Posts tagged glocal

Како се организира успешен web 2.0 настан

Минатата недела бев дел од организацијата на третата по ред Глокал конференција.  Ама мислам дека нема потреба да спомнувам повеќе зошто секој колку-толку редовен читател на блогов тоа го знае веќе одмана :). Ако не е така, трк на Glocal Conference и види ги деталите, па врати се назад за да ти има контекст останатиов дел од постов.

Еве што според мене треба да се планира, знае и обезбеди за да се добие успешно организиран web 2.0 настан.

1. Планирајте долго и детално. Деталите од организациски аспект не се планираат една недела однапред.
Мора да се размислува многу порано, дури и на најмалите ситници. Кабли, луѓе, комуникација, мрежи, вода, знаменца, звук и уште милион други работи. Верувај, кога има толку многу работи кои треба да бидат на место, детали има 3 пати повеќе. Секако најдобро е да си ги запишувате некаде овие зошто ситни детали има премногу а доволно е за еден да немате предвидено реакција и да се создаде негативен впечаток.

2. Испланирајте и подгответе ги сите ресурси на време, особено човечките
Доброто покривање во живо на Glocal: Inside Social Media во најголема мера се должеше на луѓето задолжени за тоа. Мора да се има на ум да се обезбеди соодветна технолшка подлога, да се обучат (доколку е потребно) луѓето и да се оди секогаш на проверена варијанта, т.е. да се задолжат луѓе со искуство и рутина. Зошто кога ќе тргне настанот, простор за маневрирање и адаптација има, ама малку е и ако не сте доволно спремни може да настане само поголем хаос.

3. Обезбедете Интернет. ОВА Е НАЈВАЖНО
Денес голем дел од сите нас се зависни од континуирано проверување на меил, facebook, twitter и сл. Ако не го правиме тоа онолку често колку што сме навикнати трпението се намалува и доволен е мал пад на мотивацијата за следење на настанот за да се откаже публиката од следење на преостанатиот дел. Ако сесијата или презентерот не му е интересна на некој посетител тој секогаш ќе може да ја отсурфа и да се вклучи подоцна.

Обебзбедете два различни извора на Интернет. Да. Тешко е, ама за подолги настани никогаш не знаеш кога може да откаже едниот. Раздвојте ги конекциите, онаа за организација и онаа за посетители.

4. Управувајте со настанот континуирано, дури и кога сте на сцена
На Glocal: Inside Social Media се уверив колку е корисно да се има компјутер со себе кога седите и на главната маса. Едноставно, перспективата на гледање на работите малку се менува, па добро е да се биде во ситуација да се комуницира со луѓето од организација. И додека седите горе може да се случуваат герешки и да се потребни ситни интервениции. Требаат кабли, се адаптираат детали во програмата, се пренесуват онлајн дискусии, се бара доближување на микрофонт, потребни се корекции во кодот на сајтот и слично. Сето тоа се решава со следење на twitter и со чет. Лесно и скоро неприметливо. И уште нешто, обидете се да обезбедите сите модератори на сесиите да имаат со себе на сцена компјутер.

5. Бидете транспарентни цело време
За која било тема, дали станува збор за стримот, за паузите, за кафето, за сендивичите, за откажувањата и промените. Интернет публиката е публика која сака транспарентност. И онака целиот настан се одвива пред нивните очи, сеедно дали се на самото место или дома пред екран. Ако падне стримот, бидете први кои ќе го објават тоа и кажете дека работите за да го вратите. Ако некој дел од сајтот не работи побарајте помош за брзо решение.

