Posts tagged Facebook

Мојата дилема за Facebook новостите

Јас и Facebook… Тоа ти е како договорен брак во кој веројатно ни двете страни не се сакаат, ама ете мораат да бидат заедно. Од време на време си праќаат по некој шармерски поглед ама со многу краткотрајна вредност.

Не, нема да ви раскажувам приказни за мојата „љубов“ со Facebook иако многу често ме инспирира и книга да напишам. Еве на пример пред 3 дена реши дека ќе ни пушти нов дизајн на Facebook Pages Manager.

Прво се изнервирав дека така од никаде ми се појави новата верзија, ама си реков ајде не плачи одма сигурно е подобра. Башка луѓето си најавиле, ама јас сум ја испуштила нивната најава. За дизајн најчесто не коментирам (не знам, не сум компетентна, се лутат дизајнери и слично) ама овој вака на прв поглед изгледа навистина скоцкано и ми се допадна.

Тоа траеше точно две минути, додека не стигна првата нотификација на некоја од страниците кои ги администирам. И на крај сфатив дека за било која активност во новата верзија имаш минимум 1 клик плус од претходно. Ми се врати истото чувство како кога преминував од iOS на Android. Не беше многу тежок преминот, ама за да искористиш што повеќе од оперативниот имаш многу повеќе работа од претходно. Исто и за ова нема да се распишувам на долго и на широко затоа што не се сметам за компетентна, ама крајниот заклучок за двата оперативни ми е дека iOS го креира твоето корисничко искуство и те води низ процесот на работа, додека на Android сам си го креираш корисничкото искуство и процесот на работа, што за мене не беше баш подобрата опција зошто бараше многу повеќе време.

Е така ми е и со новава верзија на Facebook Pages Manager. Facebook напишал неколку бенефити:

  • Easier access to admin tools
  • Quicker navigation to Page Activity and Insights
  • More direct access to an “action bar” that lets you quickly write a post, add a photo, edit your Page and more

NewPagesManager

Нова распореденост, попрегледна… Тоа е првиот впечаток. Но, едно големо НО… ти троши многу повеќе време внатре. И тука почнавме да размислуваме со Дарко за неколку дилеми:

  • Дали всушност Facebook навистина прави надоградување при секоја нова верзија?
  • Дали новите верзии се само за да те држи буден дека постојано се работи, се менува, и се случува нешто многу важно внатре?
  • Дали е неопходно да ја имаш секоја нова верзија?
  • Дали новите верзии ти го прават животот (под живот во мојата глава стои: работата) полесен?

Не сум сигурна дека имам одговори на овие прашања, особено не вистинските. Знам дека постов нема и некоја голема вредност и порака, ама ете го размислував и Дарко ме поттикна да ги ставам мислите на блог. Можеби ќе му се зголеми вредноста ако ги споделите и своите дилеми со мене :). Ги чекам вашите размислувања.

Кои се локалните брендови кои инвестираат во квалитетна содржина

Кај нас има брендови кои се трудат да го одржат пазарот со инвестирање во содржина и да направат разлика и истакнување над стандардните Facebook финти.

Continue reading

Зошто никогаш нема да активирам Reply на Фејсбук

Повеќе од година имаме шанса да (не) уживаме во вгнездените дискусии на Фејсбук. На почетокот се потрудив и јас да уживам во оваа нова опција но набрзо сфатив дека само си ја усложнувам работата.

Главната причина заради која користењето на овааа опција ми ја правеше работата посложена беше тоа што не е овозможена во мобилната апликација и во Facebook Pages. Истата причина подоцна ми послужи и како совршен изговор пред клиенти и пред било кој што ќе ме прашаше зошто на нашите страници не е активирана оваа опција. И се уште овој изговор ми врши работа бидејќи околу 50-60% од работата ја завршувам преку мобилен телефон или таблет, а за викенди овој процент е и до 100% :-). Па кога од мобилен уред се вклучуваш во дискусија, хронологијата на веб е тотално измешана и нелогична. Затоа Reply опцијата е исклучена на сите наши страници.

Но како што изгледаат работите наскоро ќе мора да го вадам од ракав и вториот изговор заради кој одбивам да ја активирам опцијата, бидејќи Фејсбук веќе ја активираше во мобилната апликација за iOS, па очекувам многу наскоро да ја има и на Андроид.

