Текстот оригинално е објавен во септемврискиот број на додатокот Претприемач.мк издаден како додаток во дневниот весник Нова Македонија подготвен од ПСМ Фондација.
Continue readingPosts tagged ?????????
Како денес комуницираат брендовите [Old Spice Video]
Школски пример за тоа како се прави успешна кампања. Old Spice преку својот мачо мен одговара на прашања и коментари преку видео пораки на YouTube.
Continue readingИнтервју со Ана Бојаџиева од Студио Модерна
Деновиве на Интернет може да се забележи заедничката кампања на Црвениот Крст и Dormeo. „Разбудете се хумани” беше вистинкото време да спремивме неколку прашања.
Continue readingКампањите се вртат, караванот поминува
Не знам дали се сеќавате на кампањата на јавниот сервис, Македонската радиотелевизија, за плаќање на радиодифузната такса? Ако не, еве потсетување, низ спотот во реализација на К-15 продукција:
Во пакет со потсетувањето и нулта-резултатите од оваа кампања, секако оди и поуката дека пред да почнете каква било кампања, треба убаво да го испитате теренот и да ги антиципирате можностите за ефектност на вашата кампања. Во спротивност, суровите закони на реалноста од вашите Самариќански медиумски потфати со текот на времето ќе направат гротексно сочинение.
Кампањата се дефинира како „серија од настани или медиумски пораки со цел да се оствари КОМУНИКАЦИЈА со публиката и да се стекне ПОДРШКА од таа публика“ (def. Darren G. Lilleker, 2008). Ако комуникацијата ти е исклучиво еднонасочна, имаш причини од старт да се сомневаш дека кампњата ќе предизвика посакувана промена, а ако од старт имаш реален сомнеж во добивањето потребна подршка, тогаш која е поентата на инвестирање во таква кампања?
Кај нас, социо-психолошки гледано, кампањите се засновани на теоријата дека „медиумите се еден од примарните начини за инкултурација“, односно приопштување на вредностите на културата и општествените норми во една заедница, но најчесто се заборава дека тоа главно важи само за детско-адолесцентни периоди, па кога ќе видиш наивни кампањи од ваков тип за целни групи родители, дедовци и бабички, си велиш, има ли некој кој поднесува одговорност за вакви медиумски ветерници?
Отворена дискусија: Интернет апликации – развој, маркетинг и промоција
22 декември, Точка во 17 часот, Центарот за нови медиуми и Слободен софтвер Македонија организираат дискусија на теми: производство на интернет апликации, развој на тимови, имплементација на различни методологии и технологии, интернет маркетинг и промоција.
Continue readingНовите медиуми во политичката комуникација, епизода Избори
Ризикувајќи да станеме дел од т.н. предизборна еуфорија (иако во текстов нема да има баш ништо еуфорично :), сепак решивме да направиме кус осврт на тоа како политичките партии ги импрегнираат новите медиуми во политичката кампања, и како самиот медиум се користи и како еволуира за овој специфичен тип на комуницирање. Како никогаш порано во историјата (цитат од еден портпарол 🙂 интернетот и новите медиуми најдоа место (конечно 🙂 во политичките кампањи, како еден од подобрите инструменти да се пренесат политичките пораки. Во оваа новонастаната ситуација кибер-просторот е најползуван од двете водечки партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, т.е. нивните коалиции:
Резимирано за двете коалиции одеднаш:
Добро: Блогови, YouТube канали, MySpace, Facebook, Hi5 итн.
Навистина добро се потрудиле да ги персонализираат, т.е. обојат (ајде еве и нека биде, да ги брендираат) своите различни домови низ интернетот. Некои од нив нови, направени, веројатно, за кампањава, некои од нив веројатно постари. Тука се вбројуваат личните акаунти на Рада и некој од личните блогови, за кои знаеме/претпоставуваме дека се од поодамна.
Добро: Видео, аудио, документи, коментари итн.
Многу, ако не и цел материјал кој го создаваат за кампањава може да се најде и онлајн. Редовно надополнувани (претпоставуваме, така ни изгледа, не дека ги проверуваме секој ден 🙂 и евидентно, многу штедење на пари. Скоро сите материјали се поставени на некој бесплатен онлајн сервис, што секако до одредена мера е паметен потег.
Лошо: Ич, ама баш ич нема “social” во овие нивниве употреби на social media. Содржината на блоговите оригинално е наменета за на говорници, за документарци кои се пуштаат на ТВ со лого ППП, за традиционални медиуми, за аналитичари, новинари и за еден куп други места, само не се за на блог, per se. Долги постови, обраќање кон различна публика во секој пост, постови без ни малку лично искуство или личен коментар барем за тоа како си поминале на митинг, без она што блогот го пави блог: индвидуалното, личното. Видео клипови кои се направена за на ТВ а не за влогови, кампањи кои се оригинално за принт а не за вирално пренесување низ интернетот и фотографии како декор, а не како некоја транспарента/задкулисна информација која ќе фрли ново светло на своите кандидати.
Photobucket е добар сервис, кој нуди навистина многу опции, ама и тука важи истата забелешка како горе. Не е “social” воопшто. Можеле да потрошат 20 долари за FlickerPro на пример. Ова само за ВМРО, бидејќи СДСМ и нема акаунт на фото-сајт.
Веројатно, како последица на тоа блоговите не се многу посетувани, нема многу коментари, и едноставно (се уште) не се дел од дискусијата.
Заклучок: (за да изглeда постов како тие на Трибун 🙂 Одлично е што брзо се прифатија голем број нови сервиси и канали преку коишто може да се искомуницира предизборната пропаганда, но сепак ефектот од нив веројaтно ќе биде премал, а како една од можните причини е нивната единствена употреба како веб скалдишта или магацини за купиштата материјали кои и онака (како и во сите други кампањи досега) неуморно ги правеа.
Сликичките со линкови ги има два пати за да нема коментари на тема пристрасност 😉
ps: Постов го пишувавме двајцата, колку да се знае 🙂