Бидна и помина. Како што, па конференцијата „Information Society and its Impact on the Youth Media“ 🙂
Моите лични впечатоци се „позитивистички“ (што би рекле некои министри 🙂 со некои фусноти, за нив подоцна.
Официјалниот конференциски „аргат“ на „Центарот за нови медиуми“ да ги стави онлајн материјалите од конференцијата е Мите, па јас во меѓувреме да искористам само дел од тие материјали, кои подоцна во комплетна форма ќе бидат достапни на сајтот на Центарот.
Отворањето, а подоцна и други делови ќе одат на Блип-ТВ (не е баш Николина Спасова Миравци, ама ќе послужи 🙂
Мојата презентација која одеше во комбинација со воведот на Мите за сајтовите за социјално вмрежување беше следнава:
Инаку конференцијата беше прилично интересна, динамична и корисна и за следење и за учество во дискусиите. Плени секако енергијата на помладите генерации кои на волонтерска или ентизијастичка основа во голема мера придонесуваат за онлајн комуницирањето, новинарството и така натаму.
Втора забележлива работа беше колку различни култури, а пропо учесниците, денес лесно наоѓаат заеднички јазик и комуницираат. Владеењето и на јазикот на новите медиуми и на англискиот како лингва франка на нашето доба исто беше импресивно 🙂
Добро, да не идеализирам премногу 🙂 имаше и дескриптивни сесии и презентации, дел беа интересни, дел не, но тоа е тоа, понекогаш повторувањето на дефиниците што е интернет 🙂 не е лошо.
За време на дискусијата по презентацијата која ја имавме јас и Мите, имаше интересни муабети и коментари. Интересно ми беше како помладите сурфери се прилично енергични да го бранат своето мислење, но бев разочаран од степенот на аргументираност за ставовите кои ги изнесуваат. Некако зборуваш и изнесуваш 15 аргументи за својата теза, и потоа се јавува некој и ти вели „јас не се согласувам, у ствари мислам дека ова нема врска затоа што јас кога сурфам..“, и така во тој стил 🙂 Фактот што некој не се согласува со вас, ниту ја потврдува ниту ја негира твојата теза, се додека не изнесе уверливи докази кои публиката и дискусијата ќе ја наведат на таа страна. Еден пример не чини правило, но ете и тоа е дел од макотрпноста на дискутирањето и барање на смисла во реалноста која ја споделуваме. Дебатата продолжува 🙂 но некако за жал критериумите за тврдења за познавање на на некои генерални теми паѓаат, но тоа е тоа.
Чинам дека помладите генерации, кај кои интернетот е прилично оприроден дел од стварноста, немаат доволно критичка дистанца кон негативните страни кои демнеат од него. УГи користат и уживаат во позитивните страни, како и ние повозрасните, но кога ќе се спомне дека „каузите на Фејсбук во поголема мера се тралалала симулации на активизам“, ух, нема шанси да се согласат.
Токму затоа дебатирањето и ваквите собири се навистина потребни и крајно корисни.