Она што навистина не ми се допаѓа е што вгнездените дискусии бараат клик повеќе за да ги видиш комплетно. За среќа или несреќа, најчесто се соочувам со потребата да водам дискусии за кои е многу важно за брендот корисниците да имаат увид во целата дискусија уште на прва рака.
Пример кога одреден корисник ќе го нападне брендот, брендот е во ситуација да одговори на нападот и да ја изведе ситуацијата во позитива. Со активирана Reply опција, од целата оваа дискусија на прва рака се гледа само првиот коментар, т.е. нападот, а за останатото треба клик повеќе. Знаеме дека корисниците стануваат многу помрзливи со напливот на информации ретко ќе го направат тој клик повеќе за да ја видат целата дискусија.

И ова не се однесува само за дискусија предизвикана од негативен коментар. Истото го мислам и за било кое прашање, или позитивен коментар.
facebook-replies
Е па можеби и не ви држат вода моиве причини, ама за мене тие се доволни за никогаш да не активирам Reply копче на Фејсбук страница.

На вашите страници активирано е? Како се справувате со работење од мобилен уред? Или пак не работите со мобилните апликации?

Facebook кампања на правиот начин

Едноставна идеја, реализирана на вистинскиот начин. Одлична Facebook кампања со неколку клучни пораки на кои сите креативци и девелопери на апликации треба да посветат особено внимание.

Continue reading

„Мрачно споделување“ – Невидливи извори на посети

Колку параметри пропуштаме при мерење, аналитика, извлекување статистики за изворите на посети? Лесно е да се прегледа како се споделува информација на јавните форми на интернет медиумите, но што е со овие поприватните, како четовите, маиловите, пораките?

Continue reading

Колку навистина вреди Facebook и дали ви е тоа важно

Најголемите приходи кои компанијата ги има во моментов доаѓаат од нејзиниот систем за огласување, но тие не се единствената ставка во определувањето на вредноста на Facebook.

Continue reading

Ајде да се лајкуваме

“Лајк” најупотребуваниот зборот во секојдневното муабетење. Но која е неговата вредност? Која е неговата улога? Што значи лајк за вашите активности на Фејсбук? Како “лајкот” да го заслужи своето постоење и да ја исполни вашaта бизнис цел?

Continue reading

Пет знаци дека сте зависни од Facebook

Во прилог на јакнење на свеста за реалностите околу користењето на мрежите за дружење и дебатата за некои негативни аспекти, едно референтно видео во изработка на „ABC“ телевизија, САД:

Сумарно:

1. Не спиете доволно

2. Поминувате повеќе време на Facebook отколку што првично сте планирале

3. Станувате опседнати од „старите љубови“.

4. Ја игнорирате работата заради Facebook

5. Студена пот ве облева на помисла за исклучување од Facebook

Точка на вриење на вашата фесјбук страница се 5,000 фанови

Истражувањето кое го направи Sysomos за Фејсбук страниците (Facebook pages): Inside Facebook Pages e многу корисен за сите оние кои сакаат да го промовираат својот бренд преку Фејсбук.

Анализирани се преку 600,000 фејсбук страници за да се дојде до поврзаноста на користењето на овие страници и популарноста, квантитетот на создадена содржина, број на фанови и категории. Еве ги најинтересните бројки и заклучоци:

Факт 1: Просечна Фесјбук страница има 4,596 фанови, додека средна вредност за Фесјсбук страниците се 218 фанови. 4% од страниците имаат повеќе 10,000 фанови, 0.76% имаат повеќе од 100,000 фанови и 0.05% од страниците (или 297 се на се) имаат повеќе од милион фанови.

Заклучок 1: Овие бројки можат да служат како добра стартна позиција за поставување на целите кај брендираните фесјбук страници: голем бренд треба да си постави цел од 10,000 до 100,000 фанови, но најверојатно нема да привлече милион фанови. За македонски услови ја би препорачал целта да биде помеѓу 5,000 и 40,000. Се над 40,000 ќе биде екстра :)

Continue reading

Facebook – сите кон еден

Интересно ми се разви идејава за пост. Го разгледував сајтот на Алсат-М и забележав дека и тие, како и повеќе други сајтови имаат поставено копчиња за споделување под секоја вест (патем нема delcious). Убава и корисна работа, секако.

Секако прв на листата е семоќниот Facebook. Не смее никој да испушти да се појави таму, сите се таму. И од тука тргнав во потрага да најдам дали постои опција да се дознае кој линкови сe најмногу споделувани на овој сервис.

Барав, барав, барав, се скапав впишувајќи различни комбинации на зборови во пребарувачот и ништо соодветно не се појави. Потоа си отидов на блогови кои знам дека се занимаваат само со една тема: Facebook, па таму си барав.