И да наведам вака на крај што се случуваше во позадина на Glocal: Inside Social Media

Имавме два проектора, еден за официјалните презентации еден одбројуваше време преостанато за презентација. Иако на многумина оваа идеја им беше нова, морам да признаам дека јас ја имам видено на настани органзирани од Метаморфозис. Имавме две камери. Една за стрим (за неа беше задолжена Тијана) и една од позади го снимаше одвоено целиот настан. Мите ги надгледуваше камерите, сликаше, твиташе, фејсбукаше и ги качување на flickr фотографиите. Три девојки ги пишуваа кусите прегледи за презентациите и ги дополнуваат линковите кон другите написи: Славица, Ана и Илина. Имавме две безжични мрежи. На едниот рутер имавме врзано компјутер со загарантиран проток кој стримаше. Двете мрежи беа отворени но сепак онаа без стримот беше примарна. Имавме сајт на кој се прикажуваше стримот и се агрегираше содржина. Борис чепкаше во позадина на сајтот а јас правев од се по малку, сликав, твитав, чепкав по сетинзи и најмногу од се издавав наредби :).

Што постигнавме? Настан за социјални медиуми кој максимално ги искористи социјалните медиуми ВО ЖИВО. Нема да бидам скромен. Ќе пишам. Многу бевме добри.

Благодарност, уште еднаш до сите кои помогнаа, дојдоа, гледаа и активно учествуваа на било кој начин во годинашната Глокал конференција.

Glocal Conference: Inside Social Media

Од 15-ти до 17-ти во Скопје по трет пат се одржува меѓународната конференција „Glocal Conference“, овој пат насловена „Inside Social Media“. Организатор, а воедно и место на одржување, е „New York University Skopje“.

Сите поподробни информации, вклучително и финалната програма може да ја разгледата на веб-страницата на конференцијата, Glocal Conference.

За учество на конференцијата се пријавени редица интересни предавачи од кои, со должна почит кон сите, би ги издвоиле Кевин Рoбинс (Kevin Robins) од „Goldsmiths College, University of London“ (UK), Ивајлo Дичев  (Ivaylo Ditchev) од Софискиот универзитет, Нада Шваб-Ѓокиќ (Nada Švob-Ðokić) од „Институтот за меѓународни односи“ во Загреб,  Пол Бредшоу пак ќе има настап преку видео-линк (Paul Bradshaw, Birmingham City University, UK) и редица други. Во програмата на конференцијата секако се вклучени во голем број, наши истакнати домашни истражувачи и научни работници (Сузана Милевска, Владимир Давчев, и др.), а особено ни е драго што во голем број ќе бидат присутни младите истражувачи.

На конференцијата ќе учествуваат и авториве на блогов, Дарко & Сеад, па со надеж  дека ќе се видиме со вас таму, ве оставаме со препорака да ја следите конференцијата и дискусиите директно или пак на некој од каналите кои ќе бидат достапни (детали на веб-страницата).

Glocal: Inside Social Media

Вчера, на огормно задоволство го пуштивме во оптек т.н. Call for Papers за третата по ред, Glocal конференција во организација на Њујорк Универзитетот Скопје.

Continue reading

Стилски информативни вежби

Не знам дали сте ја читале книгата на Рејмон Кено (Raymond Queneau) „Стилски вежби“? Извонредно книжуле кое на мошне живописен начин раскажува за еден едноставен настан виден од едно деведесттина различни агли.

Токму на ова книга се потсетив кога денес низ комуникацијата со Дарјан размислував за известувањето на локалните медиуми околу немилиот настан во кој еден романски ракометар беше убиен, а двајца други, едниот Хрват, другиот Србин (или еден Србин и еден Хрват), повредени. Да видиме за што вусшност станува збор:

А1ТВ го пренесува настанот со следната сторија: „Убиен ракометар на унгарски Веспрем“. Во содржинскиот дел по новинарската методика на информативен триаголник (од најважното кон комплементарните информации, сѐ до деталите) коректно се наредени информациите:

Романскиот ракометен репрезентативец Маријан Козма е убиен, хрватскиот репрезентативен голман Иван Пешиќ остана без бубрег, а Србинот Жарко Шешум е полесно повреден, откако синоќа биле нападнати во ноќен клуб во Веспрем, западна Унгарија, соопшти унгарската полиција.

