Дали Coca-Cola се труди да им се допадне на луѓето инволвирани во дигиталниот свет или пак суптилно упатува критика кон нив?
Continue readingPosts tagged ????????? ????
[Webit] Иднината на огласувањето е онлајн видеото?
После вториот панел на Webit 2010 каде што беа претставени потенцијалите на маркетингот преку мобилни телефони следуваа две чисто комерцијално презентации, за кои презентерите не се потрудиле ниту да бидат забавни. Меѓутоа наредните две презентации „The new video eco-system “ на Andy Chen од MTV Networks International и „The evolution of web TV – trends, challenges and possibilities“ на Marcus Harwall, директор на Nova TV беа доста интересни и корисни.
Тоа што може да се извлече како заклучок од двете презентации е согласувањето на двајцата презентери дека поради сложениот еко-систем на видеото се уште никој не знае како да прави пари иако сите вложуваат и се натпреверуваат во тоа поле. Andy беше премногу директен и рече дека ако некој ви каже како знае да заработува со видео ве лаже. На Marcus предвидувањето е дека никој нема ни да знае во наредниве две години. Меѓутоа и двајцата ги детектираа предизвиците и можностите на олајн видео огласувањето.
Што се случува?
Луѓето сакаат содржина, особено видео содржина која за нив е поинтересна отколку читање на текст. Развојот на дигиталната технологија го направи видеото се популарно и достапно. Скоро секој произведува некоја форма на видео, а поради онлајн видеото интернет сообраќајот ќе се зголеми за 4 пати до 2014. Сето ова придонесе до појава на нов модел на пренесување и конзумирање на видео содржината. Тоа е „microcast“ моделот кој е спротивен на „broadcast“ моделот и кој фундаментално го менува начинот и дополнително го усложнува еко-системот на видеото.
Уште неколку брзи факти за онлајн видеото:
- 1/3 од севкупниот интернет сообраќај отпаѓа на онлајн видео
- Наспроти верувањето дека луѓето на интернет не гледаат долги видеа податоците покажуваат дека од просечни 4.8 миниту во 2008, луѓето сега во просек гледаат по 9.5 минути видео на веб платформите и се предвидува дека до 2013 ќе се дуплира и ќе изнедува 18.5 миниту во просек. Ова значи дека полека може да почнеме да зборуваме за веб ТВ, а не за онлјан видео.
- Моменталниот голем сообраќај на веб платформите за онлајн видео не значи дека се конвертира во заработка
Експлозија на онлајн видеото
Огласувачите потрошиле повеќе од 12.1 милјарди долари на интернет во првата половина на 2010 и тоа претставува 11.3% повеќе од ланската година. Видео огласувањето пораснало за 48% оваа година и се очекува да достигне 16.1 милјарди долари до 2012.
Предности на онлајн видео огласувањето
Според Marcus Harwall од сите форми на онлајн огласување најефективен медиум е онлајн видеото затоа што е за разлика од банер кампањите има:
- 10-50 пати поголем CTR.
- 19 пати поголема стапка на конверзии
Исто како и во другите онлајн кампањи за ефективноста пресудни се следниве фактори:
- Позиционирањето на огласот
- Оптимизација на целната страница (landing page). Најдобро е да се има повеќе верзии за да се измери која од нив ќе даде најголем резултат односно најголема стапка на конверзии
- Храброст да се биде креативен
Погледнета ја целата презентација на Marcus Harwall. Иако дел од податоците ви ги пренесов, внатре има уште доста интересни факти за моќта на огласувањето преку онлајн видео.
Видела жабата…
Да се има видео на сајт со вести, денес значи многу. За разлика од состојбата oд пред некој месец локалната практика малку се подобрува, но пред да се направи таков исчекор треба да се имаат на ум неколку работи.
Continue readingThe Real News Network – проширување на рамката
Веќе најавив дека спремам испит медиуми и политика, и колку и да не ја сакам политиката кога е доведена во ваква корелација е извонредно интересна тема.
На оваа тема едно е повеќе од јасно, воопшто и не мора да се истакнува, се знае дека медиумите се активни учесници во дефинирањето на политичката реалност. Низ процесот на прибирање селектирање и пакување на вести се овозможува готова артикулација на она што во политичкиот живот во одреден момент е навистина важно.
