Posts tagged Glocal: Inside Social Media

Како се организира успешен web 2.0 настан

Минатата недела бев дел од организацијата на третата по ред Глокал конференција.  Ама мислам дека нема потреба да спомнувам повеќе зошто секој колку-толку редовен читател на блогов тоа го знае веќе одмана :). Ако не е така, трк на Glocal Conference и види ги деталите, па врати се назад за да ти има контекст останатиов дел од постов.

Еве што според мене треба да се планира, знае и обезбеди за да се добие успешно организиран web 2.0 настан.

1. Планирајте долго и детално. Деталите од организациски аспект не се планираат една недела однапред.
Мора да се размислува многу порано, дури и на најмалите ситници. Кабли, луѓе, комуникација, мрежи, вода, знаменца, звук и уште милион други работи. Верувај, кога има толку многу работи кои треба да бидат на место, детали има 3 пати повеќе. Секако најдобро е да си ги запишувате некаде овие зошто ситни детали има премногу а доволно е за еден да немате предвидено реакција и да се создаде негативен впечаток.

2. Испланирајте и подгответе ги сите ресурси на време, особено човечките
Доброто покривање во живо на Glocal: Inside Social Media во најголема мера се должеше на луѓето задолжени за тоа. Мора да се има на ум да се обезбеди соодветна технолшка подлога, да се обучат (доколку е потребно) луѓето и да се оди секогаш на проверена варијанта, т.е. да се задолжат луѓе со искуство и рутина. Зошто кога ќе тргне настанот, простор за маневрирање и адаптација има, ама малку е и ако не сте доволно спремни може да настане само поголем хаос.

3. Обезбедете Интернет. ОВА Е НАЈВАЖНО
Денес голем дел од сите нас се зависни од континуирано проверување на меил, facebook, twitter и сл. Ако не го правиме тоа онолку често колку што сме навикнати трпението се намалува и доволен е мал пад на мотивацијата за следење на настанот за да се откаже публиката од следење на преостанатиот дел. Ако сесијата или презентерот не му е интересна на некој посетител тој секогаш ќе може да ја отсурфа и да се вклучи подоцна.

Обебзбедете два различни извора на Интернет. Да. Тешко е, ама за подолги настани никогаш не знаеш кога може да откаже едниот. Раздвојте ги конекциите, онаа за организација и онаа за посетители.

4. Управувајте со настанот континуирано, дури и кога сте на сцена
На Glocal: Inside Social Media се уверив колку е корисно да се има компјутер со себе кога седите и на главната маса. Едноставно, перспективата на гледање на работите малку се менува, па добро е да се биде во ситуација да се комуницира со луѓето од организација. И додека седите горе може да се случуваат герешки и да се потребни ситни интервениции. Требаат кабли, се адаптираат детали во програмата, се пренесуват онлајн дискусии, се бара доближување на микрофонт, потребни се корекции во кодот на сајтот и слично. Сето тоа се решава со следење на twitter и со чет. Лесно и скоро неприметливо. И уште нешто, обидете се да обезбедите сите модератори на сесиите да имаат со себе на сцена компјутер.

5. Бидете транспарентни цело време
За која било тема, дали станува збор за стримот, за паузите, за кафето, за сендивичите, за откажувањата и промените. Интернет публиката е публика која сака транспарентност. И онака целиот настан се одвива пред нивните очи, сеедно дали се на самото место или дома пред екран. Ако падне стримот, бидете први кои ќе го објават тоа и кажете дека работите за да го вратите. Ако некој дел од сајтот не работи побарајте помош за брзо решение.

И да наведам вака на крај што се случуваше во позадина на Glocal: Inside Social Media

Имавме два проектора, еден за официјалните презентации еден одбројуваше време преостанато за презентација. Иако на многумина оваа идеја им беше нова, морам да признаам дека јас ја имам видено на настани органзирани од Метаморфозис. Имавме две камери. Една за стрим (за неа беше задолжена Тијана) и една од позади го снимаше одвоено целиот настан. Мите ги надгледуваше камерите, сликаше, твиташе, фејсбукаше и ги качување на flickr фотографиите. Три девојки ги пишуваа кусите прегледи за презентациите и ги дополнуваат линковите кон другите написи: Славица, Ана и Илина. Имавме две безжични мрежи. На едниот рутер имавме врзано компјутер со загарантиран проток кој стримаше. Двете мрежи беа отворени но сепак онаа без стримот беше примарна. Имавме сајт на кој се прикажуваше стримот и се агрегираше содржина. Борис чепкаше во позадина на сајтот а јас правев од се по малку, сликав, твитав, чепкав по сетинзи и најмногу од се издавав наредби :).

Што постигнавме? Настан за социјални медиуми кој максимално ги искористи социјалните медиуми ВО ЖИВО. Нема да бидам скромен. Ќе пишам. Многу бевме добри.

Благодарност, уште еднаш до сите кои помогнаа, дојдоа, гледаа и активно учествуваа на било кој начин во годинашната Глокал конференција.

Glocal: Inside Social Media

Вчера, на огормно задоволство го пуштивме во оптек т.н. Call for Papers за третата по ред, Glocal конференција во организација на Њујорк Универзитетот Скопје.

Continue reading