Подолу следат останатите детали. Запазете ги сега девијациите од оваа едноставна и базична новинарска професионална норма. Нетпрес оди со насловот „Српски ракометар претепан во Унгарија, уапсени 2 осомничени“:

Група хулигани вчера во кафуле го нападнале српски(от) ракометар Жарко Шешум  и  му нанеле тешки повреди на очната коска. Романскиот играч Маријан Козма е убиен а Хрватот Пешиќ останал без бубрег…

Со други вака описни зборови „еден Србин претепан,  а некој таму романски лузер убиен, плус еден Хрват загубил бубрег“. Очигледно Нетпрес внесува национално приоретизиран критериум во правење наслови и пласирање информации. Но, чекајте, тоа не е крај, да видиме што има „Вечер“ да каже и какви факти има прв да ни открие: „Шешум и Пешиќ – претепани, Козма убиен заради девојка“.

Српските ракометари Жарко Шешум и Иван Пешиќ, кои со својата репрезентација го освоија осмото место на неодамна завршеното Светско првенство во Хрватска, тешко се повредени во тепачка која се случила во една од дискотеките во унгарскиот МКБ Веспрем. Трагедијата е поголема бидејќи тепачката однесе и една жртва. Се работи за нивниот соиграч Романецот Маријан Козма, додека двајцата српски ракометари се сместени во болница и моментално се наоѓаат на интензивна нега, соопшти унгарската полиција.

„Вечер“ како и обично оди чекор понатаму во мешањето на селективно наредени информации и предумислено пласирани коментари, па во овој настан го прави следното: (а) хрватскиот ракометар го посрпчува, па кажува најважното дека (б) српската репрезентација го освоила 8-то место на првенството кое неодамна заврши, (в) во која дискотека ова се случило (се работи за име на клуб наведен како место (?) и (г) конечно кажува дека, ете му, некој Романец и загинал.

И да го цитирам Дарјан од нашата денешна преписка: „Ако не си Србин, џабе е и да те утепат, пак може да те нема во насловот“. Enough said, enough said.

…за земјотресното мк новинарство

Ете, пак мора да се реагира.

Не дека уживам да критикувам ама ете, морам :). Во првиот обид кога коментиравме за техниките на објавување на онлине вести на сајтот на А1, Стеван реагираше позитивно. Стеван веќе не е таму, ама ајде да видиме дали сега ќе реагираат пак.

Ева што не ми чини.

А1.com.mk – Насловна вест – Земјотрес!

– Информацијата е објавена во 13:54. Фино. Брзо реагирале и објавиле. Јас преку линк на Twitter (патем и овој од таму го кликнав) видов дека и Макфакс имаат објавено ама според нивните детали некоја минута подоцна во 14:09. Одиме понатаму.

– Почнувам да читам. Изјави од скопјанка, видео прилог, изјава од Сеизмолошката опсерваторија. Слики од тие машините што мерат. Мапа. Браво. Браво. За 50 минути новинаров се си стокмил. Алал нека му е.

– Па и стендап си направил новинарот во прилог кој наликува како да е правен за некоја хипер локална телевизија (Скопје и скопјани се во центарот на сторијава) а не национална телевизија. Патем нели епицентарот бил блиску до Гостивар

– Продлжувам понатаму, 79 коментари (до сега :) првиот од нив објавен во 13:29, па 13:30 и така се до 20тиот коментар, се видовити. Сите тие објавиле коментар пред и да биде објавена сторијава. Алал нека му е на народов. Брз, информиран и поише од новинариве, знае народов дека А1 ќе објави па да си стаат они кометар на време :)

– Налет друго, од коментарите добив чувство дека сторијава не била баш таа кога тие почнале да коментираат. Ко да собирале информаци заедно со новинарот, паралелно, ко да барале на интернет и ко да споделувале и тие.  А нив, читателите, активните читатели на А1.com.mk никаде ги нема во прилогот. Поглед во коментарите открива каде и колку се осетил земјотресов, и тоа е вредна информација а?

Да резимирам или јасни ми се поентиве?

Објавување на интернет си има свои принципи, етички и уредувачки правила. Тоа што на интернет може да се дополни/промени содржина лесно не значи дека треба да се изгуби доследност транспарентност и сл. Изгледа професорот мој по печатени медиуми имаше право кога ми викaше: „Од кај да знам јас дека не сменилe нешто. Вака на харија е можам за збор да го фатам”.