Настаните од политичкиот живот се вметнуваат во т.н. наративни рамки кои овозможуваат тие да бидат пренесени како вести. Тие рамки, секако, не доаѓаат комплетно обликувани од новинарите туку се развиваат во подолг временски период на интеракција и натпреварување на различни медиуми и други актери кои може да бидат дел од приказните или да бидат на ниво на извори. Со тек на време конкурентските рамки се стеснуваат се додека не остане едена доминантна рамка. Иако оваа доминантна рамка не е дефинирана за секогаш, таа повторно е мета на оспорувања и ревизии, сепак откако ќе се воспостави, овозможува структура во која на настаните кои следат им доделува вредност на вести, известува за нив и има дава смисла.
Излегувањето од доминантната рамка, не им е од интерес на многу актери во двоецот политика/медиуми. Најчесто, се што е надвор од тоа не newsworthy или се третира како екстрем. Мите имаше на својот блог една ваква тема за демонстрациите во Денвер кои не влегле во мејнстрим медиумите.
The Real News Network
We won’t blindly follow wire services or official press releases that attempt to set the news agenda. We will cover the big stories of the day, but we will broaden the definition of what’s important. …About The Real News
Секако, медиумски поразвиениот свет, овде не мислам само по бројот на медиумите бидејќи ако е така и ние сме развиени, туку онаму каде публиката, продукција и новинарството се поразвиени се појавуваат и медиуми кои се обидуваат да ги прошират овие доминантни рамки. ТRNN е некомерцијална мрежа која произведува видео вести и документарни прилози на голем број на теми ширум светот.
Предводена од канаѓанецот Paul Jay, искусен новинар, оваа мрежа одлучила да го отфрли моделот за заработка преку реклами и целосно зависи од своите гледачи, односно својата публика.
Ги најдов преку нивниот канал на YouTube, каде има повеќе од 760 видеа, но веднаш потоа отидов на нивниот сајт каде многу позитивно без изненаден од структурата, изгледот, можностите и дополнителните информации кои ги има секоја видео сторија (некои имаат и цел транскрипт). И секако имаат социјални компоненти еден куп.
Го пратив Сеад да провери дали ова што го зборуваат, за различниот, неутрален, начин на покривање на настаните и темите е вистина, бидејќи тој повеќе ги следи настаните како на пример овој со Грузија-Русија. Неговиот коментар на чет беше:
многу се добри, гледам нешто за Грузија, ептен е квалитетно покриено. Одма ги детектира тие што ги навлекле Грузија на операција во Осетија. Ваков клип не може да се вдии на мејнстим медиумите, таму (америка) има вакви информации по весници ама на големите телевизии не излегуваат.
Иако улогата на медиумите е да бидат критичари на актуелните политички гледишта и опции, оваа мрежа не ја користи оваа точка како појдовна, туку се обидува да биде она што во идеалот сите медиуми тврдат дека се: објективни.
Верувам дека и на тој начин се врши соодветно влијание и се игра соодветна улога во дневното креирање на политиката, но како што рече Paul Jay, можеби за 25 години тие ќе ја поставуваат рамката, ова проширената. Дотогаш, еве ти уште еден поквалитетен извор на вести од светот како место за бегање од локалново мочурливо блато.
Видео на хартија – корисни совети
Весниците се префлија/префрлаат онлајн, ама пусто турско името не сакаат да си го сменат, им прилега ова изгледа. Во, новиов, онлајн свет тие станаа multi-media information engines, информациски центри, мултимедијални издавачи и уште многу други работи. Еден дел од овие приказни е и креирање на видео за на сајт
Continue readingНе би сакал да бидам Dave
Прво мора да се изгледа видео рекламава.
Па после да се одговори на прашањето, дали сакал Dave од 2004. да биде Dave од 2006 или едноставно сакал продавачот на време да му каже дека не може да ја добие услугата?
Јас лично, не би сакал да сум Dave, ми се чини дека чувството не би било баш пријатно. Претпоставувам овој тип на работа е длабоко поврзан со Behavioral Marketing или барем нешто во тој домен.
Патем, видео плеерот заслужува внимание, си ги носи со себе коментарите и сл. само бојата јас би му ја сменил :), направено е од Experian Integrated Marketing