Posts tagged ????? ?? ???????? ?? ????????

Информатичкото општество и неговото влијание

Благодарејќи на благородната работливост на Мите само ја пренесувам следната информација: „Форумот на студенти на европско новинарство – Македонија организира Источноевропска конференција “Информатичкото општество и неговото влијание врз медиумите за млади” во Скопје на 12-ти и 13-ти септември, 2008 г“.

На конференцијата ќе има четири работни сесии:

  • Прва сесија: Глобално медиумско село,
  • Втора сесија: Онлајн медиуми за млади и младински портали,
  • Трета сесија: Блогови, форуми, групи на јаху, фејсбук, мајспејс, хај-фајв, и
  • Четврта сесија: Заедници на интернет: животот на интернет и виртуелната реалност

Конференцијата ќе овозможи:

  • Размена на контакти и искуството од онлајн медиумите за млади во Европа меѓу студентите и младите новинари.
  • Дискутирање за улогата на Информатичката технологија во создавањето на релевантни медиуми за млади и портали и нивната важна улога за младата генерација.
  • Размена на мислења за влијанието на овие медиуми за млади врз глобалната мрежа и за денешното новинарство на интернет.
  • Дебатирање за нови теми во врска со развојот на Информатичкото општество вклучувајќи го неговото позитивно и негативно влијание врз глобализацијата и „виртуелниот“ живот на младите луѓе во Централна и Источна Европа и Кавказ.
  • Преглед на релевантните онлајн медиуми за млади преку проучување на случаи и процена на нивната улога во демократскиот развој и промоција на јавното мислење на младите во овие региони.

За другите поединости, вклучително и нашите активности на самиот собир, на сајтот на Центарот за нови медиуми.

Англиски на кирилица

Добро знаеме дека е во тек кампањата за зачувување на криличното писмо, и година на македонскиот јазик, кои сесрдно ги поздравуваме, но некои наши институциии малку претераа со таа акција 🙂 Имено на сајтот на МВР, во подсекцијата за англиски јазик упатствата за странците упатствата иако назначени како на англиски се сосема на македонски. На странците им останува да се задоволат со преводите на менито од лево и по некое „more“ тука и тамо. Море превод :))

moi.JPG