Се обидував да му објаснам дека не оди тоа баш така, ама по се изгледа тој пореално ги гледал локалниве практики. Може бидејќи ги учел нашиве новинари, затоа. А јас само се надевам дека некој медиум ќе се обиде да гради доверба. На овој начин дефинитивно не се гради тоа знам сигурно.

Патем, јас не го осетив земјотресов, ми кажаат подоцна на чет, а првите информации ги добив Twitter. Ова беа моите пораки на Twitter:

Tweet1: Првиот земјотрес во МК кој се појави на твитер :) http://tinyurl.com/7plbfy детал на Макфакс http://tinyurl.com/9ganz4

Tweet2: The first earthquake in MK that hit Twitter :) http://tinyurl.com/a4o4pd and in Macedonian http://tinyurl.com/7plbfy

Аудио од првата сесија од Glocal 2.0

Требаше да има видео, ама сеуште го нема. Здравје. На некои луѓе кои не можеа да дојдат на Glocal 2.0 им ветив дека ќе им записи. Епа ќе има. Аудио. Еве го првиот. Нели со ред, воведната сесија, официјалното отварање и главната презентација на Robin Hamman.

mp3 верзијата е тешка скоро 30MB, може да се слуша тука, директно или да се преземе со десен клик, нели ;).

Keynote presentation Glocal 2.0_Robin Hamman

Сетот фотографии, т.е. слајдови кои ги користеше Robin ги има на Flickr, а првото прикажано видео го има на YouTube.

Во теков на следниве неколку дена ќе ги качам на нет и другите сесии.

Интервју со Robin Hamman од BBC

Интевју со Robin Hamman направено на Glocal 2.0 Blogging: Evolution treated as revolution. Направено од Дамјан од It.com.mk, треа 33 минути, што значи има многу работи внатре :)

Continue reading

Glocal 2.0 – статистика

Photo by Robin Hamman

Помина. Заврши во саботата некаде околу ручек. Траеше три дена. Секако ова е најлошиот можен обид, да се претстави. Во бројки. Но, содржината зад тие бројки појаснува како всушност помина Glocal 2.0 Blogging: Evolution Treated as Revolution.

21 презентација на лице место
2 најавени презентации комплетно ги немаше
1 најавена презентација во својот термин беше пуштена како видео
1 презентација не стаса на време за да биде пуштена, но сепак ја има онлајн
1 ненајавана презентација беше пуштена како видео
13 од вкупниот број на презентации беа од македонци

1 Yahoo цевка беше направена: tracking glocal conference

131 фотографија со тагот glocal20 има на flickr, (засега)

60+ пораки има на twitter со glocal20 таг

30+ присутни имаше секоја сесија, нормално просекот беше повисок

8 презентации (без овие што се видео) се веќе онлајн (1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8)

Знам, имало и ќе има и подобри полоши конференции, но кога ќе се земат предвид сите позитивни и негативни фактори кој влијаеја на оваа, и кога ќе се спореди со очекувањата на некои од нас, останува заклучокот дека помина една конференција која ги надмина очекувањата.

Она што е најважно на ваквите настание поврзувањето, запознавањето и дружењето, а тоа ми се чини не недостасуваше. Муабетите за Glocal 2.0 допрва ќе следат. Ќе се појави и видео и аудио материјал од истата, а ќе се публикуваат и трудовите.

Лично има благодарам на сите кој на кој било начин беа дел од овој настан, искрено мене многу ми значеше.

Два дена пред Glocal 2.0

Е, да. Останаа само уште два дена пред настанот на кој бев посветен изминативе неколку месеци, интернационалната конференција Глокал, овојпат со тренди наставка 2.0, не само заради тоа дека е втора туку дека темите се такви.

Во четврток сабајле започнува воведната сесија на која освен најавената програма веројатно ќе има уште едно пријатно изненадување со цел пренесување на актуелната дискусија на тема блогови, новинарство, медиуми, веб 2.0 итн. и тука, во Скопје во Македонија. Но да не пишувам пред рака, чекам финална потврда, ако бидне, ќе пишам нов пост :)

Сега за сега останува да се најави она што е сигурно.

