Posts tagged daily

WebFest.me – Пријавете вебсајт

WebFest.me Awards е еден од најзабележителните регионални интернет фестивали, кои имаат за цел да ги промовираат оние кои креираат квалитетна содржина на интернет, и секако нивните дела. Пријавете проект кој заслужува да биде препознаен и промовиран во регионот.

Continue reading

Online Media 101

Релативно е тешко на човек кој не е добро упатен во новите интернет канали на комуникација да му објасниш брзо и едноставно како функционира овој свет. Затоа постојат убаво смислени видео клипови кои се создадени да ја олеснат оваа работа

Continue reading

По утрински годината се познава

Утрински весник за празничнава сезона нѐ почестија со два интересни потега, првиот беше можноста да се комуницира со уредникот на интернет-изданието на Утрински Зоран Ричлиев (за евентуално прашање имате време уште некој ден, до 12-ти јануари), кого пред некое време го имавме како соговорник и на овој блог, а вториот беше изборот на најчитаните написи на сајтот на Утрински долж 2008.

Идејата на постов беше само да се посочат двава интересни „настани“, но сепак кус коментар: листата на најчитани статии на Утрински покажува каков тип вести и информации привлекуваат најголемо внимание; тоа се теми од национално-политички карактер, па иако публиката на онлајн изданијата е поинаква од „офлајн“, тие доминираат и тука. Сепак интересот за лајфстајл и социјални теми исто така е изразен, па дава увид како интересот на читателите дивергира и се развива и во овој правец. Драго ми е што нема некои скандалистички псевдо-новинарски теми на оваа листа, која кај други локални весници секако би покажала со какви „мамки“ се користат тие за да ја напумпаат посетеноста на своите сајтови.

Сега да не испадне постов некаква си апологија морам да ја искритикувам редакцијата на Утрински и да го замолам уредникот на онлајн изданието да поттикне „follow up“ сторија за една од најчитаните вести за данокот на ергенлок. Треба да се истражи работава до крај :)

Уф, колку сме далеку

Без некој посебен концепт, еве само неколку линкови кои убаво посочуваат колку нашите онлајн медиуми (или општо медиуми) се далеку од нешто што се вика онлајн (мултимедијално) новинатство.

Continue reading

Коментар за коментарите

На тема коментари онлајн, многу пати е разговарано и пишувано, а впечатоците остануваат исти: слободите кои им се дадени на онлајн читателите се злупотребуваат речиси максимално. Таков пазар на глупости, навреди, расизми, национализми, говор на омраза, шовинизам, ретко се гледа и доволно е човек малку да се задлабочи во „темите“ на препукувањата да каже „кај отиде светов?“. Без да се зазема некаква супериорна позиција во однос на  нивото на ваквата наречи-ја-комуникација, и без некоја правна експертиза, јасно е дека во кошниците на коментарите на нашите медиуми се крие еден цел куп вербални навреди и вербални прекршоци на граница на кривични дела.

Идејата на коментарите е рационална дебата и дијалог (со поента), давање глас на читателот, разоткривање на контекстот на настаните и јавните теми и слично, давање финеси и сведоштва за настаните, но за жал поголемиот дел од нашата читателска публика изгледа не ја заслужува таа можност. Тоа мора да се признае за да воопшто се создаде некаков простор и мотивација ваквата читателска култура да се подобри. Од друга страна онлајн медиумите кои не ги филтрираат и „чистат“ коментарите од ваков тип, ја зголемуваат популарноста и читаноста со тоа што ги оставаат ваквите коментари и просто ги канат читателите на вербална распаљотка на своите онлајн страници. Неквалитетот и нискоста добиваат „ветер во грб“ а дебатите кои наликуваат на Џери Спрингер шоуа почнуваат да доминираат. Кој знае, може еден ден онлајн комуникацијата да ни ја зададат како „бенчмарк“(мерило) за пристап кон ЕУ.

