Posts tagged ??????

Васил Стефановски 28

Македонските граѓани ја разбраа моќта која им е достапна во новите медиуми, и соодветно си ја употребија во следниов случај:

 Шокантни снимки од телефонски разговори деновиве беа јавно објавени на веб-страницата ѕоутубе.цом, поврзани со зградата-дивоградба на улицата Васил Стефановски 28 во центарот на Скопје. На тонскиот запис, сниман тајно од страна на сопствениците на земјиштето, се разговори што тие ги воделе со Виолета Аларова, градоначалничка на Центар, Ратко Савовски, секретар на општината, Милан Пижула, градежен инспектор, и со Роза Митревска од Министерството за транспорт и врски. Сопствениците бараат од гореспоменативе, како надлежни органи, да им одговорат зошто не ја уриваат огромната дивоградба што никнала на нивната земја и покрај тоа што има извршно решение, Нова Македонија, 17, 09, 2008

Нема ништо паметно да се додаде (можеби дека музичето е добро :), освен да ги приложиме самите клипови кои не се достапни на сајтот на Нова Македонија, не знам зошто 🙂

Дополнение 19,09,08:

По постирањето, т.е. линкувањето, на горната информација, откриена и објавена од „Нова Македонија“, (нивните новинари се заслужни за иницијалното откривање на оваа информација и за постоењето на овие снимки) се разви опсежна дискусија, примивме неколку материјали и пораки на истата или слична тема, па со Дарко решивме да ја координираме работава малку, се разбира се во интерес на читателите, блогерите, граѓаните генррално, како и прегледноста на дискусијата.

-сите работи кои сакате да ги приложите во оваа дискусија, аргументи, слики, и слично, ве молиме да ги забележите на следниов линк http://aferacentar.wikispaces.com/“. Се работи за вики страница, која може да ја надополнувате со едноставна (2 клика) регистрација. Таму ги пренесовме досегашните коментари и материјали на оваа тема.

-алтернативно може да земете учество во богатата дискусија на Кајмак-от, вусшност темата таму е и побогато дебатирана.

Ние сакавме да ја нагласиме важноста на новите медиуми кои во вакви и слични потреби навистина можат да му се најдат на граѓанинот и ја охрабруваме дискусијата на таа тема директно овде. За природата на самиот случај, деталите на оваа афера, може да учествувате на спомнатите места, и останати се разбира, со надеж дека самата дискусија и аргументација на учесниците, ќе придонесе сите оштетени и засегнати да ја најдат правдата, а законот да се спроведе како што е наумено.