Posts tagged denver

Вечер фатен во кражба, пак…

Продолжува лошата локална пракса, на трудот и на објавените содржини на локалните блогери да не им се оддава признание и заслуга за цитирање и преземање. Во центарот на контроверзите повторно е „Вечер“ за жал, а еве го и последниот случај:

На 11 март, 11:29ч., на блогот, „Аргументиран Блог“ објавен е постот под наслов „Политичка неинвентивност“ околу билбордот на кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски (треба да се става г-н пред кандидативе?). Истражувачкиот труд на блогерот си е фино изнапишан, баш во духот на името на блогот:

Но, понекогаш или не работи креативноста, или кандидатот воопшто нема поддржувачи, или едноставно неговиот тим за кампања го мрзи да најде и нареди автентични фацки во позадина на кандидатот. Еве еден класичен пример.

Како и да е, „Вечер“ правејќи типично хипер хипо-кризично салто мортале, го „презема“ текстот и сите информации, без да наведе извори и го објавува во своето издание од 13 март 2009, и уште го обвинува кандидатот на опозицијата за истото она што самите го праваткражба:

Срамно е за една маркетинг агенција, која себеси се прогласува за една од водечките во земјата, да краде за избори плакати од некоја реклама во Данска. Срамно е и за Стевчо кој очигледно гледал само што поевтино да помине за изборите, па човекот сега се смешка од чист плагијат пано.

Додека за неинвентивноста на маркетинг агенцијата навистина може да се полемизира, барем групна фотографија и врз неа малку шминка не е проблем во денешни услови, за кражба сепак не станува збор. Самата агенција (ИДЕА ПЛУС) го прави она што и често се прави во маркетинг светот, си купува т.н. „stock“ фотка, која си ја плаќаш за да ја користиш, по сопствена употребна заинтересираност, но која пак е „royalty free“  фото-содржина за која немаш ексклузивни права. Еве го и изворот (Crestock.com), па ако ептен ви се бендиса може и вие да си ја кандисате за „шаку долара“.

Она што овде е вистински проблем е леснотијата и паушалноста со која новинарите („новинарите“) и уредниците („уредниците“) се расфрлаат со политички мотивирани пораки, и неаргументитани обвинувања (среде избори) и тоа на начин навредлив за интелигенцијата на јавноста (народот). Срамно е тоа, а и смешно, што авторите на блоговите кај нас имаат поголема одговорност и степен на аргументираност од оние кои треба да се професионалци во јавниот комуникациски систем и кои живеат од тоа.

Twitter breaking news: Паднал авион во Денвер

Паднал авион во Денвер на полетување. На CNN до пред некој час немало официјални детали, но затоа имало на Twitter. Некој извесен Mike Wilson бил патник во авионот и пишувал на својот Twitter акаунт за несереќата, која всушност е втор пад со авион за него 😉

Continue reading