А сигурно е дека неофицијално конференцијта односно дружењето по повод неа ќе започне ден порано и тоа на Сподели Кино во Точка, во 20.00 каде ќе направиме мал вовед со неколку (можеби веќе видени) клипчиња за потоа во неформална атмосфера да се размуабетиме на темите кои ќе се верглаат следните три дена во Сарај (за тие што не знаат Универзитетот Њујорк е таму). Нели јасно е, како и на целата конференција, присуството е отворено, без најави или резервации.

Е, исто така, сигурно е и дека, според планот, во сабота околу ручек (14:00 – 17:00) ќе има две работилници (основно и напредно блогирање). Ова ќе биде единствениот дел од конференцијата каде официјален јазик ќе биде македонски. За реализација на двете паралелни работилници се погрижија Анастас и Милош. Анастас веќе пиша што ќе содржи неговата, и слободно доколку сте заинтересирани можете да резервирате место таму, а Милош ми го испрати следниов опис за содржината на неговата сесија за основи на блогирањето:

Вовед

* Што се блогови
* Кратка историја
* Често користени термини
* Анатомијата на еден блог
* Регистрација и креирање на блог

Основни техники на блогирање

* Подесување на изгледот на блогот
* Пишување вести
* Постови, коментари, категории и семантички врски
* Додавање мултимедијална содржина
* Управување со блог – пријатели

Доколку сакате да присуствувате на некоја од работилнициве пишете коментар или меил за да можеме да го испланираме приближно бројот на учесници. доколку сакате да присуствувате на некоја од сесиите, убаво разгледајте ја програмата уште еднаш и појавете се на време.

Веројатно до самиот поцеток ќе пишам уште еден пост повторно на истава тема, ама ај еве уште сеа да посочам. Официјален таг на конференцијта ќе биде glocal20 :), што зачи се што ќе објавувате а е поврзано со неа, било пожелно да го содржи овој таг за да може да ги собереме сите реакции и пишувања.

Кој медиум е поефективен кога станува збор за реклами?

Интересно истражување, и уште поинтересни податоци:

Ново истражување спроведено на 1,000 британци открива дека текст-линк рекламите како оние на Google Adwords носат помалку купувачи на интернет сајтовите од рекламите или текстовите во весник или на телевизија. Како и да е најголем ефект на однесувањето на купувачите има е-меил испратен од друг купувач.

Но, пред да се избрза со заклучоци треба да се фрли уште едно око на целата работа:

It is much more common to find search traffic as the main referrer rather than direct visits. What people say (in a survey) and what people do can be very different but before we dismiss the findings, it is important to remember that most web data currently only measures what happens on the last click. It doesn’t tell you anything about what influenced people’s behaviour to get to your website.

Значи, ако видите рекалама на тв, не значи дека нема поради неа да отидеме на google и да го внесеме клучниот збор таму, па потоа да отидеме на крајната дестинација. Судејќи според оние посети кои доаѓаат преку пребарувачи на овој блог, оваа практика воопшто не е ретка.

И пред да ја врзам приказнава со локален пример, еве уште неколку делови од интересниот текст на Global Edge: Google less effective than newspapers at driving web traffic

Measuring and improving online metrics is important but focusing on them exclusively is short sighted. People are much more likely to buy from companies they have heard of and the propensity to purchase increases exponentially if you are seen as credible. A good measure of credibility is word-of-mouth recommendation. Measuring the percentage of enquiries that come from this route should be a key metric for any company serious about marketing.

Measuring the customer journey from beginning to end is nearly impossible but the research above and general common sense suggest it is sensible to invest some marketing budget in building awareness and credibility.

NetpressШто се однесува до локалниот пример, ова истражување фрла позитивно светло на потегот кој го направија неодамна кирилица, а вчера видов и нетпрес дека се рекламираат на билборд.

Сепак, мислам дека и двата сервиса треба уште многу да вложат во нивните онлајн изданија па потоа да фураат брендинг.