За тоа колку се важни новите медиуми во новата политичка сцена пишувано е многу, меѓу другото и на овој блог. Демократскиот претседателски кандидат Обама е особено приклонет кон ваков начин на комуникација, и со тоа само поцврсто и побрзо ги воспоставува новите стандарди на политичката комуникација на 21-от век. Впрочем видете каде се можете да го најдете Барака:
Facebook MySpace Youtube Digg Flickr Twitter LinкedIn…
Токму преку Тwitter беше лансирана последната вест од неговиот камп: името на неговиот кандидат за потпретседател ќе го означи преку имејл порака и СМС. За оваа ексклузива не ви треба Сител, ниту некој сличен, заинтересираните е потребно само да се регистрираат на неговиот сајт или на самиот Твитер, а за спомнатата информација ќе добијат електронска порака како и смс на мобилен.