се типови на лирско-афективни идентитети може да има жената. Она што е копулацијата за порнографијата, тоа е расправањето за сапуницата. Се води полека кон тоа, зошто жената треба да се расправа, за што треба да се расправа и тепа, како треба да се расправа и така натаму. Покрај расправањето (и не ретко, влечење за коси) тука се расфрлани и сродните феномени (плачење, молење, лелекање и слично, од кои се произлезени легендарните узречици кои и бабите ги знаат, на пример Calmate Cassandra!). Сапуниците ги испраќаат пораките како афективноста на жената (спакувано како нејзината СТРАСТ, ЕМОТИВНОСТ, ДОБРИНА…) треба да се оформува. Жената просто мора да биде високо емотивна и ако не е така тогаш нешто со неа не е во ред. Гарант. Прашајте ги малите дечиња за ова кога одненадеж ќе попијат жустра шлаканица, за тоа што „само го ставиле прстот во нос 🙂
  • Списанија (Козмо феномени): Тие се посебна а голема тема, па за нив само неколку лафа: пластифицираните списанија, ако се прескокнат рубриките за писма на читателките и сексуалните совети во нив, сепак доминантно се програмирани да „помагаат“ во оформувањето на есетскиот идентитет на денешната жена. Иако сексуалниот идентитет е прилично третиран и во нив, сепак во споредба со другите медиумски канали, естетиката на жената е најзастапена во списанијата особено во модните списанија. Што треба да се носи, како да се носи, кои бои, кои комбинации, кои џиџулиња и накит, какви очила, какви капи и слично.

Иако еден ограничен пост е тежок да се покрие оваа тема, сепак е погоден така на купче да се допрат некои теми и сериозноста која влијанието на медиумите ја има врз идеологијата на женските култури денес. Соочени со бројни сексуални криминогени појави (силувања, педофилија, трговија со бело робје, убиства и самоубиства со емотивно-сексуални причини…) темата за тоа како „сексуалната либерализација“ на жената овозможена преку медиумите, е еден красен процес, сепак потребно е критички да се гледа и на него, и за тоа како неговите „убави страни“ влијаат и на „темните“ страни на истиот тој процес или на процеси произлезени од него.

Рекла кажала

„Мие“ сме малку досадни, но ова е навистина еден од оние ретки моменти „из ит ми ор…“ 🙂

Антонио му кажал на Дневник, Дневник и кажал на МИА, МИА и кажала на Канал 5, а Канал 5 и кажа на Macedonia Search, кој ми кажа на мене дека…

МИА го пренесува појаснувањето на Редакцијата на весникот „Дневник“ во врска со интервјуто на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски објавено во денешното издание на „Дневник“ (1.08.2008 година) со наслов „Ја браниме нацијата од грчката агресија“.wonder.jpg

– Сакаме да појасниме дека зборот „агресија“ несоодветно ја изразува основната мисла на соговорникот. Точната мисла на министерот Милошоски искажана во интервјуто е дека „За македонскиот јазик и за националноста не се преговара, туку Македонија во тие разговори го брани своето право на национално и јазично самоопределување од агресивниот настап на Атина“.

Зошто „Дневник “не си го објави ова на својот сајт ќе остане мистерија за некого, но не и за упатените 🙂