И коннечно си најдов. Насловот на постот е If Facebook’s All About Sharing, Why Won’t They Share With Me? блогот All Facebook.Читајќи го постов ми текна да појдам до страницата со официјални статистики за Facebook каде од темата која ме интересирање го најдов следниот податок:

More than 1 billion pieces of content (web links, news stories, blog posts, notes, photos, etc.) are shared each week

И толку, тоа е се. И по самиот наслов аспоменатиот пост се гледа дека исходот од потрагата беше негативен. Но еве некои интересни коментари на темава:

The Facebook API provides developers with access to a lot of information but one thing it doesn’t provide access to is shared items. Facebook must have a reason for that and the only thing I can think of is that they plan on eventually launching their own news product. Every social news site on the web doesn’t have close to the number of users that Facebook does.

Facebook grants developers access to those identities in the hopes that you ultimately grant Facebook access to (”share”) their activity data.

It’s by no means an unfair exchange but what would be more fair is if Facebook grants developers access to other shared information.

Isn’t that why the users shared the information in the first place? Instead it’s a one way track for user information and it ends at Facebook. Is that really a mutually beneficial relationship with developers?

Ова од комуникациска гледна точка ова значи дека Facebook нуди нови или малку видоизменети комуникациски процеси

  1. Еден кон сите – ова еден се разбира сме ние индивидуалците внатре кои споделуваме со нашите пријатели
  2. Сите кон сите – и пак ние, ама сега сме во групи, дискусии и слично и
  3. Сите кон еден – каде се разбира сите ние му праќаме пораки на семоќниот

Како дополнително нешто кое ужасно многу ме нервира во врска со затвореноста и себичноста на сервисов е тоа што скорои да е невозможно референцирање на некоја дискусија или активност која се случува внатре во Facebook. Да, некаде може, но големдел од работите не е баш возможно, или едноставно да се споделат со надворешниот свет.

За редизајнот на Facebook

Во неколку кратки наврати ветив дека ќе споделам збор два за редизајнот на FB и за рекациите поврзани околу него. Знам, темава е веќе бајата. Но тоа и ми беше и целта. За помалку од 10-тина дена (или можеби нешто повеќе за некого) дискусиите спласнаа. Прашање: Се навикнаа луѓето или си легнаа на брашното?

Continue reading

MULTIVAC во ликот и делото на Google и Facebook?

Приказнава е малку комплексна, па затоа најдобро по ред.

Првин од Дарко (10х) бев запознаен со ова интересно видео чија тема, како и на цел бран критики кон Гугл, Фејсбук Мајспејс, и сл, е загрозувањето на приватноста на корисниците, и како тоа може понатаму да биде злоупотребено:

Потоа листајќи некои записи за Исак Асимов се потсетив на неговиот концепт за „MULTIVAC“, кој се пројавува во неколку негови приказни. Се работи за супер моќен компјутер кој собира податоци за сите можни нешта на планетава, вклучително и луѓето, со цел да ги решава проблемите со кои се соочуваме. Сепак, колку и да е моќен, и интелигентен MULTIVAC е сепак машина која повеќе создава отколку што решава проблеми, и околу тоа и се врти и приказната „Сите проблеми на светов“, на која е и базиран тазе филмот „Eagle eye“ (2008).

Човек не може а да не повлече паралели помеѓу онлајн феномените, во прв ред Google и Facebook и MULTIVAC. Можно ли е тие да прераснат во закана од типот на MULTIVAC? Ако еден ден Гугл и Фејсбук се спојат, или ако веќе некој добие можност да ги користи складираните бази и на двете, тогаш MULTIVAC-от ќе биде повеќе од реална закана.

Социјални мрежи: едни не знаат што е тоа, на други им здосадуваат

Според последното истражување на Synovate спроведено во Јуни, објавено на почетокот на септември, 58% од испитаниците во 17 земји (13,000 испитаници) не знаат што се тоа социјални мрежи.

Continue reading

Social network sites reinforce everyday networks

Темава не е нова, напротив низ интернетов го доживеа својот врв во моментите кога Robert Scoble направи фама околу експортирањето на неговите опдатоци на Facebook, ама денес на маил добив интересен линк, од брат ми :) каде некои поенти убаво се подредени. Па еве како отворање, едно фино, поучно видео:

Па после неколку убави линкови:

So long Facebook – Non formality

The Economist Debate on Social “Networking” – Danah Boyd

И плус уште еден убав ресурс корисен за повеќе теми:

The Economist debates archive

Добро, знам дека нашите владини тела не се ни поврзани меѓу себе, и дека ова не не засега нас баш премногу, ама ете колку да знаеме каде и како се развива светов, и да не бидеме толку полетни кога објаснуваме како со помош на интернетот секој може сè за беспари. Се има цена, за некои цени може не сме ни свесни :)