Во продолжение неколку бисери на темава:shout.jpg

  • Ај ти не јади г…, и немој многу да кажуваш кој и како да прави, дали е двaнаести или не знам кој век тоа не е важно некој има што не е п…  како тебе и кој е способен у исто време и да има женска и да биде патриот а ти можеш само да к…, и да збориш глупости, ти си тој што не замара а не ние!
  • Ljuge Bozji ovoj surat zarem mora da go gledame sekoj den!
  • PEDERAKIUM od covek drugo shto da se kaze, a ovaj GERO ushtene se vraka od kaj negovite TOPLI BRAKA-grcite!
  • gi citam komunujarive po blogovi kakao s epotpisuvaat so lazni iminja i nickovi i vekaat deka glasale za gruevski ama veke nikogas posle ova.
  • Штотуку си направивте најлоша можна реклама за вашиот посран весниk…
  • Ќе ПЛАТИТЕ ЗА ОВА !
  • Б.И. (на авторката на текстот) da idesh vo Drac da si ziveesh gusko edna skapana….

HRT.hr по урнек на BBC.co.uk

Нема што да се раскажува. Колку што успеав да видам, работва прв ја објавил Aljoša на својот Marketing.servis за после подлабоко да ја пренесат и останатите поголеми медиуми во Хрватска. Еве неколку линкови

Iz BBC-ja “čisto sumnjaju” da su HRT-u odobrili plagiranje – Index.hr
HRT u izradi novog portala plagirao BBC – Business.hr
HRT-ova nova web stranica besramni plagijat bbc.co.uk – Index.hr
Dizajneri složni: HRT je pokrao BBC, i to loše – Index.hr

3Д вести во боја

Апликацијата Spectra претставува обид да се направат вестите пошарении и попровлечни за следење. Не би рекол поинтерактивни бидејќи освен читање и прелистување не гледам некоја јака интеракција внатре. Секоја тема си има своја боја, секоја подтема, нијанса на истата боја, и сите се вртат во круг пред вашите очи и чекаат да бидат кликнати за да ги прочитате.

Continue reading

Неадекватно распределување на рекламниот колач

Неколку пати сум почнувал да пишувам постови на теми блиски до оваа, и се некако ми недостасуваа информации или концепирањето ми одело тешко бидејќи сум немал конкретни примери а и темата ми била прекомплексна. Еве за што се работи, накратко:

Situacija sa preraspodelom reklamnih budžeta u korist online oglašavanja biće bolja, ali to će se dešavati veoma polako. Razlog za to su odgovorni u marketinškim službama, kojima je lakše da potroše više para za manje vremena (TV i štampano oglašavanje), nego da sami troše vreme tražeći adekvatne varijante mnogo jeftinijeg online oglašavanja. Sa druge strane, marketinškim agencijama mnogo se manje isplate provizije za online oglašavanje u odnosu na prihode od TV i štampanog oglašavanja (produkcija reklame i provizije na veće sume oglašavanja u apsolutnom obliku). Na žalost, ovakva je situacija u celom svetu, ne samo kod nas…

Драган, како заклучок на неговата мини-анализа за распределбата на буџетот за рекалами на банките во Србија го истакнува ова, но како што напоменува и тој самиот ова важи са сите поголеми огласувачи, и не само во Србија и јас би додал и Македонија, туку насекаде.

Барем во Србија, а богами и во светов, се случуваат позитивни работи на оваа тема, се отвараат сервисни компании за онлајн реклами и други маркетинг услуги. Кај нас httpool некако не се потруди да го помрдне пазарот. Зафатија некое мало место, не сторија многу за унапредување на онлајн рекламирањето и ми се чини го дозатворија и онака затворениот пазар.

Од друга страна најголемите обезбедувачи на содржини (весниците) воопшто и не се трудат да постават некоја вредност на рекалмите на нивните сајтови бидејќи на нив гледаат како нужно зло, а и влогот што го имаат е релативно мал, па не претставува голем трошок кој треба да се покрие. Со тоа директно влијаат во дискредитирање на онлај рекламниот простор бидејќи ако најпосетуваните сајтови воопшто не се трудат да создадат вредност замислете колкав напор им е потребен на оние, условно речено, помалите да продадат рекламен простор на своите портали, сервиси или не дај боже блогови.

Останува да бидеме оптимисти :), немам друг совет :)